1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Значи има завршено општа медицина, ако учи за психијатар. Или мисли на психолог?!
    Треба многу внимателно да се зборува на вакви осетливи теми.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Важи ти да не сакаш да ми држеш час по општа култура. Де бре луѓе навалете на една личност ја само ја прашав не навредив ништо а тој коментар што и пишале зошто не сте му помогнале на тој не обрќате внимание јас изразив и сочуство и се само прашав колку време бил ми се испонаша и што? Немам општа култура ма немој.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Не те напаѓам тебе. Ама како личност што учи психологија и се занимава со вакви работи и доволно сум видела на пракса, и сите знаеме колку е чувствителна оваа тема и болна. Треба да внимаваме да не повредиме нечии чувства со наше прашање.
     
    На Alisa22, Someonespecial и Purplelilac им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Во странство сум за твоја информација баталив факултет
     
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Кажав за себе. Ама без разлика кој што учи мора да бидеме емпатични и да мислиме да не повредиме некој.
    Секое добро.
     
    На Meckicja и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Зошто неколку пати игнорирав шо пишиш ама ете @joy1 и доказ кладе.

    Мене гајле не ми е шо си и зошто си ама грижа ми е за луѓе кои страдаат и то шо се збора како можи да им влијае. Ама ти, то треба да го знајш. Нели.

    Ако некој ти речи "Не" ептен е невкусно да прашаш "Зошто". Ама сигурно си знајш.
     
    На Alisa22 и Purplelilac им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Во неколку поста нагласуваш дека сум ти се испонашала. Што ти се испонашав објасни ми? Реков дека не зборувам повеќе за татко ми и што не ти е јасно тебе? Да не треба да ти кажам негово име и презиме? Бог да чува. Без осет.
     
    На Meckicja, ЕденЧлен, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.540
    Пол:
    Женски
    не се објаснувај никому

    верувам дека сте сториле се што било во ваша моќ.Некогаш човек едноставно и несака да му биде помогнато...Ти немаш вина

    соочуство за татко ти
     
    На ЕденЧлен, Alisa22 и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Прво велиш да не кажуваат луге темни приказни, па после се распрашуваш за детали.
    Самоубиството за жал е некогаш несакан исход на тешка депресија, и те како треба да се зборува за тоа.
    Ако има луге на кои им е тригер, секако не треба да читаат.
    Резистентна на лекови депресија постои но е ретка, најчесто се работи за непотрефен лек или доза и тоа што болните прекинуваат кога ќе се почувствуваат подобро.
    Некогаш терапија е доживотна.
    На сите депресивни- hang in there, со помош и лек, се наоѓа чаре.
     
    На ЕденЧлен, nightingale, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Тинејџерка сум и веќе некое време се осеќам чудно. Не знам дали "депресивно" би бил точниот збор. Долго време барам решение на форумов и ете денес решив да си направам акаунт и да пишам. Уште пред околу 5 месеци забележав големи разлики во однесувањето и општо во мислите. Ми беше смачено до толку што барав начин како безболно да си го одземам животот бидејќи немам доволно храброст. Имав чести панични напади и благодарение на мојот дечко кој и покрај моменти кога го напаѓав, го вреѓав, го напуштав...ги надминав тие денови, па би можела да кажам и 2 долги месеци. Земав некои природни апчиња против стрес за кои не сум сигурна за името и мислам дека исто така и тие ми помогнаја многу. Потоа не секогаш бев нервозна, но еве веќе месец дена се осеќам пак па дури и полошо од тогаш. Добивам напади кога не знам што мислам и што правам и всушност го повредвам и мојот дечко што и тој е емоционално потресен но и покрај тоа се труди за мене. Се нервирам за мали работи и тогаш како светот да ми се срушил. Сакам да плачам, но не можам. Инаку до пред неколку месеци се олесвев со плачење, но сега све поретко го можам тоа (експлодирам во себе но не ми течат солзи). Инаку сум примерна ученичка, одам и по натпревари и мислам дека кој и да прашате сите имаат добро мислење за мене. И се како да не е доволно за моите родители. Никогаш не биле горди на мене, не ми рекле браво. Инаку често се расправаат и често ечат викотници од дома што и тоа многу ми влијае. Ме напаѓаат за многу работи. А еве веќе 9 месеци и како имам дечко (иначе првиот) кој многу го сакам и ценам но за мајка ми тоа е срам (што имам дечко). Не правам ништо срамно, одам в чаршија, се држам за рака и тоа е се. Во денешново општество децата од 14-15 год. што не прават и пак се гордост за мама и тато. Се осеќам отфрлено. Го колнам секој момент што дишам неможејќи од страв никако да си наштетам. Инаку се трудам да се контролирам најмногу што можам бидејќи и дечко ми има некои здравствени проблеми па со куп лекој е и знам дека му треба мојата поддршка но ете пак доаѓа моментот. Значи да зборувам со домашните не можам. Не знам ни точно како би ја објаснила целата ситуација, но ете ко притисната од секаде да сум. Се извинувам многу за долгиот реферат и се надевам на некоја добра идеја. Се осеќам малку подобро каде што некако се искажав...
    П.С. не знаев во која тема да постирам, па оваа ја најдов за најкомпитабилна
     
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Во темава имам пишувано ама до сега немам искусено вакво нешто и сакав да споделам и да прашам дали можеби и некој друг има ваков симптом. Значи веќе 2 месеци плачам секој ден, со саати и саати. Не можам да се исконтролирам за да престанам. Не чувствувам ниедна друга емоција освен тага, и понекогаш но ретко бес и лутина. Одам на терапија, пијам ад, вежбам, пробувам да зборувам со луѓе и да се социјализирам, ништо не ми помага. Закажав на контрола кај психијатарката, можеби мала ми е дозата ама стварно неподнослив ми станува животов. Си викам некој друг хормон да не ми е пореметен што волку плачам, веќе стварно не знам како да си помогнам.
     
  12. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Една недела пијам елицеа од 5мг ама уште полошо ми е. Откако ќе испијам се осеќам како да тонам, како да се губам во време и простор и после ме болат мускулите. Ова трае 2-3саати и после осеќам многу умор.
    Дали некој вака се осеќа од елицеата?
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Ова е нормална реакција со сите анти депресиви дур организмот е во фаза на привикнување. Прво станува полошо и после наеднаш станува подобро. Дај му уште малку време и ќе е во ред. :hug:

    Претпоставувам имаш и за скоро контрола кај специјалист, сите промени ќе му ги кажиш на следно видување.
     
    На ЕденЧлен и Caci55 им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Нормала фаза е тоа,ке помине да не се секираш,додека организмот ги навикне.Јас ги пиев 7 месеца,и премногу ми помогнаа,со тек на време се навикнав и не осеќав освен добро,никакви негативни последици.Веќе скоро 2 години не пијам ништо,и одам само напред.Со позитивни мисли,ке биде се во ред :)
     
    На Caci55 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Според мене депресијата е тивок убица.Те јаде те јаде, те срозува до момент кога те обзема и ти прави што сака.
    Доколку не се бориш со нејзе, јебига.
     
    На Meckicja и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  16. BlondWoman

    BlondWoman Нов член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Морам да напишам овде бидеејќи моментално немам посигурно место каде и кому би можела да искажам што чувствувам.Поминувам низ депресивна епизода (се надевам епизода) опкружена со многу луѓе а притоа знам дека никој од нив не е заинтересиран да ме разбере....Чувството дека веќе ја губиш борбата и контролата над сопствената среќа е ужасно.Пријателите и опкружувањето ми се луѓе без со желби за оговарања и плитки муабети и секогаш кога ќе им посочам дека тоа е погрешно тие ме напаѓаат и истакнуваат грешки кои јас сум ги направила некогаш во животот.Грешки како грешки не премногу страшни,грешки кои не повредиле и не влијаеле на никој друг освен мене.Секогаш по "дружбата" јас поминувам безсони ноќи повторни преживувааејќи и преувиличуваејќи ги сопствените грешки и тонам се подлабоко.Се трудам да мислам на успесите кои сум ги постигнала и да не дозволам сопствените мисли да ме загушат меѓутоа тешко успевам.Тоа што сеуште живеам со родителите и во многу мало место дополнително ме стресира.Секогаш кога се обидувам да се дистанцирам од дружењата со нив и да поминам повеќе време дома со себе се соочувам со критиките и неразбирањето од родителите при што се создава една слична епизода....Многу сакам да успеам да се изборам од овој хаос и знам дека морам тоа да го направам сама.Би ве замолила да ми кажете што применувате најчесто за да се ослободите од стрес,несоница и негативни мисли како би можела послесно да ја пребродам и оваа епизпда?
     
  17. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На Dalia93 и BlondWoman им се допаѓа ова.
  18. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Пиев елицеа и ми беше многу лошо и ги престанав од пред некој ден и решив да закажам преглед кај друг психијатар и ми препорача да направам психолошки тест да се утврди дали имам депресивна компонента како личност и да знае што да ми препорача да пијам. Некој да сподели искуство каков е овој тест, колку време трае, цени?
     
  19. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Здраво. По многу колебање решив да побарам помош, најпрво од вас. 4 години бев во многу лоша врска со психичко и физичко малтретирање. Излегов од неа, но лошото остана во мене. Функционирам супер се дружам, но порано бев личност што лесно искажуваше емоции, имаше многу енергија живост и желба за се. Сега некако се чувствувам како мојот живот да го гледам од страна, не се соживувам со ништо, се правам механички. Не ми се работи и понекогаш минувам неколку дена во кревет без желба да станам. Вака почна пред 2 години и сеуште трае, станува и полошо. Почнав да се плашам за мојот живот, се гледам дека пропаѓам а немам желба ништо да променам. Мислете дека треба да почнам со стручно лице? Дали мојата ситуација е за да се обратам на психијатар? Не разговарам со никој на оваа тема, едноставно целосно се затворив во себе, па ве молам да ме упатите како да се спасам. Депресија е ова или што?
    Извините на долгиот пост
     
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Сметам дека добро би било да се консултираш со стручно лице, може и психолог,психотерапевт. Ќе разговараш со него и самата ќе увидиш дали можеш да се справиш со ситуацијата и да се мотивираш за да промениш нешто. Доколку и после тоа не би можела да се чувствуваш подобро, иди на психијатар, и тој ќе те ислуша и може да ти даде лекови.
    Пс не е ништо страшно идење на психолог и психијатар. Таму идат сите личности кои чувствуваат потреба.
     
    На Meckicja и IAmPresident им се допаѓа ова.