1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дереализација/Деперсонализација

Дискусија во 'Психологија' започната од 123ppp, 27 септември 2014.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.226
    Пол:
    Женски
    Да, ја знам ама дека не е активна како што кажа и често таму спомнуваат па затоа прашав, фала секако:hug:
     
  2. Morena.Roxy.Lina

    Morena.Roxy.Lina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ја направам активна темава... кога би можеле да ја тргнеме дереализацијата на страна од обичната анксиозност, да не ги мешаме тие две состојби, бидејќи кој има дереализација знае дека е 5 пати потешка од најчестите симптоми на анксиозност.
    Чувството на нереалност е почеток на анксиозност, тоа прави да ти текне дека нешто не е во ред. Дереализација во мојот случај се случи после 5 години анксиозност и пн. и стана причина за која решив психологот да го заменам со психијатар и да почнам со лекови.
    После 2 и пол години од терапија, уште се соочувам со истата состојба, т.е на моменти е многу драматично кога си сам и си надвор, подалеку од дома или од некое место што го познаваш или се чувствуваш сигурно. Пандемијата си даде свој допринос да кога мислиш дека конечно ќе се разбудиш и ќе отвориш очи во реалност, ти вика пробајј друг пат. И така секој ден...Ретко кој од нашите психијатри е доволно стручен во оваа тематика и ќе ви го најде вистинскиот лек. Нормално ова е само мое искуство.
     
    На Feminka88, mal.ecka, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава не е активна од таа причина што голем број на луѓе иако го искусиле ова, не знаат дека станува збор за дереализација т.е не се сретнале со овој поим, а многу често е спомнувано во темата анксиозност и го опишуваат како чувство дека не постоиш, дека чудно го перцепираат просторот и времето. Настапува веќе при напредната анксиозност и е аларм дека треба да се превземе нешто дека не оди на добро. И кај мене се појави после долги години анксиозност и траеше кратко, неколку денатоа се случи баш од кога почна пандемија, страшно чувство е што не сакаш никогаш да ти се повтори, но колку повеќе мислиш на тоа се повеќе се заглавуваш во истото. Едноставно не го мисли тоа чувство, исполнувај си ги обврските и ќе помине.
     
    На INNERBEAUTY, Cristina Yang, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Morena.Roxy.Lina

    Morena.Roxy.Lina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Се согласувам во поголем дел со пишаното, мене лично ми смета најмногу кога сум надвор, или кога сакам некој момент да го запамтам, а после ми е тотално избришам и накрај на денот се преиспитувам како се случи тоа... Крајна цел ми е да ги оставам антидепресивите, бидејќи поради дереализација и ги почнав, али се повеќе пробувам нови лекови и не добивам решение за вистинскиот проблем. Најлошо е што знам дека за ова не постои магична таблета која ќе ме разбуди, туку е процес кој трае и зависи од многу фактори.
    Сепак мило ми е што сподели мислење :l:
     
    На WildMk, Guns N` Roses, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Лошо е тоа што кога еднаш ти се јавила оваа состојба, секој пат стравуваш да не ти се појави повторно, особено кога сме анксиозни заради нешто се плашиме пак да не ја предизвикаме оваа состојба, но колку повеќе мислиш на нејзе како да ја предизвикваш да се појави, мислам дека мислите тука играат многу голема улога.
     
    На Morena.Roxy.Lina и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Како некој што минал низ целото искуство знам и разбирам што поминуваш , излегување надвор за мене беше кошмар тоа бунило тој интензитет на страв што е мн посилен птколку кај анксиозноста, го надминав можам да кажам по две години психотерапија повторно сум интегрирана , антидепресиви сеуште пијам наскоро би требало и од нив да се решам, на кратко постои живот после се и дп се надминува и тоа како. Слободно пиши ми за се што те интересира . Поздравче
     
    На GirlLove, Morena.Roxy.Lina, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Може подетално да го објасните.
    Со конкретен пример, ако не е проблем.
    Баш ме интересира дали сум имала такво искуство.

    -------

    На сите ви се обраќам...
    Било кој, ако не му е тешко, нека проба да објасни.
    Фала унапред.
     
