Дереализација/Деперсонализација

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од 123ppp, 27 септември 2014.

  1. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    43
    Се соочувам со нешто за кое сметам дека е деперсонализација. Не знам колку од вас слушнале за ова, меѓутоа во кратки црти станува збор за "губење" на сопствениот идентитет, "губење" на реалноста, како помеѓу вас и останатиот свет да постои некој невидлив зид, како се што доживувате да го доживувате во сон.... Повеќе информации отворете го линков http://www.psiha.com/psihagon/patopsiha ... nalizacija

    Навистина е многу тешко, се чувствуваш како изгубен во време и простор.

    Би сакала да споделиме искуства доколку некој го има/л истиов проблем, како се излечил, како се справува со тоа...?
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  2. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Јас лично немам вакво искуство, и не познавам некој со вакво искуство. Ако го имаш овој проблем подолго време, и ако сметаш дека станува или може да стане сериозно, мислам дека ова треба да го споделиш со некој близок, што мислиш дека може да ти помогне. Wish you a good luck :l:
     
    На 123ppp му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    43
    Споделувам ама повторно сум во истата ситуација. Навистина ми е многу тешко, повеќе не знам што да правам. :( :(

    Ќе полудам.
     
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.130
    Обрати се за помош кај стручно лице психолог или психијатар нема потреба од срам или страв подобро посовреме спречи влошување на оваа ситуација.
     
    На 123ppp му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    43
    Ќе одам секако, меѓутоа сум малку скептична, не знам колку ќе ми помогне. Знам луѓе кои живеат 20+ години со ова.
     
  6. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    8.410
    Пол:
    Женски
    Јас имам анксиозност, и многу често знае и ова да го почуствувам, јас ке ти речам само да не му обрнуваш многу внимание, и да не се анализираш премногу. Кај мене скоро помина,знае да ме фати ама многу ретко.
     
    На Scorpio87, ku4ence и 123ppp им се допаѓа ова.
  7. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    43
    Се обидувам да не мислам, да не се анализирам, баш како што викаш ама не можам и не можам. Тотално сум изгубена. Дополнителен проблем ми е што сум далеку од дома, со еден куп обврски кои ме чекаат, а јас секој ден губам се повеќе и повеќе сила. Одам на факултет, а не знам како ќе ги слушам предавањата. Денеска на предавање само што не се онесвестив. Почнав да се губам, да не си го чувствувам телото, почнав целата да се тресам.

    Живеам во ужас. ;(
     
  8. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    8.410
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се ова симптоми на анксиозност, верувај нема да се онесвестиш, нема да се изгубиш, нема да ти се случи ништо од ова што го наброја. Јас вака 4 години, па до сега ни се онесвестив ни нет слично. Земи пиј нешто за смирување, на пример Б6, и колку можеш да се трудиш да немислиш на тоа. Верувај знам како ти е, и знам колку е тешко, но ке поминее :*
     
    На 123ppp му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kokokoko

    kokokoko Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    ti go procitav postot za taa depersonalizacijata sto ja cuvstvuvas,i se zacleniv na forumov samo za ti odgovoram(bidejki sum masko,nema sto da baram na femina :).slucajno go vidov postot na google.inaku jas vekje 5 godini se boram so takvi cuvstva.i ti pisam bidejki znam covek kolku se plasi koga ne znae so mu e.e ke poludam li,e ke umram li,e ke bide li covek od mene....sigurno vakvi prasanja ti se vrtat niz glavata.nema nisto da ti bide.obicno depersonalizacijata e simptom na anksioznost,moze da bide vo vid na panicno rastrojstvo,ili postraumatski stres,ili pak obsesivno kompulsivno rastrojstvo.duri i ne mora voopsto da bide rastrojstvo,mozebi e samo reszultat samo na momentalna anksioznost predizvikana od nekoj stres,ili od nekoja droga mozebi(za drogata ti si znaes)ili pak moze da bide i mesano-anksioznost so depresija....ima mnogu opcii.kako i da e niedna opcija ne e opasna po zivot,nitu pak po umot.nema da poludis.vo momentot koga ke se stabilizira anksioznosta ili sto i da e,depersonalizacijata avtomatski ke iscezne.se nadevam deka pomognav na nekoj nacin...i drz se :) nisto ne ti e.eve ti mejl ako imas nekoe prasanje ili cisto da se pofalis ako si vekje podobra. nikolcence@gmail.com
     
