Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дете од фамилија

Дискусија во 'Врски' започната од Tenna, 11 октомври 2011.

  1. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    не мислев на ФАМИЛИЈА- како на престижна и богата фамилија.........но не за џабе пораносе распрашувале до 5то поколение што болести имале, какви бракови имале, дали се клети или добри луѓе.... верувајтеи јас се смеев наовие работи....но на потешкиот начин увидов дека јаболкатаси паѓа под јаболкницата.......
     
  2. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Дете од фамилија е според мене убаво воспитано момче кое е амбициозно,со зацртани цели во животот и вредности,а не "вејка на ветерот".
    Парите неможат да импресионираат,можат само моментално да заслепат ама интелектот,манирите и вредностите кои ги поседува една личност се суштински печат на човекот чиј квалитет секојдневно ќе си го покажува резултатот..
     
    На peperutka20 и Sherryl им се допаѓа ова.
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    A бе постои и поговорка ДЕТЕ ОД ФАМИЛИЈА ДА НЕ ТИ ВЛЕЗЕ ВО ФАМИЛИЈА :D

    Ете јас сум дете од добра фамилија во секој поглед. Моите имаат добар углед, ценети личности се, имаат стабилен брак, пари колку толку дал Господ, ниту има пијаници, ни наркомани, ни разводи во моето семејство. Ама тоа не значи дека јас како ‘‘дете од фамилија‘‘ ке бидам совршена жена за некој. Прво нели таквите деца се често многу разгалени. Јас не сум, но освен што знам да готвам од домашни работи не знам ништо да работам . Не што не знам, туку и не сакам, мрзелива сум. Мене од дете во глава ми е всадено оти треба да учам, да станам интелектуалец, да бидам најдобра во некоја област и да заработувам пари, а не да бидам домаќинка. А реално, од познавање на 3 странски јазици, од универзитетска диплома, од 1000 прочитани книги, од познавања од сите области (освен домаќинство) куќа не се гледа. Па јас нема да знам на маж ми гаќите да му ги зашијам бе ако му се скинати :(

    Друго, од моите две врски имам две сосема различни искуства, па не можам да дефинирам дали ‘‘дете од фамилија‘‘ е дете од богата фамилија, или дете од среќно семејство.
    Едното ‘‘дете од фамилија‘‘ беше многу богато ама каква е таа фамилија кога на толку пари тој љубомори оти на брат му купиле телефон, кога со татко му не прави муабет со недели, кога ја озборува мајка му? И зошто тој мене би ме почитувал еден ден ако сопствената фамилија не си ја почитува? Таму имав 2-3 пати одено на кафе и ме замараа со глупи муабети за бизнис, за пари, за материјални срања еднаш не им текна да ме прашаат како сум.

    Вториот дечко ми беше од посиромашно но среќно семејство (не, не до толку сиромашно да умираат од глад де). Ама кога ке ги видиш, а бе мерак да ти е да им влезеш во фамилија. Си се почитуваат, си се сакаат, заедно се трудат нешто да постигнат.

    Јас кога би бирала би одбрала финансиски фамилија од средна класа ( да не се лажеме без пари не се живее) но односите во семејството да им се добри, да ме почитуваат и мене, а не да ме гледа некој на криво уште не влезена во фамилија.
     
    На eloves, Markusa2, lolyta777 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. loveintheair

    loveintheair Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Jas iskreno sakam da e dete od familija oti vo denesno vreme se e paranormal activity.. :P
     
  5. NeverSayNeverJ

    NeverSayNeverJ Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Mi doaga da gi izbijam moite skoro pola godina sme zaedno so deckomi .. otkako im kazav na moite deka odime mi zborat ne bil za mene zosto nebil bogat klosar bil vakov bil takov bil a deteto si ima dovolno kolku za zivot.. mozebi sum od bogato semejstvo ama ne gi osuduvam lugeto tolku grubo.. ne velam Nesakam nekoj sto bi imal pari za da uzivam doma so decata dodeka raboti za da ne izdrzuva.. sakam da imam zivot kadesto dvajcata ke bideme ednakvi.. a moive ne me poznavaat prvo mene sto sakam nitu pak nekogas znaele od sto se tolku fokusirani na investiranje.. toa e toa sto jas Nesakam da go dozvolam da se sluci so moite deca.. me pogoduva toa sto se takvi zosto Nesakam da gi razocaram ama ako taka prodolzat ke bidat razocarani ocigledno..
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.470
    Пол:
    Женски
    ЈАс мислам дека денес многу погрешно се толкува тоа дете од фамилија. Нека каже кој што сака и нека убедува колку сака дека битна е љубовта а не парите ама факт е дека за нормален живот и тек како се битни финансиите.