    На Morena.Roxy.Lina и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.226
    Пол:
    Женски
    Јас еве вака би објаснила, одам/седам/правам нешто и наеднаш се осеќам како јас со јас да сум во себе, како да не можам јас и јас да ги сврзам мислите, како да се набљудувам веќе и да осеќам дека полудувам дека немам контрола врз себе.
    А за околината као одам, одам и наднаш ми станува ккао чудна знам таа е ама ккао да не е, како да ми е тесна, нешто различна
     
    На GirlLove, WildMk, Morena.Roxy.Lina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Кај мене вака се гледаш у огледало не се препознаваш си го гледаш телото ко труп, не чувствуваш вкус мирис дури и звуците ги слушав поинаку чудно, не чувствуам сензации по телото,немам свест за движења, као да немам контрола врз себе, не се сеќавам на себе , луѓето ми изгледаа ко роботи не им ги сфаќам фацијалните експресии , се чувствував скаменета, без емоции, немам свест за време , никаква меморија. Најблиските ми беа страни како да не ги познавам. Чувствував само голема бес и тага. Душа ме болеше.
    А дереализацијата ми правеше да не можам да се поврзам со реалноста не разбирав ништо ко мозоков да ми е скаменет, ми беше изменето доживувањето на средината као да ми е страна чудна , имав голем страв да се движам меѓу луѓе поради симптоми ми сметаше светлина , маркети или кога седам на маса со луѓе .
     
    На Askopje, WildMk, Morena.Roxy.Lina и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Cristina Yang

    Cristina Yang Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Благодарение на темава сфатив дека и јас сум поминала низ истово пред повеќе од 15 години. Мене ми се случи ова по сообраќајна несреќа во странство која многу стресно ја доживеав. Се сеќавам дека се чувствував како од друго тело да ги доживував настаните со месеци после несреќата (иако не беше ништо трагично). Дете бев и добро се сеќавам како на родителите им кажував дека се ми е како во сон, се чувствував како животот да не ми е во мои раце, буквално како да живеев во симулација... Девојки точно знам како се чувствувате и точно знам кое излудувачко чувство е. Ви посакувам се најдобро и што побрзо да ја надминете состојбата. Зборувајте со блиски, зборувајте со професионалци, верувајте дека ќе биде подобро и бидете оптимисти иако за жал кај нас темата сеуште не е позната и луѓето ќе ве прават луди. ЌЕ БИДЕ ДОБРО! :l:
     
    На WildMk, Morena.Roxy.Lina, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.256
    Допаѓања:
    124.739
    ^Јас го доживеав се ова погре напишано во постовите.
    Години траеше.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Еве и јас ќе се обидам да објаснам. После доста стресен период, анксиозност и депресивни мисли од нигде никаде ми се појави ова, не знаев што е не знаев како да го дефинирам. Траеше 2-3 дена. Чуството е како да не си ти, не чуствуваш ништо, не се радуваш на ништо, како ништо околу тебе да не е реално, забораваш кај си и што се, мислиш дека полудуваш. Некое чудно чувство на нереална тага.
     
    На tagataa912 и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Сѐ ти е нереално.
    Светот, домот, улиците, зградите.
    Местата на кои секојдневно си била имаш чувство дека не ги препознаваш.
    Сѐ е како во паралелна димензија, која се чини идентична на старата, само оваа се чини искриволочена во буквална смисла на зборот.
    Свесна си за сешто се случува, но, мислиш е сон, или подобро кажано кошмар.
    Сѐ е како нацртано на бел блок хартија со дрвени боички, додека ти си внатре заглавена во цртежот.
    Како во коцка.
    Перцепцијата ти е скрос заебана.
    Ти пречи неонско сино светло, зошто чувствуваш дека под него ќе испариш, ќе те снема.
    Чувствуваш како да лебдиш.
    Како да ти е душата надвор од телото.
    Ги гледаш предметите, твоите блиски, се гледаш и сама себе во огледало, и знаеш која си, но, не си ја препознаваш сопствената рефлексија иако знаеш дека си ти - ти!
    Десентитизирана си.
    Секој ден пробуваш да изнајдеш сила да рационализираш што ти се случува.
    Да се собереш.

    Како светот да го снемува, колабрира пред твои очи, а ти не можеш да направиш ништо околу тоа.
    Сакаш да се разбудиш, ама не можеш, зошто си веќе будна, а будноста не ја осеќаш.
    Будноста е твојот сон.
    Не можеш да плачеш.
    Само немо лебдиш и од кревет не ти се станува.
    Не ти се зборува, зошто си заглавена во циклусот на анксиозно - депресивни мисли кои лажно ти ,,шепотат" дека веќе не си жива.
    Одиш по улица, гледаш луѓе, но, не знаеш дали се тие навистина тука или се само фрагмент на твојата имагинација - како Матрикс.

