1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. Scooby Doo

    Scooby Doo Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Незнам зошто неможам да ти пишам, пиши ми.
     
  2. Toasumjas28

    Toasumjas28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво, веќе извесно време сум под терапија со Лорами, Асентра, односно послем пораѓајот доживеав стрес и сега некако како да се навлеков на тие апчиња. Се случува и одеднаш да добијам неконтролирана желба за благо, послем ми е лошо, некогаш добивам напади на гушење и стегање во градите, такихардија...се навлеков и на апчињата...сепак некогаш незнам како да си олеснам некој проблем. Се во мене се собирам. Некој совет како да се справам и што да превземам? Единствена светла точка и радост е мојата малечка ќерќа. Поздрав и се надевам на ваши совети и коментари. ❤️
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    A ja does li malata mene mi rekoa oti ako ja dojam kerkickata nesmeam da pijam antidepresivi
     
  4. Toasumjas28

    Toasumjas28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ne ja dojam sekako.
     
  5. Strawberry1238

    Strawberry1238 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2018
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Незнам повише што да правам и како понатаму..од се ми е преку глава и мислам дека сум во депресија и многу сум сигурна во тоа пошо ништо не ме интересира,секој момент ми се иди да почнам да плакам на ситници,значи ми се иди да си заминам од куќава пошо се ми е преку глава..скоро секој ден се карам со моите и слично.Знам дека музиката расположува,али мене никако..и да пушам музика,немам желба за некоја забавна,незнам,како да ме тера нешто од внатре да пуштам некоја депресивна и ете така почнам да плакам..инаку ништо не ме боли,си јадам нормално и слично.
    17 години сум инаку и кажете ми што да правам како да се справам со ова..кога сум со друштво исто како ништо да не ми било,но потоа кога останам сама ете повторно почнам ..
     
  6. Pepelaska12345

    Pepelaska12345 Нов член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Како личност бев многу весела во секој момент спремна да помогнам на некој или било што. Но се појави проблем. Наеднаш станав многу депресивна постојано ми се плаче, срцето како да ме стега, кога ке помислам на нешто од минатото почнувам да се гушам, воопшто не сум расположена.... Уште како помала имав ваков проблем. Од се се откажувам мислам и немам воопшто самодоверба. Кога сум во затворена просторија се случува ова но кога ке излезам надвор на воздух малку се смирувам. Ке може ли да ми дадете некаков совет? Благодарам
     
    На Darlingzz и Meckicja им се допаѓа ова.
  7. marvelous

    marvelous Нов член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    И јас претпоставувам сум во депресија всушност и сигурна сум, моите родители се наоѓаат во тешка финансиска криза ова трае веќе доста долг период , иако имаме недвижнини кои што доколку ги продадеме ќе се спасиме од оваа ситуација ,едноставно не се случува и се појавуваат некои проблеми со документите, јас правам голема грешка и неможам да престанам да мислам на што ќе се случи со мојот живот во иднина размислувам до секој детал и најчесто претпоставките кои ги имам се негативни многу ретко се случува да имам позитивни мисли и да сум среќна да мислам дека сепак се ќе се случи како што треба, јас имам 18 години и си велам има време ќе се сменат работите дека нема се да биде лошо дека никој не знае што ќе донесе новиот ден , но џабе кај мене преовладуваат негативните мисли ме фаќа паника дека нема да успеам во животот дека цел живот ќе бидам во финансиска криза дека никогаш пред се нема да бидам среќна . Често се случува да имам и тахикардија кога размислувам на овие работи, гледам како другите имаат план за својот живот знаат што сакаат, патот пред нив нема толку проблеми, дека многу полесно ќе успеат и да завршат факултет и да се вработат и слично едноставно кога ги гледам другите луѓе околу мене сфаќам дека они имаат многу големи шанси во животот да си ги остварат целите и да бидат среќни додека кај мене сето тоа е еден голем прашалник.
     
  8. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    До некаде ве читам и гледам дека не сум само јас со депресија.Но додека кај вас е моментална или предизвикана од нешто за кое што не сте виновни, кај мене е друг случај, јас се гушам, носам товар, имам вина и осеќам дека немам право да живеам.Се каам за некој неповратни работи што не биле по моја вина и не знам како да продолжам.Кај мене апчиња не помагаат, едноставно немам избор.
     
  9. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Зошто мислиш дека немаш избор? Беше истрајна со терапијата? Проба нрколку вида на апчиња или?
     
