1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Депресија или созревање?

    Подолго време и јас се чувствувам така депресивно како цел свет да се срушил пред мене незнам дали е до некаков си период што сите го поминуваат но јас ова незнам како ќе го издржам многу сум несреќна и тажна многу мие тешко имам чувство како никој да не ме сака како сите да се против мене почнувајќи од дома постојано се карам за ситници и глупави работи се што ќе кажам не се прифаќа нешто ако треба да си купам за мене тогаш нема пари а не дека нема само да се одбегни мојот трошок и незнам што уште не и врската почна да не ми биде стабилна ако сме 8 месеци јас мислам дека тој сеуште не ме сака дека оди со мене од што му е жал и страв да не ме повреди и кога ќе му го речам ова дека вака се чувствувам тој ми вика немало врска тој ме сакал многу и се правел за мене неможел да оди туку така со мене но јас не го мислам истото тој е многу поубав од мене се плашам дека ќе си најде друга никогаш не ми рекол убава ми си и нешто ако облечам што не го знае тој ми вика од кај го најде ова и кога ќе му речам што не те бендисува не ми вика убаво е само прашав онака а по изразот јас гледам дека не го бендисува што дотогаш не ми се случувало такво нешто со бившите и кога ќе спомнам за ова вика убавината не била битна битен бил карактерот ама сепак кога се запознаваш со некој ја гледаш прво нешто надворешната убавина па потоа внатре порано често ми викаше дека за бившата сите му завидувале била многу убава а јас никако да го слушнам од него тоа за мене дека му се допаѓам :( и кај него дома не се чувствувам убаво од кога брат му има женска како цело време да сум потценета за роденденот кога ми беше ми купија поклон мајка му и татко му па да не се налутела и другата и нејзе а немаше потреба сигурно кога нејзе ќе и биде роденденот нема и мене да ми купат мајка му секогаш прво нејзе и дава нешто што ќе купи па ако не го бендисала таа или ако не и е точно ајде мене таа немала па затоа така прво неа гревота била а јас не сум ич па нон стоп кажува како и се нудела да и помага па како вчера седнала до неа да и помогни во работата демек јас така поминав заминав ништо незнам и таму се чувствувам не убаво поради овие работи не да сум љубоморна ама не сакам вака брецкања и зборувања пред мене ова ме повредува и дечко ми има плачено пред мене дека му било жал за мене оти така цело време како поттурната и затоа се правел за мене и како да не си мислам понатаму дека тој оди со мене од жал кажете ми што да правам не сакам по другарки овие муабети да ги кажувам немам доверба ни дека некој правилно ќе ме советува ве молам за некој совет што да правам по цели денови плачам ич не мие убаво не ми се живее не е овој живот како што јас го посакувам порано бев многу посреќна ;( ;( ;(
     
  2. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Депресија или созревање?

    никој не сака да ме посоветува а мислев дека на форумот ќе најдам некој што ќе ме утеши и ќе сподели нешто слично како ова затоа и тука постирав :(
     
  3. Pavlin4e

    Pavlin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    9
    Депресија или созревање?

