јас мислам дека е подобро да посетиш некој добар психијатар бидејќи кај нив не одат само психо прореметени луѓе туку и оние што се во депресија..Знам колку е тешко кога си во депресија имаш чиство дека не припаѓаш тука ,дека сите те мразат и дека си сам на светот,но не е така секогаш треба да веруваш во себе и да се стремиш да си ги исполниш своите сни..А по мене не ти е потребна сакана лицност да е покрај тебе за да се чуствуваш ОК..Исто така не треба да помислиш да се убиеш бидејќи така само ке ги усрекиш дусманитееее..Поззз
Се чувствувам лошо.онака наеднаш од нигде никаде,а не знам ни зошто...Имам вакви периоди често,незнам што ми е дали има воопшто нешто за нервирање со причина,или е без причина...незнам како да опишам ама кога ме фаќа вака СЕ МЕ НЕРВИРА,а незнам зошто,ништо конкретно не ме мачи.
последниве 2/3 дена сум во ужасна депресија...не знам што ми се случува ноо едноставно ми фали нешто...нејќам да зборам со никој, нити па да видам некој....
И јас сум во депресија деновиве... Се ми се собра... И здравје,и љубов,и дома... Немам желба ни до ВЦ да отидам,се правам со мрза,онака...1 минута плачам,па се бедирам...ватевр...
На пати,кога сум сама дома,мм на работа, никој познат во близина, сите 20000км џенем, по некој пријател, ама сите по работа, со обврски...И тогаш таа проклета смаотија ме убива и оп знам да паднам у некое малку депресивно стање кога сите блиски ти се далеку, а ти имаш очајна потреба за блискост
Имав еден таков период кога бев 4та година средно, значи пред 2 години. Релацијата ми беше само школо - дома и толку. Никаде не излегував, не одев на гости, не се гледав ниту со другарките, ниту со момчиња. Се затворив дома, се оддалечив и од моите. Сите забележаа дека се сменив драстично, и професорите и домашните. Сеуште не знам кој филм ме удри тогаш и што ми стана така наеднаш, ама знам дека ми беше многу тешко да гледам среќни и исполнети луѓе, и затоа избегнував контакт со таквите. Тој период траеше речиси цела школска година. И матурската прослава ми беше за никаде, не се чувствував добро. За среќа, само што завршивме со матурата и полагањата, се вратив вистинската јас. Почнав да излегувам со другарките, се смеев, се радував на животот. Од тогаш, не сум имала такви моменти, не ни сакам да ги имам, но некогаш кога ќе се сетам, си мислам како сум дозволила да бидам толку слаба личност и зошто се променив наеднаш??
i jas isto se custvuvam veke 6 meseci,otidov na psihijatar i mi preppisa edna terapija ja pijam veke dve nedele pa ke vidam inace imam kerka tri godini no mene ne fati od pregolem stres ima li lek za ova ke pomine li nekogas se plasam deka ke ostanam vaka zasekogas
Депресија или созревање? Во последно врме и јас се затворив во себе .. додека пак порано бев мн ведра и насмеана личност а сега како да сум алергична на тоа бегам од сите се затварам во себе со никого не излагам .. неам другарки па и сингл сум :/ ситуацијава ми е ужасна
Депресија или созревање? Зошто мислиш дека е ужасна? Зарем другарките и дечкото се се во животот? Јас мислам дека ти само си бараш причина за да бидеш несреќна. Затоа главата горе, бидејќи животот е една прекрасна приказна со многу подеми и падови и секогаш знај дека не треба да очекуваш од небо да ти падне среќа. ТИ мораш самата да си го направиш тоа за себе. Запиши се на курс по јазик, најди си некое ново хоби, нешто што те интересира. Ем ќе си бидеш ти самата за себе исполнета, ем можеш да си најдеш таму еден куп другарки со кои ги делиш истите интереси, па може и по некој дечко да падне. Почни да се храниш здраво, вежбај, пеј на цел глас, сакај ги луѓето околу тебе и подарувај им насмевки на сите, познати и непознати, мали и големи, бидејќи на тој начин ти си магнет за луѓето. Кога си среќна зрачиш со една волшебна енергија што ги привлекува луѓето кон тебе. Живеј си го животот за себе, не за другите и не се затворај, отвори си го срцето за нови искуства бидејќи еднаш се живее. Направи го секој ден посебен! Секој ден е нов предизвик и нова можност да го дадеш најдоброто од себе. Се надевам дека ти помогнав.
