Детско насилство/булинг

Дискусија во 'Психологија' започната од WarriorAngel, 4 август 2013.

  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    3.177
    Пол:
    Женски
    Ја отворив оваа тема за сите оние кои како мали биле малтретирани и понижувани од други деца. Ја ставив во психологија бидејќи мислам дека тоа може многу да влијае врз психата на една чувствителна, многу млада личност, понекогаш, за жал и за цел живот. Верувам дека ги има многу такви, и не сретнав ваква тема, па овде можат да се олеснат сите кои им тежат ваквите нешта.

    Ќе почнам јас.
    Уште кога тргнав во школо осетија дека сум послаба и почувствителна и почнаа со навреди, а подоцна психичкото се претвори во физичко насилство. Најчесто беше од страна на женските деца во одделението. Поради многу причини, без поразлична и никогаш не се прилагодив. Почнаа да измислуваат дека навредувам други деца, дека зборувам многу лошо за нив за да ме скараат, почнаа да се бунат за отцени, да клеветат кај професори работи кои не сум ги направила и многу други нешта кои искрено, ги немам целосно преболено.
    Секогаш ми надоаѓаат солзи кога ќе се сетам како сама си одев накај дома и сама си го чекав автобусот. Понекогаш со мене беше една, единствена другарка која секогаш ќе ја почитувам поради тоа што била со мене во таквите периоди, а ги има многу.

    Не најдов слична тема. ако има - канта.
     
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Ова се случува и ден денес.Инаку добра тема на која може да се подискутира.Искрено,јас и сега кога ќе видам некои деца што ги познавам да се тепаат без разлика машки или женски знам да им придам и да ги разделам,да им укажам дека тепањето не е баш најдобарата работа да се средат работите.Слободно можам да кажам дека и јас се имам тепано со мојата најдобра другарка и тоа многу пати за наши детски глупости.
    Што се однесува за мене,не сум имала некои вакви проблеми.Додуше имаше се наоѓаа девојчиња што се закачаа со моите другарки со вербални расправии јас знаев нонстоп да се вмешам ама никогаш не кренале рака на мене,можеби тоа е затоа што не дозволував некој да ме закача доколку нема причина.Бев еден тип на ''машкоданка'' затоа што тие времиња по дома со брат ми многу се закачавме и се тепавме па не се плашев ако треба и со некои други да се затепам :D Никогаш не сум се плашела од закани од женски,ама затоа се наоѓаа 2 момчиња од кои бегавме одма штом ги видиме.Тие тогаш беа распашана команда ептен не закачаа ама за нив се најдоа други да ги смират.
    Мислам дека сето ова зависи од тоа како напочеток ќе се поставиш.Ако дозволиш некој да те подгази на сам почеток после ќе те научат и ќе тераат сеир со тебе.Зависи и од тоа колку си друштвен/а и колку можеш да се прилагодиш на други пријателства.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    4.044
    Пол:
    Женски
    Охоо и тоа колку , и школо сменив џабе , и одделенија мењав пак џабе. Едноставно кога не те прифаќаат не те прифаќаат , за да биде бељата поголема пола основно учеше со мене и во средно и таму се си продолжи по стара песна , па затоа на матура кога ми го искинаа фустанот станав си заминав и повеќе очи не ми видоа , на улица вртам глава.Немаа осет многу пати психата ќе ме акнеше и не можев со денови да станам од кревет. Колку пати и викав на мајками сум болна да ме остави дома , да не идам да не ги слушам и трпам. Поддршка немав скоро од никој , си седев цело време сама , немаше ден а да не ме навредат нешо да не ми направат некоја далавера , и физички се пресметуваа со мене . Дојде до тој степен да ме наместат дека сум украла новчаник , а ја дента не ни бев во школо , никој не ми веруваше па киснев во полиција , ме испрашуваа давав изјави. Ова е само дел од глупостите , гледам на некој начин да го избришам од главата ама не иде , се си носи последици . Благодарејќи на сите нервози и несреќи во животот јас си закачив анксиозност и депресија , и сеуште не можам да се опоравам
     