    На сите родители им е важно во каква кука го испракаат своето дете,дали дечкото е добар и нормален,дали неговите луге се чесни и вредни и сл. Никој не сака да го испрати своето дете кое цел живот го чувал и пазел во кука каде нема основни услови за живот,каде нечесно заработуваат ,каде има наследни болести,каде има алкохоличари коцкари и наркомани.

    Крај краева зошто од удобен живот дома каде од пиле млеко ми е пружено да одам да живеам во шупа некоја (а сум имала таков случај каде што дечко ми со мајка му,татко му и сестра му живееа во доградба на кука составена од кујна дневна една детска соба и вц каде ни када нормална немаше во вц-то се бањаа на плочки). Секој гледа да си го подобри својот живот што со свој труд што со помош на своите родители и не верувам дека некој од нас сака да се прави маченик и од убави услови дома да иде да живее во некои минимални услови.

    Дете од фамилија. Кога се запознав до сегашниот дечко ради некој сплет на околности излезе дека неговиот вујко е многу добар пријател со моите дома. Кога паднале на муабет со неговите за мене мед од уста му течел кога зборел за мене.Прво што им кажал дека порај тоа што мене ме знае и дека сум добра девојка ,одма ги спомнал и моите и рекол дека сме Добра и чесна фамилија. Ке излажам ако не кажам дека на родителите на дечко ми а и на самиот мој дечко одма поубаво им дошло на душичето кога го слушнале тоа. Вујко му е пресрекен што се гледа со мене значи пресрекен. Ни недела дена не помина вујна му се јави на мама жива возбудена што ете сме се нашле јас и Љ. дека многу и е мило и драго што ете со мене е и дека се надева дека ке стигнеме и до свадбичка.

    Се сомневам дека родителите на дечко ми а и вујко му ке имаа такво добро мислење за мене и ке ме прифатеа на таков начин уште на сам старт,ако јас бев некоја распуштеница но и ако ги знаеа моите како некои коцкари пијаници и нечесни луге кои ниту еден ден во својот живот не работеле некоја нормална работа. Пак ке кажам,можеби ние не гледаме така на работите ама за родителите е многу битно каде ке го испратат своето дете.Никој нејке да гледа како се мачи и се јадосува и не знае дали утре ке има покрив над глава и пари за лепче.

    Доволен пример за лоши судбини и нефамилии има во Снаи и Свекрви,каде не знам платите им ги зимале, да јадат не им давале,фрустрирани свекрви и свекори и сл.

    Така да кога некој ке каже Дете од Фамилија , не секогаш се мисли на некои распрдени богаташи кои не знаат колку имаат и не ги ценат основните човечки вредности.Често се мисли баш напротив на тоа ,дали се добри ,вредни,чесни,работливи....
     
    На lolyta777, L-a-d-y-Bug и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Дете од фамилија ДА ама не заборавајте дека во секоја фамилија има по некој изрод така да не до 5 ако сакате до 15 то колено распрашвајтесе на кој како му е среќата така и ќе си биди...
     
    На Ilinaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, под поимот дете од фамилија се подразбира дете од (позната), односно богата фамилија. Не знам за вас ама на мене тоа ми асоцира. На пример фамилија доктори, фамилија адвокати, дрн дрн...А да би било многу убаво кога се мисли на дете од чесна, работлива и вредна фамилија. Ма дајјј....Кој чесен е богат во денешно време??? Така да не ми личи на мене дека тоа ќе е. Инаку тие "фамилии" се според мене се многу поископлексирани за разлика од една нормала "фамилија". А за мајките што сакаат да ги шушнат ќерките во такви фамилии едно огромно сочувство, посебно ако девојката е макар и еден степен по нивоУ.
    Имеше еден случај на тетка ми другарка, стварно жената супер изгледа (а на млади години уште поубава нормално), дошла тука да студира, се запознала со дете од фамилија, свекор и доктор, мајката не знам судија, синов не знам каде работел...Овие од страната на девојкава се попалиле, ајде свадба, деца, едно две...и сега скоро се разведоа. ја слушав жената како била понижувана...стварно грев да ти падне. најубавите години и се уништени, сега седи сама под кирија со две деца, и децата сакаат да и ги земат...Така да дете од фамилија-не фала. Доволно ми дете од нормално семејство.
     
    На L-a-r-a22, karenin, Ilinaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172

    :clap: Така си е! Си сакав и си добив дечко од нормално семејство. Не е разгален, ни себичен, ни фалбаџија... Јас не би ни можела да функционирам со некој препотентен богаташ кој парите кои ги има во џебот не ги спечалил самиот туку ги земал од татко му.
    Сум имала прилика да се дружам со еден ваков "богаташ" кој сакаше сериозна врска со мене ама си останавме само другари. Доста комплекси има во ваквите деца од фамилии!
     
