Се чувствував со еден збор кажано просто. Седам дома и си мислам зошто тој и тој си живее со толку многу луѓе, зашо секој ден е со различни на кафе, а во мојот живот се вртат се едни исти луѓе...и кога седнеме една само за дечкото збори и тоа "најверната". Нова година иде ние неможеме да се собереме една сакала у Софија друга у ресторан трета приоритет и е дечкото...нас кој не шиба. Од надвор изгледам како личност полна со живот, а одвнатре се кршам... недај боже човек сама да ме остави , се отепувам со лоши мисли зашо мојот живот е толку пропаднат и знам дека нетреба да седам дома и да мозгам, едноставно да излезам но јас сум антисоцијална личност, ретко се поврзувам со нови луѓе и кога ќе се поврзам си мислам што лошо можат да ми направат. Од дома ме притискаат, фани дечко доста одмораш време ти е, сите имаат озбилни врски се заозбилуват а ти..мајками посебно, а таткоми ми вели саглам другарки не фати се некои вакви онакви ова она..гледам стори пијанчење на друштва викендите мене тоа не ми е интересно веќе, дури ми е просто. Незнам ова дали може да се нарече депресија ама пропаднатост може да се каже. Кога се враќам од факс со автобус несакам никој до мене да има, сакам да одморам и сама да седам. Воопшто не сум а и не сакам да размислувам негативно за животот на самоубиства и слично, да има жарче јас ќе посегнам по него и ќе имам голема надеж да запалам оган е така се чувствувам. Во состојба сум и сама да си дадам мотивација ама немам сила.Ви благодарам на секој што ќе си одземе 2 минути од своето време да ми напише 2-3 збора.
Не е нормално интензивно и секојдневно да посакуваш да не постоиш, да те задеси нешто смртоносно, сам да си го одземеш животот, да си го планираш прошталното писмо, каде ќе го направиш тоа, нели? Сето тоа бидејќи единствено ако те снема би ги отстранило проблемите што ги имаш...? Не е нормално. А јас не можам да се откачам од мисливе. Телото ми е омалаксано, очите црвени, тироидната отечена, душата изгорена.. Не знам како понатаму, како да се спасам? Имам уште еден што тоне со мене и што почна ова да го размислува уште пред мене. Не можам да поверувам колку многу се заплеткав... Едноставно најискрено посакувам повеќе да не постојам. Не можам да го поднесам животот кој го имам. Да не зборувам за понатаму.. Само полошо и полошо е. Единствено нешто што до сега ме спречува е помислата на моите најблиски на кои не смеам и ова да му го направам. Боже помогни ми те молам... Не можам повеќе... Стварно...
Одамна се мислев да пишам на темава,не знам како да почнам и самата.Едно време и ме снема од форумов затоа што паднав во депресија,долго време посетував психилог,психијатр,менувавме таблети па и ме дијагнозираа со биполарна....и почнав да одам и на терапија секој ден(тоес во групна терапија) па во art therapy,се што постеше пробав како и Cognitive behavior thepary и Dialectical behavior therapy во тоа време кога ги изучував воопшто не бев заинтересирана и мислев дека не помагаат. Потоа завршив со тоа терапии и почнав самата да си читам книги spiritual,книгата е од Екарт Тол и е за тоа како се излечил од депресија и станал спиритуал автор и така ја завршив и бев воодушевена од него,почнав уште повеке да пребарувам и се мотивирав Не се ни секавам што почнав прво да правам,дома беше се така сиво,растурено и сфатив дека не се грижам многу за тоа како живеам,си зедов свежи цвекина,свеки, нова постелнина,отворив да влезе светло малку Се запишав на јога,ги побарав фајловите од погоре спомнатите терапии dbt\cbt,art therapy,ми текна дека имам правено и хипнотерапија и дека постојат снимки што ги добив на телефон почнав да ги пуштам,медитација. Полека почнав да не пијам и многу таблети доста намалив секако со дозвола од психијатр,да напоменам дека и се здебелив многу од нив Има некаде 6 месеци веке како не пијам од тие појаките седативи,на мала доза сум на екциталопрам или лехапро,доста ослабев од како прекинав да земам од нив.Моментално не одам повеке на терапии и психолог,само на психијатр на секои три месеци. Запишете се на нешто што ве прави срекни,како јога,зумба,на некаков курс,сменете енвиремент,ако можете да си дозволете да чувате милениче,тие се секогаш добра терапија Мој совет е keep going no matter whatИма надеж. Ако некој сака совет слободно лп и ако сакате да знаете за тие терапии,јас живеам надвор од МК
@sexygrils236 сакав да ти пишам порака ама затворен ти е профилот Извинете што ја користам темава за ова
Девојки, ми треба помош. Ми треба психијатар или психолог. Кај кого би отишле со сопругот заедно. Дали ме фати пост породилна депресија, шо е незз. И башка многу работи ѓ се собраа. Морам да си помогнам некако, вака веќе неможам. Со мм немаме проблем. Ама ако вака продолжи и тоа ќе страда. Ептен ми е тешко, ептен. Да ми препорачате некој, макар и приватно.
