Elissa, дај боже да е така зашто веќе неколку месеци неможам ни да погледнам друга жена а камоли да правам нешто. Сонце не ме огреало ни кога имаше сончеви моменти, и се надевам дека темниов облак ке се тргне од мене за брзо време зашто незнам дали ќе можам уште многу да издржам. Никогаш не сум мислел дека скршено срце е права физичка болка на срцето и тоа боли ама онака јако машки боли! Ми препорачуваа апчиња но несакам да се трујам и си ја трпам болката пак машки додека можам, зашто ова што го пишав е 10% од целата работа што ми се случи и несакам на никој да му се случи ова што јас во моментов го преживувам. Имам материјал за сценарио за едно 8 сезони серија (од тие спанско-турските) да се сними и тоа базирана на вистинска случка ке биде . Сепак благодарам за брзиот одговор и се надевам дека ке се заврти тркалото малку побргу.
Нема полошо од скршено срце, боли најмногу ама и преболува. Тоа те прави посилен. Никој не останал цел живот да пати по некого, времето лечи све. Некогаш по потреба напиј се некое апче за смирување, па нив за тоа ги измислиле, (што викаше мајками, си купив лексилиум прегеска, па не сум будала за 50 денари за се нервирам ).
@gips Било машко или женско разводот е многу болен.Јас тој пат го одев одамна и затоа знам колку боли. Најмногу боли за најмилото, ама што е тука е. Ќерка ми иако беше мала кога плачеше и јас плачев со неа. Обидите за смирување секогаш паѓаат во вода затоа и не се замарај со тоа. Ако детето ти е поголемо немој пред него да плачеш, него многу повеќе го болат твоите солзи. Со апчињава не знам претпазливо (ако пиеш) затоа што ќе станеш резистентен на нив. Повеќе боли што те оставила поради друг отколку да било обичен развод. Жена ти не сакам да ја коментирам.Ќе помине време се ќе си дојде на место иако сега ги мразиш жените, полека само не запаѓај во депресии ќе оболиш и на други органи, а имаш основ за живот. Детето.
Апчиња не пијам никакви и баш искоментирав дека несакам. Што се однесува до смирување не ми паѓа на памет зашто јас неможам таа личност да ја гледам а камоли па да живеам или легнам со неа. Детето...... ах тоа дете ..... само поради него и ме боли мислам најмногу. Да не беше он се ќе беше подруго. После предавствово имам многу лошо чувство и се срамам што ќе го кажам ама ете искрен ќе си останам, а тоа е дека почнувам како да го отргнувам од мене, штом го видам него одма мислам и на неа, на животот за кој живеев, за целите што ги имав.....и сега сето тоа е минато свршено и ништо повеќе нема да биде исто. Тешко ми е да го опишам чувството кон детето бидејќи ни јас самиот неможам да проценам.... Дека го сакам знам со сигурност и се би направил за него, ама има и некое друго чувство кое ме мачи и кое неможам со сигурност да кажам какво е. И знам дека од страна е многу лесно сега од страна да се каже но... ве молам не ме осудувајте
Да полесно е кога некој од страна ги гледа работите. Мене барем ми е полесно затоа што го надминав тоа. Не те осудувам чувствата ти се измешани, не знаеш од каде да почнеш. Едно знај животот е многу суров. Кога ќе помислиш дека си го достигнал врвот, траааааааас ќе те тресне. Како на скала, таман ќе се искачиш ќе се стркалаш надолу зошто ќе згазнеш на гнило скалило.Не знам што повеќе да ти кажам освен дека ќе биде тежок период на прилагодување, ама верувај сите ние во себе носиме нешто животинско. Закон на природата, ако не изедеш некого ќе бидеш изеден.
@gips многу ми е жал што така ви завршил бракот, а уште повеќе што толку болно го пребродуваш сето тоа. Сите ние кога ќе се соочиме со некоја препрека бараме совет и утеха на форумиве. Овде барем ќе си пишиш што те мачи, колку ти е тешко, можеби и ќе добиеш некој совет но вистинското место каде што треба да се обратиш е стручно лице, психолог или психијатар!
