хахахаххах, мене ме погоди, осеќам само радости, а само што си се најадов онака обилно и мамурлачки после пијана ноќ, али за вакво нешто секогаш има место во стомакот. Готово, ме инспирира да си направам нешто кадифено чоколадно
Да се согласувам со Ина.И.Црвот пиењето апчиња е само пола завршена работа.Јас и претходно пишав јас пробав сама да се справам со депресијата и паничните стравови кој се нејзини симптоми ама не успеав се дури не се обратив на психолог а од таму и на психиатар.Сега пијам таблети ЕЛИСЕА 1 на ден и 2 пати во неделата одам на психолог.Ама искрено да ви кажам сеусте не сум осетила некоја драстична промена можеби е сеусте рано на терапија сум 10 дена ама дојдов до заклучок дека сепак треба сам да се бориш.Терапијата ти помага малку ама сепак ти си тој што треба да се БОРИ да завртеш нов лист во својот живот да ги погледнеме и позитивните страни.И самата знам дека е тешко да се справи човек со тоа многу е лесно да се каже а тешко ептен тешко да се оствари.Има моменти кога сум ок ама има моменти кога ме фака криза е тогаш е тешко затоа што нема физичка болка значи надворешно си ок а сепак си целиот аут заникаде .Јас имам 2 прекрасни дечиња да ми се живи и здрави се трудам да не ме забележат кога ме фака криза ама поголемото веке приметува и прашува, а помалото стално прашува зошто со тато си шепкате во другата соба(најголема психотерапија ми е сопругот секогаш со него ги споделувам тие кризни моменти).И скрено се надевам дека ке дојде и тој ден кога ке можам да ја свртам тааа страница од животот и во прав смисол на зборот да успеам во тоа....а и на вас драги мои ви го посакувам тоа..поззззз
Јас сум веќе со месеци со депресија, но одбивав да го прифатам тоа се досега. Проблемот е што сум целосно бесчуствителна, емоции кај мене не постојат. Се чувствувам како да се наоѓам на една линија и никако не можам да одам ни нагоре, ни надоле со чувствата. Имам добар живот, но ништо нема значење за мене. Мислам дека и да освојам лотарија сега, сепак нема да добијам ни најмало чувство на среќа за барем да се насмеам. Ама, исто така, и да откријам сега дека имам, да речеме смртоносен тумор, сепак нема ни најмало чувство на тага да добијам за да пуштам барем една солза. Како робот се осеќам, не можам за ништо мотивација да најдам. Се надевам дека наскоро ќе се извлечам, а тоа ви го посакувам и вас кои сте во слична ситуација
Мислам дека има некои форми на депресија кои се предизвикани од хемиски процеси, како на пример пост-породилната, тука како што знам доаѓа до неурамнотеженост на хормоните, недостаток на едни, вишок на други, така натаму, и треба да се лекува медицински. Зборам колку што знам, од она што сум видела и прочитала. Постојат форми каде психотерапијата може да го реши проблемот, според мене. Таа психотерапија не мора да биде со доктор, мислам дека може да се најдат начини разговорите и исповедите да се одвиваат надвор од ординација. Како на пример со ПлавАнгел каде од голема подршка ти е сопругот, што мислам дека поубава поддршка нема, истовремено и најдобриот пријател и созјузник и љубен, а љубовта победува се Јас на пример своите психолошки анализи ги правам сама со себе и се обидувам со ладна глава да си се ислушам и да си помогнам но од истата причина го користам и форумов затоа што мора со некого да се разговара, а пошто најтешко е со блиските се обидувам прво да се отворам тука за да продолжам понатака. Тоа е многу битно значи, затоа што со психотерапијата, каква и да е, се откриваш себе и почнуваш да се прифаќаш.
Да сите овде се отвараме и оди полесно бидејки нема никој отспротива од кој ке се чуствуваш непријатно од своите проблеми.Мене вечерва ми треба огромна подршка по 2 недели боловање утре се вракам на работа се вракам во реалноста.....и уффф незнам како ке ми биде се надевам се надевам дека добро ке го поднесам вракањето во реалниот свет.Сопругот ми вика дека јас сум таа што треба да го направи првиот чекор и дека со седењето дома нема да постигнам нисто и дека колку подолго сум затворена дома потешко ке ми биде да се вратам назат.За целото време дома малку се стабилизирав......ама сепак чусвувам несугурност немам самодоверба се сто ке направам проверувам по неколку пати дали е се ок да не сум направила погрешно..... Тешко е но мора главата горе и да се БОРИМЕ зошто колку и да ни подаваат рака да излеземе од дупката ние треба сами да се побутнеме.Кога ке се прочитам си се восхитувам самата на себе и си викам колку е лесно кога се пишува а и самата знам колку тешко се исполнува хехехеххе Поздрав до сите вас драги мои.......
