1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Претпоставував дека не е, само ти објаснував како можеш да натераш психички болен да посети доктор, доколку сам не сака.

    Можеш ти да му бидеш поддршка и да го тешиш и пазиш, ама мораш и да бидеш свесна дека тоа ќе те истроши психички. И ова од искуство ти го кажувам.

    Понуди му заедно да одите.
    Може ќе му е полесно така...

    Стварно не знам друг начин освен ова.
    Евентуално да се консултираш ти со психијатар/психолог, па да ти препорача некое решение кое би било успешно...
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mony18

    Mony18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2017
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Ако во тебе го гледа излезот односно ако повеќе ти се доверува тебе и ако чувствуваш дека е по близок со тебе јас би ти препорачала да поминеш повеќе време со него доколку е возможно (секако не знам за која личност се работи). Така повеќе ќе добие и доверба и желба за се. Потруди се да поминува со тебе по весели моменти, но не ги избегнувајте ги и потешките теми, потруди се повеќе да го утешиш. Верувам дека се ќе биде во ред. Доколку се влошува побарај стручно лице ќе те насочи како да работиш со него доколку не сака самостојно да посетува сесии. :)
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Фала ти:hug:

    Мислам дека не е ни депресија, само лош период и дека ќе помине само од себе, но од друга страна и не би оставила туку така за после одеднаш нешто лошо да бидне.
    Тоа што е отворен со мене па до негде ми олесна што ете признал на некој и бара помош. Башка при разговорот со мене не ме изморува,, напротив смирено збори, а и јас сакам да му помогнам.
    Знам и претходно имал вака и било полошо.
     
    На Mony18 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Како може да не е депресија кога има суицидални мисли.
    Суицидални мисли никако не е нешто што треба да се остави да помине само од себе. И суицидалните мисли не се резултат на лош период.
    Ама секој треба сам да посака да оди на лекар и терапевт. Ти можеш да му помагаш колку можеш ама не можеш да го спасуваш, не си стручно лице. Не е ни ферски на тебе да се става таков товар. Според мене најмногу ќе му помогнеш ако пробаш да го убедиш да оди на психијатар и психотерапевт, двете да ги посети.
     
    На SnowWhite8, tina2018, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со @Mantub
    Не ми делува дека е ништо и дека ќе помине само од себе.

    Потребно е да посети психијатар за почеток. Треба стручно лице да одреди дијагноза и според тоа да одреди соодветна терапија.

    @Tan4ence мислам дека веќе си помогнала колку што можеш. Сигурна сум дека разговорот со тебе многу му помага, пошто знае дека има некој кој го сфаќа. Освен да го сослушаш и советуваш да посети лекар не можеш друго да направиш.
     
    На tina2018 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  6. Blazenka.G

    Blazenka.G Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2016
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Bezimenka90 и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    297
    Tocno taka
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    297
    Jas dojdov do depresija poradi toa sto ne zadovoliv nekoj !
    Jas sum cist primer :)
     
    На tina2018 и Meckicja им се допаѓа ова.
  9. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Другарка ми има депресија веќе долго време. Претходно се сечеше (self-harm), веќе два месеци го нема правено ова (се сече редовно 2-3 години). И кажав да оди на психолог, нејќе бидејќи не сака да пие апчиња. Раскина со дечкото овие денови, ми е страв да не си направи нешто, не знам како да ја утешам. Таа се уште го сака, а тој неа не. Како да ја убедам да отиде на психолог?
     
  10. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Ne samo psiholog I treba I psihijatar
     
    На tina2018, WildMk и poi им се допаѓа ова.
  11. Mony18

    Mony18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2017
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Ако единствената причина што не сака да посети психолог е поради тоа што не сака да пие апчиња секако психологот не може да ординира таблетарна терапија. Доколку ова се случува повеќе време под итно треба да побара помош од психолог. Можеш да и кажеш дека терапија со лекови не е единствен начин за лекување на депресијата и дека постојат повеќе начини, обиди се барем да се консултира со психолог и дека ќе и помогне дека ќе и биде многу подобро.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Што мислете терапијата е поуспешна кај биполарното пореметување или обичната депресија?
     
  13. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Едвај собрав храброст да кажам некаде како се чувствувам.
    Имав исклучително тешка година. Не знам од каде да почнам, но еве...

