Смири се прво на лист напиши си ги мислите проблемите што те мачат и пробај да се средиш и помогнеш Почни пешачи активноста е супер. Побарај помош и од психолог, продолжи со прихијатарот додека да се стабилизираш ама јас мислам дека ти треба и психолог за разговор. Со среќа и честито веридбата.
Од што се плашиш? Од дијагноза, ако ја имаш? Не е крај на светот. Милиони луѓе на светот живееме со некаква психијатриска дијагноза, па никому ништо. А и да не си и да си дијагностицирана, болеста си постои... ако воопшто ја имаш. Плус тоа, повеќето ментални заболувања можат да се контролираат со терапија... исто како повишен крвен притисок, или болки во р'бетот.
Ох да но сепак мене тешко ми е и со блиски да разговарам, не па со некој непознат. Иначе не мора да значи дека имам некоја психичка болест, оти сите имаме тешки моменти понекогаш.
Леле.. најлесно е со непознат. Ни ќе ти суди, ни ќе припаѓа од тага, ни ќе го изненадиш со нешто што ќе кажеш. Се имаат чуено, се имаат видено, и ако се професионалци, со ладна глава, непристрасно и без емоции ќе те посоветуваат. Никој друг не може така... ни другарка, ни сестра, ни родител, ни никој... Пошто сите тие луѓе кои ги знаеш, се емотивно врзани со тебе, плус, нема 'правило' кое би ги натерало да не бидат пристрасни и да не вовлекуваат предрасуди во советите.
Многу точно!!! Обично блиските немаат такво разбирање затоа што има една голема пристрасност спрема своето. Не џабе викаат најлесно можеме да се исповедаме на странец. Пример многу е лесно својот проблем да го напишеш на форум, одколку со некој близок да разговараш. Значи има нешто што те оттурнува од тоа да му кажеш на тој некој близок, затоа што длабоко во себе знаеш дека нема во целост коректно да те ислуша и советува. Баш ради таа пристрасност.. Мајка ќерка, мајка син, татко ќерка и слично...
Само едно ке ви препорачам никогаш не гледајте на јутуб некои самозвани мотиватори, психолози да ,а такви квази мотиватори за гледаност никако на мене барем лошо влијаеја како прво една вика ке се излечите ако имате голема подршка од родителите хелоуу некои немаат родители? некои не се сватени, или сами живеат тоа е голем минус такви совети.
Здраво девојки. Не знам дали е ова моево депресија ама веќе некое време се почесто се осеќам нерасположена, нервозна, немам желба за нешто да правам, се ми иде на карање, некогаш знам да се развикам наместо да објаснам, нетрпелива сум, многу работи ми сметаат, порано почесто плачев и така и ми олеснуваше, а сега не плачам само ми се тресат раце, тахикардија добивам, немир осеќам... Некако преосетлива сум. Немам мотивација да напредувам, да направам нешто повеќе за себе. И кога ќе се мотивирам, тоа кратко трае... Се запишав на фитнес, да си го исполнам времето после работа и кога сум слободна, ама ради ситуацијава и тоа не го правам. Од една страна се осеќам осамена, од друга страна пак некогаш осеќам како да не сакам никој во близина... Сосема спротивност на тоа што бев. И порано знаев да се изнервирам брзо, да ми смета нешто, но тоа беше ретко и кратко траеше. Сега ме држи повеќе, почесто се случува и не ми е јасно како да си помогнам. Не се гледам со другарки често како порано (поради преселба), а и кога ќе седам со некого правам некои општи муабети, не можам да се отворам, да се иснаприкажам како порано. Не знам како да си помогнам. Сите совети од вереникот не ми траат долго и пак си кризирам... Можеби, не е депресија, може ја утнав темата, но барам совет како да си помогнам... Можеби некоја има слично искуство. Ви благодарам. Можете слободно и во порака да ми пишете.