Секако дека е така,ти треба да го направиш првиот чекор.Каква е таква е реалноста треба да се прифати.
Здраво,имам потреба од совет... Имам 17 години а сум многу живчана. Значи јас разбирам дека секој има периоди во кои е нервозен,чувствителен и слично, но јас сум свесна дека ова кај мене е претерано. Постојано сум нервозна,нетрпелива,и многу чувствитела (отсекогаш но во последно време за секоја сетница) и знам да се расплачам и без причина онака ми доаѓа тешко на срце.... Значи за се и сешто човек може да ме изнервира и да ме расплаче пошто многу длабоко гледам низ нештата. Да напоменам дека секогаш кога ми иде тежина помислувам на стари грешки што ги имам направено и уште повеќе сум плачка. Дали некој може да ми каже некој лек како да се стабилизирам бидејќи ме загрижува вој мој однос. Од наредна недела почнувам со активно спортување кое знам дека секогаш ме смирува,но сакам да видам и мислење од вас. Ви благодарам однапред. Бидете поздравени!
PlavAngel пиши како беше првиот ден на работа и како се снаоѓаш деновиве. Manuela1 мислам дека ќе ти биде полесно поразговараш со твоите родители, не ја криј состојбата, обрати им се слободно.
Знам,знам јас бев секогаш таа што гледаше позитивно на животот ги охрабрував сите дека животот е убав,секогаш насмеана,секогаш другите ги ставав пред себе се радував кога другите се среќни,секогаш бев тука за нив..Незнам дали е преиод или е депресија незнам што ама заѓто животов секогаш мора да биде волку грд кон мене?Колку и да усм позитивна ќе најде нешто да ме скрши си го рмазам животов,а секогаш треба да гледам позитивно и да бидам перфектно среќна личност..Сите другарки се среќни се радувам за нив со нив дали некој некогаш за мен етака ќе биде?Или ја сум онаа досадната шо цело време збори,тресе глупости дали мене некој ќе ме сфати сериозно??Се чустувавм како најголемиот бедник во животов..незнам што ми е и сеа додека го пишував ова солзи сами ми идат си го мразам животот а да не зборам за дома животот татко ми и брат ми веќе 7 години не зборат,а во иста куќа живеат,мајка ми и татко ми исто така 1 година не зборат во иста куќа живеат само јас зборам со татко ми он цело време негативен човек со негативна енергираја ужасно љубоморен карања стално,заклучувања врати ХАОС МИ Е ЖИВОТОТ!!!!Никаква среќа во љубов ЕДНОСТАВНО ко господ да ми го свртел грбот се чуствувам секоја вечер се молам ама како на шалтерот за среќа да нема ред се прашувам дали јас некогаш ќе бидам среќна во животов и нема да легнам да спијам плачејќии..Барам причина за живот и се разбира утре треба да бидам насмеаната ЈАС.
проблеми има секој , и секој мисли дека неговиот проблем е најтезок, најди ја прицината за твоето постоенје секој е со прицина на оваа планета .верувај во себе , најди си хоби и за тоа сто немозес да го сменис иц не се нервирај.Dепресија е кога цовек е затворен во себе,зивотот е пред тебе се ке помине узивај во него.
Здраво драги мои ..како мојот прв ден на работа па да ви кажам искрено и јас се изненадив смата себе не очекував дека ке бидам толку смирена.Влегувам во канцеларија си седнувам на столчето вклучувам компјутер ме фака мала паника но си викам го можам јас тоа.И навистина дури успеав нешто да сработам да се сконцентрирам.Како одминуваше времето на работа се подобро ми бесе и си реков можам а и морам животот е пред мене.Дури кога се вратив дома осетив страв паника ама веднаш пуштив музика и почнав да пејам за да ги отргнам црните мисли и ми успеа.До крајот на денот уште неколку пати ме фати мала паника страв дали сум направила се ок ама си реков мора да е добро.Сега сум на почетокот на еден долг пат кој треба да го изодам храбро и смирено .Мислам дека апчињата почнуваат да делуваат ама и мора сам човек да се храбри.......поздравче Еден мал совет до Мануела1 и сите други кој го имаат овој проблем или сличен на него немојте да го држите тоа во себе извадете го од себе најдете поверлива особа а кој друг би можел да биде ако не нашите најблиски родители,брака,сестри,сопрузи.... и искажете сее дури не е страшно и да се побара стручна помош САМО НАПРЕД И ХРАБРО
Тогаш сигурно оние што те познаваат се гордеат со тебе штом така успеваш да го совладаш проблемот и да продолжиш нормално да функционираш Инаку истите помисли и чувства кои ги имаш, ги имам и јас, слична дијагноза изгледа имаме. Но само напред, нема предавање, во никој случај
Тешка ситуација. Постојано ми се вртат тие мисли во глава.Како да секогаш ке бидам сама и осамена и дека нема ниту еден ден да го поминам среќна.Целосно спобудалувам кога гледам дека сите си се дружат си излегуваат,а јас не памтам кога со другарка сум излегла и тоа што немам другарки и другари ме тера да мислам дека ништо не вредам.Тоа чувство одвнатре убива...