    Бев одлична ученичка во средно, немав некое преголемо друштво, но барем проаѓав повеќе време со луѓе, бев среќна и задоволна со својот изглед, врската ме правеше посреќна, не знам се осеќав жива и имав доста планови. Моите родители беа пресреќни со мене, професорите ме вреднуваа, бев сакана и од соучениците, беше се многу убаво. Имав добар живот.

    Се беше добро се додека не започнав со студиите.
    Општа медицина запишав и од тогаш мојот живот стана кошмар.
    Во оваа една година се поправив 15+ килограми. И циклуси менструални немам т.е имам на 3-4 месеци. Почнав и од стрес да се исфрлам по телото за време на испитна.
    Постојано плачам. Постојано сум нервозна. Постојано сум тажна.
    Повеќе никој не ме вреднува, повеќе немам никој до мене.
    Колегите не беа како старите соученици, професорите уште полоши. Навреди и понижувања на полагања, неуспеси, нова средина, се се одвиваше брзо, полагања на секои 3 недели, не можев да издржам.
    Колеги кои само сакаат да те саботираат и доколку не положиш испити не те гледаат, се од корист, а и секој те гледа како конкуренција и не сака да си подобар од него, секој гледа поголема оцена да има и да не му земеш стипендија. Плус сум во група каде сите се богати деца, родители имаат доста угледни, а јас сум дете на обични луѓе кои не се познати...
    Почнав да се плашам да одам на полагања, иако учев со месеци, таму кога одам готова сум да паднам во несвест. Не јадам пред испит, имам тешки главоболки, многу ми е лошо. Многу сум осамена. И згора на се не фатив услов за следната година.
    Не се осеќам како да добивам поддршка ни од партнерот со кој сме долго заедно. Како да не ме сфаќа сериозно за тоа како сум и низ што проаѓам.
    Згора на се и моите родители, ми велат залудно ми плаќале пари, не сум била способна да положам 3 сесии еден испит, ќе сум студирала многу долго, сум се затворила дома и ништо не сум правела.
    Им спомнав да одам на психолог, но ми велат дека тоа било глупост, сама ако не сум си се средила, никој немало. До некаде и сама сум свесна дека се е залудно ако сама не си помогнам. Но, не знам ете...

    Кога ги гледам сите околу мене среќни, имаат друштва, положија испити, среќни врски, отидоа и на одмори, си шетаат, а тука сум јас, никаде не бев ова лето, немам никого, пак не успеав во ништо, се мразам себеси, немам поддршка и разбирање од никого.
    Не сакам да се споредувам, но не знам ете посилно е од мене.

    Заспивам плачејќи, се будам исто плачејќи. За една година мојот живот се промени на многу лошо, не можам да издржам. Се мразам и себе и животот.
    Вчера имав напад, исфрлив се низ соба, плачев и урлав, сакав да ме снема.
    Се почесто имам суицидални мисли, а најлошо е што никој не ме забележува и мислат дека се е во ред со мене.
    Му спомнав и на дечко ми одоколу, ми вели само преувеличуваш, не знам што ти е на тебе. Но, никој не знае како се чувствувам. Безвредно и тажно. Кога се гледам во огледало се мразам. Остана само слика на некоја од минатото. Не сум таа весела и исполнета девојка што бев.
    Навистина не можам веќе.
     
  14. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    @petrova89 Колку помалку очекуваш од другите, толку помалку ќе се разочаруваш.
    Јас знам како ти е ама не очекувај подршка од другите, никогаш, знаеш зошто? Затоа што луѓето се такви, сурови, секогаш од корист им е се.
    Сум била во тој период, сама успеав да застанам на нозе, знаеш како? Со желба и волја и истрајност.
    Откако себе се ставив на прво место, се беше поинаку, не ги слушав другите, не ми беше гајле за туѓото мислење.
    Што се однесува за испитите, нит си прва нит последна што паѓала.
    Големо чудо ако си паднала и не си можела да одиш на испитите.
    Олабави малку, мирот и здравјето никој нема да ти го купи.
    Долг е патот до успехот само што се е во твои раце.
    Што се однесува до омаловувањето од сите останати, туѓото мислење ама воопшто не треба да ти е битно.
    Дали ти живееш за другите или за себе?
    Тоа нека ти биде дополнителна мотивација за да успееш, додатна.
    И знам дека ќе успееш, само пробај, ништо не губиш.

