И да имам и шо сеир ке гледаш и ке лечеш комплекси по форуми? Поарно да посети психолог на неа ништо не и е дијагностицирано само има симптоми поарно да оде убаво да се разбере да и кажат што е отколку овде да даваат разни дијагнози и лекови глупости, ако веке има некоја дијагноза од психолог поубаво да пишува искуства, за подршка и сл.
@SeaMermaid Полесно е да се справиме кога имаме поддршка и некој не разбира без да осудува. Разговорот помага и слободно можеш да ми пишеш ЛП. И да немам конкретно совет, во најмала рака спремна сум да сослушам. Би ти препорачала и јас разговор со психолог или психијатар. Сепак стручно лице знае најдобро да постапи. Во меѓувреме, што се однесува на концентрацијата, пробај длабоко дишење. Фокусирај се малку на дишење за да се смириш. Размисли што конкретно те мачи во моментот. Ако можеш да го решиш, направи план. Ако не зависи до тебе, е тогаш е потешко. Би рекла да не се нервираш за работи на кои не можеш да влијаеш, ама знам дека е лесно да се каже, а тешко во пракса. Се надевам наскоро ќе читаме промена на подобро.
Јас имав една сесија кај Ивана, не е лоша, пото асе префрлив кај колешка и Александра, мегутоа не гледам некое подобрување, тогаш за тогаш, после пак по исто
Здраво и јас патев од депресија и пиев елицеа и заласта се додека пред некој ден не отидов на црква и не се изнаплакав таму едно убаво оти многу тешко ми беше од депресијата и од тој ден се осеќам се подобро и подобро ги откажав елицеата не ги пијам веќе а заласта Др ми ги откажа нез дали се случи божјо чудо ама јас сум подобра и подобра
Немам ништо против религија меѓутоа сами откажување нагло антидепресиви не. Ве молам. Може да биде многу опасно и да заврши со трагични последици. И го нагласувам зошто луѓево очигледно тука бараат совети наместо од стручно лице.
Здраво прочитав дека сте имале искуство со Занфекса и мене ми е дадена пред 10 дена но на почетоков ми е многу полошо инаку и јас сум пациент на истата докторка од која сум презадоволнс прашањето ми е за колку време почнуваат да делуваат јас имам анксиозно депресивно растројство ...Извини на досада но ми треба со некој да споделам искуство ..Благодарам
Сите антидепресиви почнуваат да делуваат за две до три недели. Пошто се со одложено дејство. Прво се акумулираат во организмот, после се ослободуваат низ истиот. Ако нема подобрување за три недели, консултирај се со психијатарот.
Како што пишала @WildMk им треба најмалку 2 недели да дејствуваат, дури може да ти биде и полошо пред да ти биде добро. Дај им шанса 3-4 недели, и секако мора да појдеш на контрола за да ти ја регулира дозата. Да се надополнам може ефектот нема да биде преку ноќ туку постепено да почне да ти се подобрува расположението.
Моментално ми е полошо отколку што ми беше пред тоа денес бев на консултација после 10 дена како ја полнав занфексата и докторката ми го кажа истото дека им треба време и дека треба да достигнеме дозата која ми одговара па од 50 мг сабајле и 50 навечер ми ја покачи на 75 сабајле 50 навечер се надевам дека ке ми помогнат зошто вака не се издржува а и човек кога е вознемирен и да сака не му оди од рака да почне да работи на себе..Ви благодарам на подршката
Kaко би требало да се однесувам кон личност за која се сомневам дека има депресија, а одбива да посети стручно лице? Не сум сигурна дали е депресија стварно, ама можно е да е.. Секако дека не му поставив веднаш дијагноза, ама ме загрижува.
Само со разговор може се работи за нешто моментално што го тишти човекот а не му е дојден моментот да побара помош обично тоа е најтешкото да се побара помош
Не се разочарувај и откажувај, ќе видиш дека ќе ти биде подобро, само издржи го овој период и биди во контакт со докторката за било што.
И јас исто реагирам на почеток. Сите симптоми ми се 10 пати појаки и пострашни, додека не почнат да дејствуваат антидепресивите. Сум ги оставала и почнувала повеќе пати и секој пат е истиот процес, ама пошто веќе знам дека ќе ми е така, не се притресувам, само чекам да заврши. Ќе биде се' во ред Едино ако стане психотичен пациентот и ризик за себе и/или другите, може без негова воља да биде хоспитализиран, дијагностициран и третиран. Ако не, само од него зависи. Можеш да објаснуваш и убедуваш. Може ќе успееш, а може не. Од мое искуство, неуспешно е, се додека сам не посака да преземе нешто.
Не, не е психотичен до толку. Само има епизоди каде лошо се осеќа, се повлекува во себе, напади на бес, суицидални мисли. Инаку е весел, расположен, то ест се труди да биде. Пробав да го убедам за стручно лице, вели ништо не ми е, ќе помине. Ми кажува сѐ како се осеќа, како во мене да го гледа излезот.