Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Ако навистина секој ден плачеш, треба да поразговараш со психолог. Сметај на тоа дека ако имаше пример мигрена, ќе разговараше дома и сигурно ќе одеше на лекар за испитување и третман.
    Ова е исто, само што болката е психичка а не физичка.
    Не постои рецепт за избегнување страдање, најубаво е со стручно лице да зборуваш.
     
    На edna_malecka, WildMk и Celltica им се допаѓа ова.
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Не би се сложила со тебе, луѓето оправдуваат физичка болка, психичка не.... Моите само би ми рекле, абе ајде ништо не ти е. Не е тоа проблем, не се секирај. Толку. Ќе остам само да се реши, ако стани полошо - госпо нека ми поможи. Ми се смачи од разочарување.
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Психичка болка е некогаш пострашна од физичка. Ако те боли глава имаш избор: Парацетамол, Бруфен, Номигрен итд итд...и чекаш да делува за по пола саат да ти е подобро во душа и глава само ти ја осеќаш тагата, и нема брзо решение.
    Ако твоите не сфаќаат, сигурно има други луге околу тебе, другарки, пријатели, роднини кои ќе те ислушаат барем.
    :hug::hug:
     
  4. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Не мора да им кажеш за да побараш стручна помош. Да плачеш секој ден не е недостаток, дури и олеснува. Пробај некои техники за дишење или како што кажав погоре пали ќибритчина. Читај некоја книга, гледај филм/серија, излегувај почесто. Едноставно исполни си го времето со повеќе активности. Би ти го препорачала и чајот на Franck - синиот, што пишува Calm на него. Една шолја со чаша мед е одлична комбинација за опуштање.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Не мора да знаат твоите дека си била на психијатар/психолог.
     
    На LaTama и poi им се допаѓа ова.
  6. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Дечки здраво на сите,

    веќе подолг период од различни проблеми некои почнав се повеќе да се изолирам, моментално не работам и по цел ден дома... Состојбава ми се влоши ептен последните месеци кога дома во фамилија на мој близок открија здравствен проблем и мораше на итна операција од која уште чекаме резултати но се сомневаат за лошо дури ни дадоа и некаква дијагноза веќе ама со сигурност ќе се знае откако ќе се добијат резултатите. Човекот си немаше никаков физички проблем случано се откри и набрзина бидна но со оглед дека и самава операција докторите рекоа дека е животнозагрозувачка ете ослбнат е, полека закрепнува но од човек што беше физички активен да го гледаш ослабнат и како се храни како за бебе ме погоди ептен! Постојано го молам Господ за да добиеме бенигни резултати и да се вратиме во нормала но ситуацијава секојдневно ме убива. Постојано мислам на тоа што може да се направи како што и се така во круг но веќе не спијам, се будам во текот на ноќта.. Преку ден немам волја за ништо, ниту сила, лежам и кога сум сама си плачам. Сама си препишав хелекс со нив малку подобро но немам желба ни од кревет да станам.. Мм си тера на работа и бидејќи испаничив пред него во неколку наврати ми кажа дека јас сум негативната и дека не можел со мене повеќе, дури престана и муабет да прави а јас баш напротив мислам дека не најде никакво разбирање дека целава ситуација ми е шок и дека душата ни дење ни ноќе не ми е на место.. Кога заѕвонува мобилниот постојано мислам дека се јавуваат од болница да кажат нешто лошо не дај Боже...
    Инаку да не заборавам побарав помош од психијатар и не ми помогна апсолутно ништо... Некој што минувал низ вакви ситуации да каже како се справил...
     
  7. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.476
    Не треба на своја рака да земеш лекови. Си била на психијатар, требало да прашаш он да ти препише. Колку време одеше? Дали беше целосно искрена со психијатарот?
     
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Машки
    Хелексот не препорачувам да се зема на своја рака.
    Ако не ти помогнал психијатар, пробај со психолог...би можел да ти помогне со ситуацијава.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Оди кај друг психијатар.
    И друг, и друг, и друг, ако треба.... додека не најдеш некој што ќе ти помогне.

    А мажот ти е говно, да ми простиш.
    Поддршката од блиските е една од најбитните работи при било каква болест.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Физичката болка ја гледаме сите, пример повреда некоја и рана, се гледа крв дека тече и дека боли. И на сите им изгледа страшно и можат да видат колкава болка чувствува личноста. А психичката болка не е видлива, и ако не се отвориме да кажеме никој не се ни сомнева низ што минуваме. Иако не гледаат лошо расположени тоа го припишуваат на замор и секојдневни проблеми и никој не се труди да разбере. Дури некогаш и да кажеме како се чувствуваме ќе ни кажат дека премногу се замараме, имаме слободно време, немаме обврски, се си ставаме на душа. Или некој кога ќе ми каже "Ај олади, не се замарај" .. Хаха како мене не ми текнало на тоа?

