Ми се случува да ја заборавам да ја испијам терапијата која се состои од две апчиња најчесто насабајле и цел ден ми е хаос и ни ми текнува дека не ми се испиени.Кога ќе дојдам вечер во 21.00 да ги пијам вечерните ќе приметам и тогаш ми станува јасно зашто цел ден сум се осеќал така лошо.Дали и на вас ви се случува ако скокнете една доза толку да ви се одразува на расположението во текот на денот??
Нема врска депресијата ако не се третира со антидепресиви многу ке има самоубиства, 80 посто се лече зависи кој лек ке ти го даде ако е погрешен секако ке имаш нус ефекти, мани аптекарките слушај психијатри,
Антидепресивот може и ефектот да го покаже и после неколку месеци, познавам случај кој после 6 месеци се препороди.
Не делуваат акутно антидепресивите, што значи, не може да осетиш симптоми веднаш откако си промашил доза. Нервозата може да е предизвикана од било што. И на работа да те изнервира некој, е доволно за да ти го посе*и денот. Мисла анксиозна да ти помине низ глава, е доволно да ти предизвика нервоза.
За жал кај мене не е така.Повеќе од две години пијам антидепресиви.Пробав многу терапии од различни психијатри.Од последниот се покажа како најсоодветна.
Дали пиете алкохол со антидепресивите мислам не заедно де пример преку ден пиеш вечерта пиеш антидепресив или да не си експериментирам, а ми се пие до коска..
Jas pijam ponekogash po edna limenka pivo ili edna chashka rakija ama stetno e dvete raboti da gi meshash zaedno.
Депресијата е најтешката болест во животот, и тешко се искача од неа. Ако западнеш скроз недај боже е тогаш не знам како ли ке се искочи од неа. Некој да не има тука ете како психијатар, или било што да помогне?
Неможе да има на форумо психијатар оди лично ништо не е срамно, секакви будали има тука кои солат памет..
ЈАс сакам пример накај 8 9 да се напијам вечерта оти во 12 1 часот го пијам антидепресивот плашам се да не е штетно...
Даваат диазепам без рецепт. И сега и претходно. Само не кажуваат дека даваат. Не се знам лично со аптекарките, но ќе прашам може ли диазепам и хелекс, и ми даваат а после доктори им пишуваат розеви рецепти на крај од денот ги покриваат. Бев сведок во една аптека побарав диазепам, ми рекоа а за тоа треба рецепт, им викам матичниот ме прати од тука да земам, го кажав името и рекоа аа добро он има оставено тука рецепти ние самите ги пишуваме, и ми дадоа без проблем.