Zdravo devojki Imam anksiozno - depresivno ras Pijam Elicea 10 dena od 5mg , od vcera pocnav so 10 mg Ovas nedela se cuvstvuvam mn losho, nervozno , napnato, cuvstvo na vina itn Od koga pocnavte da osecate podobruvanje? Navecer nemozam da spijam kako nesto da me gori vnatresno, kako cuvstvo na griza, pijam dimitrin megutoa ne mi pomaga
Посети психолог мила, не слушај од тука дијагнози само мозокот ке ти го исперат, оди кај стручно лице.
Јас исто би ти препорачала да посетиш стручно лице односно психолог, во никој случај немој да размислуваш дали е срамота, што ќе речат другите затоа што најдобро од се е да се грижиш за себе. Според ова што го пиша немора да значи дека станува збор за депресија можеби е некој период што ќе помине, но тогаш кога ќе се најде причината за оваа состојба во која што си сега а за тоа само психолог ќе ти помогне. Верувај ми овде ако читаш совети и да не си ќе западнеш во депресија. Никако не се оставај само на овие совети овде. Менталното здравје е многу важно! Поздрав
Не знам дали е соодветно мислењево за тука... Последниве неколку месеци се соочувам со проблеми во помнењето и концентрацијата. Ми се случуваат некогаш депресивни епизоди, ама краткотрајни. Еден период си го припишував тоа на многуте обврски, а малку време. Факт е дека и тоа влијае. Кога ќе додам на тоа осаменост, многу зборува за проблемот. Опкружена сум со многу луѓе, ама малку се тие на кои им верувам. Тешко е да се опстои во средина каде што покажуваш подобри резултати од другите, тоа ствара завист и многу пати ми била избрана довербата на таа основа. Па често кога ми треба поддршка, немам на кого комплетно да се потпрам. Ако земам предвид и дека политиката ми е важен аспект, уште повеќе сум подложна на тоа некој да ме гледа како ривал, противник... А да не зборувам за луѓето кои се спремни да те измамат, да те вплеткаат во интриги, некогаш и закани, селективен систем кој упорно те дискриминира на политичка основа (кој почувствувал знае). Има денови кога се чувствувам како да не сум јас, едноставно не можам да се опуштам. Некое чудно чувство кое ми продуцира тага. Се разочарав и на љубовно поле, и тоа е само плус во целиот хаос. Љубовниот живот ми е нула, и заглавен на мртва точка. Никогаш да дојдам до тоа што го сакам јас. И по одредемо време се помирив со тоа, ама и те како фали конкретна личност. Земено се вкупно, ми ја проработи анксиозноста во мала мера. И добро се справувам. Се разбира, се беше добро на почеток и мислев дека сето ова е фаза, која ќе пројде. Но како поминува времето, почна да ми се чувствува на работењето (учење и други активности). Имам тешкотии при постигнувањето на резултатите од порано. Не можам да запомнам, не зборувам тука за некои секојдневни нешта, туку за стручни работи. Ниту пак можам да се организирам, порано си правев план и супер функционирав по тоа. Сега едноставно не сум способна, имам план, не можам да функционирам. Нивото на концентрација ми е многу слабо, ми треба многу напор да се концентрирам и тоа го губам брзо. А материјата со која работам е многу детална и многу бара. Ја сакам, сакам да се занимавам со тоа, ама не можам ниту да се концентрирам за да се посветам, ниту да запомнам како што треба. На моменти се чувствувам како да имам склероза, без навредлива конотација. Делумно почувствуваа и луѓето околу мене промена, се очекува многу од мене, едноставно така секогаш било, а сега се плашам да не ги разочарам и нив. Не знам дали е некоја физичка болест целиот тој проблем со помнењето и концентрацијата, или сепак се работи за депресија или некоја друга состојба. И секако, ова не го искажувам. Секогаш изгледам супер, средена, одмерена, насмеана, принципиелна, жива додека одвнатре како да умирам. Полесно ми е тука да се искажам, зашто не сакам да бидам предмет на сожалување или осуди. Дали некој се соочил со слично искуство, да сподели некој совет, или било што што може да разјасни зошто сум во ваква состојба.
