Ве прочитав за тоа дека пренесувал психологот/психијатарот за приватните разговори. Тоа законски не е дозволено. Не смее ништо да излезе надвор од канцеларијата, и етички не е во ред. Ние како психолози немаме право да раскажеме на никого за тоа што сме слушале. Ова е разочарувачки да го слушнеш. Никаде во светот не е вака, освен кај нас тука на Балканот, зошто и самите психолози очигледно не се за струката. Што ќе добиеш ако раскажеш зошто некој дошол кај тебе?! Многу се изнервирав. Јас имав друг проблем тука во Скопје кај психијатар, одбиваше да работи со мене зошто ќе сум и го превземела начинот на работа кога ќе сум завршела со факс Инаку депресија е постојано чувство. Не трае кратки периоди, тие кратки периоди кога се чувстувате лошо се минливи и е нормално да чувствуваш тага. Ама депресијата е далеку потешка, не можеш да живееш нормално на некој начин, чувствуваш летаргија, не ти се станува од кревет, не ти се прави ништо, немаш волја за ништо, едноставно се ти е сеедно. Тешко е да се забележи, посебно кај домашните, бидејќи најмалку сме свесни за оние што не опркужуваат. Пример јас се борев со депресија од 16 години, мајка ми забележа на мои 19 години. Мора да се разговара со блиските и да им се пренесе како се чувствувате, и обавезно треба да се побара помош од стручно лице. Е сега тоа што кај нас тешко се наоѓа соодветен психијатар/психолог тоа е друга работа.
Обично сите што одат на психијатар или психолог после тоа завршуваат на апчиња и спиење цел ден. Според мене така не се лечи депресијата, со спиење цел ден, за да се не излезат емоциите надвор од контрола. Само заради тоа што ќе ми биде препишана терапија, т.е. ќе треба да пијам Хелекс или Дијазепам не сакам да одам. Инаку разговор со стручно лице мислам дека е нешто многу добро што може да ти се случи. Ем некој ќе те сослуша и ќе проба да ти помогне. Не е тешко да знаеш зошто си депресивен. Прво тоа пробав да го решам, сфатив зошто имам депресивни мисли и пробав да сменам се што можам околу тоа. На добар пат сум иако мал ден не зависи од мене. Најтешка е депресијата за личност, е за неа не знам дали сами можеме да си помогнеме. По природа сум песимист и имам огромен потенцијал за да бидам депресивна. Депресивни мисли имам скоро секогаш, но никогаш не сум била на психијатар, ниту сум пиела нешто. Ако сами не си го решиме тоа што не мачи, апчиња нема сигурно ( ова за мене индивидуално си го кажувам, вас ако ви помагаам, пијте си ги).
Сметам дека ние живееме во такво општество каде што зборовите „психијатар“ и „психолог“ прават асоцијација за болноумни луѓе, кога всушност сите имаме потреба од разговор и совет кога ние самите не можеме да си помогнеме на самите себе. Живееме во средина каде што сме опкружени со добри, но и со многу луѓе со ниска самодоверба и полни со зајадливост кои прават се да ги прават луѓето околу нив да се чувствуваат безвредно. Секој од нас понекогаш чувствува неприпадност и тага, но едно нешто научив што ми го промени животот, а тоа е следното: „Пред да помислите дека сте депресивни, размислете со какви луѓе сте опкружени“.
И јас имам депресивни мисли, црни...сега во последнава недела само мислам дека ќе има земјотрес...се ми се тресе околу мене додека лежам или седам...ужасно Но се трудам да не залежувам во кревет иако би лежела, а никао не сум за апчиња бидејќи знам дека уште толку ќе бидам летаргична. Се трудам обавезно да одам на кафе после аработа, да ми мине денот со луѓе ...но останува време од денот кога морам да сум сама, кога не ми се прави муабет к..........
За сите што имате вакви и сл. проблеми според мене најстручен, најискусен, најлојален и најдобар психијатар кај нас во секоја смисла на зборот Др. Павлов. Има приватна ординација во центар. Топла препорака.
Секогаш останува Јасмина, тоа е периодот пред да заспиеме. Во тој момент и мене ми е најтешко, посебно ако јас сама не можам да превземам ништо за да се подобри ситуацијата. Кога си сама гледај си филм, слушај музика колку да не мислиш, веднаш легнувај. Ако ти чука срцето пиј тинктура валеријана, чај од камилица или мирисај етерично масло со аромана на лаванда. Најди случка од минатото ( на пример некој одмор со драга личност и мисли на тоа додека да заспиеш).
Зборај за професионалност. А за овој кој е споменат на темава што раскажува наоколу, не се погодил некој да го пријави? Некако да го наместат да го снимат за доказ?
Здраво, прочитав голем дел од она што сите сте го напишале во врска со темава и гледам дека не сум само јас во борба со депресијава. Долго време се обидувам сама да се извлечам од неа но веќе осеќам како да губам сила па би сакала да ве прашам дали знаете некој стручен доктор на темава во Битола бидејќи ми е поблиску а до сега видов препораки за Скопје ( можеби сум пропуштила ) а би сакала да се консултирам со некој за што понатаму. Би била благодарна за секоја информација
Еј, да ми чука срцето, не да ми чука - некни се исплашив реков отидов......чајче ќе пијам - фала на совет
Ако не е врзан со партии и дополнителни врски - има шанси, да. Или бар се надевам. Во најмала рака ако се има снимен доказ како би останале слепи на тоа.