    За дечко ти, не знам што да ти кажам, не сакам да се мешам во туѓи врски ама ако не ти е подршка тоа е веќе проблем. Јас сакам мој партнер да ми биде подршка во тешките моменти.
    Ако не ми е тогаш подршка, ондак што ќе ми е и во периоди кога нема да сум слаба?
    Размисли, поразговарај повторно, одлучи.
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На Biny, Flowerezza, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.568
    Пол:
    Женски
    @petrova89 прво сама потруди се да го промениш начинот на кој гледаш на себе и на се' околу тебе. Ти ги гледаш проблемите. Треба да почнеш да гледаш на можностите. Немаш поддршка од никој, но можеш сама. Прво, во врска со изгледот, почни да вежбаш и воведи режим на исхрана. Тешко е на почеток, треба силна волја и упорност. Кога ќе ги видиш првите резултати од тоа, ќе биде полесно. Ќе ти се врати самодовербата, мотивацијата, волјата за уште повеќе напредок и уште подобра верзија на тебе. Ќе почнеш да напредуваш и на другите полиња. Можеш да положиш. Иако малку си заглавила, можеш напред. Не обрнувај внимание на другите. Не се обесхрабрувај. А на психолог можеш да појдеш без да знаат твоите за тоа, штом не те разбираат и поддржуваат. И уште ова, со позитивен пристап, не е толку тешко да се зближиш со колегите и да стекнеш пријатели.
     
    На Flowerezza, tina2018 и petrova89 им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    @petrova89 девојче мило, прво сакам да те гушнам најсилно :hug:, затоа што барем малку можам да претпоставам како се чувствуваш. Како студент на медицина, знам колку е тешко да се прилагодиш на новиот начин на живот, со полагања на секои три недели, со книги огромни...дури и на најодличниот ученик на моменти му доаѓа преку глава. Знам и дека како некој кој што бил вреднуван од професорите во средно, чувствуваш притисок и должност да го повториш истото тоа и на факултет. Меѓутоа, јас би ти порачала акцентот да си го ставиш на тебе и да си го направиш учењето пред се интересно и забавано. Смени го пристапот, труди се да гледаш оптимистички. Верувај, колку попозитивно гледаме на нештата, толку попозитивни се и резултатите.

    Сум плачела и јас, сум се нервирала и јас, сум паѓала испити, ама на крај сум сфатила дека колку повеќе се стресувам и нервозирам за факултетот и се што е поврзано со него толку поголеми проблеми си создавам. А и студент не е студент ако не паднал по некој испит во животот. Секогаш ќе имаш наредна шанса и прилика кога да го полагаш пак. Затоа, те молам за испити и факултет нервирање никако :).

    За почеток, ќе си направиш рутина на учење. Многу е важно да си го организираш денот на начин на кој што ќе имаш доволно време за себе. Да се прошеташ, да гледаш филм, да слушаш музика, да спортуваш. И време во денот кога ќе учиш. И ако секој ден се придржуваш до планот, нема да имаш никаков проблем во поглед на учењето.

    Друго, можеби можеш сама да си појдеш на психолог. Зошто да не? Не кажувај на никој, едноставно договори се, па појди на разговор. Верувам дека многу ќе ти помогне!

    И никакви суицидални тенденции. Факултетот, кога - тогаш, за 6 - 7 години ќе го завршиш, ама затоа прво и најважно е ти да си здрава и жива. Те гушкам уште еднаш, ако сакаш слободно може да ми пишеш во лп, ќе си разговараме :hug:.
     
    На Bubce38, marija305, Biny и 5 други им се допаѓа ова.
  17. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Девојче немој така да размислуваш во врска со себе. Секој е различен и на секој различни работи во животот му успеваат. За жал тоа е вистинската реалност на многу млади луѓе кои се притиснати од страна на своите најблиски да бидат успешни, да завршат факултет, да имаат добри оценки... И јас бев во слична ситуација како тебе кога бев на факултет. Го мразев факултетот. Кај мене тоа беше причината за слабиот успех. Иако на крај го завршив, никогаш не го засакав. Инаку студирав Економски факултет. Потажната работа од се е што сега морам да работам ' по струката' нели, за да се исплати тоа што ме финансирале од дома, или требало да им ги вратам парите. Нема врска, само сакав да ти го доловам фактот дека ' можеби тој факултет не ти лежи'. Замисли се дека тоа ќе го работиш цел живот. Дали го сакаш тоа? Можеби не го сакаш а не си свесна. Подразмисли сега пред да биде доцна, како што е доцна за мене. Јас ќе си бидам цел живот или сметководител на пример или обичен работник на производствена лента. Со задоволство ќе го работев второто ако не беше срамно за моите блиски. Јас живеам секој ден и вадам пари со нешто што психички ме истоштува затоа што не го сакам воопшто. Само размисли и ќе видиш во што лежи проблемот. Не е дека ти не си интелигентна, туку е до тоа што тебе ти одговара на личноста. Слушни ги малку Опра Винфри и Маја Анџело, зборуваат за ова нешто.
     
