Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    69
    мене кога ке ми се насоберат одеднаш неколку грижи и јас не знам на што попрво да мислам навлегувам во фаза на рамнодушност и тогаш не ми е гајле за ништо. тогаш пуштам некоја филмска музика и се опуштам , се обидувам да не се секирам за нештата и да не паднам во депресија оти сум имала такви моменти и ништо не се решава само можеш да се разболиш психички.
     
  2. soosad

    soosad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    najloso kaj mene e so moite voopsto ne gledaat sto realno se slucuva so mene?! sega me teraat da se pomiram so deckoto sramota bilo a i golema sum bila za gluposti :( a i koga sum odlucila ednas trebalo da bidam so nego veke nema nazad..a jas sum vo totalna konfuzija i nemozam da go pominam istoto od prviot pat,,togas poslusav i duri bev so nego samo za da se ubedam deka go sakam :(( nikogas nemojte da go pravite toa!!! placev so sati posle toa...ednostavno neznam :( sevo ova stanuva premnogu tesko...
     
  3. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    686
    Драга моја! Ај послушај ме и повеќе не слушај никого околу тебе што ти зборува... Какви се тие глупости од страна на твоите :?: :?: :?: Која срамота, Боже господе, си имала дечко си раскинала, си имала уште еден пак си раскинала и што? Па што ти е работа? Да се заљубуваш и да се одљубуваш. И не се секирај никого не си повредила, напротив си му направила услуга, што си била искрена и си прекинала со него, затоа што не го сакаш повеќе. Па мислиш дека е подобро да живееш во лага? Ич не се замарај, шо би се рекло, тури им пепел на сите. Па ова е твој живот и твоја интимна работа, па никој на светов нема право да ти се меша. Извина ако нешто те навредив, но сепак мислам дека ова е вистината ;)
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.949
    Ти пишав и погоре јас што мислам..немој никако да дозволиш твоите да ти го скројат животот!Тој е твој и само твој..како чувствуваш така и живеј го!Како може твоите да се толку настојчиви дури и по цена да ти направат голем проблем од кој тешко ке се извлечеш?!Спротивстави се,не им дозволувај веќе они да ти кажуваат што треба да правиш..Јасно стави им до знаење дека ти не го сакаш тоа и да не те притискаат затоа што ти се чувствувас уште полошо..Кажи им се што ти лежи на душа.
     
  5. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    17
    Девојки имам еден проблем што незнам како да постапам.
    Да почнам од почеток,
    јас имав еден дечко со кој се фатив од заебанција, ми го намести еден другар, и од таа заебанција прерасна во нешто прекрасно, една огромна љубов, делевме се, ми беше прв во се и за се. Бевме релативно кажано деца, јас 17 он 18, заедно израснавме и правевме планови за во иднина како на пр. брак, деца, стан... После 7 години заедно, тој загина, верувајте и сега имам солзи во очите кога го пишувам ова. Од денот кога се случи несреќата јас престанав да живеам, за 2 дена ослабев 10 кила, 2 месеци не сакав да зборувам со никого, 3 месеци немав врска со надворешен свет. Малце од малце ме дигна една реченица од неговата мајка и покрај непресушната болка што до крајот на животот ке ја прати, ми рече „ќерко стани малце опрај се, веќе на ништо не личиш, едно дете загубив не сакам да загубам уште едно, пред се погледни ги и твоите што се преживуваат и тие“. Поголема депресија од ова...
    И стварно кога погледнав околу себе сите беа со премногу болка во душите, и решив пред се да се дигнам само поради нив, највеќе заради мојот брат. После сето тоа ме се случија уште 3 смртни случаеви во потесното семејство и што уште да ви раскажувам. После долго време почнав да излегувам со еден другар што го знаев долго време и како што викаат „клин се клином избија“ решив да го продлабочам пријателството, се ставив во врска со него, сега ми е супер мада често ми се случува да се навратам на минатото.
    Е сега после се ова што го изнапишав, после цела таа трагедија брат ми ми признава дека е западнат во депресија која он заклучил дека трае 2 год., незнам што да правам како да му помогнам, многу ми е тешко да го гледам така.
    Ве молам за совет :?
     
  6. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    686
    Драга моја Маца... Пред се сочуство до тебе за сите работи што ти се случиле до сега. Навистина ми е жал. Но, сепак си решила да продолжиш понатаму и од се срце ти ја поздравувам оваа одлука. Баш ми е драго што си сфатила дека животот продолжува понатаму, со или без драгите личности во нашиот живот.
    Е сега би сакала да те посоветувам, да зборуваш што повеќе со брат ти. Депресијата е многу тешка болест и навистина треба да се разговара за тоа. Доколку ти се чувствуваш немоќна да му помогнеш, тогаш мислам дека ќе биде најдобро да го посоветуваш да посети стручно лице. Се надевам дека се ќе биде во ред и дека ќе се средат работите за вас двајцата. Искрено ви ја посакувам целата среќа на светот... Поздрав
     