  10. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    43
    Знам дека е предизвикана од анксиозност, всушност јас имам анксиозност... Не знам од кај ми произлезе анксиозноста, а за дрога, цигари и слично во живот немам пробано :)
    Знам дека не може да се умре или полуди, но чувството е најлошото нешто на свет (само кој доживеал може да ме сфати што зборувам).
    Понекогаш сум подобро, но некогаш премногу, премногу лошо, што не се опишува со збор колку лошо.

    Ти благодарам многу kokokoko.
     
  11. Ivan232

    Ivan232 Нов член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo @123ppp,

    Pred 2 nedeli go dobiv custvoto sedejki na kom preku 20h, te molam kazi mi kako se custvuvas i sto napravi za da se podobris ili izlecis, pocnuvam da pagam vo depresija bidejki sum off-work i nemozam da funkcioniram, mi se podobruva samo pri zezok tush ili lezejne, nemozam da go izdrzam mi doaga vo branovi mozam da bidat okay 1h i potoa da sum vo teska depersonalizacija.

    Se nadevam na odgovor.
     
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Значи како погоре што е напоменато, ова само по себе не е психичко растројство или состојба.
    Ова е симптом на анксиозност, или депресија.
    Јас бев западната во тешка анксиозност и ова чувство посебно ме мачеше.
    Се губев во време и простор, концентрација нула, често не ми текнуваше дека сум им рекла некои работи на луѓето околку мене а тие да ми тврдат дека сум им рекла.
    Сепак, и покрај тоа што изгледа престрашно и претешко и се прашуваш дали полудваш или го губиш здравиот разум, јас ти ветувам дека поминува.
    Ама не само по себе. Ти треба помош стручна како и мене што ми требаше и одма сама доброволно си ја побарав. Одев на психолог со месеци и многу бескрајно ми помогна бидејќи ми објасни многу работи за ова и за се општо.
    Не се мисли, оди дирек побарај си помош и одма ќе ти олесни ќе видиш.
    Се најдобро, @123ppp
     
    На LivingGlam и 123ppp им се допаѓа ова.
  13. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    43
    Здраво Иван. Сакав да ти пишам порака, но не можам да ја најдам опцијата, не знам зошто.

    Многу би сакала да ти помогнам, зошто потполно те разбирам низ која агонија поминуваш.Премногу ми е жал кога ќе слушнам дека човек се бори со ова лудило и иако и јас поминувам низ истото сепак не можам да помогнам многу. Иако кај мене ова не е ништо ново, јас сепак сум сеуште полна со прашалници на оваа тема. Кај мене буквално се појавува во секунда, може да трае и неколку месеци и потоа исто во секунда да си замине. Не знам како се случува, од што иде и си оди. Јас во тие моменти се борам од петни жили да не мислам на тоа, да го игнорирам, да излегувам, да го активирам мозокот со некоја активност, но ништо од тоа не ми помага. Како што ти кажав- самото иде и си оди.
    Јас колку што сфаќам ова ни се случува од нешто потиснато во нашата потсвест, нешто што ужасно ни смета, а ние не сме свесни за тоа, па телото и мозокот се брани на овој начин- "исклучувајќи" се и фрлајќи не во деперсонализација. Еве скоро цело лето бев добра, но деновиве повторно како да ме фаќа. Се обидувам да игнорирам правејќи нешто што ми го одвекува вниманието- ТВ, Интернет, спијам со што всушност бегам, за да не мислам. Знам дека не е решение, но друг начин не гледам.
    Издржи, бори се, зборувај со блиски луѓе во кои имаш доверба, посети психијатар. Не се предавај!
    Немој да дозволиш деперсонализацијата да ти го контролира животот! Јас бев на половина од факултетот кога се соочив со ова, далеку од дома, купови за учење и испити кои мораа да се спремат. Чекорев по улици, едвај го одев патот од факултет до дома. Се ми беше матно, далечно и непознато.
    Предавањата беа посебен ужас. Постојано имав вртоглавици, цело тело ми се тресеше, не можев да седам нормално во клупа. Не си бев ни јас позната на самата себе си, но едно си реков- ќе дадам се од себе, ќе учам и ќе си ги остварам соништата, затоа што деперсонализацијата нема да ми рече ФАЛА доколку и дозволам да ми го уништи животот.

