Почни да се активираш,биди физички постојано активна.Прави цело време хидро-терапија.Вежбај и храни се зраво Покрај физичкото,поработи и на духовното здравје.Не прави неморални работи.. земи читни си некоја молитва.. Зошто депресијата после подолго време се трансформира во меланхонија.. После нема ни најјаките психијатри да ти помогнат.. туку ќе те клукаат со апчиња за спиење.. Знам од искуство еден таков сличај...
Неморалните.. и тек тогаш ќе стане психијатриски случај. Тоа го пишав од искуство,зошто познавам такви луѓе.
нема лек за мене. веќе станав еднаш психијатриски случај. ни неморалните работи не ми помагаат веќе.молитва..ако има господ многу сум му лута. многу
Мој калибар сестро..и јас сум му лута понекогаш ама не секогаш. Ајде протарашкај низ таа твоја глава, најди некој ресурс за решенија на твоите маки или сподели ги тука па да размотриме сите заедно
Можеби тоа шо ништо не ми се случува, неам работа моментално,неам пари, живеам со крш цимери, неам друштво у скопје, не излевам и само мислам, се претрупувам со мисли.Досадата ќе ме убие мене најмногу од се. Ама многу ме скрши тој шо го сакам. Како може бе да сум толкава будала да го сакам толку многу? Е многу ме боли луѓе.
Болиииииииииииии??? Па ке преболи еден ден, што мислиш ти цел живот да го поминеш без да осетиш болка??Аууууууу и ти си за едно карање убаво и три стапа по газот
Мнооогу тешко... се трудам да спијам попладне но и спиењето не ми е како што треба. Понекогаш пијам тинктура Валеријана за смирување, но тоа кога како помага
Една моја другарка беше влезена во депресија.Уствари она се беше у депресија,не излеваше од неа.Џабе и разговор и се,она само темната соба си ја гледашеЗаради некој си машко што ја изневеруваше кај стигнеИ не можам да ги сватам тие луѓе што некој ги повредил и толку се затварат дома,крај на светот еЗеми излевај,шетај,вежбај,правете се за да си го исполните времето.И никогаш да не бидете слаба пред другите,велете си во себе јас можам,јас сум јака и ќе видете колку е одма подруго Вjеруј у себе
Многу од вас мислат дека се бо депресија..депресивно расположение тага не се вистинската ужасна болест депресија.вистинската депресија трае подолго од две недели и ги онеспособува сите животни функции.Сите вие кои мислите дека сте во депресија а не сте туку само во депррсивно расположение,излагајте шетајте спортувајте..работа и само работа.вистинската депресија е многу лоша болест и мора да се лекува ди антидепресиви.
Луѓе јас пиев деметрин и елицеа, ама деметринот го прекинав со психијатарот зашто уште толку ме утепуваше не ми се мрдаше уште повеќе на депресија ме маваше. Иначе сега пијам по едно ипол апче елицеа на ден, ама буквално никакво подобрување не осеќам, исто ко да не го пијам. Дa го прашам дали може да се смени терапија кога ќе идам следен пат или више кога почнав со овие апчиња треба да помине некој период?
Здраво. Не би ти препорачал антидепресиви, особено не SSRI (селективни серотонински инхибитори). Од искуство зборувам. Бидејќи ти го алтернираат хормонскиот баланс во мозокот на еден начин ти го ''преврзуваат'' и ќе настанат проблеми што може да те втурнат во уште поголема депресија. Главните проблеми настануваат кога ќе ги запреш. Погрешно е да се мисли дека депресијата е хормонален дисбаланс па сега треба да се среди тоа. Депресијата ја предизвикуваат надворешни фактори кои предизвикуваат емотивни реакции од наша страна, на пример тага. Значи треба да се разгледа и корегира начинот на кој се прима тој 'фактор'. Се промени ли начинот на примање и реакција, се променува и емотивната последица на личноста. Од моето искуство и бројни туѓи ова нешто лекарства неможат да го корегираат. Повреден е духот и душата на човекот, лекарствата имаат ефект само врз телесниот дел. Но овој последниов дел е подолга тема која бара малку повеќе објаснување. Туку кажи ми ти како си? Претпоследниот текст звучеше многу тажен.
Баш поради тоа и не ги земам. Добра сум. Кога како. Ми се менува расположението неколку пати во денот. Ама не се предавам.
Зошто повеќето запаѓаат во депресија, еве вака гледано од гледна точка на психологијата, нешто накратко. Секоја единка на планетава поседува само две чувства: 1.Љубов 2.Страв Ние сме наклонети повеќе кон стравот, тоа е најголемата причина поради која запаѓаме во депресија.. Некои поединци тврдат дека не е така и дека се наклонети повеќе кон љубовта, но спак иматаат СТРАВ дека саканата личност може да ги напушти, тоа на вистина ќе им се случи бидејќи тие постојано праќаат негативни фрекфенции, а сличностите се привлекуваат. Богатите имаат страв дека ќе ги изгубат сето богатство што ги имаат, и дека тоа ќе биде крајот..90% од децата во денешно време се плашат од математиката и мислат дека никогаш нема да ја постигнат оценката што ја сакаат..Заменете ги сите ваши мисли со позитивни за да добиете се што ќе посакате..Немојте многу да очекувате од единките околу вас бидејќи секое мало очекување носи уштр поголемо разочарување, а разочарувањето води кон депресија.Сравот заменете го со со ЛУБОВТА према себе и секо.Бидете песимисти! Исфрлете го стравот и никогаш нема да бидете депресивни.
Супер што ми го кажуваш тоа. Мило ми е што не се предаваш. Секогаш постои излез од било која состојба. Несакам да ти 'филозофирам' понатаму. Кога ќе ти се повторат повторно тие епизоди на осаменост, тага итн., ако сакаш можеш слободно да пишеш, би ми било чест да зборуваме. Се надевам ќе бидам online тогаш. Поздрав.