Stradam od depresija 10 godini ( verojatno i porano, ama ne sum odela po doktori). Zemem terapija, ama ne se osekam podobro. Osobeno letno vreme. Sekoe leto ista pesna. Se pojaki i pojaki se simptomite. Vie kakvo iskust o imate?
Здраво,незнам колку ова што ќе го напишам се вклопува во оваа тема но барем мислам дека е за овде. Ноќва пишувам во разни теми бидејќи имам разни проблеми. Вака почна се. Имав 7 години после толку караници и расправии мојте родители се разведоа уште ми е сликата од денот кога мајка ми го избрка татко ми од нашиот топол дом како не тепаше мене и брат ми бидејќи плачевме ...Тоа беше за нас шок но бев мала не разбирав што се случува татко ми се пресели во родниот град,Прилеп каде и јас се родив,ретко се гледавме живееше со сега починатата моја баба која му даваше пари од пензијата бидејќи кога требало да се запише факултет дедо ми станал инвалид и им биле потребни пари...Па така од како се случи тоа по не многу долг период мајка ми си го донесе дечко и од Египет во нашиот дом.Татко ми пред 1 година или 2..не знам реши да работи во Германија со бугарски пасош и најде работа ги менува работите често и ретко се гледаме еднаш во 9 месеци...Јас се навикнав но кога ќе ги погледнам другите како да не припаѓам со нив ..Многупати ми велат 'Колку убав живот имаш ,мајка ти има фирма имате огромна куќа луксузни коли најнов телефон' јас ќе им кажам благодарам а одвнатре како да сакам да почнам да им се дерам фамилијата,среќата нели е тоа побитно да се плукнам и во пари и луксуз и се џабе е се кога не ми е полно срцево. Имам момче и зависна сум во врска сме 11 месеци и 21 ден тука некаде но некогаш многу ме сака некогаш не покажува почит ни малку се случи нешто и јас почнав да се нервирам под стрес веќе секој ден ми поминува со нервоза и стрес ќе ви кажам повеќе пати сум се обидела да си го одземам животот но никогаш немав храброст наречете ме луда психопат како сакате но ми дојде се преку глава ова што го раскажав е само една третина од целиот мој живот во мака.Многумина знаат да кажат дека прерано сум пораснала бидејќи имам момче излегувам..А јас само ќе потврдам,да психички бидејќи сево по што го доживеав ме натера да созреам порано иако можеби и јас несакам но тоа е мојот живот срање.Некогаш сама си зборувам да но уште не сум за на психијатар не сеуште. Секој ден во нервози,стресови се прашувам зошто,зошто јас?
Имам преживеано многу од ова, секако дека е тешко и ова. Но што ако се предадеш? Ќе успееш? НЕ! Никогаш не се одкажувај, посети психијатар, раскажи се, ќе ти олесне, надежта последна умира душичке, млада си сигурно, животот е пред тебе, не го сваќај ова како лошо, само како лекција. Учи сонце, учи од тие грешки и ќе успееш понатаму, не паѓај, главата горе, секогаш со верба и надеж до саканата цел. А со момчето да не се ич секираш, онаа да не те боле. Да се нервирам за дечко? Пих, ненормално. Ако не иде не иде, заеби, доволно ти имаш свој проблеми и сега со него, не вреди исто како кога ќе чешлаш ќелав човек. Не е баш за уживање, но пробај да најдеш мир во нешто, најди си занимација, тргни се од се исклучи го мозокот и кулирај. Но немој никогаш заради овие проблеми да се уништуваш, ја секогаш сум на мото „Ќе бидам појака, колку појака толку поубава, колку поубава толку моќна, колку моќна толку доволно јака да не ме сруше никој“. Така и ти, не дозволувај, мисли на иднината, мисли на добро, и ќе ти биде добро.
Здраво,прво да ве поздравам,нова сум тука. Значи,да не пишувам реферати зошто,како се случи тоа,одма ке преминам на главното.Порано,да речам пред година ипол бев многу среќна девојка.Бев насмеана 24/7.Ако застанев сериозна 1 минута,одма ми поставуваа прашања,,што не е во ред?“или ,, ти не си насмеана?“Значи бев многу весел човек.Се до пред една-една ипол година,кога запознав една личност,многу драга за мене.. Уствари,јас сум таква,навикната сум ако се скарам со некој,мора тој/таа да ме моли,јас со око не трепнувам,и стално една другарка ми викаше,,биди таква,ќе се најде еден ден некој кој ќе те ,,спушти“..И да,се најде.. Јас не сум веќе блиска со таа личност што ми паѓа мноооогууу тешко,едноставно животов ми стана празен,незнам како да објаснам не ми е битно ништо,немам желба за живот.Јас потполно се сменив,не сум си јас едноставно,сега тешко е да се видам насмеана,за тоа ми е најкриво.Да,и порано бев во депресија,(за истово)но се обидував колку толку да се вратам во живот,и во тоа успеав само 2недели.. А сега дознав дека (јас сум од Струга иначе) заминува на една година во Скопје,и доста немаме контакт кога ќе се врати веќе ќе ме има заборавено.Јас од тој ден едноставно сум во депресија.Значи загубив многу блиска личност,прв пат во животов.Оваа ми е прва ваква случка,можеби затоа.. Пробувам сама да си помогнам како минатиот пат ама едноставно неможам,и порано викав неможам бидејќи немав пробано,Но сега пробувам и НЕМОЖАМ.Колку и да не мислам на тоа,јас имам ептен голема празнина незнам како да ви објаснам.. Како камен да ми тежи во градиве,не е битно дали мислам на тоа или не .. Би ве замолила за совет како да излезам од ситуацијава,едноставно не сакам да си го уништам животов,а бидејќи сама и не можам многу,сакав да ве прашам дали имате искуство со таблетките 5-HTP,ги најдов на интернет ефикасни ми делуваат,и каде можам да ги најдам или да ги нарачам? Секој совет ми е добредојден,фала ви однапред.