    На tina2018 и petrova89 им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се ти е заради тој глуп факултет ако нејкете не учете факултет сепак тој избор е ваш, 6 години се во прашање не 4 месеци... Многу треба време и напор, според мене појди на сихолог земи некоја терапија немој да се плашеш и да се чуствуваш осамено во денешно време секој 4 човек пие антидересиви и се осеќа многу поубаво со нив, смени го факулетот или едноставно откажи се и најди си работа и работи на себе теретана, прошетки, поднови се тоа имам да ти кажам натаму си е твое јас вака би постапила
     
    На Ace888, Meckicja и petrova89 им се допаѓа ова.
  19. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Здраво девојче!
    Најпрво сакам да ти кажам дека многу ми е жал што тој неизоставен дел и таа промена во животот на секој човек после завршување на средно толку лошо те погодила.
    Ќе почнам со изборот на факултет. Претежок факс кој бара максимално посветување и пак е знак прашалник дали ќе успееш. Треба голема подготвеност, најпрво психичка и материјална а и претходно знаење исто така. Јас мислам дека токму во факсот ти е и проблемот. Верувај, ретко кој завршил општа медицина особено во Скопје без да падне година, така да нека не те грижи тоа толку многу. Ама запрашај се дали воопшто ти сакаш да продолжиш со макиве или сакаш да се ослободиш? Многу е различен периодот од средно на факс и како гром од ведро небо доаѓа. Размисли си убаво и ако те измачува факсот откажи се! Нема ништо страшно или срамно во тоа. Не си се пронашла таму и тоа е тоа. Можеш да си најдеш некоја работа за почеток, па подоцна ако ти се јави желба за друг факс да си се запишеш пак. Или воопшто и не мора пак да се запишуваш. Прави работи кои ќе те прават среќна.
    Не сакам да се мешам, ама партнерот треба да ти е поддршка во овој момент, а тој тоа не ти е. Запрашај се и за ова прашање!
    Од другари и другарки, колку помалку очекуваш, толку помалку и ќе се разочаруваш. Златно правило. Секој се менува па така и тие од средно се смениле и не можеш ти ништо да направиш.
    На психолог можеш и сама да отидеш, не знам колку пари е, ама валда можеш да си платиш за неколку пати од заштеда и слично. Ако видиш дека ти е подобро(а и твоите дома да видат) верувам дека би те поддржале и би смениле мислење.
    Како и да е, добро размисли. Психата на 90% од луѓето што ги знам со моменталнава состојба уште толку им е уништена, па може и тоа да има мало но сепак влијателно значење.
    Среќно.:sun:
     
    На tina2018 и petrova89 им се допаѓа ова.
  20. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Благодарам на одговорите. :):hug:
    Инаку си го сакам факултетот, но околината ми ги отежни условите. :(
    Не е дека немам ништо положено од 14-15 предмети. 5 предмети ми останаа од кои 3 услови и се разочарав дека скоро ништо нема да можам да слушам сега во следнава година.
    Сакав да одам во Штип ама моите не ми дозволуваат.
    А и финансиите ми се проблем, не сме баш во најдобра финансиска состојба и моите се нервозни поради тоа.
    Порака ми пишаа неколку колешки, ми дојде убаво што ми се колеги врсници и до некаде може да ме сфати некој колку толку, @ElenaOfRivendell, @Dream-Girl фала ви многу и на вас. :hug: @Peperutce1115 и на тебе ќе ти пишам. :hug:
    Мислам дека доста ми доаѓа убаво разговор со некој што до некаде може да ме разбере.
    Може проблемот во врската е што дечко ми не студира и не ме разбира баш. Според него залудно сум се замарала за факултетот и не ме разбира воопшто... Може и не сум му веќе убава бидејќи не се дотерувам толку како порано и не сум ни толку слаба, па некако и се оддалечивме... Можеби и ја сум виновна за тоа што во целиве проблеми постојано бев тажна, но од него очекував малку повеќе разбирање.
    Во живо немам со кого да зборувам, па добро ми дојде и ова...:(
     
    На marija305, tina2018, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.