Таквите коментари покажуваат колку е потценета депресијата. Не прават разлика меѓу период на нерасположеност и депресијата како болест на друга страна. Повеќе одмагаат отколку што помагаат таквите коментари.
Секој со своето Само јас си знам во каква состојба бев и самата се борев со се. Секаде идев таква, ништо не ме спречуваше.
Не важи исто за сите.. пак да речам. Секој што има медицински проблем, треба да се консултира со доктор.
Jac знам само како ми беше мене не ја потценувам депресијата воопшто. Не ги знаеш моите последици и до кој степен беше тоа кај мене. Знам многу добро кога не сум расположена и што значи да ти е пореметена психата и од се да ти е преку глава. Си ја знам и вистинската причина зашто ми се случи тоа што ми се случи, затоа мене не ми е потребен психолог. Го знам решението на мојот проблем чим сум подобра веќе. Не би требало нешто да осудуваш ако незнаеш низ што имам поминато
ГРЕШКА. Тие што си поставуаат високи цели се и високи луѓе и успешни ако на пример некој бизнисмен не си ја поставил таа цел кога бил сиромав немало да ја исполни. Анксиозноста и депресијата доаѓаат ја мислам од што многу го напнуваме мозокот на мислење, сомневање, емпатија итд..
Јас учам за психијатар и да ти кажам од мое медицинско искуство и 200 психијатри да се посетат ако личноста не се боре и не се мотивира џабе е се..
А по што заклучи ти дека те осудувам ? И даље стојам на истото од првиот пост, депресија не се лечи со книга и музика, ниту пак постои таа рационалност во времетраење на истата, која очигледно дека ти си ја имала. Според темата која ја имаш отворено од пред некој ден, знам на што целаш. Постигнување мир преку религиозни духовни движења. Не знам само зошто не си пиша отворено. Како и да е, супер што си го надминала лошиот период, мило ми е, само не давај погрешни насоки за нешто многу поголемо. Да сме на јасно, да нема забуни за погрешна интерпретација за луѓето кои се борат со депресијата како состојба. За нарушувања во менталното здравје, се посетува стручно медицинско лице, исто како што за било каков друг здравствен проблем посетуваш доктор.
Тоа не значи дека бизнисмените не се во депресија или немаат аксиозност. Ако тоа што ќе го замислиш не го исполниш, тогаш има големи шанси да имаш аксиозност или депресија. Елон Маск, Марк Зукерберг, Бил Гејтс, Џеф Безос и слични луѓе ми изгледаат дека се депресивни во приватен живот и имаат аксиозност. Освен во кариерата, не ми делуваат успешни во други области. Прочитај ја Eckhart Tolle - Power Of Now и ќе ти стане јасно за што станува збор.
Ама немојте бе луѓе да давате такви совети седи си читај си книга, пушти си филмче. Знаете на човек со депресија колку глупаво тоа му звучи? Немаш желба за ништо, немаш желба да живееш, не гледаш на нештата реално, туку депресијата целиот поглед на животот ти го испревртува и се ти е црно. Кога се има клиничка депресија потребна е стручна помош, што не мора да е психијатар и апчиња. За што постојат психолози и терапија? Прво се почнува од тоа. Ако не оди се префрла кај психијатар и се препишуваат медикаменти. Правете разлика меѓу периоди на тага и депресија. Не е исто. Мора да се внимава многу со второво. Е од таквите совети ко погоре со минимализирање на нечија сериозност на состојба се доаѓа до самоубиства.
Извини вака, ама како ти ја разбираш анксиозноста, па и депресијата for that matter? Еден совет на некој во депресија или со анксиозност кој смејте да го дајте е да оди да побара стручна помош. Се друго можи да наштети. Џизс.
Никако нема само од себе да си помине. Ако се препуштиш на истото, онака рамнодушно, само даваш простор за негативните мисли и неубавите чувства да продолжат да се хранат со тебе и ќе западнеш со текот на времето во сериозна депресија. Сосем нормално е извесен период да бидеш тажен (никој не е постојано среќен), да немаш желба за друштво, или за нешто друго, но на крајот од денот, легнуваш, а веќе утре е нов ден. И не е исто како што било. Поминало, пак си среќен. Но кога станува збор за сериозна депресија, имаме тука една целосно друга слика. Постојана безволност и тага, желба за ништо. Се затвараш во четири ѕида и размислуваш која е поентата на животот? Потонуваш во тишината, не те расположува ниту добра книга, ниту филм, ниту омилена песна, ниту најсаканите луѓе на светот. Се прашуваш што ти е, сакаш да си помогнеш, длабоко во тебе сакаш да си спасен, но сето тоа ти изгледа премногу далечно. И одлучуваш да заспиеш, мислејќи дека утре депресијата ќе ја нема. Но не е така, и следното утро се будиш депресивен и сакаш да плачиш, ама ништо не можиш да исплачиш. И се прашуваш дали си жив или само постоиш? Она што всушност сакам да го кажам е дека никако не треба да се потиснува тоа што се чувствува, со надеж дека само од себе ќе помине. Депресијата е сериозен проблем, кој никако не треба да се потценува, треба да се дејствува. Разговор со стручно лице, психијатар или психолог. Лице кое е доволно компетентно и образувано за да те сослуша, да зборува и помага на луѓе со секакви проблеми.
Познавате некој што бил весел 24 саати, имал мали деца и убава жена и наеднаш извршил самоубиство? Е тој бил во депресија. Прочитавте вчера за жената од Белград што и ги пресекла вените на ќерка и, ја фрлила низ тераса, па на крај сама се фрлила, а пред тоа била најнормална жена? Е таа била во депресија. А не вие што сте гледале филмови и сте плачеле на нив и наеднаш ви поминала тагата од чиста мира. Што не гледала филм и женава да и помине? Еј ми дојдоа мисли дека нема смисла мојот и на ќерка ми животот, ама чекај Здравко Чолоќ ќе го пуштам и ќе се расположам. Па пази, читаш на тема повеќе луѓе така се излечиле со филм и музика колку едноставен лек за депресијата. Кога ќе се разграничи лош период кој трае некое време, анксиозност, и депресија која те јаде внатре, ќе ја биде земјата, инаку ќе слушаш за се повеќе самоубиства пошто добиле совет филм да гледаат додека тонат. Додека сте свесни дека ништо не ве прави среќни долго време, дека имате изгубено желба за било што, одете со време да барате стручна помош пошто со тек на време може сеедно да ви биде буквално за се. Не музика или филм туку факинг ПСИХИЈАТАР/ПСИХОЛОГ.
Депресијата може да биде и од хормонско пореметување на тироидната жлезда дали некогаш сте ја испитале тироидната жлезда
Значи кај сите таа состојба е различна.Ете, некој си го одземале животот ако депресијата отишла толку многу далеку, кај некој си проаѓа. Прво, депресијата значи да мислиш на минатото. Второ, анксиозност е страв од иднина. А, како трето знам многу добро низ што поминав и зашто ми се случи тоа што ми се случи и зашто бев параноична на минатото и работите ги правев многу полоши иако не беа толку црни. Никаде не пишав да потиска емоции, баш напратов полошо ќе си направи така. Мора да се соочи со се, да не бега од вистината, иначе тој страв уште многу ќе ја брка. Ако е само депресивна тогаш може да си најде работи што неа ја исполнуваат, кај секого е различно фала Богу. Сепак неможе цел живот да спие мора да се превземе нешто.
Се се', ама да му кажеш на некој да ужива во депресијата, да си одмара, да си слуша музика, да си гледа филмови и дека само од себе ќе помине, тоа не можам да го сфатам еве.
Јасно ми е зашто неможеш тоа да го разбереш. Сепак јас си кажувам низ мое лично искуство. Немам намера повеќе да се докажувам , кој како сака ќе сфати.
Бидејќи повеќе од се е очигледно дека си критичар и работата ја правиш многу лоша отколку што е навистина. Каде е фактот дека пишав во тој момент работите ги правиш многу полоши од што навистина се?? Ги знаеш моите последици?? Знам до кој степен може да отиде работава, ама немаш корист постојано да спиеш. Така да, има различни видови на депресии, и тоа го знам. Кај секого е различно. Јас не сум стигнала до тој степен да посакам да си го одземам животот, ама знам точно каква бев. Колку се плашев, неможев да спијам и мене во тој момент ми помагаа песните, нешто требаше да ми го одвлече вниманието за да не размислувам. Да, некои денови кога ми беше премногу лошо ни тоа не ми помагаше сакав да спијам постојано, не сакав да јадам, ама станував се дигав со малата сила што ја имав во себе. Некогаш ми беа здосадени излегувањата, ама не се откажував. Во дворче ако беше потребно седев. Не сакав да бидам постојано измеѓу 4 ѕида. Најлошо беше кога имав тахикардија, на други маки ти се гушиш. Тогаш не сакав да слушам новости, ама најлошо беше што тогаш умираа луѓе што ги знам. Тоа ме направи уште повеќе депресивна. На почетокот и мене не ми беше јасно за што се работи, прво мислев дека сум од нешто болна, нозете ми кочеа мислев дека имам рак. Ама имав среќа што некои од тие што ги знам имале поминато низ истото и ми кажаа не се плаши, ќе помине се, нема ништо да се случи. Затоа и знам што ми беше, бидејќи не бев на психолог. Си реков ако они успеале, можам и јас. Тогаш се препуштив, почнав да не ги гледам црни работите, пробував да ја барам смешната страна на ситуациите и со текот на времето си се намалуваше тоа.
Во ниту еден момент моето излагање не беше упатено за тоа што ти си го поминала. Воопшто не го потценувам тоа, ниту те критикувам тебе што ете на тој начин си успеала да ја пребродиш таа криза. Дури и ќе ти честитам за тоа, искрено и од срце. Намерата не ми беше да критикувам, туку да ставам акцент на сериозноста на депресијата како болест која зема се поголем замав и на потребата од стручна помош, потребата од разговор со професионалец за полесно пребродување на истата. Затоа што не сите имаат карактер како твојот и не сите успеваат да се изборат со мислите. Знаеш како викаат "Мозокот е благослов, но може да биде и многу проблематичен".