  10. fluffym

    fluffym Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Се пронаоѓам по малку во секој пост што го прочитав. Бев во длабока депресија која траеше долг период до пред два месеци, со неодговорени прашања за животот, што ме очекува, низ што сум поминала, како сето ова има смисла, и дали има смисла воопшто? Без енергија за завршување секојдневни обврски, се будев и се прашував што ќе правам денеска, зошто се разбудив, мора ли да одам на работа, ајде ако може цел ден да бидам во кревет и никој да не ме види, и со цел да дочекам да помине денот за да легнам што поскоро пак. Не чувствував радост, не чувствував среќа... и најтрагично е што не чувствував дека некој може да ме разбере и да ми помогне. Вака се чувствував долго време, можеби 5 години, се додека последнава година не ме удри во глава и не ме натера да размислувам. Почна со уживање во комфор зоната, не мора да одам на факултет денеска ме мрзи, ќе спијам до кога сакам, не мора да учам, ќе седам на телефонот со саати гледајќи како живеат сите други, ќе губам време, имам време колку сакам нели... и БУМ не знам што правам во животов. Не знам што сакам во животов, не знам каде да почнам, не знам каде да се обратам, а што прават луѓето што ги гледам по улица, каде одат, имаат некои цели во животот, некои случувања, моменти на среќа, а јас? Јас немам ништо.

    Имав искачувања и падови со депресијата, знаете, моменти кога се чувствувате добро и тоа трае можеби една недела до две, и после се враќате на лошото место, со лошите мисли, со чувство на празнина и со тага во очи. Ама секојдневно се анализирав, добро што ти фали? Здрава си, ништо не те боли, се имаш, дури може да се каже дека се што си посакала ти се остварило, зошто не си благодарна? Зошто обвинуваш други луѓе за ситуацијата во која што си? Сама си го направи ова, се е поминато веќе, не можеш да се вратиш назад и да смениш некои луѓе и некои околности, тоа е... кога ќе се соочиш ти со сама себе?
    Прво се забележував колку размислувам негативно и колку пати во денот се жалев од банални работи како на пример: катастрофа е времето, кој баксуз сум, без врска е денот итн. и пробував да го сменам начинот на размислување. Размислував да одам и на психијатар и на психолог, но сето тоа не се случи зошто успеав да се кренам себеси пред било кој друг да има шанса да ми помогне.

    Една вечер цврсто се одлучив дека не можам вака да продолжам и дека морам да најдам решение, не бев јас пасивна, непродуктивна, без волја за живот и социјализација со луѓе, девојче што плаче секој ден без посебна причина, само со чувство како цела тежина на светот да ја носи на грб. Не, јас бев девојче што пееше и играше по улица, што не се прибираше дома, што уживаше во секој момент максимално... се прашував каде е тој дел од мене сега, каде го изгубив и зошто. Некако длабоко посакав да бидам подобра и да си помогнам. Другиот ден се разбудив рано и се израдував што конечно гледам ден и сонце, бидејќи секој друг ден се будев после 4 попладне. Брзо се спремив за на работа и цел ден чувствував леснотија, како да се промени нешто во мене и знаев дека тоа чувство морав да го задржам. И од тој ден до сега, секој ден бирам среќа, бирам да се радувам на ситници, бирам да бидам активна и да си го променам животот на подобро.

    Без разлика дали е привремена депресија или нешто што ве прогонува долго време, сите можете сами себе да се извлечете од "лошото место" и да живеете со полн здив. Сите проблеми што вашиот ум ги креирал, само вашиот ум може да ги реши. Депресијата е знак дека не ни е пријатно во своја кожа, и ако размислуваме поразлично, нашето тело и нашиот ум ни дава до знаење дека треба да промениме нешто, треба да свртиме нов лист, или можеби да се насочиме кон нешто друго во животот. Таблетите можат привремено да не извлечат од чувството на бескорисност, но за сметка на тоа создаваат зависност, што значи главна цел при борба со депресија е да научиме како да се чувствуваме пријатно во своја кожа без помош на апчиња или било која друга алтернатива.

    Прво испитајте се дали навистина сакате да си помогнете и сами да се изборите против депресијата, зошто реалноста е дека се додека самите не се одлучите да бидете најдобрата верзија од себе, никој не може да ви помогне, ниту психолози, ниту апчиња, ниту најблиските. Замислете си период од животот кога сте се чувстувале прекрасно, како сте влијаеле на другите, каков ви бил погледот кон животот и прашајте се што ве спречува сега да бидете такви какви што сте биле кога ви било убаво. Ќе го најдете одговорот и ќе излезете од својата сенка, колку и да ви изгледа тоа невозможно. Ќе сфатите дека вашата среќа зависи само од вас, од како тоа вие реагирате на случувањата околу вас, односно од вашето гледиште кон животот.

    Одлучете се утре да станете од спиење и да го зграпчите денот, направете си го најубавото кафе, пуштете си ја најубавата музика, истуширајте се и водата нека го измие чувството на депресија, кажете им на сите дома колку ги сакате, дотерајте се, нашминкајте се, излезете или седете дома, правете нешто што ве исполнува и ценете ги околностите во кои што се наоѓате, се' се случува со причина, и од ова мора нешто да се научи.
     