    На macor24, slavicaaa123, Anne15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    3.177
    Пол:
    Женски
    Блек Ејнџел, жал ми е најискрено, ти си поминувала и потешко од мене. Немој ти да ја вртиш главата на улица, тие нека се завртат бидејќи треба да се срамат од своите постапки. Ти ништо лошо немаш направено. Ја имаш сета моја поддршка. Те молам, немој веќе да патиш. :hug:

    Кај мене најтешкиот период беше во четврта средно, сакав да се преместам ама веќе беше доцна, не сакаа да ме преместат а и од дома ме караа, ми рекоа дека ништо нема да постигнам ако бегам од проблемите.

    Јуле точно е дека се зависи од тоа како ќе се поставиш на почетокот. Во средното успеав да бидам добра со цел клас, само се уште имам несогласувања со тие претходните, од основно.
    Фала Богу сега ми се тргнаа од глава.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    4.044
    Пол:
    Женски
    Тоа што ми го правеа на мене , ни на најголем душман не му го посакувам ! Ми се гади од сите нив , од дното на душата ги мразам , ама што е тука е некои работи и не се менуваат, за жал. Среќа што се запишав на факултет каде ниеден од нив не ни помислил , ниту пак сакал да иде , и ми е ок со сите си се согласувам најнормално.Фала ти ! :hug:

    Јуле не е секогаш како ќе се поставиш , јас цело време си се држев на страна никој не закачав не тормозев , едноставно си ја гледав својата работа ! Имав тешки периоди дома и си се изолирав , едноставно сакав да бидам сама со своите мисли и чувства , а од каде им надојде поводот да ме јадат , во буквална смисла на зборот , не знам ни самата јас ! Едноставно гадови си се гадови не се менуваат , без разлика на се што ќе направат во животот.

    А јас си се зареков ако некогаш во животот станам некој и нешто и имам можности на некој начин да им вратам , сите до еден ќе го добијат , како правеле така ќе им вратам !
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.160
    Јас не верувам дека ти ги мразиш нив.

    Види во тие години луѓето се такви гадови. Не постои човек кој никогаш во својот живот не бил некако исмејуван.

    Мене ми е разграничено едно нешто во главата. Секој кој до сега ме повредил било како не го регистрирам повеќе како личност. Небитен станува за мене. Од мене нема да види никогаш помош, а нема да види ни некое зло дело. И дали веруваш секој кој некогаш порано ми згрешил сега кога ќе ме види секогаш сака да се поздрави со мене. И се интересира за мене. Јас кога и да ги видам таквите луѓе намерно се правам весела и се смеам. И секако не им возвраќам на поздравот.

    Тие за мене не постојат. Колку и да сакаат да се зближат сега со мене нема да успеат.
     
    На foreverMATH и tessie им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    13.727
    Допаѓања:
    138.548
    Пол:
    Женски
    Ах леле и мене ова ми се случува сите ме навредуваат сум била дебела ваква таква сама се враќам дома се молам да завршам основно само кај мене е психичко насилство не физичко ама благодарение на мојата една и единствена другарка заборавам на се ама они постојано се бунат за моите 5ки и криво им е затоа што сум поуспешна од нив и кога ќе дојдат да ме молат да им дадам некој лек за нивните деца бидејќи знам дека ќе станам фармацевт ќе сфатат всушност што изгубиле нека нека Господ се гледа.
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.170
    Мене основното ми беше пеколно. Имаше типка една ме мразеше поради некои семејни ствари шо немаа допирна точка со мене, и само ми правеше проблеми.
    Ради неа сите 8год ми беа ужасни, дури и на полуматура ме намести дека сум сакала да повредам типка од наше одделение со тоа што сум ставила жилет у патика :fubar: Мислам, јасно беше кој го направи тоа, ама типкава упорна беше за мене.

    Док у средно сум немала проблем, некако зајакнав од цело тоа сра*е што ми се дешавало до 8мо па поинаку се поставував со децава, дури и арогантна бев со сите .
     