Добар невропсихијатар е докторката Невестиќ во Поликлиника Букуреш. Можеш со упут од матичен да одиш. Таа водеше член на мојата фамилија за депресивно-анксиозно пореметување и многу сме задоволни. Посветува внимание, посебно ако е помлада личност во прашање. Дава и терапија ако е потребно, но еве, во нашиот случај веќе ја намали на минимум терапијата и за некое време ќе нема потреба од таблети, а има многу подобрување.
Мене еднаш нервопсихијатар ме препрати кај друг психијатар под изговор дека не била таа специјализирана за тоа.
Еден совет од мене, мора да ја пронајдете причината за депресијата, можеби е нешто од детството(некоја случка) или работата и слично. Мора да се соочете со проблемот прво, не се лажете со апчиња...
Здраво девојки! Јас веќе 9 месеци се борам со ова се издржува ама тешко.Не искачам од дома 9 месеци, преку ден воопшто а навечер може да искочам ама едвај и се движам околу куќа подалеку никако.Ја имам дијагнозата F41 пиев апчиња асентра па ги прекинав сега ми препишаа зепира, психијатарот ми рече дека сум имала измешано депресија со анкциозност и агорафобија.Се ова ми е како нереално како низ филтер некој да гледам.Страв и панични напади секој пат кога ќе искочам од дома. Како се справувате вие со овој ‘‘пекол‚‚? Дали нешто слично воопшто ви се случило на вас? Дали сте го пребродиле ова? Колку ви помогнале лековите? ...
Мислам дека што и да е, од депресија ништо не останува трајно. Помогни си на самата себе, совладај го тоа што те плаши излегувај, колку и да се осеќаш чудно мораш пред се на самата себе да си помогнеш. Погледни го ова
Мислам дека скоро сите видеа и страни ги пролистав на нет, почнав да читам книги ‘‘Моќта на посдсвеста‚‚ ‘‘Моќта на свеста‚‚ сите едно имаат заедничко дека се е тоа до нашиот мозок како ќе го насочиш.Додека ги гледам овие видеа и се друго на момент ќе дојде подобро и ќе си кажам е сега светот ќе го освојам и моментот кога ќе искочам од врата се тоа паѓа во вода се тресам,се плашам,се потам.Немам енергија да соберам храброст.
Tи мора нешто да примениш од тоа што го читаш инаку се е џабе, многу е тешко бо мораш работата во свои раце да ка земеш инаку ништо не правиш .
И самата викаш, се плашиш, се тресиш. Тоа се што го осеќаш тоа се мисли, и тие мисли даваат сигнал до твојот мозок и те прават да се осеќаш така. Додека не сфатиш од сите видеа што сакаат тие да ти кажат нема да промениш ништо. Депресија > Негативни мисли. Ако веруваш дека си ти депресивна, тоа ти дава емоции на депресија, ако не мислиш ништо, ако не веруваш дека си депресивна, тоа ти дава ништо никакви емоции. Пробај сфати ја всуштината на тие видеа што ги гледаш, и многу ќе си подобро. Без да пробаш да поразговараш со тебе и да ги промениш тие мисли секогаш ќе веруваш во тоа дека си депресивна.