еве и јас од кога ми свртеа грб сум сама како стара мома седам дома еве викенд сите другарки излегуват ја дома на компјутер седам, денеска многу убаво беше времето сите на кафе на шетање јас дома на тараса значи немам со кој да илзезам незнам многу се нервирам за ова осамена дома сама кој го дозивеал ова ме сваќа најдобро, неможам како други другарки да си најдам коа сите си имат оформирано друство други муабети..... мислам веќе дека ќе полудам си викам кога ќе дојде тој ден кога ќе имам другарки да си шетаме изглегуваме цело време заедно......
НИКОГАШ АМА НИКОГАШ не дозволувајте за другарки да бидете во депресија. И знаете што за кафе и бош муабети секогаш ќе најдете некој тоа со сигурност, барем денес на интернет по цел ден дремиме, ќе се наканиме за едно кафе, но не е тоа тоа. Едно е сигурно денес тешко се наогаат вистински пријатели, барем моето искуство тоа го тврди не зборувам напамет. И оние што ги гледате заедно постојано поголемиот дел од нив се за оговарања и пиенки ништо друго. Вистински пријатели се оние кои не може ништо да ги сруши. Не велам дека нема искрени и добри луѓе али тешко се наогаат. И јас сум повеќе за ИМАЈ ЕДЕН ИСКРЕН ОТКОЛКУ ДЕСЕТ ЛАЖНИ ПРИЈАТЕЛИ. Но ете такво време, уствари не е лошо времето лоши се лугето. Пробајте да се запишете на некој курс, каде што ќе стекнувате повеќе познатства, ова особено важи за посрамежливите и повлечените, но не очекувајте премногу едноставно вака функционира се во денешно време, се е интерес, колку побрзо го сфатите тоа подобро за вас
Истата сум. Скрос истата. Никогаш не сум можела да се вклопам. Плус, друга работа е и што сум срамежлива и повлечена и во поголемиот дел од времето исто како тебе си ќутам. И јас си мислам дека никој никогаш нема да ме прифати каква што сум - со сета моја изопаченост и комплицираност, ама тоа е. Барем немам лицемерни луѓе околу мене. Комуницирам со едни постари дечки што се слични на мене по размислувањата, па кога ќе си дојдат од факултет се договараме да излеземе. Летово пак ќе го поминев затворена дома да не беше едно девојче кое го запознав преку фејсбук. Слична музика слушавме, лајкови, па муабети за книги и прво шетавме, после со нејзиното друштво се собравме неколку пати. Голема утеха ми беше едно девојче овде на форумот што беше во истата каша како и јас. Летото знаев сама да си се прошетам со кучето и сама си возев ролери. Престанав да се замарам со другарки. Најдете се, јавете се со братучетки, другарки од основно, од клас, неможе секогаш да биде совршено и оп наеднаш да одимате другарки.
Може ли да знам кои апчиња можат да се пијат за смирување,кога си нервозен,паднат у депресија и слично,ама при тоа да не бидат препишани од доктор на рецепта,за да можам да ги купам, без моите да знаат. Благодарам,од напред
Не бидете смешни ,за другарките во депресија еј , вие не знаете уште што е депресија во вистинска смисла ,и да не даде господ да ви се случи од кревет неможев да станам да се истуширам не ми се живееше ,а камоли нешто друго да правам ,камо само другарките да беа проблемот само тоа да не го доживеев ,тоа вие што го кажвате е ситница,не се издржува лесно така депресијата зборувам онаа вистинска депресија,а не не сум разположен во депресија сум ,тоа е друго сосема е друго далеку од нерасположеност.
Не е работата само за другарките. Проблемот е што поголемиот дел од времето сме осамени, имало период кога се чувствувам како некој изрод. Друго нешто е тоа што неможеме да се вклопиме, чувството дека не припаѓаш никаде исто е биде страшно. Знае да мава на психа ама не треба до толку - во депресија. Што не поминало, ќе помине и ова...