    На Iva9612, foreverMATH, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    12.498
    Блек Ејнџел солзи ми потекоа додека читав ;(
    Но форумов не постои за да се обесхрабруваме и да сожалуваме туку да си помогнеме,барем за момент да се чувствуваме подобро.
    И јас имам една тажна приказна која ќе се обидам накратко да ја раскажам.
    Во основно немав никакви проблеми, се додека не се запишав средно во друг град каде што се преселивме и таму живеам веќе 5 години.Уште на почетокот на првата година не бев прифатена,бев преплавена со прашања од типот зошто сум дошла тука кога и таму имало исто средно училиште.Свесна сум дека не се поставив добро како посрамежлива личност(иако не сум толку) и тие ја искористија секоја моја слабост. Од сите страни потсмевања, озборувања,сум доаѓала од село значи неписмена сум била, сељанка и што уште не.. засреќа физички пресметки немаше ама тоа што ми удри на психата е поболно од било каков физички удар. И ден денес трпам последици психички, а самодовербата не успевам да си ја вратам. Страшно е како една здрава, права личност со капацитет може толку ниско да падне. Се тоа сама го трпев, бидејќи немав некоја другарка која беше цело време покрај мене. Имаше една во прва година ама отиде у друг клас кај што мајка и (наставничка) беше класна. Среќа, се запишав на факултет каде што добро ми иде и каде никој од нив не се запиша. Остварив добар резултат за сеа, и сфаќам дека и тие на некој начин беа пречката што не можев да се истакнам како што треба. Но, сеуште не е тоа - тоа. Солзите што сум ги пролеала, нервозите оставиа трага- недостаток на самодоверба што е лошо за една личност. Не е опишано се детално но воглавно секој момент го користеа да ме понижат , а какви неписмени имаше меѓу нив , вода да ми носат може.Најголем број бе атеисти што толку атеисти на едно место во живот не сум видела |( Прашања од општа култура незнаеа , ќе прашаат нешто што се учи од улица(не сите) , ама влијаеа сите да имаат такво мислење за мене. Се случило да сретнам некој од нив и јас да бидам таа која гордо поминува покрај нив без да им речам здраво и на БлекЕјнџел тоа и го препорачувам, ако некој треба да се срами тоа се ТИЕ а не ти, и покажи им дека можеш да постигнеш многу во животот, па нека шушкаат како си успеала. Јас секогаш велам вака: Господ е голем на сите ќе им врати што на некој начин те повредиле, ќе се чудат што ги снашло а за нас се надевам следуваат подобри денови. :)
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.991
    Пол:
    Женски
    Ни јас не сум исклучок, како и многу од вас.
    Во основно бев многу повлеченко, срамежливо, ама па си учев и жива ме јадеа за тоа. На секој можен начин ме понижуваа и гледаа да направат да се чувствувам грдо и одвратно - а јас па будала сум давала некои такви гнасотињи да се зафркаваат со мене. Ех, сега да ми е паметов..
    Какви се зборови немам слушано, и какви се глупости не ми правеле, ама нека. Во средно немав проблем со тоа, си живеам со сите школски, со никој не сум се скарала и никој не ме навредил. Изгледа сум била опкружена со некои малоумни.
    Да не кажам какви проблеми и ден денес си имам навлечено од тоа, си патев од комплекси, си патев од се и свашта во главава, не е лесно туку-така да се исфрлат овие работи од главата...влијаат и на самодоверба и на се..
    Особено па дека потекнувам од прилично дисфункционално семејство. А се` си ставав на срце, пусто детиште.

    Сестра ми пред некој ден беше на одмор преку школо, и една квачка на повеќе пати и викала :
    -Седи си, и онака немаш родители да те воспитаат.
    И на сестра ми и пукнал филмот и на тоа и рекла:
    -И ти имаш брат што е како зеленчук и не може да живее нормално, и да има кој да го воспита џабе е.

    Да ви кажам право, ја оправдувам. Зошто да ја понижуваат и сите да и се смеат нејзе? Што згрешило детето што нема родители што се способни да и пружат се, јебешга, не е она крива што мора да трпи.
    Не е ни другово криво што има брат што вегетира од сожалување на другите, ама бар сестра ми не се нафрла да им вика на сите дека немаат родители или немаат пари, или не личат на нешто.