T ti drugar arno sto imas barem nekakvo cuvstvo ja I toA go nemav nemav nikavi cuvstva samo go gledav zivotot od strana ,ziv si a ne zivees ,krepuse dodeka ne si zapadnal kolku sto netreba oti posle sve ke storis za kapka nekakvo cuvstvo.se izvinuvam za latinicata od mob pisam
Депресијата наследна болест? Најновите истражувања тврдат дека е наследна, 50% биле шансите да се заболи доколку некој од родителите имал депресија. Е сега што мислите вие на форумов? По други форуми се изначитав се и сешто па дури дека ако била наследена била и неизлечлива. Колку ова е точно??
Не читај све и сешто ,депресијата не е наследна ако си зацрташ дека е наследна така и ке биде ,кај мен во фамилијата нема цовек ни анксиозен ни со депресија ни имало па еве јас имам све ,ако си мислиме така ни галаксијата не не спасува ,не верувај во се што ке прочиташ оти ние луѓето такви сме побрззо ке поверуваме чоек да ни рече дека ке умреме, на прмер да ни рече дека ке оздравиме нема да поверуваме ,мозокот ни е штелован само негативнотот да го прима побрзо и повеке да верува во негативно затоа сме и депресивни.
Најразлични студии имаат покажано дека доколку родителот или брат-сестра има депресија, шансите за добивање на истата се зголемени за 3 пати. Како што се наследува боја на очи, тен, висина... Постои генетска вариација на невро трансмитерите серотонин и норадреналин. Студиите со еднојајчани близнаци покажуваат дека доколку едниот има униполарна дeпресија, во повеќе од 40% истата ја добива и другиот близнак. Студиите со двојајчаните близнаци покажуваат дека доколку едниот има униполарна депресија, во повеќе од 20% ја добива и другиот. Процентите кај биполарните се 74% дека и еднојајчениот близнак ќе добие, и 14% дека и двојајчениот близнак. Тука околината има огромна улога, не само генетиката, т.с таа е пресудна.
За наследна депресија не сум чула ниту пак верувам во тоа. Депресијата е резултат на нашиот начин на живот и колку тој е бурен или се ни оди како подмачкано. Имам чисти случаи кога некои од чиста мира си патат од депресија за што мислам дека самите си се криви. Човек треба малку да поработи на својата потсвест а не само да мисли на црни сценарија (што ако се случи нешто лошо, што ако се разболам од тешка болест, што ако на тие околу мене им се случи нешто) а притоа сите здрави и прави. Каде е оптимизмот???? А за оние луѓе кои имаат тешки проблеми, случаи, кои се целосно осамени за нив е жално, и затоа постојат институции, како сите што одиме на лекар кога не боли заб или било што треба и тие да одат на психолог и да поработат колку толку на својата психа.
Секој човек е ново создание ,на пример ако во фамилијата некој имал дијабетис тоа викаат е наследно е па ако се храниш здраво и спортуваш си гурно нема да добиеш дијабетис затоа што е наследно ,на пример ако мозокот го храниш со позитивна мисла и да спортуваш поинаков начин на живот да имаш колку и да е наследна депресијата неможе да ја налседиш.Секој човек е ново создание тој одлучува за неговото здравје ,е сега дека јас имам депресија и анксиозност никој не ми е кри в туку сама ни мајакми ни некој друг ,и ако беше наследна што ?кој ке беше крив од тој што сум ја наследила ?не воопшто немислам.На пример човек ете верува дека е налседна депресијата и каква надеш тој ке има ?никаква ,ке си прави лоши филмови дека и детето што ке го роди и тоа ке наследи и тн.Е па и да несакаш да биде наследна со такви всадени мисли ке стане наследна и понатака.Мислата го менува светот те менува и тебе ,нека владее позитивна мисла све ке се преброди и надмине ,верба цврта имај ништо нема да те турне
Токму така, доколку постои склоност кон некоја вид на болест, не значи по автоматизам дека истата сигурно ќе биде добиена или наследена. Позитивни мисли, здрава исхрана, спорт....за сам човек да не си направи полошо. Инаку генетиката е само една од трите причини за добивање на депресија покрак биолошките и психосоциалните. Не знам во македонија какви видови на крвни анализи прават за да се утврди истото. Барање кривец не му е на никого од некаква корист, можеби само причината како полесен начин да се дојде до лекот и надминување на состојбата.