    Доколку имаш дополнителни прашања, тука сум!
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivan232

    Ivan232 Нов член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    @123ppp Blagodaram mnogu na odgovorot.

    Posle 20 dena seuste nemozam da funkcioniram se osekam kako visok vo ova opstestvo, nisto ne sum zgresil tolku da sum kaznet, pagam vo teska depresija poradi ova, se plasam od se i sesto stanuvam ocaen. Bev na psihijatar mi prepisa 5 vrsti na apcijna ne pomagaat mnogu, neznam sto da pravam, isto sum na fakultet, nemozam da si idam doma kaj roditelite vakov.
    Kako prezivuvas?
    Neznam dali e vo ista mera no jas nemozam da se fokusiram na nisto.
    Dali zimas lekovi ako ne e tajna i koi?
    Koj bese momentot koga ti se pojavi seto ova. sho se slucuvase?

    Se izvinuvam za bombardirajneto so prasajna.

    Pozdrav
     
  15. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    И јас патам од истово.Деперсонализација и дереализација.Дереализацијата е поприсутна кај мене но во моментов осеќам одличен микс од двете,топ ми е!:D Тие што не искусиле не знаат колку е тешко кога се осеќаш како да не си ти кога правиш било што.Кога не можиш да се погледниш во огледало затоа што не се препознаваш себеси.Кога се убедуваш да станиш од кошмарот а веќе си будна.Ова доаѓа ненајавено и си заминува.Само тешки се деновите кога го има.Колку пати сум помислила дека ке полудам,дека ме нема,дека се околу мене е само филм но и тоа поминало.Стравот е голем што ако никогаш не исчезни но ќе биди се,полека полека само.Ви посакувам на сите и на себе еднаш засекогаш да замини ова!
     
    На Anie93 и 123ppp им се допаѓа ова.
  16. 123ppp

    123ppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    43
    И јас истите прашања милион пати си го поставував во себе- Зошто ми се случува ова? Јас која на секој гледам да помогнам, јас која никому не му мислам лошо со што заслужив вака да ми се враќа.... но сфатив дека за да те снајде нешто лошо во животот не мора ти лошо да си направил, туку реалноста е едноставно таква. Во животот нема правила. Ме фаќаше огромен гнев, но ја сфатив реалноста.

    И јас еднаш бев на психолог, но толку многу ме изнервира прво со тоа што потсмешкајќи се не ја сфати мојата ситуација сериозно, а второ поради тоа што индиректно ме накриви дека јас сама сум се довела до тоа. Од тогаш се откажав од психијатри. За лекови не пијам никакви. Бидејќи имам социјална анксиозност, во гужва знае да почне да ми се врти, да ме стега во градите и во такви моменти пијам половина лексилиум.

    Прв пат чувството на деперсонализација ми се појави кога завршив основно училиште и траеше скоро цело лето. Бидејќи бев дете или не знам од кои причини не кажував никому за тоа, а воопшто не ни знаев за терминот деперсонализација. Есента кога почнав на училиште се тоа го снема, се до лани ова време.
    Тогаш, како што пишав и погоре ептен ми се влоши состојбата, не можев да си ги извршувам дури ни секојдневните обврски (мислам дека ти си сега во оваа првична состојба во која бев јас).

    Уште еднаш ќе ти речам немој да паничиш. Да знаеш дека се ќе се подобри, само треба време. Една најобична исекотина да направиш на прстот, треба време да заздрави :)
    Верувај ми дека ќе бидеш подобро. Немам потреба да те лажам. И на лековите најверојатно им треба време да ги прифати организмот и да почнат да делуваат.
    Кога јас го преживеав тој пекол лани, ќе го преживееш и ти. Не можеш вечно да останеш во оваа состојба.
    Првите денови (да не речам месеци) се најлоши, но потоа се стабилизира.