    И се е домашно воспитање. Толку им кажале од дома.
    А знам, сестра ми не би рекла ништо такво доколку не ја здоболи силно. Немав јас никој мене кога ми викаа така, затоа и се зафркаваа со мене некои копиљаци изгубени у свемирот.
    Ама нејзе не ја давам така лесно.
    Нека им враќа бе, нека им враќа.
    Душа ми е таа, си ја сакам. Камо ли јас да имав некој да ми кажеше како со малоумните детски главчиња што нема кој да ги посочи на правилно однесување и почитување на другата страна.

    И што дека пораснавме сега?
    Исти курац, мене уште ме боли кога ќе помислам на се`, и секој што минувал низ истото знае како е и колку ова ја искривува сликата што човек ја има за себе..
    ..ама има такви дечишта што само чекаат еден да биде по зустар од другиот, да има на што да се смеат - и цел живот се такви кретенчиња. Мочковци.
     
    На Indiegurl, Jagoda123 и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    4.044
    Пол:
    Женски
    Верувај ми и тоа премногу ги мразам , од дното на душата! Ете ти имаш друг пристап према тие работи , можеби и подобро е така , ама ете јас никогаш во животот не се помирив со тоа што ми го правеа , дамка ми остана.


    Реално само тоа и ни останува , да се надеваме на подобро , и да се потрудиме да биде подобро :hug:
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    12.498
    Таквите личности се искомплексирани особи кои ги лечат своите комплекси омаловажувајќи ги другите. Реално и ги жалам, ако од нив во иднина се очекува да бидат добри личности и родители ќе проплачат сите дома. Тие си знаат каква совест имаат што навредуваат други и јас велам да ми бил овој памет сега.. ама сум поминала многу потешки нешта и сеуште стојам цврсто..дури и некои работи ме направија посилна и сфатив дека сум храбар човек. :)
     
    На eloves и tessie им се допаѓа ова.
  13. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    4.044
    Пол:
    Женски
    Исто ко јас да сум го напишала , ќе вратам на секој можен начин , по кој тие би се осетиле , загорезени , повредени , понижени , итн итн , ќе вратам за се , за секој збор , за секој шамар , за секоја траума што ми останала во главава!

    Не си тажна по своја волја! Ако некој ни го сјебал животот нормално е да осетиме потреба за одмазда ! Како што рекле одмаздата се служи ладна , тие до сега имаат заборавено што ми правеле на мене , ама ја не заборавам никогаш ! И ќе се потрудам да си го добијат тоа што си го барале!
     
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.160
    Девојки, мене не ми се верува дека имало и физички пресметки? Па нели сте им кажале вие на вашите родители, на класната или училишниот психолог? Зашто сте ги трпеле тие физички малтретирања?

    Верувајте нив најголема казна им е тоа што се такви нелуѓе кои никогаш нема да можат да создадат стабилно и успешно семејство достојно за почит. Тие никогаш нема да знаат како да се радуваат на вистинската љубов и на вистинската радост која ја носи израснувањето на сопственото детенце. Тие губат се токму во моментот кога се одлучуваат да бидат такви празноглави тикви.

    Знам дека е тешко да се оградиш од размислувањата како да им вратиш на луѓето кои те повредиле. Но дајте си вие шанса, вие да почнете да живеете среќно. И не размислувајте за нив.
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    4.044
    Пол:
    Женски
    ^^^^ Џабе , се било џабе , ќе се смират одреден период и пак по старо. Биле мојте се колеле се расправале , ама на крај испадна дека и нивните родители се далеку по бетер и од нив, цело време го слушав коментарот - Па деца се , така растат , денес се тепаме утре се сакаме . Да да сигурно , слабо само едната страна е тепана! Трагедијата е што овде тој вид на насилство никој не го сваќа сериозно,дека остава последици на детето , почни од класни , педагози и психолози , па заврши до тие нивни неспособни родители. Во средно психологот што го имав, ма ич не ја болеше долната што мака си имам јас , не сакаше ни да поразговара со моите кога ја побараа , и кога и збореа што се случува. Сите си се оградуваа , а по некое време и јас почнав да ги кријам модриците , раните и заебаната психа! Пробувам да подзаборавам , ама кога од време на време ќе се вратат сликите на некои случки , одново го осеќам стравот , и грозното чувство во стомакот , чуството на немоќност!
     