    На sj *O* и lifeisbeautiful им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.949
    maca..кратко само..навистина многу лоши ситуации во вашито живот..ете ти си успеала на некој начин да се извлечеш од депресијата ама кај брат ти дури отпосле се појавила..се е тоа поради сите тие немили случки што сте ги имале во семејството..веројатно кај него и др работи има што го мачат..седни и разговарај со него доволно да му излезе од него се она што го тишти..биди му поодршка..времето е лек за се..ви посакувам убави и позитивни денови на двајцата :)
     
  8. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    61
    bi sakala da kazam deka ova sto si go pominala tolku me voznemiri sto placev dodeka go citav sinoka.me dirna, ednostavno socuvstvuvav so ovaa tvoja bolka iako jas licno ne sum doziveala na svoja koza megutoa verojatno e poradi mojot strav od zaguba na sakanite osobi.znam kako e da gubis vo zivotot i toa koga se vo prasanje najbliskite-konkretno za mene gi izgubiv tatko mi pa potoa i sestra mi no ne stanuva zbor za smrtni slucaevi tuku se raboti za bolest so koja ne mozam da se pomiram i e tolku losa neizleciva , bolna, teska, nesvatliva sto ednostavno ne sakam ni imeto da go izgovoram.ne pripagas ni vo zivi ni vo mrtvi sto mi se cini deka e uste poloso postrasno vo sekoj slucaj bolna vistina .tuka e i nemokta da pomognes sakas a ne mozes..togas pokusuvas so ljubov vnimanie razbiranje ....... i vo ovoj slucaj gubis ,kako i da e sto i da napravis samo gubis ssss....i se prasuvas do koga vaka a go znaes i samiot odgovorot i toa uste poveke te turka udole,taka da ne bi znaela da dadam sovet bidejki i jas samata sum vo eden totalen haos ,tunel bez zrak...depresija ludilo bitno lutam nekade a kade koj znae :( inaku si navistina hrabra devojka :clap: samo napred pozz..
     
  9. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    17
    Девојки фала на сите што ме подржувате и ми дадовте совет, Lalezzz sorry :( , не мислев да те растажам до тој степен едноставно сакав подетално да ја опишам ситуацијата со цел да ми дадете соодветен совет. Уште еднаш фала ви на сите за убавите зборови.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.940
    Допаѓања:
    86.992
    Уууф...стварно...тешка состојба,искрено,тука нема особен начин да се помогне.Охрабрувачки (мислам,хм...охрабрувачки во преносна смисла далеку од вистината) тоа што му се случува на брат ти не е резултат на ситуација сама од себе,хемиска промена или без основа.Тој исто како и ти доживеал трауми,загуби на луѓе од потесното семејство,верижно па и не е лесна ситуација,туку е траума која предизвикува клучни промени на личноста,па доведува и до депресија,чувство на безизлезност,беспомошност (особено дека се работи за ситуација во која навистина си безпомошен,ти,тој или било кој на светов),животот нема смисла кога се состои од толку многу загуби за малку добивка...Тој пател кога си патела и ти...природно,брат и сестра...треба да го оставиш сам да се избави без при тоа ти директно да му влијаеш,нооо да најдеш начин индиректно да му даваш поддршка и да наоѓаш начини да разговараш со него,не за проблемот,туку за нештата од секојдневието,по можност позитивни и оптимистички.
    Животот е таков...ниеден од нас не е имун,ниеден од нас нема да биде одминат од загуба на личност,но разликата е временскиот период.Но,кога ќе ги собереш сите тие случаи низ цел живот,добива знак на равенство.
    Значи ова не можеме да го окарактеризираме како депресија,затоа што има реална основа за таквите чувства на брат ти...постои реален проблем,затоа е многу полесно да се излезе од ситуацијата која ете некогаш и треба време...
    Секое искуство во животот е своевидна траума,макар и било позитивно.После силно позитивно искуство,да следува обичен период,без некои особени случувања може да одведе во депресија...тоа е тркалото.
    Добро е што е свесен,значи склон кон самоанализа,тоа предвидува брзо опоравување,а ако побара помош од стручно лице,сигурно ќе биде подобро за кусо,но нека не биде психијатар зошто само ќе му препише таблети,а човеков не е за таблети,но тие немаат разбирање,нека побара помош од психолог,па со неколку сеанси ќе биде се подобро.
    Ти писакувам се најдобро и се надевам дека овој негативен влог од минатото во идина ќе ти донесе само позитивни искуства и моменти.Искрено!
     
  11. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    17
    Фала ти многу Lilit...
     