Не негирам потполно за тие истражувања, сепак се плод на макотрпно иследување. Но, сепак мислам дека депресијата е нешто кое во најголем процент се појавува како резулатат на нашата психичка состојба. Таа наследност на депресијата би можела да ја сфатам од аспект на тоа што родителот не сакајќи му ја предава само како еден вид на воспитување на детето. Да не ме сфатите погрешно, во која смисла? Во смисла што детето гледајќи го својот родител како поминува низ таков тежок период од животот, тоа несвесно во себе го прима тоа како еден начин на некоја фаза која неминовно човек би требало да ја помине во животот. Но искрено сепак (според мое мислење), депресијата е производ на самите себе. Точно како што кажаа многу феминки над мене, секој организам си е свој. Ако во себе имаш позитивни мисли, гледишта и ставови кон животот, таа депресија или анексиозност или што и да било друго, тоа сигурно нема да се појави кај таа личност. Значи сепак кројачот и определбата на негување на своите мисли сме само ние, нашиот ум и разум. А точно тие мисли и помисли се првиот исчекор кон тоа човекот да падне во депресија.
Потполно се согласувам со тебе госпого @Serafima околу тие разноразни истражувања кои се почесто можеме да ги сретнеме на интернет и разни списанија, не само околу депресијата туку и околу разни болести и околу штетноста на разни производи како што се кафето, мобилните.... кои честопати се спротиставени една на друга и внесуваат потполна забуна кај обичниот човек. Наследноста на депресијата според мене не е генетски наследна туку се стекнува гледајки како се однесува некој депресивен член од семејството. Впрочем како и карактерот така и тоа дали ќе израсне детето во депресивна личност се формира во сеејството. Неможеш да очекуваш ти од дете кои е одраснато покрај мајка која е често нерасположена, плаче, постојано се жали дека нешто ја боли.... да тоа дете израсне во здрава и весела особа. Така да депресијата ниту се добива ниту се лечи по некоја шема или со пиење лекови, депресијата се лечи со подршка на семејството и во долготрајна и макотрпна напорна работа . За 2 дена можеш да станеш депресивна особа а потоа години да ти требаат да се излечиш. а прашање е дали и воопшто ќе успееш до крај да ги излечиш последиците.
Јас пак со студии Целосно се сложувам во врска со влијанието на позитивната мисла и на околината. Тоа е непреценливо. Но студии се вршени и на деца кои се посвоени, т.с немаат никакви генетски сличности со родителите. Најголемиот број на биолошки родители на оние оние деца (или покасно како возрасни ) кои биле депресивни, истотака биле депресивни. Тука на жалост генетиката т.с нерегулирањето на серотин и норадреналин го направила своето бидејќи станува збор за лица кои немаат никаков контакт еден со друг и живеат во различни средини.
а животот му го испитале?Дали тие со кои живееле иако не му биле вистински родидели ,дали биле депресивни,со депресивно однесување.Може да се наследи депресија само ако си дозволи човек .Свесни сме дека јадеме нездрава храна и дека ке си закачиме некаква болест и пак јадеме,свесни сме дека лошп мислиме и дека ке си закачеме депресија и пак мислиме ,човек сам одлучува што ке го снајде со неговиот организам и со психата .Ние сме духовни а некако слабо се свесни љуѓето за тоа ,па ке ни ги заматат мислите некои изтражувања колку да си го тапкаш после умот ,не мора све што е докажано да се прифати како вистина па и да е вистина ,а најмалку депресивните да си го врзат тоа во крпче како такво .Верувај во она што ке те издигне,не во она кое те носи на дното
Ете да речеме дека генетиката т.е.нерегулирањето на серотин и норадреналин ги добие детето, што тогаш? Тоа значи дека нема да се излечи? Или лечењето е исто и кај наследената депресија и депресија добиена како резултат на друг начин?
Да. Родителите со кои живееле не биле склони кон депресија. Ова се само статистики од многу случаеви каде очигледно генетиката, т.с генетската варијација била наследена, и се докажало дека дека околината може но и не мора да влијае врз здравствената состојба на лицето. Како што не мора да значи во автоматизам дека доколку родителот е со депресија мора и детето во истиот дом. На крајот на денот секој мора сам да се избори и да ја надмине состојбата.