Не, не го збориш тоа. Ти учиш за психијатар, мислиш дека депресијата не е болест, дека не треба да се дрогираат луѓето со антидепресиви, затоа што никако нема да му помогнат. Мислиш дека истата треба да се лекува во природа со внесување на повеќе витамини и природни билки.
Срцка јас фармација заврши средно, и научи дека колку и антидепресиви да пиеш ако не излезеш надвор, спорт, некое ново хоби, нов пријател.. Абе џабе ти се и антидепресиви и анксиолитици и триста работи.
Тогаш значи сите сме депресивни.Само некои од нас тоа не го знаат. Ова во последно време како тренд некој за секое незадоволство, апатија или безмотивираност на личноста, веднаш да се дијагностицира како состојба - депресија , ми е слично со трендот децата кои се малку попосебни од другите да им се припишува на аутизмот. Работете деца, копајте, вежбајте , физички трошете се.Денес се ни е автоматизирано, и вишокот непотрошена енергија се манифестира на ваков начин А не затворени секој во свој кафез, и ќе кукаме.
@RainBow дај избриши ги постовите во кои се зборуваат небулози. Пола држава ни е на некаков седатив, а не знаат што е депресија. Не дај Боже, некој ќе поверува дека депресија со читање книга се лекува и шетање во природа, па ќе ги гледаме после по некролози.
Девојко бе, потенцирав треба антидепресиви веке ако пациентот е озбилно "заболен'" ама тие антидепресиви за да се синтетизираат во организмот мора и човекот знае да почне позитивно да мисли дека ке му помогнат и да се движи и се.. Штета какви мисли имаш таков и живот. Прочитај ја Вероника реши да умре од Пауло Коељо.
Молам?! Депресијата не е страшна? Не убива? 300 милиони луѓе страдаат од истата, пола од нив ќе завршат со суицид. Да сум професор и со ваков став да ми дојде студент црн печат у индекс ќе добие. Премногу ви попуштаат и не се замараат да ви менуваат прашања, затоа медицина секој втор заврши денес. Па ќе слушам и читам после киксови од кои душава ми умира. Овој кикс еднаш го кажа и гледај веќе да не го истропаш.
Да кај децата, родителската љубов ако е отсутна големи се шансите детето да пати во иднина од депресија... Технологијата ни ја смалува самодовербата и не тера да се покажуваме по светот колку сме среќни. каде сме и што правиме, јадеме, пиеме.. Па ако мислеш дека убива, ке те убие некој ден... Немој такви негативни мисли те читаат стварно депресивни луѓе ако прочитаат дека убива што да мислат..
Епа така е си отишла кај психолог и психологот ти вика ке те убие пола свет се испоубија.. На што личи тоа? Дали е утеха. ронка надеж за депресивниот?
Ако немате нешто паметно да кажете фатете се под рака со другарка ти Мадона и летајте од темава,вашиве постови на никој начин не помагаат
И јас повикувам модераторот да прочепка во темава. Веќе се претерува. Се шират измислици и лаги. Антидепресивите биле како кокаин, депресијата не е болест, невроза била. Некој што стварно се мачи да дојде и да прочита вакви измислици тешко него.
Баш така иде, некој што нема волја за ништо ќе ти иде да копа и да се троши Од ова си патиме, жално е ако навистина за психолози и психијатри учите вака, ај што има стигма од околината па и за самите стручни лица прашање е колку се навистина стручни. Коелјо да сме го читале еј...
Девојко (како што ти ми се обрати мене), ова тука не е психолог, ниту психијатар, ова е форум. Постојано се трудиме да ставиме акцент на неопходноста од посета на психијатар или психолог, кај лица кои се соочуваат со болеста. А ти како иден психијатар, а доктор по медицина, постојано ја потценуваш истата! Разликата можеби ќе ја сфатиш. Поздрав!
Добро ајде во право си само сакав да кажам освен психијатарот, лековите, треба и самиот човек да работи на себе..
Невесто, отвори кој сакаш сајт за статистика, било која книга ќе го најдеш овој податок. Топла вода не измислив јас. Прво нешто што треба да се знае е дека одењето на лекар не е срамота, дека милиони други луѓе ја имаат истата мака и дека со терапија може да им се подобри. Зборам од искуство, коа ме клоцаше животот од сите страни пред 7 години идев на психијатар и пиев замисли апчиња. После една година се подобрив и ниту ми е срам, ниту ми е табу да зборам за тоа. Човек од крв и од месо сум. Кај ќе бев сеа така ако ми пристапеа, абе ај не ти е нишо, не е страшно тоа, не убива, а јас тонев во психичка болка секој ден. Деминизирање на проблем а тој проблем те потопува у жива песок. Сериозно, вакво нешто коа ќе прочитам косата на главата ми се крева.
Зависи, има форми на депресии, кои можат да бидат лесни неурози, ама и тешки психози. Знаеш за мајките кои во пост-породилна депресија си ги убиваат децата? И сега овде ќе бладаш дека требало во природа да одат, и Паоло Куељо (шунд) да го читаат?
ок.тогаш кој е твојот совет за депресивните. односно кој е според тебе единствениот начин да се излечат, и да не помислат на суицид.