Скоро постојано, да. Кај мене конкретно би рекла целава ситуација со коронава и те како ми влијае лошо на психа, иако делувам ко да ми е сеедно. Мислам дека ти е потребна промена во животот. Макар и мала да е. Премногу се оптеретуваш со други луѓе. Не се замарај многу за исполнување туѓи очекувања. Не ти фрлиле прирачник кога си се родила за да се замараш и да остваруваш некакви критериуми. Никаде не пишува направи ова, ова, ова. Треба да остваруваш само свои очекувања. Батали ги другите. Ако имаат очекувања, нека си ги остварат сами. Прави нешто што те релаксира. Ова ти е мислам од постојан стрес. Ти треба некоја активност, нешто што ќе ти ги оттргне мислите од целиот притисок.
Сум била во слична состојба. Јас бев на дно, ама скроз, сегде ме носеа, не бајачки биоенергија и сл. Некогаш си даваме премногу обврски себеси. Треба да запреме со обврски и да одмориме. Земај одмор, никој нема фала да ти речи. Планина, природа. Јас сум тип а бе премногу работа си давам себеси. Која будлала бе. Уште и си прифаќам обврски од директорката, слабо ме плаќа ама ај. Сето ми е кнап. Во пмс сум ни дечко, ни секс, но внуката не сакам да ја видам. Депресија ли е? Анксиозноста ли е? Треба да добијам за некој ден. Тој ми вели не си сериозна, ко дете си, мозокот кај ти е. Зборувам непромислени работи, мозокот ми мсилси само негативно. А бе не ми се мрда од место, само дома Примам терапија, ама ај. Никако да појдам на контрола. Мисли за во иднина. Мажење Дали тој е тој Еднаш го сакам, друг пат не. Дали да одиме странство Како ке ми биди ко ќе живееме заедно Концентрацијата ми е 0. А порано бев сосема поинаква. Работни места сменив едно 3,4. Мислам збудалувам. Мојот лек : Yin Yoga Поќе мешање со народ Пешачење Витамин Ц 1000мг Цинк од 15мг Магнезум Комедии Книги Ма, да последните две некој слабо ми одат. Дали имаш пробано со психолог, психијатар? Сакам јас да ојдам кај некоја во Скопје, Ивана, позната била.
Потпишувам за ова! Еднаш мислам дека имам и пишано околу темата мотивациони говорници тука. Дали терапијата ти беше препишана од психијатар? И јас пијам Елицеа, на почетокот многу лошо ја поднесував. Имав гадење, нагони за повраќање, втроглавица и сл, како и изливи на бес и нервоза. За 2-3 недели се смирија симптомите. Консултирај се со лекар доколку навистина не се чувствуваш добро. Иако, јас верував во процесот и бев трпелива, затоа што кај Елицеата треба малку време да делува.
Добро што ти е на тебе проблемот? Не гледаш дека овде сите се трудат на некој начин да помогнат па дури и ти си давала совети. Гледам дека имаш проблеми со нервоза за кои е подобро да разговараш.
Верувам дека за недела- две ќе се чувствуваш подобро. Ако ти треба совет, подршка или што било, слободно пиши ми во лп.
Најпрво ви благодарам на поддршката Многу ми значи што имa некој што ме разбира. @Bezimenka90 во право си, особено делот со очекувањата. Некако премногу се очекува од мене, а за возврат баш и не добивам многу. @GirlLove @Bezimenka90 жалам што поминуваме низ ова, прочитав многу борба низ вашите постови, а и сама се борам со себе секој ден, па знам колку е тешко. Сум слушнала и јас за Ивана и сакав да закажам. Доста пофалби имаше. А на крај ми е битно само да се чувствувам подобро. Сакам да си бидам јас, без грижи и чувство кое ме јаде одвнатре. Многу притисок, малку искреност, синдромот на новото време... Не бира кого ќе погоди. Често и јас прибегнувам кон комедии, книги.... Шетање во природа. Убаво е сето тоа, ама нема ефект на долг рок. Ми фали тој момент подолго да бидам релаксирана. Ви испраќам многу поддршка и на вас Отворена сум за дискусија и тука и во лп, сакам да разменуваме искуства за да надминеме полесно.