    Минував низ слични ситуации во повеќе наврати. И не, грешиш ако мислиш дека само од себе ќе помине и дека ќе си земеш терапија и ќе го решиш проблемот. Јас не сум против терапија, иако знам дека не го решава проблемот туку само моментално помага, некогаш е навистина потребна. Минував низ депресија кога почина мајка ми. Чекав со месеци мислејќи само од себе ќе помине, а тоа започна уште пред таа да почине кога дома гледав се и сешто, гледав како пропаѓа и се менува од една личност стана друга. Не помина само од себе, но среќа татко ми не беше човек кој се срами од психолози и психијатри и не му беше гајле што ќе речат луѓето. Сменив 3 психолози кои не ми помагаа само апчиња ми препишуваа. Потоа четвртиот психолог ми помогна да си го решам проблемот, и бев добра се до пред 1 година. Потоа пак ми се активираше депресијата, за жал немав такво разбирање од сегашната фамилија, посебно сопругот. И не ми помогна никој, скришно заминав на психолог неколку пати. За жал не кај истиот кој ми помогна претходно бидејќи не можев дури до Скопје да одам поради бебето. Но сепак не оставив "само од себе да помине" и не земав лекарства на своја рака. Иако знаев отприлика што сум пиела претходно не се дрзнав да си пијам на своја рака. Депресијата сега не е толку изразена, анксиозна сум се уште, но барем научив нападите да ги контролирам и да се смирувам некако. Лекарства воопшто веќе не пијам цели 3 месеци. Потреба од психолог има! Секогаш кога се двоумиш дали треба или не треба да одиш значи дека ТРЕБА .
     
    На NewMommy, nevermet18, Филотеа и 3 други им се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Добредојдов во клубов.
    Го нспуштив клубот на анксиозност, дојдов овде.
    Можеби во двата ќе бидам.
    Зависи животов како ќе ме ј*е.
     
  12. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Дечки последно се' осеќам супер, но на моменти се чувствувам осамено. Немам најверна другарка или па воопшто другарка. Едвај 2-3, а да не зборувам со месеци како ме одје*уваат кога ќе прашам дали се слободни да излезиме. Излегувам често со дечко ми и тој ми е и најдобар другар и се'. Е сега осеќам некоја љубомора и кривица во самата себе кога тој е излезен со друштвото (последно и јас излегувам некогаш со нив). Пример јас сум дома, а тој некаде се забавува со некого. Мене баш ми е мило за него, но ете јас се осеќам љубоморно затоа што јас немам друштво. Последниве денови се зафатив повеќе пати каде што "овертинкувам" на оваа тема и се плашам дека повторно, барем малку, ќе западнам во старите депресии.
     
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Сакам само да си плачам, да си плачам. Се осеќам осамено. Не сакам да одам никаде. Сакам само дома да седам. Се осеќам небитно, отфрлено.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.225
    Допаѓања:
    16.482
    Што е проблемот?
    Пиши ми лп
     
  15. babybells

    babybells Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    52
    Можеби темава не е баш обработена со оглед дека има околу 90тина страни.. но небитно, сепак се решив да напишам. Сакам да замолам некој кој би сакал да биде инпровизиран психолог да му раскажам неколку работи да ми пише на приватна порака, ќе ми биде од огромно значење.
    Совет за сите млади девојки овде, се се поминува каков проблем, период, стрес да преживувате на крајот ќе ќе се надмине. :):):)
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе пати сум паѓала во депресија.Еднаш аптекарката ми рече дека антидепресивите кои ги препишуваат те туркаат во поголема депресија.Дали некој од вас што е во депресија досега имал суицидни мисли?
     
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    14.880
    Пол:
    Женски
    Запиши се на нешто. Дури и онлајн да е, ќе запознаеш нови луѓе, ќе комуницираш, а може и ќе се зближиш. Не сум за да ги молиш другарките. Остави тие тебе да те бараат, но не оди со нив ако имаш нешто испланирано па да си го менуваш планот баш за нив во последен момент. Нема зошто да љубомориш на дечко ти, не значи дека ако е со друштво оти ќе те заборави. На крај краева, короната е тука и кај може да оди? Кафичи не работат, нема апсолутно ништо што да се прави освен кафе за носење и пешачење. Ќе играат некои игри на компјутер и тоа е. Ако сакаш предлог за онлајн, можам да ти пишам во лп каде можеш да се вклучиш.
     
    На poi, Meckicja и Dominik им се допаѓа ова.
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Аптекарката очигледно врска си нема од животот
    Нус појава при започнувањето на антидепресивите може да бидат суицидалните мисли ама тоа на почетокот во првите недела две. Ако продолжи подолго од 1 месец без подобрување тогаш треба лекарот да ја смени терапијата.
     
    На sweet-cherry, ElenaOfRivendell, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.133
    Допаѓања:
    174.785
    Пол:
    Женски
    Во кој контекст ти го рече то? :о

    Антидепресивите првите две- три недели до месец али преку сила ова, во период на прилагодување имаат таков сајд ефект. Фактички станва полошо пред да стани подобро. И зато тој период се препорачва интензивна терапија и да си постојано со некој близок за да не се осетат толку ефектите. Во овај контекст да не мислела?
     
    На Na.talia 24 и violetblue им се допаѓа ова.
  20. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Мене диазепамот знаел да ме дотепа иако еден период го пиев во количини за гинис
     
    На SnowWhite8 и Meckicja им се допаѓа ова.