  12. natasa69

    natasa69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    5
    и јас страдав од тоа чудо премногу ми беше тешко ни сама не сум свесна сега како се излечив :?:
     
  13. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Депресијата обично настанува од недостаток на серотонин во крвта, или одредени настани во животот кои придонеселе до такво чувство.
    Искрено,гледам што повеќе да уживам,природно,секогаш сум насмеана и голем оптимист сум.
    Така да,ретко да ме фати депресија.
    Ако не сте читнале,Јозеф Бројаер (кралот на психоанализата) користел „терапија со разговор’’. Таа терапија се состоела да се присетиш на сите настани од претходно кои ги предизвикале тие симптоми на депресија.И симптомите веднаш исчезнувале,депресијата ја снемувало. ;)
     
    На Feminkabezshminka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.742
    Ме фати вчера така една блага....
    Иначе ја лечам со спиење во несоодветно време, 6 до 8 часа, спуштени ролетни... и ко нова сум :D
     
  15. obicna

    obicna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    teska e borbata protiv depresijata,po priroda sum vesela nasmeana i sekogas omptimista no pred tri godini me zafati od nigde i nikade teska depresija i me drzese skoro 6 meseci. na hrana ne mozev ni da pomislam,ednostavno vegetirav,moie sto ne probaa za da me izlecat.
    najmnogu mi pomogna razgovor so psiholog vo kombincija so nekoi lesni antidepresivi.
     
  16. MightnightGirl

    MightnightGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Vo depresija :(

    Vo posledno vreme primetuvam deka ne sum druzeljubila ili neznam da socuvam prijatelstvo.Ke zapoznaam mnogu luge ama nakraj ispadunva deka nemam drustvo :worried: Se druzam i izlagam samo so 2 drugarkiKe sretnam nekoj sto znam ke se pozdravam ke napravam muabet,se druzime samo ako se sretneme,na nikoj ne mu teknuva a me vikne da izlezeme negde da se vidime.Ednata drugarka e vo bitola na gosti,a drugata na odmor i jas denovive sedam doma,nemam izlezeno 3 nedeli vishe :( Moze se ogranicuvam....Ako moze nekoj da mi kaze vo sto e problemot vo mene ili..(ako ne go mrzi nekoj da cita :)) )
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.375
    Пол:
    Женски
    Не мора да чекаш некој да те викне да излезете, ти викни некоја другарка. И не мора да биде официјално излегување, одете на кафе, на сладолед, или викни другарка да шетате низ град , по продавници. Зошто да седиш дома ?
    Или излези сама , точакот под газ и излези, не ти треба друштво. Ако си од Ск директ на кеј, па за два дена ќе ти се смачи од луѓе :D
    Или ако ништо од моиве предлози не ти се допадна секогаш си добредојдена на Фемина, да видиш тука каква гужва знае да биде. :D
     
  18. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.083
    Нема човек кој како што викаме не ''паднал'' во депресија...Мислам дека е нормална и честа појава...Но ако е премногу зачестена и се преминат нормалните граници,преминува во болест која делува сериозно и на физичкото и на психичкото здравје..
    Моментите на депресија претставуваат периоди кои што треба што е можно полесно и побрзо да се пребродат...
     
  19. fibimk

    fibimk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Ja lecev dve godini...ja dobiv po tezok period vo mojov zivot.Sekako i razgovor pomaga so strucno lice,ali prvenstveno zavisi od samiot sebe,ako sakas da si pomognes pij antidepresivi za koi sigurno vi kazuvam deka deluvaat.Veke 9 meseci ne gi pijam,relativno dobro se osekam,ali do koga ke vidime....sekogas postoi moznost deka pak mozes da potones vo kriza,ali ako si svesna mozes sekogas da ja protreses glavata i losite misli da pobegnat,ako pocnes da osekas taga pocni vezbaj,citaj nesto zabavno,samo da ne navleguvas podbaboko vo situacijata!!!!! ;)
     
  20. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    333
    1. Превземете акција
    Ако постои нешто што може да ви помогне да се чувствувате подобро, направете го. Тоа може да биде и избегнување на пријателите поради кои секогаш се чувствувате лошо или да заминете на прошетка во природа, на свеж воздух.
    2. Споделете ги грижите
    Поразговарајте со пријателите и семејството за своите проблеми и настојувајте да направите план како да ги решите. Немојте да дозволите грижите целосно да ве обземат.
    3. Пронајдете начин како да се носите со стресот
    За некои луѓе, вежбањето е е одличен издувен вентил. На други им помага топла купка или шетање во природа.
    4. Јадете добро
    Пробајте со храна кој го поддига расположението, како на пример бананите или пилешкото, кои стимулираат ослободување на допамин, хормон задолжен за чувството за задоволство.
    5. Размислувајте позитивно
    Тоа секако не е лесно, особено кога се ви се чини црно и депресивно, но научите како да ја гледате позитивната страна на нештата. Посветете со малку време за себе и пронајдете ги светлите точки во својот живот.

    доста е честа депресијата во денешно време,и се надевам дек овие неколку точки не само ќе ги прочитаме туку и ќе ги примениме за спас од неа :doh: