Мислам дека проблемите си ги создаваме сами во нашата глава. Се` се врти околу она во кое светло и од кој агол ги гледаме работите. Премногу слободно време исто така. Пронајдувањето на активности и луѓе кои не прават среќни е решение. Мислев дека имам многу проблеми, а кога видов какви тешкотии постојат, сфатив дека едноставно сами ги креираме нашите проблеми поради осаменст и здодевност, барем повеќето од нас. А за оние кои навистина имаат тешкотии во животот, антидепресиви не се лек. Разговорот со некој што ве разбира(пријател или уште подобро психијатар).
Мислам дека една лоша работа не е доволна. Ќе ти се струпаат повеќе проблеми во пократок временски период и едноставно ќе се скршиш.
депресијата е како црна дупка во вселената никој не знае што има позади таа замисли колку далеку е тоа за да дознаеме но верувајте ни самите доктори не знаат што е депресијата добро нека има лек барем да може да трае цел живот може и тоа но како да прават бизнис
За депресијата има решение, а тоа е психолог. Да тешко е како и секој почеток но се зависи од нас и нашите мисли. Смени ја перспективата на гледање и потоа самото се се менува на подобро. Пред три години паднав во депресија поради некои мои комплекси поврзани со надворешниот излед, мислев дека никој не ме сака и сл. ствари. Се затворив во себе, не зборував на никого за тоа, ги одбегнував сите што ме викаа за излегување и дружба. Буквално се одалечив од сите, дури и од моите дома. На сабајле ич не ми се стануваше, храната ја користев како утеха, ако можев цел ден ќе го поминев во пижами. Не посегнав по дрога иако имав доста прилики. Почнав да размислувам за тоа што ќе ми е овој живот, зошто се раѓаме, самоубиство, за тоа како е да си на др. свет, ау бау. Сите проблеми всушност не постоеа т.е. беа вистински само во мојата глава и ги преувеличував. Не бев на психијатар да се лечам, иако требаше. Почнав да пишувам за моите чуства, ставови и сл. ствари во мојот дневник и тоа ми помогна да сфатам кои се причините за моето депресивното однесување(иако е не е "ин" да се пишува дневник сепак корисно е ). Некои од нив не можев/можам да ги променам, а некои можев. Исто така и семејството и пријателите беа покрај мене, разбрав колку ме сакаат и не сакаат да ме изгубат, душа луѓе! Сега ми е подобро, ама тоа не значи дека нонстоп сум среќна, има такви дождливи денови али ништо страшно, мн. нормално. Една моја другарка ми ја препорача "Емоционална интелигенција" од Даниел Големан, но ја немаше во библиотека и затоа ми ја дадоа "Факторот на емоционалната енергија" од Мира Киршенбаум. Стварно е корисна и има добри совети за самоподобрување, емоционален развој итн. Психологијата е закон!
Здраво драга, иако не се познаваме би се обидела да ти помогнам. Разводот не се случил без пичина, во животот се е минливо, се си доаѓа и си заминува. Тоа мора да го прифатиме на овој или оној начин. Се е навика верувај,времето ти било исполнето во стредување на домот, готвење, чистењее, работа... Сега се чуствуваш така затоа што веќе тоа го нема, запомни ти не си депресивна, само се чуствуваш празно од некоја страна... Би те замолила доколку сакаш да поразговараме насамо, бидејќи неможам многу да пишувам... Ќе видиш дека не е се така сиво во животот! <3
Хммм, интересно. Колку мн. малку знаеме, а колку мн. треба да откриеме?! Сепак иако е послаба дрога во споредба со др. и марихуаната има негативни последици кои не се спомнати во статијата.
" Trava moze biti shtetna samo ako nije kvalitetna. " Сигурен сум дека од Helex и Диезепам има поголеми негативни последици. Во секој случај никој на своја рака на незнаење не треба да прави нешто што не се разбира. Обично за депресија и анксиозност најпотребен канабиноид е CBТ-то , додека THC -то може да предизвика некои непријатни процеси од типот на параноја , преголема возбуденост , што е во негативна коресподенција со депресија и анксиозност. Така да пред да се земе на своја рака треба да се проучи проблематиката што е можно повеќе. Иначе не мора да се замарате и да правите научни истражувања за конопот, едноставно одете во аптека и купете си масло од канабис со CBD ... пробајте, па споделете искуство за да помогнеме и на другите да си ги олеснат животите!
Па ако дрога е се што ствара зависност тогаш можам да кажам дека и брзата и хемиски преработената храна, алхохолот, тутунот, апчиња, интернет и сл. ствари се на некој начин дрога. Се што е преку нормалата е штетно. Поентата ми беше дека се има позитивни и негативни к-ки така да и марихуаната е една од тие раб. А и зошто да се лечиме од депресија и анксиозност со трави и разни хемикалии кога решението е во нас?
Биди сигурна дека алкохолот, тутунот и апчињата се многу штетни и предизвикуваат легални завиности и смрт и тоа пишува во нивната дескрипција. На амбалажата на цигарите има слики кои имаат автодеструктивносугестивна намера да прогнозираат смрт. Зависноста е широк спектар од проблеми со надворешни - стимулативни ствари. Како на пример : кафе, интернет, цигари, апчиња, брза храна, шеќер, секс, журка, дрога, кока кола, итн.... Зашто да се лечиме со надворешни фактори коа лекот е у нас? Па точно е дека е лекот е во нас меѓутоа секој кој си има проблеми индивидуално ги интерпретира и за секој е различен третманот и дијагнозата и затоа секој различно се лечи. Се лечиме со супстанци од надвор за да го истимулираме тоа што е внатре пошто не можеме природно да се справиме со кварот во нашата внатрешност. ( тело, ум , дух. ) Премногу ни е искомплициран социјалниот ум и премногу сме глупи за да можеме сами да се излечиме и да бидеме мастер-и врз нашиот ум и живот. Кога мислам " премногу сме глупи " мислам дека човешството е затапено во однос на еволуцијата бидејќи не држат под контрола. Прогарамирани сме да бидеме глупи. Сите кои патат од психо - соматски заболувања се жртви. Никој не сака да пати. Родени сме среќни и родени сме за да бидеме среќни. Среќата е основен фактор на животот. Бидете среќни !!!!
Глупи? Ма не шо ти е. Само едноставно секој има мозок ама у различен процент го користи и различни ствари. Имаме разни решенија од најлесни до најкомплицирани и најчесто ги бираме полесните шо не значи дека се најбоља алтернатива.
поради сета оваа ситуација, се чувствувам толку потиштено,безволно,безживотно..Не можам секој ден да се будам несреќна,доста ми е.Немам нерви,волја и сила ама баш за ништо, а најкриво мие што и за детето си немам нерви.Иако одамна имам прикриена депресија,бидејќи и детсвото и адоселсценцијата ми беа со нервози(татко пијаница, брат наркоман, сиромаштија,постојано селење) се омажив да побегнам од проблеми и се закачив за поголеми,бар така имам чувство. Едноставно не ја гледам смислата на моето постоење, жива сум само поради тоа што дишам..
Осеќам дека сум во депресија веќе некое време. Скоро една година контактирав со еден дечко од Скопје, во секое слободно време пишувавме, се слушавме, си помагавме околу факултетот. Го засакав и тој ме сака мене. Ама целава приказна има и друга страна. Јас имам дечко веќе 6 години. Почнав да се нервирам оти никако не бев среќна, почнав да плачам, да се нервирам и да запаѓам во депресија. Пред 3 месеци ми се смачи од дечко ми, нон стоп љубомореше, ме нервирање, плус одеше и по казина и му раскинав. Скоро 1 месец бевме скарани, ми идеше дома, ме молеше, ме бараше секаде. Јас во тој 1 месец, 2-3 пати бев во Скопје и се гледав до другиот. Се беше убаво ама јас не можев некако да се прилагодам таму со непознати. Се почна да ме потсеќа на бившиот. Нон стоп ми пишуваше пораки, ѕвонеше... А овој од Скопје се знаеше, ми помагаше да не мислам. Имаше и моменти кога ќе се расплачам пред него и само ќе ме гушне... Бившиот ме молеше да му се вратам, дека ќе се промени, нема да љубомори, беше ослабнат и пропаднат ептен. Кога бев последниот пат во Скопје како Single нешто почна да ме нервира кај дечкото и си отидов пробав да оладам. Еден ден излегувам од факултет и еве го бившиот со цвеќе ме пречека и отидовме да разговараме..Постепено се смиривме. Уште не можам да престанам да контактирам со дечкото од Скопје, понекогаш и се гледаме кога ќе отидам во Скопје. Не е фер ова спрема никој знам. Не е фер овој да го лажам, не е фер ни за другиот да имам дечко, тој знае, а да се гледам и со него. Кога излегувам само гледам дома да се вратам што побрзо и да се слушнам со тој од Скопје. Не можам да се одлучам и многу се нервирам. А дечко ми почнува пак да ме нервира, демек ќе се променеше. Вчера седнал и ќе ми го проверува лаптопот. Му го грабнав од раце и ми се налути. Нејќе да ме изгуби и не ми се лутеше многу, 1 саат го држеше лутината. Тешко ми е не можам ни без едниот ни без другиот. И друго нешто што исто така се изглупирав во животот, на дечко ми му текна да се тетовира на раката, а јас имам на грбот една тетоважа. Што ми истекна куса да не сум и јас викам сакам друга. Сакав и јас на раката нешто мало. Ама овој што тетовира ми се бунеше, не можело толку ситно ...И без да размислам како што треба викам епа така стај ја. Незнам што ми беше тогаш, со кој памет...И веке 2 и пол месеци ја кријам тетоважата од домашните и од најблиските и се нервирам зошто се изглупирав. Не е многу голема ама ме јаде тоа што моите не знаат Можеби во иднина и ќе ја отстранам ласерски... Знам сега сите ќе ме осудувате за тетоважата, ќе кажете зошто не си размислила....Ама незнам ни јас зошто така испадна, ѓаволот изгледа ме прелажа :'(
Еве ме повторно после извесен период со охрабрувачки вести до сите депресивци ☺штом јас успеав да станам од кревет,можете сите.Навлеков триста други болести од таа депресија.Па наместо само депресија лечев и ред други болести. Да го споделам моето позитивно искуство во овие неколку месеци. Се ставив на антидепресиви кои ми дадоа енергија и сила да се изборам.Ми требаше многу сила а јас бев исцрпена.Решив дека морам да продолжам понатака.Или ќе се убијам или ќе продолжам лазејќи..Реков дека пред да се убијам ќе си дадам уште некој месец.Но пред тој ден ќе лазам по земја и ќе си докажам себе дека џабе е да живеам дека се сум направила.Отворив огласи и решив да најдам работа.Било што и најмизерната. Имав среќа ме викнаа на разговор и за некое чудо ме примија.Многу мизерна работа..Лазејки идев на работа и го мразев цел свет и работата.Изгубена целата,надрогирана со таблети издржував некако.Бев предмет на исмевање пред колегите.Сите мислеа малоумна сум.Не се замарав со ништо.Се случуваше да заспијам на работа од толку таблети.Доаѓав дома спиев и пак на работа.Секој ден..дури и прекувремено останував само сакав да ја дочекам првата плата и да го исполнам веќе замисленото..убиство.Со никој не правев муабет на работа.Едно сабајле сум изгубила свест и колега ме однел во болница.се разбудив во болнички кревет и загрижени диктори околу мене.после 3 дена се вратив на работа.Колегата што ме префрлил почна премногу да ми обрнува внимание.Почна премногу да ме анализира и заштитува пред другите колеги.Му беше жал.Тоа ми паѓаше на памет само а тој почнувал да се заљубува во мене...Почнав да се чибствувам пожива.Приметив како ме гледа.Добиваав чудна сила и се чувстбував многу подобро.Се заљубив ☺Едвај чекав да идам на таа глупава работа за да направам муабет со него.Ме покани на кафе и оттогаш сме заедно.☺ ме засака таква никаква.40 Кила мутава.нечешлана.Луѓе благодарение на него јас сум нова личност.Го сакам од дното на срцево и не можам да си поверувам што ми се случи.Животот е чудо и не знаеш што носи..Работам на истата шугава работа,тој не ми е веќе колега а ние наскоро планираме и брак. Затоа луѓе ќе кажам.Господ е тој ти го одредува патот по кој да чекориш.За се си има план тој.Секое лошо е за добро.Никогаш не се откаживајте.лазете по земја.плачете..паѓајте...но следете ја патеката која Бог ја одредил.Тој точно знае зошто токму така одредил да чекориме.Кој би рекол дека јас ќе се извлечам.Докторите дигаа раце..Како Бог никој не е. Со последната сила до целта!
Браво драга, инспирација за сите и тие што патат од депресија но и за сите останати. Не сум го имала овој проблем, но знам како се чувствуваат луѓето во тие периоди. Никогаш не се откажувајте, во животот ќе се појави нешто за кое вреди да се бориш.