Еве еден предлог, пробај еден ден, само еден ден одреди си во кој што ќе правиш само работи кои навистина ги сакаш и кои во моментов ти недостасуваат, оние работи кои мислиш дека поради тоа што ги немаш те прават несреќна. Значи во текот на денот мораш само тие работи да ги правиш, оние што сега ти фалат, без разлика на се, тој ден да го поминеш така. Пробај еден ден да бидеш среќна, да видиме како ќе заврши
и јас сум многу разочарана на другарки 2 што и најмногу верував ме разочараа многу и сега сум во депресија немам со кого да излезам по цдели денови седам дома се нервирам и немам желба за ништо. НОн сто сум во депресија и се мислам дека ништо не ми оди од рака многу ми е тешко
Пред две години доживеав норвен слом, бев во психијатриско, сеа сум во хронична депресија... Исто така доживеав, испробав и знам како е да се биде во третата фаза на депресија - СТУПОР. Човек тешко, многу тешко може да исплива од овие води и не секој може да издржи. Има мн последици, така да ви ги читам коментарите и тоа за мене е обична ситница, играчка. Била во депресија затоа што си ги изгубила другарките. Јас мислам по се, ти не си во депресија ( за Циганка ) ...после три дена ќе ги преболиш и ќе си се фрцкаш низ корзо. И4 да не ти е мака
Циганка и Каталеа отсекогаш сум се плашела од осаменост и пред неколку месеци го доживеав баш тоа од кое највеќе се плашев. За мене немаше пострашно чувство во тој период. Како да лебдиш на отворен воздух, сосема сам. За малце ќе паднев во депресија. Другарките - оние кои сметав дека ќе бидат со мене низ животот во се, ме оставија на цедило. Ми свртеа грб на најлошиот можен начин. Никогаш не очекував такво нешто. Е, ама само сум си мислела дека ми се другарки. Сите си одеа на кафе и си излегуваа, а јас со напупена глава си одев дома. Знаев дека не се вредни, ама неможев да го истерам тоа чувство, како и ти Каталеа - дека не си вреден, дека никој не те ферма, дека си ништо и никој. И не беше само тоа чувство. Гнев на другарките кои ме заебале, гнев кон самата себе поради тоа што се ограничив на само 3-4 другарки, што не согледав навреме какви се, гнев и љубомора спрема сите оние кои си имаа друштва. Знам дека во овој момент ти звучи само клише, но верувај дека ќе помине. Мораш да се завртиш околу тебе - на видикот има многу луѓе кои не се како оние кои претходно не изневериле. Најдов луѓе за дружење, но не припаѓав таму. Тоа чувство како да си сам на светот, дека никаде не припаѓаш ми е најболното нешто досега во мојот живот. Но, иако не припаѓав таму, немавме секогаш исти размислувања и слично, сфатив дека тие ме ценат и ќе бидат тука кога ќе ми треба помош. Постепено запознав многу луѓе, ама после долг период сама дома пред компјутер. Но, извлеков голема поука - поарно сама отколку со лицемерни луѓе. Не е се да имаш со кој да се опиеш. Сега полека се вклопувам во друго друштво и цело време сум на штрек. Не знам што ќе стане, ама иде на подобро. Поздрав, мора да биде подобро.
За вас е само период и викате дека ке помине,ама нема да помине.Јас не можам да си најдам другарки.Секогаш сум била таква.Немам заедничка тема за разговор со нив.Не можам да разговарам со нив.Добро е што во школо сум со нив,не стојам на страна,седам до нив,ама молчам и само ги слушам и само можам да се насмеам нешто и толку.Само за домашно или за учење да си размениме збор-два и тоа е.Знам дека сите луѓе имаат различни мислења и секој човек е различен,но јас не можам да се вклопам во ниедно друштво.Затоа секогаш ке сум сама и осамена и затоа кога и да се потсетам на ова забегувам со паметов,плачам,се нервирам...