    Знам дека ако ти пишам излегувај, дружи се, прави нешто што порано ти правело задоволство, фокусирај се на факултетот ти изгледа како клише и си викаш лесно ти е да кажеш од страна, верувај дека не сум од страна. Јас многу добро знам како е да живееш со ова, како е секоја секунда да ти претставува нож во грб, како е секое утро да се будиш и да викаш "зарем уште еден ден" во цутот на младоста, но ти навистина МОРА да продолжиш со животот. Еве јас утре одам на операција за крајници, ме фаќа паника леле, леле...но јас мора да продолжам да живеам.
     
    На Anie93, Scorpio87, presiosaP и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Забележувам дека претежно сите со ,,полесна" Aнксиозност акцентот го ставаат на физичките симптоми и пишуваат во темата наменета за таа состојба.

    Но, што е со овие две дисоцијативни нарушувања?
    Мене дереализацијава имам чувство дека ми стана хронична. Особено откако почна да се менува времево, ми се враќаат мислите дека е сето "нереално". Повеќе немам толку визуелни и аудитивни проблеми, само понекогаш кога патувам, но опсесивните мисли од егзистенцијална природа ми претставуваат навистина голем проблем, заедно со чувството дека сум половично свесна.

    Не знам зошто но, во скоро време развив бизарни мисли од типот на
    ,,Што ако сум мртва?"

    ,,Што ако си го замислувам цел овој свет, дур во реалниот одам по улици и си` зборувам сама со себе како луда, а останатите ме гледаат чудно?"

    „Што ако сум сама на овој свет, или мртва поради паничните напади?"


    Луѓе, стварно не знам што да правам со овие мисли. Иако немаат логичка доследност мене ме кочат да живеам. Пред ова имав ЖИВОТ! А сега чекорам по улици со овие мисли, глумам дека е се океј, ама вистината е дека веќе не ми се живее. Уморна сум од дереализацијава. Не одам ни на психијатар, зошто тие не ја сфаќаат оваа состојба во потполност, па претежно ти даваат совети од типот - подобри го квалитетот на животот, вежбај, храни се здраво. Јас почнав да го правам сето тоа ама џабе, бидејќи овие трикови немаат перманентен ефект. Веќе седум месеци сум со овие мисли, а напади немам одамна, и од антидепресивите ми е подобро, ама стравот и нелагодноста се сеуште тука.

    Секој ден давам се од себе, смогнувам сили за да реализирам некои планови кои ги имав од порано, ама не оди и не оди. Имам некои денови добри, ама и други преполни со огромни блокади поради овие мисли. Нарушувањево ме одвои од луѓето кои ги сакам, ме уништи, и изеде од внатре како леб. Мислев дека ќе се подобри, ќе научам да живеам со него досега, но не. Веќе седум месеци трае во полн ек, и е многу тешко.
    Се чувствувам како инвалид, а сум во цутот на младоста. Катастрофа...
     
    Последна измена: 10 септември 2016
  18. Andri

    Andri Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Здраво девојки,
    и јас сакам да споделам дека страдам од тешка дереализација/деперсонализација. Чувството е перманентно и ми трае веќе 7 години. Не сум пиела апчиња, ниту ќе пијам, пробувам да живеам нормално, што е секако тешко. Многу ми е мило што налетав на оваа група и гледам дека има слични луѓе како мене. Околината не може да разбере низ што поминуваме. По моите истражувања на интернет не постои се уште одредена терапија или некој посебен метод за лечење. Самите терапевти и психијатри не се доволно обучени на оваа тема.
    Би сакала да споделите ако некој има излезено од оваа грозна состојба и како.
    Ви посакувам добро на сите и држете се!
     
    На Chuchu и Nalayan им се допаѓа ова.
  19. tesko

    tesko Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    neka mi pisi nekoj sto imal iskustvo so ova stranje depersonaliyacija i derealiyacija ako moze, DALI voopsto go pobedil ova grdo custvo.
     
  20. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Јас можам да докторирам на состојбава колку долго и постојано ја имам, така да слободно пиши ЛП што можам ќе ти помогнам. :)