Секоја чест,браво браво браво,ова е огромна инспирација за сите,не само за луѓе кој имаат депресија,него и за оние кој се разочарани од љубов,среќа,живот.Како Господ никој не е,само верба со цела душа во него,и еден ден ке ни го покаже вистинскиот пат,а до тогаш да се биде силен,и да се чекори со главата исправено.
Ви благодарам!❤❤❤ Уште нешто сакам да додадам.Мојата депресија не беше иницирана само од љубовни приблеми.Јас останав сама на светов,со родители болни и брат инвалид без никаква помош.Цел живот се борев против судбината со главата напред.Но наеднаш кога требаше да изградам свој живот и се посветам на себе,создадам семејство и се оттргнам од таа сурова реалност јас немав храброст,побегнав и ја прекинав долгогодишната врска.Е тогаш веќе чашата се прели и се истрошив.Останав сама со милион проблеми и немав сила да се сносам целосно.Западнав во многу лоша состојба.Депресија.. Пострашна од сите болести. Главата горе луѓенца,ништо не е повредно од вашиот живот.Кога ви е најтешко само за работа фатете се.плачете секој ден но идете напред и извршувајте си ги обврските.Дури и да не ви се дружи дружете се,шетајте и да ви се враќаат нозете гледајте право.Можеби ќе треба многу време и години да се чувствувате ок но никако не се откажувајте.Падни стани,лази,плачи но биди активен 16 саати.Многу е суров животот,премногу но верувајте во Господ.Тој ќе ве впушта во многу искушенија и маки но секогаш со причина.Само верувајте во него и следете му ги искушенијата.ништо не е повредно од здрсвјето и здрабјето на своето семејство.Само тоа да го имате вие имате сè.Љубовните проблеми и финансиите се ништо. Главата напред и борба! И од најтемната и најдлабоката дупка има излез!
Од минатиот Декември па се до сега се чуствувам целосно изгубена. Од тогаш секоја ноќ плачев понекогаш дури и без причина, се чуствував изморено прихички и физички, немав инспирација и мотивација за да извршам дури и најосновни обрски, паметот ми леташе во најлошите сфери и почнав да мислам многу не логично и песимистички. Раскажав за ова на мојата најдобра другарка која исто така е во иста ситуација бидејќи само таа ме разбира и решивме да си помагаме меѓусебно за ова и да се извлечеме и двете од оваа дупка. Сум пробала да објаснам како се чуствувам и како мислам на моите родители и на многу други луѓе што ги познавам но никој не умееше да ме разбере. Ништо не ми фали, имам покрив над глава, храна , родители, имам прекрасна најдобра другарка која ми е како сестра, имам среќа и во љубовното поле, во школо постигнувам добри резултати ама јас пак се осеќав како дел од мене да фали и да е се ужасно. Се терав себеси да искочам од дома зошто единствено кога сум надвор и сум опкружена со многу луѓе се чуствував подобро и добивав енергија, но пак кога ќе дојдев дома се беше по старо. Дури од што ми беше лошо и мислев на секакви ужасни работи неколку пати ќе почнев да се тресам и да имам убрзан пулс од вознемиреност па почнав да зимам лекови за смирување. Со тек на време почнав да терам инат со паметот. Кога и ќе почнеше да ми забегува паметот каде што не треба или пак да сум пред плачење, ќе пуштев музика или ќе седнев да гледам некој филм или видеа на youtube, ќе почнев да го пренасочувам паметот да мисли на нешто сосема трето и иако не секогаш ова успеваше сепак повеќето пати ми помогна. Кога ќе се чуствував ужасно и ќе се предадев на самотијата и на депресијата ќе и се јавев на другарка ми и зборевме со саати за како се осеќаме и ќе почневме да си даваме мотивација за да одиме нанапред. Сега, сеуште ми е така но многу подобро од порано. Ако тогаш беше губењето контрола над себеси секојдневие, сега се случува по еднаш или двапати во неделата. Сепак е ужасно и страшно е колку немав контрола над мислите и над себеси па дури паметот почна да ми забегува и накај самоубиство неколку пати. Решив да одам на психијатар и ќе одам за неколку недели Се надевам ќе помине ова. За секој кој поминува низ сличното, тука сум ако сака да ми пише и да разговара со мене Се ќе биде во ред, бидете јаки