За да човекот може самиот да работи на себе потребен е многу труд, разговор, поддршка, а за тоа пак е неопходен разговорот со психијатар/психолог.
Сигурно не да идат по ниви да копаат,си има стручни лица што го третираат тоа и не е мое да се праам ванаби шринк. Треба да се научиме да не солиме памет особено на вака сензитивни теми ко оваа
Нема универзално правило за лекување депресија. Се оди на психијатар, тој ти препишува прегледи за да ги исфрли од игра другите физички болести, па после тоа одредува дали си за психо-терапија, или медикаменти, или и двете, или ни едно. Секој човек е различен, секој има различна форма на депресија, и секој различно реагира на различни стимуланси. Дури и лековите не значи дека од прва ќе ти ги погодат, ама доктор МОРА да следи и да советува што-и како понатаму.
Тие се други депресии каде што пациентот и незнае што прави ама не е тоа за лекови тоа е за во клиника.. Таквите тешки депресии.. Јас зборам за полесните како нас што пишуваме овде
Епа во 'полесните' има такви кои може и цел живот да пијат лекови. Еве јас на пример, не сум суцидална, ама сум депресивна и пијам антидепресиви, веќе 15 години. Знам дека имаат нус-појави, како и секој друг лек, ама поарно вака, отколку како што бев пред да ги почнам.
Да. и покрај се се случува најлошото. Робин Вилијамс, кај нас во МК ( да не ги спомнувам ги знаете како случаи, излезе и во јавност - 2 девојки - кои лично јас ги знаев патеа од депресија, родителите што не направија, нонстоп под лекарска третман, лекови разговор СЕ., и пак посегнаа по своите животи.
И шо треба? Оти некои и покрај терапија се самоубиваат, сите да ги баталиме и да ги оставиме сами на себе? Ма немој! Може некој со висок притисок, и покрај лекарства да доживее инфаркт, и шо треба? На никој да не му препишуваат докторите лекарства за регулирање притисок, пошто ионака, може да умри? Ебате логиката
Е тоа е нови хибридни генерации. Со премногу верба во фарцевтската мафија. Тоа направи интернетот технологијата, паметувајте тука наместо физички да се трошите. Станавме мрзливи некорисни имбецили, штетни по себеси и околината.
Инаку не сум сигурна ама мислам дека зборуваш за биполар тоа што некои мајки си ги убивале децата. Значи јас патев од депресија ама јас се борев на тој начин што се инатев и на крајот победив.. Ако ме викнат другарките намерно излезам за да не дозволам депресијата да победе и така со теко на време се навикна, па се јавува ама многу ретко посебно кога сум во конфликт со некој..
Тоа е пост породилна депресија,болест ради промена на хормони. Убаво е напишано. Ако студираше психијатрија ќе знаеше.
Никако паметување тука. Никако зборење за проблеми од психичка природа на глас. Собирање под тепих па коа ќе се случат циркузи следствено идат муабети 'леле што му бидна, што арен човек си беше'. Или одма Богородиците и светците 'ами оној/онаа секташ/ка, наркоман, со никого не збореше, пу пу да не даде Госпо, поплукај си'. Мизерија.
„Пред да се дијагностицирате со депресија или ниска самодоверба, осигурете се дека не сте опкружени со идиоти.“ – Зигмунд Фројд
напротив зборување. Демистифицирање на депресијата. Гледам од една состојба направивте МИТ. И најстручните психолози /психијатри во МК, со искуство големо со кои сум имала прилика да разговарам на оваа тема, се на иста линија дека депресијата непотребно се глорифицира во поседниве години. А сето тоа поради вишокот слободно време на новите генерации, вишокот енергија, која не се троши правилно, нездравиот начин на живот, неправилна исхрамна, преголема бучава од пренаселеноста во главните градови, нездравиот водух, сето тоа допринесува да се развиваат психички нездрави генерации. Темава е преширока ,од социолошка, здравствен, еколошки и каков сакате друг аспект.