    Искрено и јас сум била во слична ситуација.......и јас сум мислела дека е тој поубав и дека светот се врти околу него и дека е некоја супериорна раса итн....и сум имала такви проблеми со неговите....И постојано мислев дека од дома никој не ме сака,едноставно мислев дека не вредам како човек.....но знаеш како надминав се.....најпрво ми помогна еден свештеник....тој ми укажа на тоа дека постои Бог и дека јас никако не сум сама, и ако никој не ме сака тој е тука за тоа.....ми укажа да сватам дека моите дома се единствените на кој можам да им верувам и дека тие никогаш нема да ми мислат лошо.....за дечко ми ми укажа дека ако ме сака навистина ме сака, нема да дозволи така никој да се однесува со мене, а посебно неговите и ме замисли кога ми рече, замисли каков би ти бил тебе животот ако недај боже се омажиш за него, цел живот ќе ги трпиш нив и никако нема да бидеш среќна,а каков е тој живот без среќа.тогаш се освестив.а за убавината ми укажа да сватам дека ние сме сите убави, дека тоа е работа на вкус.ме научи да имам достоинство да се сакам и почитувам прво себеси, па потоа другите, да не паѓам толку ниско да зависам од некое машко.да сватам дека вредам.и да се запрашам дали јас кога плачам има некој што исто така плаче за мене.и да сватам дека тој не е единсвен, да пробам да го сменам па да видам како ќе биде со друг.Го послушав буквално за се, раскинав со дечко ми, на почетокот ми беше тешко ама времето излечи се, ги подобрив односите со родителите дома, почнав поинаку да разговарам со нив.сум нона личност.И верувај ми помогна.одтогаш сум среќна и за било што и да се случи разговарам со него, како постар и поискусен од мене, ми дава совет и јас го почитувам.И ме научи дека кој и да има ваков проблем да се обидам да му помогнам. Па еве ако сакаш пиши ми на приватно,ќе ми биде мило да можам да ти помогнам.А ти размисли добро за се, немора да ме послушаш и да го направиш тоа што јас го направив, но барем размисли......па и ако нешто не те бендисува кажи, нетребало така да направиш, јас сум отворена за критика.....Главата горе!!! :* :* :hai:
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Денес бев на матичен лекар најпрво за да му објаснам што точно чувствувам и какви промени имам во однос на однесувањето и организмот. Ме пратија и на испитување на тироидната жлезда а пред две недели правев испитување на крв и се ми беше во границите на нормалата(ова бидејќи имам појачано опаѓање на косата, сува кожа и уште некои промени во организмот). Е сега, тука беше само докторот, но не и докторката кај која најчесто одам и има поголемо искуство. Докторот ми препиша да почнам со пиење на Eglonyl два пати на ден, а ми кажа одпонеделник откако ќе ги има резултатите од жлездата ќе видиме на која основа се базираат промените во организмот мој.

    Дали некоја од вас за смирување и блага депресија пиела Eglonyl? Кога дојдов дома мајками ми спомна дека имале некакви нусособини меѓутоа дома иако имав капсули Eglonyl затоа што она пиела пред некое време, од други причини (против гадење и мачнини) ама не можам да го најдам упатството што е од кутивчето. Јас се мислам да не почнувам да ги пијам се до понеделник, додека не ми испитаат ова што треба па да почекам и мислење од докторката.
     
  5. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Еглонил една моја другарка пиеше за проблеми со желудникот.На неа и беше на нервна база,кога ке се возбудеше за нешто,или имаше некој проблем,добиваше ненормални болки и знам дека и ги даваа за смирување.
    На мене за блага депресија матичниот ми даде хелекс од 0,25,испив една доза,мислам дека се чувствувам малку подобро.Утре сакам да отидам на контрола,и не знам дали да побарам да ми препише уште една доза,зашто се плашам дека ако ги прекинам,пак ке ми се врати ненормално лошото расположение,нервози,неволност...да не набројувам... А од друга страна се плашам да не си створам зависност,па после да не можам да функционирам без нив. :worried: Ако има некој искуство,пишете.
     
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Колку што знам, хелекс е многу подобра терапија отколку пиење на дијазепам. Хелексот е на природна база, и резултат не дава моментално како дијазепамот, туку е потребно период да помине за да се почувствува дејствието, како што си почувствувала ти. Мислам дека најсоодветен совет ќе ти даде твојот матичен лекар, дали да продолжиш или не. Оди на контрола и поразговарај :*

    Дополнување: Сега го читав упатството за пациенти и еве што вика во еден дел "Долготраjна употреба на алпразолам може да доведе до зависност кон лекот"

    Aко сакаш прочитај повеќе тука: http://www.reglek.com.mk/dokumenti/upatstva/487_1.pdf
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    angelce1 ти испратив пп.
     
