Не се глорифицира! Туку се зборува отворено за нејзе. Пак полесно им е на новите генерации да посетат психијатар, отколку што беше пред 20 години. Сите се срамеа да не ги наречат 'луди' 'ненормални' Овој муабет е исто како муабетот дека во Шведска имало најмногу силувања. Нема најмногу силувања, туку голем процент пријавуваат, за разлика од кај нас. Шо сторе бе Фала докторе
Ако си завршила фармација и знаеш многу за фармакологијата и фармакодинамиката на лековите, се сомневам дека ќе тропаш небулози на темава. Небитно, факт е дека човек треба да работи на себе, ама потценување на депресијата не е воопшто добро. Не ти дошло на глава, не знаеш како е. И дај Боже никогаш да не дознаеш. Сериозно?! Среќа што не си доктор. Среќа!!! Какво е ова навредување и понижување на болни луѓе? И тебе ќе ти кажам, не дај Боже на своја кожа да осетиш како е да бидеш мрзлив некорисен имбецил. @sweet-cherry не е Антони Новотни директор? Како и да е, небитно, не верувам дека било кој таму би ја потценил депресијата и би ја класифицирал како обична невроза.
Сериозно?! Среќа што не си доктор. Среќа!!! Какво е ова навредување и понижување на болни луѓе? И тебе ќе ти кажам, не дај Боже на своја кожа да осетиш како е да бидеш мрзлив некорисен имбецил. Непотребна преосетливост. Не знам каде гледате навредување и понижување на болни луѓе. Воопшто не ми беше тоа поентата. И да денешното општество, незаинтересираноста на државата за народот во неа и воопшто не постоењето на здрав државен систем кој ќе ги става младите генерации во еден колосек образовно, работно здравствено згрижени, создава мрзливи и некорсни генерации, за жал.
@sweet-cherry не е Антони Новотни директор? Како и да е, небитно, не верувам дека било кој таму би ја потценил депресијата и би ја класифицирал како обична невроза.[/QUOTE] Мислам дека е заменик директор. До лани така беше, и он ни предаваше. Не ја третираат депресијата туку така во секој случај. Имавме случаеви на клиника, јасно е како се третираат.
Исто. Дур имам и работено како апОтекар. Студирам психологија, мислам дека можиме да збораме со факти, а не со кружење од околу. Уште чекам да ми кажиш која генерика антидепресиви е пола иста со кокаин. А зошто мене поинаку ме учат? Не само на факултет туку и менторите кога одам на клиника и во душевното. Изгледа психолозите и психијатрите се поделени како политички партии во табори, или некој лажи.
Не е преосетливост. Мене твоите зборови не ме тангираат воопшто. Едно е ова што сега го кажуваш, ама депресијата не е за потценување. Нема врска со мрзливост и легачење. Болест е, и тоа сериозна болест. Допрва ќе ги осеќаме последиците од истата.
Можеби поради тоа што на лекарите им се потребни пациенти, посебно кај душевните болести кај што тешко се докажува болеста, и пациентот може и да се убеди дека е болен. Како и на фармацевтската мафија. се е бизнис и профит. За жал.Се помалку хуманост. Не е болест. Сериозна последица е на сето горе што го напоменав. Непостоење здрав социолошки образовен воспитен и здравствен систем........,зависноста од интернет, погрешно и неефективно потрошено слободно време на новите генерации, вишокот енергија која не се троши правилно или се троши во играње игри, и постојано присуство на социјалните мрежи инста фб и др...., нездравиот начин на живот, неправилна исхрана, преголема бучава од пренаселеноста во главните градови, нездравиот водух..... И навистина сметам дека темава е преширока, а ние се помалку стручни да дебатираме повеќе.
Демек во минатото немало депресија? Баба ми се самоубила во 80та година. Како спаѓа во твојата теорија ова?
Честитки, го лупна најглупиот одговор од постоењето, од бидувањето на фемина. Психијатрите постојат за да лажат луѓе оти се болни. Сама ќе се бановам од темава.
Значи знаев. Знаев дека е теорија на заговор во прашање. И Земјата е рамна. И вакцините се лоши. Така де. И порано не било болест. Постоела таква неедуцираност, што луѓето психичките болести ги лечеле со егзорцизам. И денес не е болест. Се лечи со чајче и на сончеви зраци. Срамота. 21 век или да?
Зошто е многу тешко да не си параноичен и да прифатиш дека има вистински доктори кои мислат добро. И не, не им одговара поќе пациенти да има зошто вервај познавам многу доктори кои радо не би држеле терапија и не би имале пациенти. Ама то не значи дека сите се такви, и не значи дека се сите лицемерни и гледаат само профит. За жал, изгледа сите мислиме за другиот то шо е точно за нас. Јбг. @Annath е доктор инаку, зошто викаш не е стручна да збора. Ти можда не си стручна, али Анат е.
Депресијата не е болест и лекарите ги лажат луѓето дека се болни за да прават експерименти. Солзи ми течат што читам...
Ne daj boze da iskusi na svoja koza be daj boze pa togas da vide dali lekarite sakaat pacienti bratuced mi si go odzede zivotot na 20 god od nea pari imase I toa mnogu luksuz imas e oti ne ziveese vo mk znaci ne bese radi toa sto da kazam poveke mene sega strav me faka od nea ama se tesam oti ke bidam ok ne se davam sto vika mojot psihijatar oti sum silna zena
То е вистина! Извај го најдоброто од себе и докажи дека си силна жена! Не дозволувај негативни зборови од некои кои не ги познаваш да влијаат било како на тебе. Се најдобро!
Треба и со антидепресиви ама не треба да се гледаат како преоритет за решавање на состојбата. Јадење овошје зеленчук, фитнес, на некој медитацијата му помаѓа. И порано имало депресија тоа секако како секоја болест што постоела само не се признавала луѓето не ја ни занемарувале и некој да имал депресија потешко е било немало лекови, немало кајд а се обрати, кој да му помогне пошо депресијата била застапена кај 1 од 20 луѓе, а сега е скокнато на ` од 5 луѓе замисли.. Е До некаде има право, антидепресивите пример човек ако се напие едно апче и ако тоа апче реагира во мозокот на лачење на хормоните за среќа и депресијата одма помине тогаш фармацевтите каков бизнис шо ке праваат? Ако не да навлечеме некој да пие апчиња цел живот? Сите апчиња за жал почнаа да стварат психичка а и физичка зависнот бидејќи ако се лекувало од едно апче тогаш ќе нема бизнис..А да не зборам луѓето со шизофренија и некој страшни растројанства у лудница и да се излечат мислиш ке ги пуштат?
Депресија = мислење на некоја траума / лошо искуство од минатото Аксиозност = мислење на што ќе се случи во иднината со песимизам
Депресијата да, точно е. Анскиозност не е песимизам, туку СТРАВ. Пред да идеш на некое место ти си правиш страшни сценарија во главата(врз основа на минатие случки-депресија) и тебе психата те чува, добиваш напад. Сепак тој страв е нереален, само ти си тој што се плаши, бидејќи претходно се убедуваш дека негде ќе ти биде лошо.