Имаш 16 години, реално се сомневам дека имаш такви проблеми за да треба да пиеш седативи на твоја возраст, бидејќи оние опишани погоре ситуации од повеќето (останав без другарки и сл.) не се симптоми на депресија. Вистинската депресија е состојба во која личноста нема волја за живот, кога веќе нема никаква радост во себе, не го напушта домот, често и со суицидни мисли е поврзана. Не ти требаат никакви лекови, посебно не се учи да земаш на своја рака и тоа она што ќе ти биде на форум сугерирано. Само терапија од овластено лице се прима, ама во случај на вистинска психичка криза, макар што и тоа не трајно, не смеете да дозволите да се навлечете на лекови, бидејќи психијатарот нема никогаш во целост да ви помогне, ако сами не се поттурнете и опоравите. Никој денес нема едноставен живот. Најчесто депресијата е резултат на некоја состојба, знам дека е тешко, ама за сите кои се во депресија најдете го тригерот или предизвикувачот на истата. Ако е ваша вина нешто, простете си или побарајте прошка од оној кој треба, ако други ви ја предизвикале состојбата справете се со нив и разрешете, само не останувајте со статус квото. Ако е некоја криза која тешко дека ќе помине скоро, стиснете заби и научете да живеете со тоа. Ако сте верници ќе ви помогне доста религијата, ако сте атеисти ќе ви помогне рационалноста, најважно е да почнете да излегувате и да се дружите, да побарате утеха кај блиските, полека ќе ви се вратат сите радости, бидејќи нагонот за живот кај човекот е многу силен, ова секогаш имајте го на ум. Земете милениче, грижата за него и фактот дека некој зависи од вас ќе ве исполни. Не сакам да звучам како прирачник, ама седативите се последното нешто по што треба да се посега, тие само ја затапуваат свеста, а проблемот или предизвикувачот останува. Најголемата сила за излез е во единката и мора да се борите со сите предизвици и проблеми, на крај нема некој избор, животот не е и нема да биде никогаш едноставен. Сепак еден е и наше е да го очуваме, бидејќи секогаш постојат повеќе нешта про, него контра на животот.
Mногу сум читала за депресијата, сум проучувала литература, интернет содржини и доста сум запознаена со проблемот и начините на надминување,но лесно е да се прочита тешко е да се примени.Aма еве овој период сум депресивна. Nе сакам ништо да читам ниту збор од тоа што сум го прочитала. Mи треба нешто друго. Иго најдов на овој форум, во вашите постови. Ја прочитав последната страна за осаменоста, за советите, во нив се најдов, сочувстував со сите и гледам дека многу пријатно делуваат и советите, важно се чувствува дека се од срце. Акога не си сам, значи на форумов не се чувствувам осамено, тоа повеќе ми вреди од разни литератури, апчиња, (понекогаш пијам Деметрин). ТУКА НАЈДОВ ИСКРЕНОСТ И КАКО ДА СМЕ ЗАЕДНО ВО ОВА И ВЕДНАШ Е ПОЛЕСНО. ЗНАЧИ ФАЛЕЛЕ ТОПЛИ ЗБОРОВИ, УТЕХА И СОЗНАНИЕТО ДЕКА НЕ СИ ЕДИНСТВЕНА НА СВЕТОТ СО НЕРЕШЛИВ ПРОБЛЕМ, ДЕКА НЕ СИ САМО ТИ СО ЧУВСТВО НА ОТФРЛЕНОСТ, ТУКУ МНОГУ, МНОГУ ЛУЃЕ ГО ИМААТ ИСТИОТ ПРОБЛЕМ ИАКО СЕ ДОБРИ.
Го почитувам тоа што го имаш напишано и ти благодарам многу.Не е дека сум падната у депресија,едноставно во последно време сум премногу нервозна и неможам да се контролирам и доаѓам во ситуација да почнувам да зборувам сама со себе од што сум нервозна.Периодов сум многу напната па мислев само да се смирам , инаку сум многу позитивна личност,ама периодов сум за никаде :/
Никогаш не сум помислувала дека ќе се најдам во таква ситуација, ама пред 2 дена доживеав мала сообраќајна несреќа. За среќа, поминав со лесни повреди, излетав од автомобилот ваљда поради не добро затворената врата. Доцна навечер, малку пивнати, друштво.. Незнам како, ама после тоа се чуствувам без волја за живот. Знам дека треба да сум благодарна што останав жива, можеше да биде уште полошо, ама сепак неможам никако да си помогнам. Неможам да спијам, неможам да јадам, чуствувам страв кога ќе останам сама, плачам пред огледало поради моето поддуено лице. Друго што ме мачи е екскурзијата која е за една недела. Зошто баш сега?! Како да ги сопрам муабетите и безвезе измислиците за случајот што ме опкружуваат?! Оф, посакувам да умрев.