Здр и на тебе, добре дојде на форумов Доколку сакаш да си ја вратиш среќата најди нешто што те прави среќна и исполнета ,пр: спорт,ново друштво , немој да мислиш дека само таа личност ја има на земјава и дека друга личност каква што си запознала и ти била драга немат.Никако немој да пробуваш апчиња да користиш , подобро појди на психолог или педагог или разговарај со некој на кој што му веруваш. И би ти препорачала за да не ги губиш таквите личности ,оставија гордоста на кратко настрана......В секое време сум достапна доколку сакаш да ми се обратиш преку ЛП поздрав
Благодарам многу❤ Инаку сакав да ги пробам тие апчињата дека биле на некаква природна база,значи немора да се од доктор препишани,може да ги користи кој сака,затоа мислев дека имате некакво искуство.
Само едно ке ти кажам змам деле нема да помогне,камоли ја да го имам овој проблем Пс патам од манична депресија со анксиозност, имав толку јаки душевни болки дури што имам и само повреди и белези боледувам од 15 години
Дали нормално функцинираш и ги извршуваш работните обврски? Јас неколлу месеци сум во кчиничка депресија.и исто имам нагони да се самоповредам затоа што не се издржуваат тие кризи..има денови кога не спијам воопшто ни со лекови,има денови кога спијам 12 саати..брза помош инфузии ми се најдобрите другари.напуштив работа..и не станувам од кревет со месеци.и зошто толку време не си излекувана?
Elicea ja piev godini i ne bev zadovolna ic.Samo seroxat od A D..demetrinot e top lek koga go piev porano em opustase em davase energija
... за да се заборави или да речам поблаго да се потисне нешто што го нема , а ние бевме толку приврзани треба да го замени нешто друго и со време ќе го потисне или барем ќе ни го тргне од мислите , буквално замислите како некој слој над површината над водата тоа има контакт со воздух ( споредбено воздух со наш мозок ) , што сакаш направи бранови , мешај го слојот со водата тоа пак кога ќе мирува избива на површина и пак е во контакт со нашиот мозок ? сега ако ова го разбравме што треба да се направи ? да побараме ,,нов слој,, што ќе го покрие тој стариот ... значи ако е во прашање љубов-дечко , МОРА нов дечко да го завземе местото без разлика ако не е подобар , во почетокот мозокот ќе се буни нема да го прифати ќе го сака предходниот , но ,, ќе отрпне,, со време и ќе попушти и се прифакја новиот слој над тој поранешниот и така се затвора контактот на мозокот со тој слој поради новиот слој што го потисна ... ќе има денови двата слоја ќе се помешат и ,,стариот слој,,ќе избие повторно на површина и пак ќе помислиме на минатото , но за кратко време зашто ,,новиот слој,, пак со стабилизирање за некоја минутка пак ќе го покрие тој ,,стар слој,, и пак ќе ја прекине врската со мозокот... доколку останува така непокриен стар слој тага , инат , неправда ќе надвладее подолго време за изгубениот и личноста тешко може да го издржи тој притисок и почнува девијации во однесување и разни психолошки проблеми за да на крај заврши со пиење на разно разни лекарства и менување на самата личност во нешто што не е... Ви давам еден совет ... секогаш нештата не мора да се такви како што изгледаат , секогаш постои подобро од доброто што го знаеме ... идете напред најдете го подоброто , не се вртите назад
Како се справувате со уморот кој е придружен симптом на депресијата? И тогаш кога секојдневното функционорање е нарушено...
... погрешно размислуваш , убаво е од твоја страна што не те интересира твојата добра материјалната страна и дека ти треба само љубов - семејство , дечко, другарка ..куче , маче.... почни да рамислуваш дека некој нема ниту еден родител или нема татко , или нема ни сестра ниту брат - види колку си богата сето тоа ТИ го имаш , биди среќна ! тоа не се купува со пари ...само најди начин да не рамислуваш во погрешен правец и најди си некое хоби кое ке те исполни !
... за расположение касни си чоколадаце , дај примени нешто... најди го новиот слој што ќе го покрие стариот што толку ти прави проблеми
Полошо од ова не можам да бидам и не знам како да си помогнам. Не знам шо да правам, попуштив веќе. Толку многу боли, не можам ни да пишувам ни да зборувам за тоа.Никој и не ме разбира. Како да продолжам коа неам веќе сила? Толку сум осамена. Заглавив. Не можам веќе