Со најдобра намера ви препорачувам на сите физичка активност, наместо лекарства и силна волја да си помогнеме сами на себе, затоа што животот е само еден, мораме сами да се потрудиме и да одлучиме како ќе го живееме. Знам дека не е воопшто лесно и не сакам да попувам овде, да не ме разберете погрешно, напротив, јас поминувам низ најтешкиот период во мојот живот, изгубив родител пред половина година. Ја водам најтешката битка во мојот живот. Ми помага јогата како физичка активност и свесноста дека имам помала сестра и мајка за кои што морам да се грижам. Тоа ме враќа во реалноста, љубовта кон семејството и грижата за нив и дополнителната болка што ќе им ја нанесам ако дозволам јас целосно да ме обземе депресијата. Ако не успевате да се борите сами за себе, за почеток борете се за блиските околу вас, да не ве гледаат такви, да не им нанесувате дополнителна болка. Посакувам сите да се избориме со оваа состојба и без страв да чекориме во животот.
На мене проблемот ми е што никој ама буквално никој не ме разбира... зашто нивните животи се ,,совршени" и не се замараат, сакам барем една пријателка да имав што би се разбирале, многу полесно ќе ми беше... доста ми е од глумење.. убаво е некогаш да се отвориш со некој.. не само за проблеми има и многу други работи, од седење по кафичи и гледање сеир за да се осеќаат ,,среќно", лицемерно е се... заради тоа се повлеков и немам шанса ни да упознавам нови луѓе.. некој нешто слично? контакт? :/
Такво време е кога секој за себе си гледа и секој гледа да ти забоде нож во грб.Нема денес совршено пријателство сите гледат да те оговарат,да те искористат и да лицемерие на сите страни има не само со другарки има и со колеги дали на факс или на работа. Чим се такви нивниот живот не е совршен веруј нивниот живот е злобен и љубоморен. Ти го имаш тој совршен живот пошто не си иста како нив поинаква си и затоа они такви се. (ако ти треба некој совет во врска со ова слобоно во лп)
Здраво. Јас сум нова на оваа тема и ми треба совет и помош. Во депресија сум веќе 7-8 месеци. Пред тоа бев најенергична, највесела во друштвото, сите сакаа да се дружат со мене, бев организатор на се, мултиактивна, убава, образована, секогаш позитивна...но ете ми се случи нешто лошо-развод, кој на почетокот добро го прифатив но подоцна ме кутна психички. Сега не се смеам веќе, не излегувам, сеедно ми е за се, само црни мисли, не можам да си ја замислам иднината без него, секој ден плачам, си го мразам животот, сакам да ме нема, не ми се станува од кревет, секој ден ми е измачување, не се препознавам повеќе. Почнав да мислам дека ако се убијам нема да му недостасувам никому. Многу боли, не можам да издржам
... Инаку бев на психијатар, психолог, не знам уште какви апчиња не пробав, но ништо не ми делува. Дури мислам дека секој ден ми е се полошо, а се мразам таква, мразам што ги повредувам родителите со моето понашање, но не можам поинаку, се ми е тешко, јадење, туширање, излегување од дома (а пред тоа само шетав и се дружев и се ме веселеше). Бев полна со жовот а сега не ми се живее веќе сакам да ме нема
Имам неполни 16 години,а уште сега се ми е преку глава,пребргу имам пораснато и тоа со постари,а поради тоа денеска се наоѓам во ,за мене,безизлезна ситуација.Немам желба да се дружам,да комуницирам,да излегувам,емоционално и психички сум истоштена.Што е тотална спротивност на мене-пред година дена.Пробувам на секаков начин да се мотивирам,правам планови за иднина,ама сето тоа ми е безуспешно. А мислам дека најголем виновник за тоа е дечко со кој 4 години се смируваме на по неколку месеци..Емоционално ме црпи со неговото доаѓање-напуштање...По што цело време мислам дека никогаш нема пак да се заљубам и тоа ме уништува психички...
здраво на сите ха што болест е депресијата мое искуство е што сум земал лесни дроги и сум се почуствувал добро како на пример марихуана потоа сватив дека не оди така затоа што немам контрола но потоа почнав со анти депресиви за прв пат тоа беше одлично подобро и од марихуана и плус бев во кнтрола фокусирн мислев дека сум нај паметниот човек во светот но проблемот е ова што кратко траеше потоа на неколку други анти депресиви тоа траеше години и пак се најде добар анти депресив и пак супер неколку месеци и толку со прекрасното чусво пофторно барав други анти депресиви докторот ми кажа дека сум биполар 2 и ми требело стабилизатори но пак не помага мене ми е добро да бидам маничен манија но никако до лек ве молам кажете некој лек што би се чуствувал добро
На иста возраст сум и имав исти проблеми (со исклучок на момчето). Не знам како се променив, но мислам дека ги исфрлив луѓето и работите што ја црпат среќата. Твоето момче би требало да те прави среќна, бидејќи тоа е единствениот начин да покажеш некому дека сакаш. Или грешам? 16 години се само дел од животот, ама сепак не дозволувај најубавите години да ти поминат во несреќа и досата. Организирај си го секој нареден ден со активности што те исполнуваат (уметност, милениче, музика, пријатели и седенки, вежбање). Верувај дека проблемите се плод на твоето прекумерно мислење ...