  16. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    јас досега сум доживеала само психичко насилство, навреди секој ден :worried: .. и имам пишувано во темата Навреди, без никаква причина почнаа сите машки од класот да се закачаат со мене и да ме навредуваат.. траеше помалку од една година ама мене ми се чинеше како многу повеќе.. поминав низ тоа со помош на другарките и семејството, иако на никој не кажував колку ми беше тешко :( уште сум во основно и уште морам секој ден да ги гледам, ама барем прекинаа со навредите.. и мислам дека ако не поминав низ тоа што поминав, немаше да бидам оваа личност денес.. многу сум повесела, подобра :) .. порано знаев да бидам и многу љубоморна, а после тоа што ми се случи ни љубоморам, ни озборувам (добро малку озборувам, ама не како порано :D ).. не ги мразам тие што ме навредуваа ама мислам дека никогаш нема да заборавам што ми правеа, и затоа сакам што побрзо да се разделам од нив.. психичките рани се сеуште тука и затоа мислам дека никогаш нема да им простам, а камоли па да заборавам :shake: ама сепак мислам дека од сето тоа излегов посилна, и сега едноставно не ми е гајле што мислат за мене, јас сум многу подобра од нив и со тоа се тешам, а и со фактот дека тоа го правеа само поради тоа што всушност внатре, длабоко во нив тие се само бедни, патетични и слаби суштества кои поради своите проблеми, сакаат и животот на другите да го направат пекол.. порано сакав да им се одмаздам ама сега не мислам повеќе така, на крај краева тие самите си се казнуваат со тоа што го прават, никогаш нема да имаат некој покрај нив, а и најважното - никогаш нема да бидат луѓе..
     
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.093
    Пол:
    Женски
    Јас и сестра ми во основно училиште го доживувавме истиот кошмар!
    Секој ден дома плачевме и молевме да го смениме училиштето, но нашите не сакаа да слушнат.
    Не ни ја разбираа маката. :|

    Поддршка немавме ниту од наставниците. Учевме во основно училиште во центарот на Скопје.
    Првата поделба ја правеа самите наставници. Да, да.. :x
    За наставниците не бевме сите деца еднакви.
    Јас и сестра ми бевме деца на мајка домаќинка и татко електричар, тој ја одржуваше зградата во која живеевме.
    Си беа Циле - Миле со родителите од кои имаа корист: адвокати, доктори, професори..
    Личности кои секогаш си ги имаа на лагер, во случај да им притребаат.
    :!: Каква корист имаа од моите родители? Никаква.
    Се сеќавам беше 8-ми Март. На мојата наставничка и купив многу убав украс, жена која држи книга во рацете. Симболиката ја препознавте?
    Таа не ја препозна, за нејзе столната лампа, која мирисаше на магнолии кога ќе ја вклучиш во струја, подарена од ќерката на докторот, беше повреден подарок.
    Кога ги отвараше подароците, насмеана и со душа чекав да го отвори мојот.
    Кога го отвори рече: Хм.. Не е лошо, благодарам.
    Направи незадоволна и намуртена фаца.
    Во истата секунда мојата насмевка ја снема. Ми падна тешко, но не затоа што таа така изреагира, туку затоа што знаев дека моите родители со броени пари и го купија подарокот од кој таа беше незадоволна.
    Кога ја виде миризливата лампа, повеќекратен оргазам доживеа женичката. |(
    Бев мало, но многу совесно дете, затоа и се ме погаѓаше.

    Наставничката на сестра ми пак, бидејќи моите родители задоцниле со плаќање на ужинката и рекла на сестра ми:
    Собери си ги книгите и дома да си одиш. Веројатно и ќе паднеш година, така да им пренесеш на твоите, тоа ќе се случи ако твоите не платат за ужинка и немој до тогаш да си дошла во училиште.

