бев кај една "докторка" пред недела дена , зашто му се качив на глава на мм , рече ќе се смират хормоните ќе се среди се , оваа недела малку подобра сум ... не беа стандардните симптоми на постпородилна депресија туку едноставно неколку семејства и долгогодишни бракови околу мене на блиски луѓе се распаднаа и мене ми проработеа бубачките во глава тоа беше како шлаг на целата напнатост ...
Разговаравме на лајф со психолог Александра Петровска на тема Депресија - скриената пандемија, кои се симптомите и кои чекори да ги превземеме за да излеземе од тој темен тунел. Повелте линк од снимката, се надевам ќе ви биде од корист: https://www.instagram.com/tv/CKSArqmnKSr/?utm_source=ig_web_copy_link
Имам читано дека можно е да се здебелиш од антидепресиви. Е сега прашањето ми е следно: дали е возможно покачен апетит? И двава "симптоми" по 4-5 месеци пиење антидепресиви. Ме интересира дали може да биде од тоа.
Што кога и посетата на психијатар не помага? Нити терапијата што ја прима? Искрено многу сум загрижена, душава ми се кине. Никого не сака да послуша, секој ден истиот муабет и го правиме, секој ден разговара со психијатар и пак ништо..
Мене неколку пати ми ја смени психијатарот терапијата, се' додека не покажа последниот избор успех. Пијам асентра, хелекс и занфекса. Сепак секое апче на секој организам различно делува. А па повеќе и до психата е. Во однос на психијатарот, имав среќа матичниот да ми препорача одлична докторка и сум презадоволна. Е сега еве некој совети од лично искуство: не и' зборувајте ништо негативно, не ја осудувајте или не и' се дерите во никој случај. Лице што се соочува со депресија има најмногу потреба од поддршка, особено од лоцата што ги сака. Мене многу ми помага прегратка од саканите и некои добри зборови кажани од нив. На пример се топам кога дечко ми ќе ми речи "не можам без тебе" или па "биди тука". Тоа ми дава мотивација и смисла за живот. Пробајте со друг психијатар, психолог. Исто така и разговорот со докторката многу ми помага, бидејќи таа е секогаш позитивна. И без грижи и без осуди! Јас верувам дека за се' има решение и дека се' е минливо. Дај боже личноста да се чувствува добро наскоро.
Да можно е. Технички организмот после тој период веќе почнува да ти се смирува и ти е колку толку прилагоден на апчињата, и дел од апетитот претходно што си го немала ради тага/анксиозност и слично се враќа. Плус бидејќи сепак се хормонски апчињата како да те дујат. Јас два пати сум на апови, двата пати многу се поправив.
Не сакам да тврдам дека моментално имам депресија, иако во теков на мојот живот сум запаѓала во некои состојби на сожалување, ништо не ми чини, јас самата не чинам и сл. и сега кога пораснав сфатив дека да, тоа можеби било предизвикано од пубертет, промени, незадоволство. Последнава година како повеќе се осигурувам во себе, имам појасни цели и замисли и стварно одамна се немав почувствувано депресивно, баш напротив возбудено. Но, при крај на декември почнав многу лошо да се чувствувам, како бомба што ќе експлодира, а претходно преживеав трауматични и стресни ситуации заради Ковид компликации на мој родител. За среќа сè заврши океј. Неодамна дознав дека почина родител на личност во којашто сум заљубена, а не сме заедно (бидејќи не ни знае за моите чувства). Оттогаш премногу лошо се чувствувам, претажно, срцето ме боли и не знам што да направам. Немам волја да станам и да се занимавам со други работи, кои патем и морам. Чекам само да помине ова чувство, ама не знам уште колку бидејќи многу се сочувствувам со нивната загуба, најверојатно затоа што јас искусив на своја кожа и дефинитивно ќе бев во многу лоша состојба ако не дај боже завршеше со смрт. Не знам како да се справам со ова, бидејќи отсекогаш сум ја поврзувала мојата депресија со мисли, мислите се тие кои што ми штетеле, па сум работела на тоа штом ќе го најдев изворот. Сега немам негативни мисли, туку чувства, тага! Ми тежи на срцето и не исчезнува. Што мислите? не постои ли друго решение освен... да помине време?
И време треба ама сепак треба свесно да размислиш и да се смириш самата. Психијатри и такви работи не би ти препорачала, јас лично имам одено по тие врати и нема фајде (ако веќе ептен е нешто многу сериозно да не можиш да се контролираш-тогаш) само ќе се труиш со апчиња и кога еден ден ќе размислиш и ќе сватиш дека се е воа твои раце. Јас загубив мајка(која имаше само 44 години) пред 5 години, болка, гнев, тага сите овие години, се додека не го запознав мојот сопруг, шо ме врати во живот, се додека не се земавме, па почнаа проблеми со свеквра ми. Сега чекаме бебе, а јас овие денови сум под таков стрес и нервоза, од низа нервози и како тоа за се јас сум крива, од сите сум нападната, (да напоменам ниту немам брат/сестра) ... Не ти ја потценувам состојбата ама има ногу полоши ситуации, затоа биди храбра!
Мислам дека запаѓам во депресија, не ме прави ништо среќна, ги положив сите испити но само моментално се почуствував среќно после тоа повторно исто,почнувам да се запрашувам и што кога ке станам утре кога пак се истото ќе се дешава,не ме исполнува ништо и одење на кафе со другарки и сл, со кого и да започнам нешто емотивно се пропаѓа веќе самодовербата ми падна на 0 по последната пропадната емотивна врска уште пред да започне, незнам што да правам понатаму, и кога седам во дневна и коа ќе се сетам на тоа дека ми пропадна и последната врска уште пред да ми започне ми доаѓаат солзи незнам навистина што ми се случува еве и сега исто солзи...
Не мисло лошо, па што ако пропаднала т.н. "врска"? Доколку тој бил вистинскиот, тогаш ќе останел и во иднината. Чим останал во минатото, со причина е таму. Мисли си вака. Честито за испитите! Не секој го успева тоа. Бара напорна работа и големи живци. Значи ти се истаквиш скалило погоре од некој други (без навреди). Најди си некое хоби и пробај да го исполниш времето со активности за да не остане време за лоши мисли. Пример може да почнеш некој online-курс (можам да ти предложам страни за бесплатни курсеви доколку си заинтересирана), учи нов јазик, спортувај, сложувај сложувалка, инсталирај си некоја занимлива игра на телефонот итн. Биди силна, се' ќе помине мила.
Сакам да прашам дали има некоја слушнато за дрмање во глава или имала искуство? Незнам дали е можно од депресијата да е појавено ова дрмање или од апчињата, ама колку што е проверено на интернет не е можно да е последица од апчињата.
Да споделам искуство: кога и да се осеќате депресивно, нервозно, имате паничен напад или сл. земете палете ќибритчиња и дувајте ги. Мене многу ми помага.
Или држете коцка мраз. Совет од психолог ми е. При анксиозни напади и панични напади тоа го правам ако сум дома.
Мојата психичка состојба ме загрижува, буквално секој ден плачам. На домашните ми е незгодно да им кажам, има реална причина, само не знам зошто толку ми е тешко. Кажете ми некоја техника да се смирам, оти пропаѓам во депресија, се плашам да не се влоши.