  10. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Значи ке ме распукне овој балкански прост народ :?: Моите ми правеа такви проблеми, дека таква и таква му била фамилијата, ѓупци биле, чергари биле... Е арно де биле, он се труди да постигне нешто повеке! Мислиш со татко му сум во врска :| Точно дека му фали воспитание, но тоа барем не е проблем за мене, ако не друго барем си знае дека јас знам многу подобро од него и лесно ме прати... Ама не, мајка му била чистачка неисфарбана :?:

    :@
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас под поимот дете од фамилија подразбирам дете од фамилија на интелектуалци , добри и чесни луѓе .. Се мисли на угледна фамилија во која има почит и хармонија меѓу себе , домаќини луѓе
    Тоа што го мешате поимот е поради изместените вредности денес , се цени само пари и пари а вистинските вредности се забораваат .
    Да фамилијата игра улога во тоа какви луѓе сме , да не се лажеме , во домот каде растеме учиме се , прво таму го осознаваме светот и многу е важно воспитувањето од родителите ..Со кои вредности се воспитувани тие деца ,и какви се односите меѓу нив ... :!: А не се мисли колку пари имаат ..

    Мене за еден дечко моите ми имаат речено дека не е дете од фамилија , а всушност неговите беа многу богати ,со приватен бизнис се стекнале со пари ( кружеа муабети дека на нечесен начин се заработени ) , впрочем општо познат факт беше дека татко му се швалерисува и дека ја малтетира мајка му .
    И јас се бунев дека нема врска тоа , дека каков е татко му нема врска со него , а на тоа добивав одговор од моите - А кој го воспитувал него , од кој учел како да се однесува со жена ?
    Може да излезе да не биде таков човекот , ама ете тој дечко излезе ист како татка :x
    Среќа ги послушав моите :geek: Па за инат за скоро се се во право :envy: Веќе се научив да слушам искуство и мудрост :D само не им признавам 8)
    Парите немаат врска , тие доаѓаат и си одат , останува она што човек го носи во себе .
    Па и јас еден ден кога ќе имам ќерка би се интересирала какви се луѓето кои го израснале сопатникот на ќерката , верувајте некои работи порано или подоцна испливуваат на површина - фрустрации , лечење на комплекси , лоши навики итн - може ви звучам груба но тоа е реалноста и секако дека има исклучоци :)
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    За мене дете од фамилија е дете излезено од семејство со чист образ. Малку можеби ќе забегам со споредбава, особено што не пратам турски серии, ама оваа ја гледав. Се сеќавате на Кога лисјата паѓаат?
    и Али риза? Таа беше фамилија со чист образ. СО чисто име, (да се разбереме чисто име и големо име не е исто, чистото само по себе е големо, но големото само по себе не е чисто).Но беше фамилија со чист обрз а се претвори во се неубаво. Да не должам многу.
    Мене ми е битно пред се каков е човекот кој е потребно да ми биде мене партнер (кој веќе си го имам) или партнер за моите деца во иднина.Каков е, разбран ли е, порочен ли е, размислува ли, знае ли да вреднува работи во животот, однесување.
    Секако е битно, но како второ - чие дете е? :)
    ЗОшто чие дете е?
    Фамилијарни наследни болести. Пороци. Углед.
    Зборувајќи за углед, тука не влегува муабетот, тоа е ќерката на Нотарот,(смајлишопаѓавонесвест) или синот на интернистот, на судијата... Не. Тоа е углед за фамилија без срамови, без исцрнето име, без афери од кривичен аспект(каде влегува и семејно насилство), каде си ги сакаат и почитуваат и децата и семејните вредности. А верувајте, тоа се распознава.
    Финансиите и работните места не ми се приоритет. Ако претходно наведеното го има, а финасиите и работните места се во +, може, се разбира. Но прво финансиите да ги има а претходно елаборираното- не,,,,, не би.
    За мене си одбрав, ама назад ми е орото за децата. Живи били па видели.
     
  13. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    89
    Предрасуди и стереотипи наши балкански... Како прво многу луѓе го толкуваат погрешно овој, на некој начин "критериум" многу полошо и од вистинската лоша перцепција. Секоја генерализација е лоша без разлика колку добронамерно е направена!!! Не сакам да делам примери од моето искуство или пак согледувања од околината, само ке кажам дека ми е мило што овој феномен полека избледува со годините. Искрено за оваа тема имам многу лоши работи да кажам како лично мислење, но не сакам да критикувам, не ми е во списокот на позитивни работи во животов :D Значи конечено секој човек е посебен во секоја смисла и создавање на вакви мисловни групи е смешна и пред се неоснована и
    ГЛУПА да критикувам или подобро кажано вреѓам :lol:
    но сакам да наметнувам комплекси или да редам фрустрации некому туку да се сфати добронамерно дека таков став и мислење не се добар пат за одење во животот. За секој човек треба да се создаде лично мислење, ако не го познаваш лично не ни создавај мислење. Тоа е моја логика и корисна е :*
     
  14. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
    Дете од фамилија е многу чуден, неоснован поим според мене. Детето може воопшто да нема фамилија и да биде дете на место. Издржано, прибрано, паметно.
     