Си доживеала шок и тоа е сосема нормално . немој да мислиш негативно , не биди исполнета со негативни мисли разговарај со некого олесни си ја душата,исплачи се ќе ти олесни,излези надвор прошетај се,читај книга гледај некој филм се ќе се среди и отокот ќе ти спласне за неколку дена а муабетите што кружат остави ги нека не те тангира тоа воопшто луѓето зборуваат и без тоа зар не ? таков ни е менталитетот. немој да се секираш се ќе помине и ова ќе се преброди ,одиш на екскурзија и ќе бидиш колку убаво ќе си поминеш и се ќе заборавиш поздрав
Awayfromyou ако ти помага да си зборуваш сама со себе зборувај! Најди начин да го надминеш овој период. Мислам дека беше љубовен проблем, исправи ме ако грешам. Не си дозволувај да пиеш антидепресиви и да се измачуваш заради машко девојко. Само 16 години имаш, зар треба да размислуваш толку мрачно? Можеби ти бил прва љубов, може не бил прва ами посебна, но по мислењето што ти го прочитав не заслужува да патиш. Главата горе, немој да се каеш за годината што си ја поминала со него. Ќе знаеш дека си дала се од себе и нема да имаш прашалници - дали вака требаше, дали онака. Нормално е после разделба да не ни помислуваш на друг. Дај си време на самата себе да си ги средиш чувствата, па тогаш му ја мисли дали сакаш или не сакаш дечко. Зошто да избледат вашите спомени? Ќе си направиш поубави и поскапоцени со наредниот дечко. La.Italiana нека зборуваат што сакаат. Зар треба да се нервираш за безвредни луѓе на кои единствената работа им е тоа - да измислуваат и да оговараат? Остави ги, на никој не можеш да му ја затнеш муцката. Посакуваш да умреш? Ајде гледај убаво да си поминеш на екскурзијата.
Сите сте поминале со полесни повреди? Тоа е причина за позитивно да почнеш да размислуваш. Немој да се затвараш во себе.. Сигурно нормално од шокот е првите денови да неможеш да се вратиш во нормала да функционираш ( да јадеш да спиеш..) Така да не се секирај ке се опоравиш. За се треба малку време.. Добра работа е екскурзијата, малку ке се олабавиш и нема да имаш време да размислуваш на сообракајката. За една недела ке се намали отокот. И немој НИКОГАШ да дозволиш рекла казала да те вадат од такт. Тоа се луѓе што немаат помаметна работа во животот па анализираат туѓи животи и притоа си измислуваат сценарија. поздрав и се најдобро!
Моментално се наоѓам во иста состојба како твојата буквално се пронајдов, разликата е во тоа што јас самата се затворив толку во себе што ги оттурнав сите од мене.. немам другарки немам со кого да се напијам кафе.. веке 1 година ако не и повеќе животот ми поминува во 4 ѕида, се случува и воопшто да не излезам од дома со денови и искрено не знам како да најдам излез од оваа одвртана мизерна состојба, а за викенд искачања со другарка заборавив како изгледа и кој што сака нека каже ако немаш другарки се е потешко
По раскинувањето на врската се најдов во тешка депресија од која со месеци се борам да се излечам . Пробував на секаков начин, да излегувам со пријателите, да се дружам си најдов триста работи но спас нема. Почнав да пијам и диазепам и персен , а веќе и кога излегувам неможам да поминам со малку пијачки..Секоја вечер, секој ден ми е нова борба нема ден а да не си легнувам плачејќи и упорно се обидувам да го заборавам да продолжам понатаму, да имам позитивни мисли ама не ми успева. И незнам дали да посетам некое стручно лице ?
Непозната поарно посети психијатар отколку да се опиваш без престан и да се навлечеш на дијазепам. Знам дека е тешко ама мораш да бидеш постабилна и да ги земеш конците во твоите раце. Млада си, не знам каква ви била врската ама постепено ќе преболиш, ќе ти биде полесно. Немој ни да се трудиш да го заборавиш, труди се еден ден на тие ваши спомени да се сетиш со насмевка.