    Ете така изгледа највисокиот степен анксиозност од близок фокус.
    Агорафобија, клаустрофобија, ,,животофобија" сѐ одеднаш!
    Недај боже никому. Само толку ќе кажам.
    Пекол на земјата е.
    Ама поминува, скрос, и трајно!
    Лекови не помагаат.
     
    Последна измена: 28 април 2021
    На Mg999, tagataa912, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Morena.Roxy.Lina

    Morena.Roxy.Lina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Солзи сами почнаа;(.. од почеток до крај совршено објаснато, фала ти и од мене :l: Убаво е да прочитам дека постои надеж :*:
     
    На Anie93, steela.honey, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Во врвот на анксионзоста сум имала симптоми на дереализација.
    Не ни знаев дека е тоа...
     
    На GirlLove, Morena.Roxy.Lina, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.226
    Пол:
    Женски
    Како ти помина скроз и трајно?
    Мене на неколку пати ми помонува скроз, но пак ми се враќа.....
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka88

    Feminka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2019
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае или има зборувано со стручно лице зошто се јавува овој феномен?
    Јас го чувствувам веќе 10тина години. Порано ми се појавуваше како чувство на кратко и го снемуваше. Последниот пат се појави и веќе никогаш не си замина, си живееме заедно. На почетокот беше застрашувачки но потоа се навикнуваш.. човек на се се навикнува нели? :wasntme:
     
    На Morena.Roxy.Lina и Cristina Yang им се допаѓа ова.
  18. Morena.Roxy.Lina

    Morena.Roxy.Lina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    До сега имам со различни психијатри и психолог зборено, кај секого е различно може да ти се случи од шок состојба, долг период на анксиозност и чувството на нереалност се зголемува, може и ако постојано си во затворени простории и губиш осет за надворешниот свет... има и доста видеа дека може и како последица на користење марихуана, али не можам тоа со сигурност да го тврдам, пак ќе кажам може различна причина да те доведе до ваква состојба, па дури и некоја траума од минатото...
     
    На Избришан профил 146538, Feminka88 и tina2018 им се допаѓа ова.
  19. Стела, истото ми се случува веќе 3,4 дена и мислам дека ќе полудам. А длабоко во себе знам дека премногу го сакам животот и сакам да си дојдам при себе.
    Направив грешка што многу висев на форумов наместо да се фокусирам на нешто поконкретно и продуктивно, додуша и пандемијата не даваше простор.
    Веќе неколку дена имам чувство дека не сум јас. Дека сѐ што сум направила во животов било погрешно.
    И претходно неколку месеци бев многу анксиозна ама ова чувство дека не сум јас го немав.
    Прв пат ми се случува и многу е страшно и болно. Имам најлуди најбизарни несакани мисли. Пример, сѐ што сум читала за симптоми на шизофренија, сега тоа ми е фиксација, си ги замислувам и полудувам дека и јас ги имам.
    Прво ми беа физичките болести фиксација, сега ова.
    Родителите и сопругот си ги доживувам ко страни. Почнаа да ми се ројат луди мисли дека не ги сакам оти полудувам, или дека отсекогаш сум била само сега станувам свесна.
    Језиво чувство на неизвесност, на заглавеност. Каде и да одберам да одам не наоѓам мир. Што е најстрашно го изгубив и сонот.
    Скоро да не спијам со денови и тоа додатно ме исцрпува.
    Стравови од амбиентот, времето надвор, просторот ме плашат.
    Буквално сум салата!
    Иначе скинав антидепресив пред неколку дена и ова што наликува на деперсонализација ми се пројави овие денови.
    Се преиспитувам константно, на ништо друго не можам да се фокусирам. Имам константно репитивни самоанализи и бизарни несакани мисли.
    Ахх бе луѓе пандемијава мама ни плака. Отсекогаш бев анксиозна ама знаев која сум.
     
  20. Точно, како бед трип од џоинт е.
    Одамна не пушам марихуана и ме сум пушела нешто многу, но сега оваа состојба би ја опишала како таква.
    Бед трип од џоинт, језива е!
     
    На Morena.Roxy.Lina и Feminka88 им се допаѓа ова.