Депресија или созревање? Секој ваш одговор ми помага да си го подигнам и зацврстам сопственото Јас .. но навистина ми е тешко коа ќе дојде викенд а јас останам сама дома додека др се забавуваат .. тоа ме уништува сосема .. за тоа нема лек :/
Депресија или созревање? Сум имала вакви периоди, незнам дали бев во депресија но знам дека бев многу блиску до тоа. Тоа беше времето кога седев сама, затворена меѓу четири sида, разочарана, мислејќи дека немам никој и дека никој не ме сака и не ме разбира. Самодовербата ми беше сведена на нула. Знам дека бев во пубертет, но од друга страна ништо во животот не ми одеше како што сакав-ниту школото, ниту имав вистински другарки, а за љубовта не треба ни да спомнувам. Се чувствував немоќно, а ниту со родителите немав добра комуникација. Буквално незнаев што да правам со себе. Се нервирав за ситници, секој ден плачев... Не сакав да правам ништо, само да останам дома и да спијам. Како што поминуваше времето станував свесна за своите квалитети, за тоа дека јас самата можам да го променам тој начин на живот, само со силна волја. Работите почнаа да доаѓаат на свое место, полека но сигурно. Пред се, почнав повеќе да зборувам со моите, во школо веќе не бев толку затворена во себе и почнав да се дружам и да излегувам. Сакам да ви кажам дека не смеете да се затворите во себе. Тоа е само еден лош период кој ќе помине.
Депресија или созревање? Прво ,да напоменам дека имам 21 година . Ми се случија многу несакани работи последниов период (2 години наназад) ,ја искусив горчливата страна на животот. Друштвото скоро и да се распадна, најдобриот другар е во затвор ,се ожени и разведе од најголемата наркоманка и к**ва во градов,згора на тоа и дете му роди.Нејсе.Се срамев да излезам некаде со нив ,не сакав никој да ме види посебно со неа, а морав да ја трпам ,жена му беше. Тој отиде в затвор - таа легна со друг наш другар. Замина и тој .Заминаа и другарките од средно,се оддалечивме ,здивеа... На факултет се запишав не од што ме интересираше ,туку да не останам со средно.Бидна и тоа,ми остана уште еден колоквиум. Но,што потоа? Се оддалечив од сите,намногу од емоциите. Одненадеж,престанав да чувствувам радост ,да се смеам од срце, да се радувам кога ќе се присетам на некој спомен,на некој успех.... Често ми излетуваат груби зборови,а на крај памет не би ми паднале во нормална состојба ,а не пак да ги изречам и тоа в лице ,ги повредувам сите со тоа мое однесување. Ми делува како некаков штит ...Погрешен... Во последно време и финансиската состојба не ми е баш сјајна, а не одам на работа ... Сакам повторно да се радувам и да уживам во животот ,да не ми биди досаден секој ден и покрај бројните задолженија кои самата си ги давам за да не мислам на лошо (ете,вежбам,чепкам низ куќа ..) Ме боли тоа што ми замре инспирацијата ,не можам повеќе ни да пишувам ... Што е ова со мене, што ми се случува? Јас не сум повеќе ведрото девојче кое ги развеселуваше сите и кое беше сакано од сите... Сега веќе и самата се мразам... Од моите доблести не остана ништо...Речникот ми се сведе на 0,се само пцости и погрдни зборови ... Ми се чини дека затупев емоционално и интелектуално.... Може ли некој да ми помогне?
Депресија или созревање? Не сум многу стручна па да ти објаснувам теоретски али онака лаички читајќи го твојот пост, кратко и јасно ,, ти фали социјализација,, и се чувствуваш осамено. Еве привршуваш факултет па ќе бараш работа. Ќе се соочиш со многу поголеми проблеми...едноставно ќе се најдеш на следна раскрсница каде што треба да решиш по кој пат ќе одиш. Едноставно треба да се пронајдеш самата себе си и да си зацрташ некоја цел, кон што ќе се стремиш. И самата кажа што ти е погрешно и лошо, па тогаш решавај го проблемот. Тргни ја на страна лошата околина а барај ги вредностите и остани во нивно присуство.
Депресија или созревање? прво, жам ми е за тебе и за тоа што си го доживеала, секој поминува низ тешки работи во животот, додека не го искусиш горчливото неможеш да го пробаш слаткото, едноставно девојко ти чувствуваш осаменост ,пред се треба ти самата да си помогнеш и да ставиш прст на глава до каде си стигнала и што си направила од себе.. додека ти самата не одлучиш што и како треба да постигнеш во животот никој неможе толку добро да ти помогне.. се наајубаво
Депресија или созревање? Всушност ако не си поставиме некоја цел, тогаш се осеќаме како изгубени и осамени ии баш се ни е исто .. затоа поставете си своја цел ии одете кон нејзиното исполнување .. а до патот на тоа ќе сретнете безброј работи и проблеми .. баш ова го сватиф последниве неколку дена