    На eloves, violetblue и tessie им се допаѓа ова.
  15. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Не сум се нашла во ваква ситуација родителите да ми се мешаат во врска. Побитно е дечкото да е паметен и снаодлив отколку да потекнува од богато семејство. Ако е снаодлив ќе си најде добро платена работа итн.
     
  16. 1covek

    1covek Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Некои проблеми се безвременски, ама за овој не се важни толку многу работи.

    Многу важно е што се подразбира под поимот „Дете од фамилија“. На светов постојат прекрасни деца коишто потектнуваат од интелектуална фамилија, знаат самите да се грижат за себе и не дозволуваат некој друг да ги носи одлуките за нив. Ама...

    Има и такви што ништо не ги интересира. Имаат доволно да прехранат уште 3 фамилии, па уво не ги боли за нивните постапки. Овие вториве, нели не ви требаат, знаете тоа.

    Хипотетички... ако дечкото е паметен, убав и може да добие штикла до сите особини што ги барате од него, тогаш, што е важно од каква фамилија потекнува?

    Момците што вредат, сакаат девојка што вреди, а во таквите што пребираат дали и фамилијата е добра, нема да ја најдат таа девојка.

    Да, важно е и тоа, но не е пресудно.

    Бонус совет: Сите што мислите дека многу важно е дали е од Захариеви, наместо од Трпевци, сменете стил, урбано ама, не она другото. Сменете го и друштвото затоа што веројатно сфаќањата ви се од таму и дефинитивно сменете го односот со себе. Ако барате дечко со сила, нема да го најдете. Ама ако дојде и не го забележите... џабе сме ви ние и советите.
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Па, реално сите сме деца од ваква - таква, некаква фамилија.
    Јас не сум од некоја голема, сложна фамилија, материјално сме добри, но, не сме многу сложни, ете!
    Тука јас неможам ништо да направам, но, ќе дадам се од себе да создадам една голема, сложна, хармонична фамилија. :)
    Навистина не е важно кој од која фамилија е, важен е карактерот и постапките, нели? :?:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Тоа е нешто што најмногу ме нервира. Ако семејството или фамилијата на дечкото или на девојката се нешто просечно, со некоја работа која е потценета, тогаш дечкото/девојката не чини, не е добра. Луѓето веќе престанаа да ја ценат човечноста, гледаат пари и престиж.
     
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Ова поимот на темата ви вришти!
    Дете од фамилија - ова наверојатно се работи за некој си праисториски балкански поим прераскажуван од колено на колено!

    Ехх.

    Каков сакаш биди бе, ако не те бива, не те бива.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Вие не сте свесни кој комплекс е во прашање.
    Јас имав еден таков проблем, воедно никогаш не му пријдов на тоа момче (колку глупо звучи) поради тоа што, беше дете од добра фамилија.
    Мајка му, филолог, професор чинам некој беше.
    Татко му, доктор во приватна болница.
    Презиме и познати во градот. Од дедовци и баби до пра. Сите, кој од кој. Стварно добра фамилија. Угледна.

    Тој беше студент на филозофски.
    Јас поради финансии никогаш не се запишав на факултет, а и немав желба како времето изминуваше повеќе. Во тој момент, работев во цвеќара за 5000 денари.
    Ми се допаѓаше неверојатно многу. Се за што некогаш во мојот живот мечтаев имаше тој. Целосна слика на дечко кој сум го замислувала како идеален целиот мој живот. Долга коса, права, кафена, убав лик, интелигентен дечко, со вкус за музика тука некаде, подоцна на ФБ дознав дека и тој бил луд за мачки како и јас... Неможам да ви опишам колку многу му се восхитував и колку многу за мене беше недостижен. А ла платонска љубов. Го демнев на фејсбук деноноќно, и на работа додека бев се уклучував преку моб на ФБ да видам дали нешто споделил.
    Ама немав сила да му пишам, никогаш, ништо.
    Затоа што, ете, беше дете од таква угледна фамилија.
    Додека моите беа пресно разведени, во тоа време. И не беа на некоја позиција, нормално македонско семејство кое едвај крпи.
    Јас сметав дека од каде што јас доаѓам, никогаш нема да се вклопам во такво нешто. И ете, само го замислував, и бев среќна кога ќе го видев на поминување и ќе ни се сретнеа погледите.

    Подоцна, кога веќе се омажив, допреа до мене гласини дека тој цело време го чекал погодниот момент да проба кај мене, ама јас веќе киднав од Македонија.