  8. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Не се пага така лесно во депресија, а и не е баш така лесно да се помине покрај нејзе. Сум била многу пати во депресиоја и точно знам како е. Но сепак и тоа е минливо во животот е се минливо.Но додека трае таа депресија не ни е сеедно, мислиме дека целиот свет се руши над нас, дека сме сами дека нема никаков излез. Се чуствуаме осамени без никоја рака која би ни пружила помош.Се наогаме во црн тунел кој нема крај. Но сепак на крај се појавува светлина и свакаме дека не е се така црно. Стануваме и продолжуваме понатака со нова надеш и со нови соништа кои треба да претвориме во реалност :).
    И мислм дека не се потребни никави лекови за да поминеме низ тааа депресија туку љубов и нежност од најблиските :)
     
  9. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    запаѓам во депресија свесна сум за тоа и не можам ништо да направам да спречам се она во кое гледав надеж се урна уствари сега не знам ни дали постоело вистински или само во моите очи.. не излегувам од соба не ми се разговара со никој ниту јадам едноставно ништо не правам чувствувам дека немам сила да застанам на нозе и да продолжам каде е таа мала светлина што на крајот се појавува ја нема дали ќе се појави а додека да се појави каде да ја најдам силата???? :( :( :( :( :( :(
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Неџма секој поминал или поминува низ таков депресивен период поради било каква причина.Важно е да не дозволиш целосно да и се предадеш па да биде полошо.Знам како ти е ама мораш сама да си даваш волја и да се трудиш да ја надминеш.Излези прошетај негде да си ја разбистриш малку главата,разговарај со некого во кого имаш доверба исповедај се, за да ти излезе колку толку тежината од душата.Не е лесно и треба време да помине за да си бидеш повторно нова ти. :)
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592

    Се' додека си самата свесна дека имаш проблем врзан со депресија, го признаваш тоа и бараш на било кој начин помош
    верувај ми има надеж и постои тоа мало светло во тунелот.
    Ти си барем самосвесна.
    Вистинските депресивци се луѓе кои не се заморуваат околу тоа дали се или не се, туку веќе си го имаат прифатено тој начин на живот и преживување, без да сослушаат нечиј совет. Камоли да побараат. Живеат во свој свет, за нив сите среќни, оптимистични луѓе се лузери и ненормални и се однесуваат како да ја откриле мистеријата на универзумот - нема правда, нема среќа и ајде сега ќе шетаме тмурни и намќорести. Депресијата ги јаде, а не се ни самите свесни колку е тоа штетно.

    Што и да правиш, не исклучувај се од светот. Излегувај со пријатели, искажувај ги своите емоции, плачи кога ти се плаче, вришти кога силно ти се вика. Помисли што си сакала да правиш отсекогаш и -направи го. За себе. Ќе се чувствуваш подобро дури кога ќе престанеш да мислиш на тоа.
    И еден сосема обичен ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека - се' е во ред. ;) :)
     
    На QueenElena и nedzma им се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.168
    Пол:
    Женски
    Се чувстувам мн разочарано,ми се плачи секоја втора секунда.. не знам зошто...се чувстувам како да се губам...ништо не ми е интересно..не можам да се концетрирам на ништо,само негативни мисли ми идат и никако не можам да ги избркам...се исто ми е..добивам поддршка само од мајка ми некако ми помага...ех другарките каде се?? ги нема...само ТОЈ по малку ми помага,срце е..ми прави смешки за да се насмеам..ФАЛА БОГУ ШТО ГО ИМАМ..но пак сум дома..моментално сама можда заради кавигите што беа со него и заради гастритисот( ми се лоши насабалје и преку цел ден) Што ми се случуваа???Ова не сум јас,не можам да се препознаам самата...Си ја сакам старата ЈАС весела и ведра...ахххх...не можам да си помогнам..некако се ми е монотоно..а и времево е катастрофално.. Свесна сум дека ова е депресија...понекогаш се губам на моменти...како да ми одлетуваат мислите на друго место...дома постојано има нервози :( не можам да спијам ноќе што е најлошо...страв ми е дда сонувам...се плашам.....ПООООООММОООООШШШШ!!!!
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    GirlLove истото мислење на 3 места го имаш напишано. Во СДК, Како се чувствувате и овде :?:

    Овде се пронајдов. Јас сум ваква и тоа го сфаќам и доживувам како нешто најнормално, не му ни обрнувам внимание, сеедно ми е...
     
  14. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Тоа значи очаен крик за помош :)

    GirlILove те фатила мала депресија не се разочарувај веднаш. На секој може да му се случи. Прочитав имаш дечко, зошто не си излезеш со него малку да се прошетате или па оди до кај него (ако можеш), погледајте си филмче, напрајте си муабет, нека те погушка малку и ќе видиш поарно ќе ти биде! Ако седиш дома и упорно паѓаш во депресија, мораш малку да се измешаш со луѓе! Стани од кревет и кажи си дека не ти е ништо и метла низ врата! Доста седење дома и гушење со депресивни мисли... Секое добро ;)
     
  15. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Кој заболува од депресија?

