Да да сум растревожена бидејќи треба премногу да работам плаќам сама кирија и сметки а и мал кредит зимав од кај тие лихварите, арамиите Тиго Камата ми опнаа дупла без потреба иако редовно си плаќам . Еднаш се изгорев и веќе никад!!! Зимам до 500евра плата но многу давачки имам. Башка првиов месец до плата тешко мене ќе е. И осаменоста капак Како и да е не се секирам толку што ќе немам цигара да запалам (и покрај тоа што друштво као да ми прави коа ќе запалам цигара) отколку ради тоа што немам никој покрај себе.
Како да се спасам од доживеани трауми? Ги доживувам повторно и повторно, ги слушам и ги гледам во главата...
Има една техника, EMDR, ама под стручен надзор на психотерапевт се прави секако. Мене колку толку ми помогна.
Благодарам на одговорот. Сега истражив на интернет и ми фаќа око. Да ми препорачаш некој што го спроведува ова и отприлика колку чини? Инаку јас до сега сум одела на психијатар и не знам баш кои се психотерапевти.
Жал ми е што се чувствуваш така. И јас сум млада мајка и го имам поминато тоа. Само храбро, и побарај помош од најблиските.
Храбра си што споделуваш како се чувствуваш. Жал ми е што мислиш и се чувствуваш така. Побарај помош од каде што мислиш дека можеш да ја добиеш. Можам да те исслушам ако имаш потреба од разговор без осудување.
Помош и разбирање добивам од сопругот.. Не знам до кога ќе ме трпи искрено На влакно сум да ги изгубам и двајцата ако продолжи.. Живот сменат за една одлука,за еден ден... Чекам термин за психијатар,ќе видиме.. Како се осеќаш сега?
Добро. Моето беше поодамна, нова средина, непланирана бременост и потоа бебе што плаче речиси нон-стоп. Немав помош од никого и ми беше многу тешко. Барај помош, тоа е многу важно. Можеш да ми пишеш во лп ако ти треба разговор.
И јас имам разбирање од мажотми и другите ама јас никако да се разберам.12 дена сум на терапија наместо подобро тонам се подлабоко треба да одам а незнам како на работа, помачно од оваа депресија нема. Никој незнај како да ми помогни еве и психијатарот ме сослуса апцинја и тоа е. До кога вака незнам сите ги секирам а јас сум на раб на лудило, си велам да појдам на психијатрија директ јас вака и вака ама и таму шо ке ми напрат еве терапија пијам. Помош?
Прво, немој да имаш такви мисли. Најбитно е што имаш поддршка, не секој ја има. 12 дена се премал период за апчињата да почнат да делуваат. Дај им повеќе време, барем еден месец. Викаш психијатарот те сослуша, не ти даде некој совет? Не си единствена што се соочува со тоа. Само тука на форумот сме многу, а камоли во светот. Верувај дека на сите ни треба поддршка и затоа сме тука еден за друг. Работата нека не ти е терет, сфати го времето како релаксација. Не знам што работиш и колку имаш конталт со луѓе, ама ќе излегуваш од дома, ќе смениш место. Подобро е отколку да се затвориш цел ден дома. Практикувај да не остануваш сама или па ако веќе си сама, исполни го времето читајќи книга или гледајќи филм. Не се оставај сама со себе за да не пропаѓаш со мислите. Пиј чаеви кои ќе те опуштат, млеко со мед или слично.
Колку што јас се разбирам од терапија што третира депресија, треба да помине одреден период за да почне да делува. Јас лично немам искуство со психијатар, само со психолози и немам идеја како се одвива состанокот/сесијата, што и да е. Апчињата третираат последици (симптоми) ама не и причината што довела до потребата од нив. Психотерапија дополнета со медикаментозна терапија е подобра опција, штета што кај нас е скапо и не сите можат да си го дозволат тоа. Извини што сум индискретна ама што е тоа што те тера на раб на лудило?
Работата си ја сакам и ми е добра, проблемот е што сум со колешки а мене оваа короната ме уништи ми се чини постојано сум заразена и си барам симптоми иако 2 пати прележана фтор пат сега во јануари ама прашања и подпрашања дали беше точен тестот иако и јас и детето малку покасно и ќерками значи опсесивни мисли до бескрај. Денес сум малку подобра барем мислам и се надевам да се извлечам како и да е морам да одам на работа ќе се трудам со две маски да седам. Поздрав до сите и се надевам сите да бидеме добри.
Ve molam nekoj da pise iskustvo dali posle terapija so ad podolgo vreme, uspeal da bide bez ad i da bide dobro? Tolku li nema nikoj so takvo iskustvo?
Zdravo,ve molam za sovet pomos ili da spodelite vase iskustvo, osekam postporodilna depresija, dali znaete koi tableti za smiruvanje se dozvoleni da se zemaat po potreba bidejki dojam,ke vi bidam mnogu blagodarna
Здраво, дали ви се случило да ви наидат вкави мисли? https://www.fakulteti.mk/news/12092015/lagi-koi-depresijata-postojano-vi-gi-kazhuva Мене постојано последниов период. Баш кога мислам дека станувам подобра мисливе ми се отпревртуваат наопаку и тонам в земја...
Завршив факултет, барам работа, немам работно искуство, немам возачка, сите бараат, почнав да снемувам и пари, дома секој ден тоа се збори, а пред еден месец почнав да пијам роакутан и сега не знам дали ќе продолжам (а помислив конечно ќе се ослободам од акните), нема да имам пари ни за теретана, ќе ми пропадне напредокот, а не ни напредувам, бидејќи дома нема доволно храна, немам мотив да работам на компјутер, преспор ми е. Барав работа како фриленсер, но, немам уште порака, се откажав и седам по цел ден и се ме тера на самоубиство, цело време тоа мислам. Притисок си стварам самиот на себе и чуството е слично како кога губиш некој во кого си бил во врска, само сега се губам самиот себе си и не можам да најдам решени, не ми излага во глава, не ми ни помага пишување во дневник и најтешко е што сум осамен, немам овде пријатели.