Прв пат го гледав овој форум после прочитувањето на сите постови сфатив дека моите проблеми се многу помали од оние кои може да постојат. И покрај оваа моја свесност јас сепак на сите работи околу мене реагирам премногу стресно. Ретроспективно гледано 2 пати до сега сум имала промени во нивото на хормоните (2 различни). Значи освен психички и телесно реагирам на тоа. Веке подолго време не се осекам убаво поради неколку причини кои веројатно и не се толку страшни меѓутоа по неколку денови во месецот (можеби е ПМС) плачам константно, немам желба за ништо и слично. Врската во која што воопшто не уживам, а со дечко што го сакам, премногу често се прекинува и најверојатно ке заврши и се плашам дека тоа за мене ќе значи пропаѓање. Имам искуство старо повеќе години со претходната врска после која ми требаше речиси уште толку исто време (2 години) да се опоравам. Отидов од една екстрема во друга, месеци не бев расположена,а потоа станав хиперактивна. Сега повторно сум незадоволна од многу работи, а дополнителна мака ми е и врската. Бидејќи најголем дел од работите во неа се препишуваат на моја сметка, мојата несигурност, која и онака од секогаш била голема, двојно се зголеми. Мислам дека ќе станува уште потешко кога ќе останам сама. Решив да посетам стручно лице, меѓутоа сеуште не сум сигурна дали го сакам тоа. Сакам засекогаш да ја решам мојата нерешителност и преосетливост, така да тоа морам да го сторам сега, за да не дозволам понатаму во животот да ми се случуваат било какви крахови.
Emmanouela, гледам ова ти е прв пост, па добредојде на форумот. Погледнав во твојот профил и видов дека имаш 27 години (ако имаш точно наведено). Ако тоа е вистина, тогаш ти си една оформена зрела личност која знае што сака. Сигурна сум дека ако подобро седнеш и размислиш знаеш дека сакаш да си смирена, полека да си ги разрешиш проблемите, знаеш дека сакаш да си среќна но не секојпат тоа на сите ни оди од рака. Со твојата возраст и верувам твоите сфаќања, посета на психотерапевт е сосема нормална работа ако не се чувствуваме добро. Тоа може само добро да делува на тебе. Мој совет е да појдеш и отворено да поразговараш, да се искажеш што те мачи и што точно чувствуваш а тој ќе ти помогне како да дојдеш до решението кое ќе те однесе до благосостојба и мир во твојата душа, што во прв план е и најважно за секој од нас. Немој да чекаш и од ден во ден се повеќе да навлегуваш во депресија, нема потреба. Превземи нешто за себе, сепак сигурна сум дека не ти е сеедно за твоето здравје. Поздрав!
Бев вчера на психијатар...ми препиша депрозел и по потреба дијазепам..па ќе видиме...тежок период е..тежок
не се секирај и јас тоа го пијам малце ми беше тешко додека да се навикнам а сега е многу подобро! ке помине
Мислам дека сите проблеми започнаа кога почнав да станувам свесна за светот околу мене. Дете од мешан брак, различни религии и култури, два сосема различни умови од различен крај на светот ги споила "судбината". Создале семејство, ме создале мене и сестра ми. На 7години станав свесна за несогласувањата меѓу моите родители, а веќе на 8 таткоми не напушти. Бев многу мала, еден ден се разбудив и забележав дека го нема. Мислев ќе се врати. И веќе 10години како немам никаков контакт со него. Мајка ми ги исфрли сите слики и спомени за него. Со неа никогаш не раговарав на оваа тема. воопшто не сме блиски. Јас израснав во делумно стабилна личност, созреав многу порано од моите врсници. Бев различна и не знаев како да се носам со тоа, не се разликував од останатите по моите физички предиспозиции туку по мојата позадина. Тежината полека се таложеше во мене. Кога влегов во пубертет имав типични периоди на бес,нервоза,разочарување. Подоцна постојано бев со некого. Длабоко во себе мислам дека е затоа што се обидував да ја надополнам онаа празнина која ја остави татко ми, барав татковска фигура во секое момче со кое се гледав. Или бев со некого или раскинував со него. Не знаев да живеам како single девојка. Имав предност што имав личности кои безрезервно ме сакаа. Но и нив ги повредував. Денес, со моите 18 години, со сестра ми сум во многу лоши односи, ги имам само другарките, но и ним не им се доверувам, излегувам, се забавувам, но кога се враќам дома се враќам во реалноста.Не знам како понатаму. Всушност знам, но не сакам сама да минувам низ животот. Постојано барам некого, а знам дека тоа е многу погрешно. Си каам надеж за личности кои подоцна ме разочаруваат. Изгледам среќно и се трудам никој да не забележи што всушност се случува длабоко во мене. Едвај најдов добар психолог во овој мал град и наредната недела конечно ке го посетам.... Не се живее веќе вака....