    · Депресијата е многу честа.
    · Меѓу 5 и 10% од популацијата страдаат од оваа болест во одреден период од својот живот.
    · Жените се два пати поподложни на оваа болест од мажите.
    · Заболувањето од депресија не е знак на слабост. Нема одредени персоналитети кои би се издвоиле како поподложни или поотпорни на оваа болест.
    · Ако Вашите родители страдале од оваа болест и обратно, големи се шансите и Вие да страдате, односно да не страдате од оваа болест во текот на вашиот живот.

    Кои се факторите за појава на депресијата?


    · Гените или рани животни искуства кои ги направиле некои луѓе фрагилни.
    · Водење на живот исполнет со стрес и стресни настани, како на пр. губење на работното место или прекин на љубовна врска.
    · Депресијата може да е резултат и од физички болести, користење на лекови и наркотични средства.

    Како и да е, депресијата може да се јави и без некоја посебна причина или фактор. Кај заболениот од депресија може да се детектираат некои специфичности во однос на промена на функцијата на мозокот:

    · Модерните скенирања на мозокот можат да прикажат колку фронталниот дел од мозокот заостанува со работата откако болеста се појавила кај пациентот.
    · Заболените луѓе имаат повисоко ниво на стрес хормони во крвта.
    · Одредени хемиски системи во мозокот не функционираат нормално, вклучувајќи ги хормонот серотонин или 5-НТ системот.
    · Антидепресивите помагаат при борбата со овие промени.

    Симтоми на депресија

    Водењето на живот исполнет со стрес може да Ве доведе до лошо расположение, но депресијата за разлика од лошото расположение трае повеќе. Тоа чувство трае со денови, недели па и месеци. Некои од симптомите на депресијата се:

    · Неможност да се добие задоволство од активности кои претходно воделе кон тоа задоволство.
    · Губење на интерес за најразличните активности од секојдневниот живот.
    Проблеми со несоница и тешктии при будење наутро.
    · Намален апетит, слабеење.
    · Губење интерес за сексуална активност.
    · Проблеми при концентрација.
    · Чувство на напнатост, тензија, немање можност за релаксација.
    · Лесна иритабилност.
    · Губење на самодоверба.
    · Избегнување контакти со други луѓе.
    · Чувство на бескорисност, безнадежност и вина.
    · Идеи за самоубиство.

    Како се дијагностицира депресијата?

    За жал, не постојат скенови на мозокот како и испитувања на крвта кои би помогнале при поставување на дијагнозата за депресија. Дијагнозата може да биде поставена само преку горенаведените симптоми.

    Кој ја третира депресијата?

    За добар третман и лекување на оваа непријатна болест во брзо време, најдобро е да се обратите на психијатар. Тој стручно ќе Ве советува и ќе соработува со Вас за времетраењето на третманот.

    Третмани за депресија

    Најважно за Вас да запомните е дека депресијата е болест која се лекува. За да се излечи, пациентите подлегнуваат на психотерапија.

    Има најразлични видови на психотерапија. Некогаш дури и разговорот со некој близок или со психијатарот помага и е вид на психотерапија. Многу е подобро некому да се искажете за Вашите проблеми отколку да „собирате“ се во себеси. Пософистицираните психотерапии вклучуваат и советување, интраперсонална и динамична психотерапија како и психоанализа.

    При давањето на ваков вид на терапија, често пропратно со неа, психијатрите препишуваат и лекови при полесните случаи на депресија. Лековите кои психијатарот ги препишува се антидепресиви и за нив треба да се знае дека не го менуваат Вашиот карактер и не предизвикуваат зависност.
    Во последните неколку години се појавуваат нови антидепресиви, се подобри и подобри затоа што контраефектите од консумирањето на тие лекови се помали.

