Се што е без заштитен фактпр не може да штити од директно изложување на сонце. А нешто што е мрсно уште побрзо може да направи опекотини
Кокосовото масло не е за заштита од сонце. Убаво е за комзумирање, за кожата на бебиња и возрасни ( јас и синко користиме) , за пеленска регија ( интима) , за коса, лице итн. Имаш на гугле на странски сајтови за кокосовото органско и на јутуб имаш све околу неговата употреба. Но, за заштита од сонце не е напротив некој за сончање го користат за поубава боја да се добие.
Kokosovoto maslo mozes da go koristis kako hidratacija za bebeskata koza no NIKAKO kako zastita od sonce, posedno ne periodot koga kozata e najranliva. Ne e dokazano deka kokosovoto maslo ima udel vo zastita I prevencija od soncevite UV zraci bidejki nekoviot SPF e okolu 4.
Јас да се надоврзам на овие корисни совети околу изборот на заштитен фактор и броевите и да кажам, бирајте само органска козметика со исклучиво физички филтри. Немојте хемиски особено за бебчиња. Имам напишано цела статија за физичките наспроти хемиските филтри. Доколку не сте ја прочитале ви советувам само да ја прочитате, па потоа сами одлучете што и како ќе користите. . Поздрав. Драга никако само масло за сончање. Обавезно заштитен фактор. Поздрав.
@Biodevojka ќе можеш ли да ми кажеш дали кремава за сончање е соодветна за тригодишно дете? Благодарам
Да се надоврзам на постот на Ана. @Biodevojka може ли да ни кажеш која крема за сончање ја препорачуваш за деца над 3 години. Цена не е битна. Благодарам многу
Здраво драга кремава е базирана на претежно хемиски филтри со титаниум диоксид како физички. Има и други некои состојки кои јас би ги избегнала како на пример акрилатите. Е сега дали е за 3 годишно дете не можам да ти кажам (не се занимавам со формулација на хемиски филрти), може само да ти кажам дека кога би бирала за свое дете јас не би ја земала. Поздрав. Драга Еко Козметикс и Лавера ти се навистина многу добри. Од Еко Козметикс имаш огромен избор со еазличен фактор за возрасни и за деца. Поздрав.
Мамички, би сакала само да ве известам дека открив нова козметика за бебиња и дечиња која е италијанска и за среќа ја донеле и во МК. Станува збор за Naturaverde Bio Disney Baby за која што обајвив и статија на мојот блог (линкот ќе го постирам во соодветната тема за блогови за козметика). Производите се повеќе од одлични, со нежни формули, органски и нежни за детската кожа. Поздрав
Убав е!!! Станува збор за некој производ на измивање. Ми се допаѓа комбинацијата на сурфактантите има одличен баланс и воопшто не е агресивно. Според мене има многу екстракти (можеле помалку да стават сепак е за деца) ама сепак е ок како производ. За кој производ станува збор? Поздрав Здраво драга ја има во Веро/Џамбо, во Космо и во аптеките на Бети во сите градови. Поздрав.
@Biodevojka се работи за оваа купка на Лансинох. Се мислам да земам за децава некоја поприродна, па оваа или колекцијата на НатураВерде што ја предложи. Ама уште се двоумам со малово поради дерматитот, Логона му одговара, да не направам белја ако сменам. Ми се допаѓа тоа што на Натураверде содржи овес, тој помага кај дечиња со атопична кожа.
За Натураверде ти гарантирам јас. Парфемите кои ги содржи немаат алергени, а овде има (најдоле на листата лимонен и ланаоол). Иако и ова е одлична сепак како што напоменав има многу екстракти. Ајде следна оваа ќе ја земам за рецензија па ќе ти кажам мислење од тестирањето. Онаа на Натураверде сестра ми ја користи за двете деца, едното е 18 месеци а другата е 5 години. Одлично се покажаа и кај двете.
@Biodevojka е секогаш љубезна за да ни помогне во дилемите каква козметика да одбереме лани купив од биокосмос, ама оваа година му е скапо бидејќи краток период ќе бидеме на море, ако може мислење за алверде детска крема 30
Здраво драга оваа крема јас лично си ја користев затоа што одлично ме штитиеше (иако е бабу). Исклучиво со физички филтри е нема хемиски што е супер, има убави масла и има убава густа структура. За деца е идеална. Малку остава бела трага ама ако убаво ја размачкаш не се познава. јас за себе и одозгора ставав минерална пудра ана алверде лани за да ја зголемам заштитата (во минералните пудри има цинк оксид и титаниум диоксид) а и да добијам малку потемна боја. Поздрав.
Драги мајки и сите оние кои ме прашаа за средство за заштита од комарци со убави состојки. Го открив спрејот за заштита од комарци Mapez за кој напишав и детална рецензија која ја објавив во соодветната тема на форумов за блогови за козметика https://forum.femina.mk/threads/Блогови-за-козметика.3280/page-13. Се надевам дека ќе ви биде од корист. Голем поздрав.
@Biodevojka извини ако веќе имаш коментирано, но дали сметаш дека оригиналната павловичева маст на др. Павловиќ е добра за секојдневно користење при секое менување на пелена и дали воопшто има потреба од масти при секое менување? Инаку користам се од Логона освен за пеленска регија и оригиналните памперс, парите не се проблем. Проблем се куповите информации и различни совети од секаде. Фала однапред
Драга ќе те замолам да постираш декларација од кремот затоа што не ги паметам на памет сите состојки, а не би сакала да згрешам или да се помешам со некој друг крем. Постирај ја декларацијата па ќе ти кажам што мислам за кремот. Поздрав.
Да напомнам, има еден куп сертификати по ИСО и задоволува стандарди на СЗО според декларацијата и што читав по нет. Благодарам @Biodevojka