Ноеми најпрво браво за храброста што ја имаш Само 18 години, а тоа да го раскажуваш така свесно, добро е што си се помирила со тоа и си научила така да живееш. Не треба да обвинуваш никого за тоа, веројатно такви биле околностите и да ти кажам поубаво било што татко ти тогаш ве напуштил одколку после (знам и ова звучи грубо,можеби не требало да дојде ни до тоа, ама ете се случило), ти не си ни најмалку крива, ама не можеш да знаеш што ќе се случувало да останел, па да преживуваш ти и други трауми. Тежината што ти стои во душата, ќе си стои, во овој случај ти не си ни најмалку крива, всушност во вакви приказни децата никогаш не се криви, а најмногу тие патат. Секогаш ќе чувствуваш една празнина, ама изгубеното време не се враќа, така да гледај да ја пополнуваш празнината, не е грешно што не сакаш да бидеш сама, тоа е еден начин да ја пополниш, всушност длабоко во тебе стравуваш да не останеш секогаш сама. Немој да им веруваш на сите луѓе, денес не секому можеш да му се довериш, пристапувај им на луѓето со резерва и немој да бидеш ти таа која ќе се разочарува. Не знам зошто не си во добри односи со сестра ти, убаво би било, кога не можеш со мајка ти, со неа да разговараш за се што те мачи и да се испразниш. Немој да мислиш дека реалноста ја има само кога си дома и самата кажа дека надвор никој не забележува што се случува длабоко во тебе, но сепак каде и да одиш тоа што се случило нема да го заборавиш претпоставувам, затоа соочи се со тоа и не дозволувај таа "судбина" да ти го уништи животот. И да не сум прочитала не се живее вака..., со позитивни мисли може да се живее, ти треба само да мислиш на твојот живот и на твоите цели, желби, минатото било и поминало, потруди се да го заборавиш , не дозволувај да ти влијае на сегашноста, расчисти со него и ракувај се со сегашноста , мисли како да си ја обезбедиш иднината. (нема да го осудувам никого, ни да ти речам да те сакал татко ти немало да те остави, веројатно имал причина поради тоа) затоа штом тој не мисли на тебе и на твојата иднина, немој ни ти да мислиш на него. Животот е пред тебе, имаш милион и една причини да му се радуваш и да си го средиш, а не после да се каеш , искористи ја шансата што ти ја пружа животот.
Ноеми добро е што си решила да побараш помош.. Не е добро со твоите 18 години сето ова да го потиснуваш во себе..тоа што го потиснуваме секогаш избива на друго место. Треба да се водиш со позитивни мисли,зошто секој крај е и нов почеток. Нормално е да тежнееш кон исполнување на празнината,но пробај да не ги повредуваш луѓето кои те сакаат искрено и на кои можеш да се потпреш. Исто како и Лукс,сметам дека доколку е можно треба да ги подобриш односите со својата сестра. Вие две,баш поради вашата ситуација,треба да бидете што е можно поблиски. А како се носи твојата сестра со ова?? Не се прекорувај поради некои грешки кои си ги направила,учи од нив и донеси подобри одлуки во иднина. Викаш бев различна и незнаев како да се носам со тоа....Ова не те прави различна од сите нас..Тоа што некои работи си ги сфатила и си созреала порано од другите е голема предност за тебе. И во никој случај немој себе си да се обвинуваш,за нешто што ти не си го направила...
Ноеми како што ти пиша и Лукс и јас ќе ти пишам. Обиди се да ги средиш односите со твојата сестра, сепак и таа го доживеала истото, доколку твојот татко мислел на вас немало да ве напушти, извини што ќе пишам вака но мислаам дека тој незаслужува ни да помислиш на него затоа што децата се најбитното нешто на секој родител, продолжи да живееш но не како до сега ослободисе од сите маки и потешкотии, како што пиша си нашла добар психолог и верувај дека тој ќе ти помогне во целава оваа ситуација. Верувај во себе идејќи ти можеш да успееш. П.С: Денешниве луѓе се многу расипане неможеш секому да веруваш, прави муабет со најблиската другарка можеби нема да може да ти помогне но барем ќе можеш да и кажеш се сто ти лежи на душа
Здраво на сите Долго време неможам да се извлечам од депресија. Мислам дека главна причина за тоа ми е семејството.. Мајка ми го напуштила татко ми и брат ми уште пред да се родам јас, брат ми живееше со татко ми јас со мајка ми.. јас едвај и го познавав брат ми. Не се жалам бидејки додека живеев со мајка ми имав најубаво детство, имав се што може дете да посака.. така беше се до 8 години, кога мајка ми почина од тумор на мозок тогаш почнаа кошмарите, морав да одам кај татко ми, во семејство кое не го ни познавав, требаше да се привикнам на нив, на нивни правила. Татко ми никогаш не ме сакал многу, никогаш не ме гледал како ќерка. Ме чува само за да не збореле луѓето демек не се грижи за ќерка му од како умрела мајка ми. Него никогаш не му е гајле како јас се чувствувам, дали мене ми е тешко. Памтам кога отидов кај него не излегував од соба, не излегував надвор бидејки не ни познавав никого таму. Тогаш него мајка му ја напуни главата да ме натера да искочам надвор за да не си помислеле комшиите дека ме чуваат дома затворена. Добро, ме натера да искачам надвор, да бидам мета на деца кои ме зезаа цело време, кои ме вреѓаа.. После кога имав 12-13 год. кога не се прибирав дома, кога си најдов конечно другарка во маалото, на татко ми му текна дека можеле комшиите да си помислат дека не се грижел за мене па затоа сум надвор. Тогаш не ме пушташе да искачам од дома. Кога требаше средно да се запишувам, тој ме запиша во гимназија, не ми дозволи да одам музичко како што јас сакав, бидејки пак му беше побитно што ќе речат луѓето... Многу ми е лошо, немам на кој да му се пожалам од кој да побарам совет. Брат ми се ожени, си отиде. Јас останав заглавена со татко ми и мајка му.. А тие се однесуваат со мене многу лошо, неможам никогаш ни да разговарам со нив, не ме сметаат вредна за разговор. Да не им беше важно што ќе помислеле луѓето сигурно и ќе ме исфрлеа.. Мислев да одам на психијатар, психолог ама разбрав дека за малолетни да одат треба некој полнолетен со нив да биди.. многу ми е лошо незнам што да правам :'(
мау,прво едно прашање,колку години имаш? за овој проблем ти треба многу самодоверба,да веруваш во себе,да не се затвораш во четири sида,биди јака,гледај од позитивната страна,па тој ти е татко-сигурно има чувства за тебе а,ако не можеш со татко ти,разговарај со баба ти,кажи и дека ти е тешко,дека сакаш да излегуваш,и таа имала деца знае како е.
имам 17, сум пробала да разговарам со неа ама она секогаш му пренесува се на татко ми и само повеќе проблеми си правам, секој разговор со нив завршува со викање дерење.. татко ми секој разговор го завршува дерејќи ми се како сум човек за лечење, како ќе завршам сама и на улица, како никој никогаш не ме сакал и нема да ме сака...
пробај да хегативната енергија ја преточиш во позитивна , мислам , гледај што можеш да направиш за да се извадиш од таа ситуација . сега си малолетна ама кога ке заврсиш средно ке мозеш како полнолетна (претпоставувам да одиш од таа куќа) насочи се кон учењето затоа што во овој случај само тоа те вади од таму, после можеш да студирас и да работиш далеку од него и баба ти.
и да го посетиш... можам слободно да кажам дека знам како ти е истото го поминав еве денес срекна сум , мажена за маж сто е се само не како мојот татко. Мој совет е најд9и се прво себе си , не се срами од тоа сто си гордеј се , јас се гордеам што сум пола пола ми требаше време ама успеав... луѓето кои те сакаат ќе те сакаат без разлика на позадина која ја имаш....... ти си од крв и месо како сите останати тоа што ти си го сметаш можеби за мана е твојата доблест .. не е се црно како што мислиш дека е има секогас светло на крајот од тунелот ....
Ноеми и Мау, мислам дека е многу важен детал тоа што сте свесни за својата состојба тоа е многу важна почетна точка за да може да се реши вашата ситуација. Најпрво би кажала дека не е срамота да се посетува психијатар , тој човек ја има таа професија токму за да ни помага. Ноеми сега не можеш да створиш блискост со мајка ти, а искрено според мене ти треба личност за искрен разговор. За почеток направи го тоа со сестра ти, посети психијатар -како за почеток сигурно разговорот ќе ти помогне. Делот за врските, ти не сакаш да бидеш сама, сигурно чувствуваш потреба од момче покрај тебе, но треба да сфатиш дека ти си единка- личност која е создадена на светов со способност да биде самостојна Тоа што постојано ги повредуваш момчињата е најверојатно траума од детството, која секако може да се санира Мау не знам како се чувствуваш, но се обидувам да се ставам на твое место. Одеднаш во свет со странци Во твојот случај дефинитивно не ти треба седење дома, најди си некое хоби и излегувај од дома Работите кога тогаш ќе се средат, ти не си виновна што така се случиле работите.......Издржи како до сега
Девојки фала на советите и подршките. ми значи стварно како до сега така и додека да завршам средно ќе издржувам, па за понатака да даде Господ сили да се спасвам од куќава, штом подалеку од нив
Zdravo , se naogam vo mnogu teska sostojba . Doma imame golemi problemi so finansii , no sepak site zaednicki ja spodeluvame teskata sostojba. Jas nemozam toa da go podnesam . Zapadnata sum vo depresija , mn sum nervozna , snagat mi treperi iu nemozam da se izdisam ubavo . Neznam sto da pravam , i kakvi tableti da se napijam [mod-kirilica:1gis5iug][/mod-kirilica:1gis5iug]
Прво, и најважно, како што пиша и сама, заедно сте во оваа криза, што значи дека не си сама во тоа искуство. Кога ќе те „дрмаат“ најстрашните кризи и моменти на немир и паника, зборувај со семејството, излезете и прошетајте (особено како што деновиве сонцето мами), едноставно поминувајте заедничко време, бидејќи освен што е „лек“ за душата, не ве чини ништо, како шлаг на вашите финансиски проблеми. Со апчиња немој да мислиш дека ќе си помогнеш, тие само ќе направат неколку часа да си свесна за проблемите, но да не ти е тешко поради нив и да се чувствуваш како да ти е сеедно и да си празна, за потоа душевната болка повторно да се врати. И на крај, немој да се предадеш на зли мисли кои уште толку ќе ја вдлабочат твојата депресија. Тешко кој во нашава земја не минал низ финанскиски кризи, но еве не’ сите овде, живи и здрави. Додека го имаш тоа, додадено со топол кревет, оброк и кров, знај дека сите други проблеми се РЕШЛИВИ и МИНЛИВИ. Ти посакувам среќа и успех во борбата против депресијата и финансиската криза, и да те потсетам уште еднаш, го имаш семејството крај тебе, и не си сама во овој проблем. Секое добро.
Не сум склона кон паѓање во депресија. Она што јас би го опишала како депресија се всушност оние мои после полноќ меланхонично -депресивни моменти и благи напливи на поетичност.