    При земањето на препишаните антидепресиви, треба да запомните:


    · Земајте ги лековите во регуларни временски интервали.
    · Нема да видите некои позначителни промени во Вашето однесување 2-4 недели откако ќе започнете со нивната употреба.
    · Откако ќе почнете да ги забележувате промените, по неколку недели би требало полека да продолжите со закрепнувањето.
    · Иако мислите дека сте излечени, не запирајте со земањето на антидепресивите. Оваа е најчеста грешка која ја прават заболените и по извесно време повторно се враќаат на почетната состојба. Затоа, оставете ја должината на третманот како обврска на Вашиот психијатар.
    · Со антидепресивите не смеете да прекинете наеднаш, туку полека да ја намалувате дозата.

    Што се случува ако не забележите подобрување од третманот?


    Иако повеќето случаи се лекуваат со горенаведените методи, имаме случаи и на тешка депресија која не се лекува лесно. За таквите случаи, психијатарот препишува посложени третмани кои вклучуваат електроконвулзивна терапија (ECT) и пациентот треба да биде сместен во болница.
    При оваа терапија која е непријатна за многумината заболени, пациентот се успива со анестетик за 5-10 минути и додека спие, се администрира лек за мускулна релаксација и мала количина на електрицитет се дистрибуира до мозокот во фракција од една секунда. Откако пациентот ќе се пробуди, потребен е околу час време за целосно да се освести.
    Оваа терапија се прави два пати неделно и отприлика, потребни се 6 до 10 третмани за пациентот да биде успешно излечен.
    Овој третман исклучително ретко се користи во денешно време.

    Што да правите ако страдате од оваа болест?

    · Зборувајте со луѓето како се чувствувате. Не ги насобирајте емоциите во себе. Не е знак на слабост ако поминувате низ тежок период од Вашиот живот.
    · Иако би било потешко да ги извршувате секојдневните активности, потрудете се колку што можете да останете активни. Лежењето во кревет или па мислењето на Вашите проблеми само ја влошува Вашата состојба.

    · Не барајте утеха во алкохолот или во таблетките за смирување. Тие само би ја влошиле депресијата и би ја направиле потешка за лечење.
    · Ако имате проблеми со спиењето, не земајте таблетки за спиење и не мислете на проблемите. Пробајте да читате книга или да слушате радио.

    · Секогаш имајте во предвид дека страдате од болест која е излечива и тоа не значи дека сте карактерно слаби.
     
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    По разговор со стручно лице, невропсихијатар, каде отидов по препорака и со упат од мојот матичен лекар поради промени во хормоналниот статус, зголемено лачење на TSH хормон, кој бил пореметен поради стресна состојба на организмот, денес еве бев на терапија и се чувствувам многу олеснето. Докторот беше многу смирен, многу убаво разговараше со мене, и во иднина ќе продолжиме со чести терапии се додека не почнам да се чувствувам дека се враќам на цврсти нозе. Освен со разговорна терапија, паралелно ми даде терапија со Seroxat 30mg половина насабајле, половина навечер, Eglonyl 50mg и Bedoxin 2x20mg. Се надевам и верувам во успех затоа што докторот ми влеа многу смиреност и доверба. Тоа што го воочи мојот Доктор беше субдепресивна состојба(скратено кажано).
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Треба утре да одам да земам од Зегин Seroxat, која цена се одприлика?
     
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    беше кај приватен невропсихијатар или таму на државно? како се одвива тоа? :?:
    и баш ме интересира колку наплаќаат? нели викаат дека ептен скапи биле? :?:
     
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.168
    Пол:
    Женски
    Леле девојки,помагајте...под тешка дипресија сум...готово...не можам да спијам 4 недели...ако заспијам сонувам и незнам дали е вистина или сон...сношти наеднаш ме фати страв еден...разговарав со моиве и ми викаат никако да не одам на психијатар пошто не ќе можи да ми помогне..а јас се чувстувам никако буквално..ништо не ме интересира,како изгубена сум,немам апетит,ме боли желудник,ми се гади...немам за ништо желба..ни за учење,ни за излегување..не можам да се концентрирам..и мислам дека никогаш ова нема да ми помине...пробувам со позитивни мисли..но никако...се чувстувам уморено,ненаспано,почна срцето силно да ми бие сабалјево ;( ;( ШТО ДА ПРАВАМ???
    Какво искуство имате вие со депресијата?колку време ве има држено?какви симптоми??
     
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    ме интересира поради што ти почна депресијата? како почнува? :?: