Ијас се соочувам со истото, и незнам што да правам ова ме мачи долго време и мислам дека предолгото размислување премина во депресија, а другарките, уствари ако можам да ги наречам другарки, на училиште во лице, пред мене ме оговараат, шепотат, демек не ги слушам, одвратни се веќе, се подсмеваат, имам чуство дека сум везвредна, викаш дистанцираај се, ама 6 7 саати, 5 дена, истото па истото да се трпи не е лесно, често неможам да издржам и си одам на 3 час, дури и тие 3 ми се многу, што можам тука да направам, кога морам да одам, сакала неќела, знаеќи дека таму никој неме сака и сите ме гледаат со некаков презир?
Nisto ignoriraj gi drugarkite gledaj si go skoloto ono ti e najvazno a drugarkite koga ke zavrsis so skoluvanjeto nema ni da te poznavaat
Ако се случува булинг на школо, и школото има одговорност да преземе нешто. Кажи на класниот/та, отиди кај педагогот/психологот. Кажи им на твоите... Не смеат да ти го загрозуваат образованието. А ти го загрозуваат.
Друштво се променува. Многу лесно и тоа. И јас сум имала како твоите, се идеше некаде/се седеше на кафе и ако седевме таму 2 часа, 2 и пол часа во оговарање поминуваа. Црвената линија која ја поминаа за јас уште еднаш да не ги погледнам беше кога за наша познаничка која ради насилна врска одлучи да го абортира бебето и се потсмеваа "еј види ја онаа отишла на чистење ухухајуха". Запиши се на некој курс, теретана, почни да се дружиш со други луѓе. Не си венчана за нив, ниту пак ти се роднини. По ова си уште у средно, чекај ако отидеш на факс имаш цела нова група на луѓе. За почеток доволно е да се дистанцираш од нив, а после ќе видиш дека и расположението ќе ти се промени. Со токсична средина има само токсични чувства. Со лесно
Јас кога сум сама не се чуствувам толку депресивно, кога сум на работа супер ми е одам и во теретана, ама тие 6 саати од понеделник до петок се најголем проблем, јас имав проблем и со депресија сега сум подобра, ама тоа што се случува таму ме навраќа на депресијата повторно, несакам да кажувам дома, да ги загрижувам и нив, а ако одам по психолози, педагози, џабе е, ем ништо нема да направат, ем ке ми се смеат уште толку.
Ич не е џабе посетата на психолог. Јас бев малку поголема од тебе и бев после некои фрки што ги имав во животот. Мене ми помогна многу, дури успеав да исфрлам многу моќни апчиња, немаше веќе потреба. Човекот седна и го најдовме коренот на проблемот. И за тебе и за другите: посета на стручно лице не е никаков срам, лошо или пак значи некоја "болештина". Ако забележиш дека се однесува непрофесионално, издава лични информации или те повредува некако можеш да го пријавиш и да изгуби лиценца. Почни да се дружиш со луѓето од теретана, ќе видиш дека промена на такви токсични луѓе ќе ти донесе само добро во животот.
Не, мислев на "дригарките", себични се, мислат само на себе, негледаат како ми е мене кога ми прават така, битно тие да ја утепаат досадата..
Епа ете колку ти се другарки. Откачи ги ако прават така и сама судбината ќе те спои со нови другарки.
Хмм.. несе разбираме, заедно седиме, морам да седам со нив, принудена сум, немам каде, да можев немаше да доаѓам повеќе во овај клас, ке сменев нешто, ама неможам морам, порано излагавме заедно, сега не излагам со нив, затоа што се такви, надвор не се дружам ама во школо морам, тоа е проблемот, 6 саати морам да седам со нив, и лошо да се осеќам,тоа е.
Нема да ти се смеат. Како ќе ти се смеат, кога тоа им е работа? Плус, одговорност на школото е да обезбеди услови за непречено одвивање на наставата за секој ученик. Не само што нема да ти се смеат, туку имаш и основ да ги тужиш, ако не преземат ништо. И кажи им на твоите. Тоа им е работа на родителите: Да се грижат за децата.