    Ај што ја избламирала пред другите деца, проблемот со родителите го решава преку невино дете? Па каков педагог е таа бре?
    Да ја пушти сама, да поминува улица.
    Моите кога ја виделе пред врата од памет се извадиле. Беа да се расправаат со наставничката за таквиот некоректен однос, но попусто.

    Децата во одделението се друга приказна, мене секој ден ме навредуваа, ми се дереа на уво, но барем никој не ме тепаше, сестра ми си јадеше и ќотек.
    Постара сум од нејзе 3 години и ја бранев од се и секого.
    Кога беше во прашање таа, очи вадев и не мислев воопшто на себе и на последиците.
    Децата од нејзиното одделение го знаеа тоа, ја тепале и и се заканувале дека ако ми каже, ќе ја убијат.
    Таа молчела од страв, а јас за тоа дознав од нејзина другарка.
    Бесна излегов од сред час, влегов во одделението на сестра ми на сред предавање и реков: Тие што ја тепаа сестра ми, веднаш да станат!
    Очекував сите да седат, но не, малите подли и невоспитани деца станаа.
    Ме гледаа и цинички ми се смешкаа. :x
    Се завртев накај сестра ми и реков: Стани и на сите по еден шамар да им удриш, никој ништо не смее да ти направи, а ако проба со мене ќе си има работа.
    Наставничката кога ме слушна ми се изнавика и ме избрка. Завршив кај педагогот, јас завршив, ни крива ни должна. :|
    Од тој ден веќе никој не ја пипна, а кога ќе ме видеа мене бегаа кој - каде, нозе кршеа по скалите од училиштето.
    Не ја тепаа, но за време на одморот и го буткаа сендвичот од раце. |(
    Плачејќи кај мене ќе дојдеше сестра ми, да бара пари за нов сендвич.
    И да не набројувам уште што се ни се случуваше, почнав да се нервирам.

    Се заврши кога се запишавме во средно.
    Средното училиште и факултетот се други, убави приказни.
    Оваа приказна и да сакам, не можам да ја заборавам. Дете бев, а децата се многу ранливи и кревки.
    Да ми бил овој памет тогаш, ќе ги жалев искомплексираните деца.
    Бидејќи кога убаво ќе размислам, навистина се за жалење.
    Безгрижно дете не е полно со револт, а овие беа и мораа некаде и некако да го изразат. :!: Зошто јас или сестра ми, никогаш не сме посакале некого да малтретираме?
    Кој знае какви проблеми си имале тие деца?!
     
    На eloves и tessie им се допаѓа ова.
  18. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    11.836
    Пол:
    Женски
    Ова ми е многу болна тема.
    Бев малтретирана во текот на цело основно, најмногу психички, но еднаш и физички, две машки од клас на голем одмор, од нигде никаде се нацртаа до мене и си добив два бокса, затоа што им било досадно беше нивното оправдание подоцна... Сега ми е и смешно дури...

    :?:


    Отсекогаш сум била тивка и повлечена, а да не зборувам за физички изглед што сум цел живот слаба, и тоа на злобни детски усти им е лотарија. Цело основно слушав навреди, за тоа како изгледам, навредливи зборови, прекари.
    Сите тие зборови и самиот однос спрема мене многу влијаат на личноста која сум денес. Од комплекси што уште ги имам, се до способноста која ја имам за распознавање на различни карактери, се се должи на релативно тешкото детство.
    Никој не знае за ова, сега скоро на мајка ми и изреагирав бурно кога ми спомна основно и се зачуде за момент, затоа што воопшто нема поим што се случувало со мене.
    Само наставничката што ми беше од 1во до 4то се сомневаше дека се случува нешто и често застануваше во моја одбрана во некои дискусии или ми правеше друштво на голем одмор, плус дека беше пријателка со моиве, бевме многу блиски.
    Но, кога бев 4то почна да отсуствува поради болест, потоа и почина и со неа ми умре и единственото позитивно нешто таму.

