1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. Iluzija666

    Iluzija666 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Немој да се грижиш,сите поминуваме низ таков период барем еднаш во животот.
    Во овој период истото ми се случува и на мене,многу тежок период и мислам дека ке можам со позитивни мисли да го надминам.Не е се така црно како што ние замислуваме ... Повеке излегувај и дружи се со другарките ке ти биде многу полесно.
     
  2. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Џабе беше излегувањето со другарките џабе ми беше и дечко тој период зашто ти си тој што се гушиш.Некој ќе спомне некоја лоша случка или некоја болест и сам си правиш лошо.Мене излегувањето не ми помогна многу поише ми помогна да спиам преку цел ден. Зашто додека спиеш не мислиш и ќе си пуштев некоја песна на слушалки за да ми го одвлече вниманието или некој комедија филм.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Некоја да има да ми пиши за литиум?
     
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Што точно те интересира?
     
  5. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски

    Може на некој видеово ќе му помогне..
     
    На Lady D ❤️ и Meckicja им се допаѓа ова.
  6. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сум во оваа состојба :( Не знам како се најдов...Немам некој особен проблем што може да донесе во депресија. Ама со текот на времето, незадоволството расте и мислам дека сум во депресија. Пред другите сум насмеана, весела. Но кога сум сама имам некоја тежина. Негативни мисли, нерасположеност, тага, еден подолг период. Лесно може да ме скршат нечии постапки и зборови. Чувствувам болка во градите, како да ми се крши срцето. Не можам да спијам, ниту да јадам како што треба. Покршлива од кога и да било. Најтешко е да се избориш сама против себе. Искрено се надевам дека е фаза, иако трајноста ми упатува сомнеж на депресија. Некој во слична ситуација?
     
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.065
    Допаѓања:
    14.160
    Пол:
    Женски
    Јас. Нешто слично. Но, се борам. Бев на антидепресиви, имав анксиозност со панични напади. Но сега за сега се држам, некако. По потреба пијам Лоразепам. Особено кога времето се менува. Инаку, пробувам да работам на себеси и како да се променам и одам напред. Читам нешто за законот за привлечност, доста има канали на Јутуб. Едноставно, се слушам прво себеси па другите. Почнав многу да се залагам за себе, што ми одговара, што не, почнав да се изразувам себеси и полесно ми е на душава отколку да тлеам во себе и насабајле да ми се качува притисокот и тоа на 27 години.
    Инаку сум јарец, во хороскоп, не знам колку е точно но знам да не искажувам емоции, мисли, да заглавам во нешто. Не знам, од др страна сум многу јака личност, знаам одвет да си даам.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    Девојки, како се справувате со депресијата и анксиозноста?
     
  9. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, депресивно се чувствувам одредено време. Бев на психијатар ми препорача алпразолам. Дали да ги земам или не, затоа што никогаш не сум земала вакви лекарства?
     
  10. еленагхс

    еленагхс Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Во депресија сум веќе година дена можда и повеќе, на почетокот незнаев што ми се случува, но со време ситуацијата ми се влошуваше, почнав да читам за депресија и сватив дека запаѓам длабоко во неа и морам да побарам помош, се чуствувам безвредно, секоја помисла на минатото ме онерасположува, живеам без цел, односно имам цели ама мислам дека никогаш нема да ми се исполнат, не бев ваква порано, незнам ни сама како западнав во ова, сакав да излегувам, да се нашминкам, да изгледам убаво, сега нема ништо од тоа, сакам само дома да сум, несакам да се појавам пред светот, мислам дека сите ме гледаат попреку, дека сите мислат лошо за мене, несе дотерувам, каде и да одам, одам со последните сили и едвај чекам да се вратам дома и да се затворам, свесна сум, сакам да излезам од депресијата ама минатото не ми дозволува, никако неможам да тргнам напред, ништо не ми оди повеќе како што треба, сакам само да спијам и све ова да помине, незнам како да излезам од оваа, ми треба помош незнам што да правам..
     
  11. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Пробај да читаш книги, прави дома вежби, пушти си музика,филмче некое. Моментално и јас се борам со депресијата одвереме-навреме ми се случува. Гледам да не се критикувам за ништо за да не изгубам од самодовербата. Можам да претпоставам дека си параноична на минатите искуства и имаш чуство дека целиот свет се врти околу тебе.Тогаш успеваш да ги видиш црните моменти од минатото(сега ти се чинат мн полоши од што навистина се), а пред тоа си мислиш дека си ги заборавила и никогаш нема повторно да се сетиш на нешто. Епа тоа е така, бидејќи собираме се во себе и на крај пукаме.Исплачи се за се слободно, колку повеќе го притискаш и го чуваш во себе, односно бегаш од вистината толку тоа повеќе ќе те брка. Расчисти се со себе и одлучи се на промена, било каква и да е.Можеби нема да ти се гледа идеална ама мораш во себе да промениш нешто, бидејќи исти неможеме да бидеме цел живот. Поради таа стагнација што ја доживуваме и не се одлучуваме на промена, запаѓаме во се подлабока депресија. Мора да се тргне од некаде, прво со нешто мало, па со текот на времето ќе ги зголемуваш нешатата.Како што дошло, така и ќе помине. Овој период искористи го за одмор, уживај во депресијата. Кажи си дека е нормално да не си во ред,полесно ќе ти е на душата.8)
     
  12. еленагхс

    еленагхс Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2018
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    За музика и филм, џабе, ги пуштам за 2 минути ги гасам, некоја песна кеме погоди, а филмови негледам обично и ако пуштам пак ке се замислам и воопшто филмот не го гледам, ми се чини дека сум направила еден куп гревови, се каам за све сакам повторно да сум невино безгрижно детенце, сакам да не брзав да пораснам никогаш, точно, собирав све восебе, сега кога останав сама паднав секогаш сум имала подршка од некој сега немам на кого да се потпрам и да му кажам све што ме мачи, мислам дека никој нема да ме разбере, мислам дека сите се подобри од мене ,а јас не чинам, и за депресијата притискам во себе, бидеќи неможам да раскажам што све ме прави депресивна..;(
     
  13. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Твојата грешка е што се споредуваш со другите. Сите сме посебни, сите сме свои. Не треба да се споредуваш, со НИКОЈ. Знам дека тоа е потсвесен пограм, најчесто од родителите, така имам читано. Немора ни да е од нив, туку ете тебе ако те споредувале со некој сега ти се споредуваш автоматски самата.
    Секој си е сам свој газда, почни така да размислуваш, плус има многу луѓе што се во ваква состојба, не си единствената. Кај мене е периодично, ни јас не сакам да е вака ама кога ќе ме фати депресија гледам забава да си направам од тоа и да ги правам само омилените работи. Еве пиши ми ако сакаш може ќе знам за некој твој проблем да ти најдам решение. :D
     
    На еленагхс му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Мораш да разговараш со психијатар. :hug:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Јас немам разговарано со психијатар ни анксиозност кога имав. Девојчиња што поминиле низ истото ми кажаа дека само од себе ќе си помине, така и беше. Затоа во ова сега уживам. Не примав никаква терапија, имав и последици нормално, ама не се замарав многу. Еве сега сум многу подобра. 8)
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Супер за тебе.
    Ама стручни совети, може само доктор да дава.
    Тоа што за тебе важело, не важи за сите.
     
    На smooch, Avery, H.VAGA и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.077
    Пол:
    Машки
    Dashing:) Убав совет ти дава WildMk, најубаво е да посетиш стручно лице и да поразговараш. А и да се трудиш колку можеш и колку ти дава простор затвореноста во тебе да бидеш активна, дали работно дали спортски дали со некое хоби нешто што ќе те исполнува нешто што го сакаш.
     
  18. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Психијатарот нема магично стапче, јас знам дека се е до психата, се е до нас самите. А, сигурно нема да правам нешто што не ме исполнува, како што пишав погоре. Логично е сите да немаме исти интереси, секој може да си најде своја занимација.Покрај се имаме нешто заедничко,а тоа верата и убедувањето. Ако мислиш дека тоа што ќе го направиш тебе ќе ти помогне, така и ќе биде.
     
    На hellocity и Petar80 им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Нема рационалност кај особа со депресија. Ти едноставно не си ни била депресивна.
     
    На smooch, Avery, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Е, де, ја советува претходно девојката, да гледа филмови, да чита книги.
    Ко ќе си депресија ништо можи да не те интересира, вклучувајќи и она што претходно ти било.
     
    На smooch, cresa-jagoda, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.