    На Макаронкаа, KayaLena, GirlLove и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Toasumjas28

    Toasumjas28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет. Периодов ми е многу тежок. Се чувствувам осамено и тажно. Ќерката ми е само среќа. Мојот сопруг има проблеми со големи хипотекарни кредити. Тоа ми создава да се чувствувам лошо. Посакувам да си одам кај моите но тие веќе не ми даваат поддршка за да се враќам кај нив дека еднаш ме земаа од кај него зашто паднав во депресија поради неговите хитови но јас по некое време одлучив да се вратам, сега моите не ми даваат поддршка и мислам дека потонува. Со апчиња за смирување сум. Тие ми викаат да сум нашла прво работа па потоа да одам под кирија дела тие кога ми дале еднаш шанса јас не сум ги послушал и сум се вратила... Се осеќам беспомошно.
     
    На eliesaab и Rakometar им се допаѓа ова.
  12. Toasumjas28

    Toasumjas28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Некој бар совет да напише....
     
    На Biny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biny

    Biny Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Машки
    Психијатар
    Шетање дружење
     
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Терапија
    па најди подобра работа
    повеке прошетки посебно во природа
    живеј во друга држава и се ке ти се смени верувај
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheShrink.

    TheShrink. Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2019
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    Исто така треба да се напомене дека ваквите состојби се предизвикани и од дефензивните механизми створени и уште повеќе истакнати кога сме биле повредени некогаш, паралелно на тоа и пасивноста, нихилизмот и сакањето на конфорната зона
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    8.764
    Пол:
    Женски
    Некого да ми пиши во порака? Фала.
     
    На Blue.Sky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Аксиозност и депресија се појавуваат најчесто од причина што целта која што ја имаме замислено е премногу високо и недостижна во моментот во кој што сме. Со други зборови, сликата која што си ја имаме замислено дека сакаме да бидеме или живееме на специфичен начин е скроз различна од тоа што сме или го живееме во моментот.

    Промената на начинот на размислување за целите е еден од начините да се намали аксиозноста и депресијата. Друг начин е промена на исхрана, вежбање, легнување на време, социјализацијиа со луѓе, наоѓање на некое интересно хоби, наоѓање на нова работа, медитација, учење на некоја нова вештина, нови искуства, помагање на други луѓе и слично.
     
    Последна измена: 14 април 2019
    На Meckicja, VoodooGirl и Biny им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.991
    Анксиозност и депресија се јавуваат НАЈЧЕСТО од нерамнотежа во неуротрансмитери во мозок, серотонин о допамин, генетика игра улога плус надворешни влијанија како тригер, значи некое непријатно доживување, некоја траума.
    Не од превисоки цели.
    Ова ако зборуваме за клиничка депресија. Болест е.
    А ако зборуваме- нервозан напнат е некој, ил тажен многу, можи ттвоето објаснување.
    Хоби и нова работа, на памет не им се на вистински депресивни.
     
    На theowndemon, Meckicja, Cka и 5 други им се допаѓа ова.
  19. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Нормално дека зависи од депресијата, ама барем мене овие работи ми помогнаа да излезам од таков период. Ако е нешто посериозно, ќе треба да се најде човек што навистина знае како да помогне за самата личност да си ги излечи овие проблеми.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    За мене депресијата претставува предолго време негување на негативните мисли и нема ништо страшно во тоа се додека самите не сфатиме дека се само тоа мисли и период во животот кој мора да го поминеме.
    Јас скоро бев во умствена депресија и предходната година ми беше совршена ништо лошо ми се немаше случено, баш таа година сум шетала највише и се било по мое и оддеднаш јас во депресија?! :worried: Дури и тие што ги запознав лани кога ме видоа каква бев и каква сум сега се чудеа што ми едноставно неможеа да ме препознаат. Еден период имав и тахикардија тешко дишев. Бев и хипохондра што кај мене брзо помина бидејќи имав среќа што незнаев многу болести и воопшто не сакам да се едуцирам ни за симптоми поготово, а тоа според мене е најголема грешка што ја правиме. Тогаш кога бев хипохондра читав за луѓето што оздравеле од истите болести што ми се вртеа мене во главата и така ми помина мене тоа. Самата се изборев со тоа. Според мене не идете на доктор ако се најдете во таква ситуација бидејќи знам доста што уште се борат со тоа и кога биле на доктор полошо им било бидејќи докторите се такви гледаат црно пред себе. И како прво тие самите се за на доктор, а второ ќе ви препишат некои апчиња и ќе направат дека сте луди а вие сте само песимист. Во ваков период пробувам да најдам нешто позитивно во целава работа и да гледам на ова само на како едно ново искуство за мене бидејќи никогаш порано немам вакво нешто доживеано.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.