    Поради моето искуство сега многу лесно препознавам деца кои се малтретирани на ист начин, и затоа се чудам зошто нема повеќе психолози, педагози што навистина ги бива за да препознаат вакви работи, бидејќи најчесто ваквите малтретирања поминуваат тивко и незабележано, за жал...
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.316
    Допаѓања:
    8.392
    ..не ни знам како да започнам...
    И јас спаѓам во оваа категорија на луѓе кои како деца биле малтретирани,посебно во основно училиште.
    Од 1во до 4то одделение,нели една е наставничка,и секогаш кога имав проблем не ми обрнувала внимание.Моите родители се разведени,тогаш мајка ми беше старател,единствено примање беше социјалната помош.А секако оние кои ме малтретираа беа деца чии родители имаа надпросечни примања,и по дифолт тие секогаш се мирни и во право.Мн навреди претрпев,несакам ни да се сеќавам..сеуште ми солзат очите кога ќе се потсетам на тоа,сеуште таму некаде длабоко ме пече поради тоа.
    Никогаш,ама баш никогаш не сум се пожалила..мајка ми беше зафатена со 'преживување',обезбедување на средства за живот,па и јас уште да се жалам како ме нарекуваа со погрдни зборови.Имам постар брат 3 години,никогаш немав побарано да застане во моја одбрана.
    Од 5то до 8мо беше подобро.Запознав некои девојчиња со кои се зближивме,и полесно го пребродив тој период.За тој период во средно не можам да се пожалам,бев солидна ученичка,мирна,непроблематична и имав оставено впечаток на примерна.Истите девојчиња од основно беа во мој клас.и секогаш ме поддржуваа.Денес иако не сме во исти друштва и не се гледаме често,тие се моите најдобри другарки на кои знам дека секогаш ќе можам да сметам.
    На факс веќе е друга приказна,нови луѓе нови случувања,пристапувам со веќе изграден став,со свое јас..всушност на факс и никој не се обидел да ме навреди или повреди на било каков начин,најверојатно сите колеги/колешки се доволно созреани :)
    Но периодот во основно,е период кој ми остави лузна..трауми кои ќе ги имам за цел живот.
    А фактот што потекнував од дисфункционално семејство,беше уште еден мотив плус да ме исмеваат.
    Ме пече,мн ме пече душата..кога се потсетам на тој период од животот,посакувам на викнам на цел глас,да го исфрлам од себе тоа што одамна ми отежнува..Поради тоа малтретирање,денеска патам од комплекс на ниска вредност,самодовербата ми е нула..и никогаш,веќе нема да бидам самоуверена.
    Најголемата навреда што ме погоди,и поради која патам,и ќе патам цел живот-е зборот 'куче'.Ми беше кажано од еден 'фраер',во 5то одделение.Се можам да заборавам,ама тој збор-не!Никогаш!
    Поради тој збор,се повлекувам..сите мои замисли кои се пред остварување...се откажувам од нив,од причина што при момент на радост и среќа,во главата ми одѕвонува тој проклет збор..
    Поголема навреда за човек,од споредбата со куче нема..
    Е токму поради тоа патам од тие комплекси на ниска вредност,постојано се откажувам од се со изговор дека нема да успеам,се оддалечувам од луѓето бидејќи се плашам поради мојот социјален статус ќе бидам отфрлена..
    Куче... ;(
    Уште се сеќавам на моментот..чекам,чекам..ќе дојде прилика кога јас ќе го потсетам него за тој збор...
    премногу тешко ми паѓаат спомените од минатото..
    И да, да напоменам,маја ми и татко ми се смирени,веќе со години живееме како семејство..навидум семејство во ред,ама минатото се памти..тоа прогонува..
     
  20. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    641
    Лелее душичкаа.. Многу ми е жал за тебе, тој период веќе е зад тебе, но знам дека е тешко дури и невозможно да се заборави. Ме израдува што пак сте семејство како некогаш, дека на факс ти е подобро и ти посакувам се најдобро во понатамошниот живот. А тие што те повредиле ќе платат за тоа! :*