Eве ме и мене и ако мислев дека никогаш нема да пишам во оваа тема,јас паднав во депресија од како дојдов тука во Aвстралија,не сакав да си признаам дека имам,мислев дека ја немам. Hо за жал вистината е поинаква,кога ке се чуствував лошо си мислев дека е период и дека ке ми помине ама не,тоа што дојдов Mакедонија ми помогна но не многу. Oдев на курс,тогаш ми беше поубаво но од како престанав останав пак дома,зедов возачка се но не ми се одеше никаде,ништо не ми беше интересно. Hо ова што почна пред неколку месеци е уште поголемо,не можам да спијам се превртувам,се возбудувам за ништо,низ глава ми се вртат сто работи,не можам ни да јадам,не можам да се сконцентрирам да читам книга или да гледам Tв,нон стоп сум возбудена,сува ми е устата,се чуствувам виновно и ненормално слабеам Hекако ми се чини колку и да сакам да сум срекна,како нешто да не ме остава,се што сакам е да се вратам во Mакедонија и да се дружам повеке.Исто бев и на лекар ми препишаа антидепресиви,но се плашам од негативните ефекти,не се имам напиено. Mе немаше на форумов заради ова,едноставно не знаев што да напишам, не можам да се сконцентрирам
Не мислам дека има подобро место за мене да го кажам следново од овој форум. А тоа што сакам да го кажам... па, веќе подолго време сакам да го изнесам од себе. Горда сум на тоа што го постигнав. Дијагнозирана сум со хронична манодепресија и со неа живеам долго време. Татко ми се шегува дека ми е во крвта. Без разлика, тука е. Нигде не си оди. Ете, толку е тврдоглава. Дома не сум им спомнала ништо - не ни треба. Можат да видат и самите. Или не можат. Не е важно ни тоа. Нема како да се одрази на мене. Не може да биде сфатено како што еден драматичен тинејџер тоа го сфаќа. Се променив. Сакав внимание, сакав да го споделам немирот во мене, сакав некој да ми помогне. Кој? На сите што им кажав беше како ништо да не сум кажала, како да е најнесериозното нешто на светот, или како плач по внимание. Да, барав внимание, но не такво какво што другите би помислиле. Сакав само некој да го прифати фактот дека мене ми е потешко да надминам некои ситници одошто им е на повеќето други. Сега тоа не ми е потребно. Научив како да се справувам со се сама. Всушност, единствената личност од која не побарав никаква помош ми помогна. Само што ќе се сетам низ што се сум ја ставала, ми е срам. Ми е мака што морав тоа да и го направам. Ама таа личност заслужува Нобелова награда за сета умешност што ја поседува, за начинот кој го има, за тоа што знае да се прилагоди со секого и на секому да му го разубави денот. Всушност, не научив сама да се борам против себе си, туку таа личност ме научи. Ама не го знаев јас тоа - не до сега. Да, се борам против негативноста во мене секој ден. Некои денови е многу лесно, ама некогаш е толку тешко што мислам целосно ќе експлодирам. А ми требаше толку време да си признам себе си дека имам проблем. Тоа беше најтешкиот период. Но поминав низ работи што беа гадни, ама пак требаше да ги поминам за на крај да успеам да си помогнам себе си. Тоа беше - е - тешко. Навистина тешко. Сега сум расположена, и се прашувам како воопшто можам да имам периоди кога мислам само на самоубиство? Како тогаш не ми е срам да признам дека само на тоа можам да мислам и ништо друго? Сега ми е срам. Сега ми е многу, многу жал за себе си што толку интимен дел од себе си го споделувам толку лесно во депресивни моменти. Научив да престанам да се самосожалувам. Не сум единствена на светов што вака се чувствува. Не сум единствена на светов која и ги исмевале и најмалите обиди да побара помош. Не сум. И само тоа ми треба да го знам. И дека ако не можам јас да си помогнам, тогаш не можат ни другите што се како мене, а тоа пак ми е незамисливо. Лесно ми е да речам за друг “а, ништо не е, само остани позитивен’’. Навистина ми е лесно, и покрај се што ми се случува. Не ми е чудно што на другите им е уште полесно. Не знам дали треба да бараме помош од најблиските или не во ваквии ситуации. Но што ми е најважно, барем сега, можам сама да поминам низ се. Сега сум силна и многу горда на себе си. Мислам дека е затоа што повеќе не ми е важно ништо што некој ќе го коментира за мене.
Zdravo devojki mi treba malku vasa pomos.. imam mn problemi vo zivotot moze ne se najgolemi ama se dolgi tolku dolgi so cel zivot kje gi imam eden od niv e tiroidnata zlezda..namalenata fumkcija ja naslediv od majka mi ..bev mn mala pa ne razbirav..mislev deka kje pomine kako da e obicna nastinka no eve po 7 god pienje na lekovi razbrav deka cel zivot kje gi pijam..toa go doznav na minatata kontrola od togas mi se srusi cel svet vrz glava..taman malce u upraviv posledniov mesec pocnav so sport Eve ja slednata kontrola za nekolku dena..cela snaga mise trese nemozam da se soocam so toa nezam kako kje otidam uste sega placam i mi e losho,a sho kje bide koga kje dojde vtornik?://pred nko
Izvinete za greskite napraveni vo pogore napishanoto,od telefon sum pa zatoa..ako ima nekoj bilo kakov sovet dobro bi mi dosol..