Епа убаво имаш напишано: го казнуваат, понекогаш го удираат, а тој по старо си прави. Значи тоа не е вистинскиот начин, тоа е погрешниот начин.
Да. Ама многу ретко го удираат, ептен во крајни ситуации. Секогаш сакаат со разговор да го смират и да му укажат дека треба да биде мирен, да не прави глупости. Зборот ми е дека некогаш кај некои личности ни разговор, ни казнување а ни пак ќотек помага. Конкретно за девојчето од Велес ја мислам дека треба да ја однесат во кривично поправен дом. Бидејќи ако остане вака за некоја година ќе почне и да убива.
А таму во поправниот дом, како ќе ја поправат? Ако не помага разговор, дупла доза разговор. И стручни лица за разговор постојат, психолози, педагози...ама многу работа и посветеност треба. Или вака? (одете на мин 5)
Девојчето што тепаше другиот ден исто истепала друго девојче, многу била проблематична не и било прв пат ова. Очигледно е испуштена од раце или дома може има таков пример, ако е некое разгалено прдле можеби ќерка на некој " битен" па мисли што сака ќе прави, обично такви се тие деца. Како и да е треба на родителиве една тужба и за детето да се одреди разговор со психолог додека се најде проблемот. Ама во оваа држава секое за три дена ништо нема да се превземе.
Единствената причина зошто „немало“ тепачки во детствата на просечните југословенци е што ако истепале некој, дома трипати поголем ќотеќ би изеле. И пред некој да се чукне во гради и да рече такае, имаше дисциплина, најверојатно не треба да објаснувам зошто ваков power dynamic уствари не прави ништо полезно за спречување насилство. Само создава фрустрации кои ќе испливаат во моментот кога детето ќе се најде на врвот на тепачката пирамида. Така што, соберете си ги приказните за Југославија и кажувајте ги на друго место. Врсничко насилство е вистински проблем, постои буквално отсекогаш, и не е резултат на мЛаДиНаТа. Не е црно и бела ситуацијата, и не се решава со влечки, маши, стапови и останати креативни идеи за тортура. Сите нè додирна видеото, фала богу, нормално е да имаме емотивна реакција на вакви ситуации, ама вие барем не сте тинејџери колку што знам. Вакви импулсивни насилнички нагони се одлика токму на луѓе како тие во видеото, па можеби и самите треба да се преиспитате.
Да тогаш лошо било, од таа причина имало помалку вакви случки и слично. Сега пошто се вие ептен ептен напредни па ич ги нема сега, теоретски само, во пракса 10 пати повеќе има од пред само 10 години. А и појма немам кај гледате лошо во тоа што на премер детето не прави бења пошто се плаши од неговите дома дека ќе биде казнет со забрана за излегување, компјутер или слично. Како на друг начин би го решиле проблемот? Тоа со децении функционираше и беше ок сега ви текнало паметњаковци све со психологија и збор ќе решавале што во праква ви е чиста нула и не успева. На строгост од родител и кревање рака кое само повеќе има психолошки ефект гледате како на насилство и претепување. Се кладам дека 90% од вас тука ве има удрено родител и од тоа немате никаква физикча траума како што се преувеличува овде. А и не е до ќотекот. Се е до тоа како родителот ќе се постави. Памтам дека доволен беше и поглед од мајками кога бев помала.
Истово сакав да го пишам.Плус голем дел од луѓево што пишуваат децава денес многу се разгалени не се ни од времето на Југославија туку во нивните рани, средни 20ти. Добро е и да се запомни дека родителите на овие деца кои ги осудувате, се производ на времињата кои ги величите. Реалноста е дека насилство се случува постојано околу нас и секогаш наоѓаме начин да замижиме или да го игнорираме. Буквално никогаш ама никогаш не било подобро.Основно завршив пред 6 год. и беше чудна мешавина од воспитани деца и деца кои секој ден влегуваа во конфликт, физички или преку булинг на други деца.Во средно беше друга песна, такви физички испади немаше, ама булинг се наоѓаше од време на време.И никој не може да ме убеди дека низ вашето одење во школо ни еднаш не сте се сретнале со работи од типот, редовни физички пресметки меѓу неколку "најбесни" деца, викање родители на разговор и некој пат и уништување инвентар.Значи барем еднаш сигурно сте имале ваков случај.Се сеќавам колку девојчиња беа влезени во некој лош "хулигански" филм и на 13-14 години се фалеа со тепачки. Сите овие што учествуваат во вакви деструктивни однесувања прво тоа или го копираат од дома или пак немаат никакво соодветно домашно воспитување, па многу лесно се подложни на сугестија од лошо друштво и го копираат тоа однесување зашто немаат подобар пример.Не сум психолог, ама од сите што ги знам, тој е pattern-от најчесто. Насилството никогаш нема да исчезне, единствена светла точка е што конечно се зборува повеќе и се бара одговорност и мрднување со прст наместо да се оправдува со: деца се. И фала Богу што постои интернет, изгледа голем дел од народот држи превез пред очи и му треба видео за да сфати што се случува околу него(барем тоа го разбрав од коментари по фејсбук и тука). @SugarHoney зошто имаш толку против психологијата ?
Мене искрено повеќе ми пречи фактот што децата кога се сведоци на еден таков чин, не превземаат ништо. Во случајот, снимателот. Дури и кога знаат дека делото не е во ред. Или држат дистанца, не се вмешуваат или не гледаат на тоа како на акт на насилство, туку си го доби тоа што го ,,заслужи". Се поставува прашањето, дали децата се способни да идентификуваат насилство како еден нехуман третман на човечко битие или треба посебна едукација во школите за булинг и неговото влијание?! Единствено насилство што оправдувам е да вратиш со иста мера на тој што ти го прави делото, или едноставно to stand up for yourself, од причини што во овој суров свет, родителот не е постојано со тебе, а не секогаш постои расположение од другата страна да се занимава со своето проблематично дете. Особено кога детето не е во школскиот двор, и училиштето нема ингеренции да покрене било каква постапка. Сметам дека едукација на децата од најрана возраст треба за последиците кој може да ги предизвика самиот булинг. Затоа што самиот шамар не боли толку, колку што боли понижувањето и стравот повторно да се соочиш со истата личност која ти нанесува болка. А секако и срамот, кој го има жртвата, иако неоправдан со оглед дека срамот треба да е всушност одлика на насилникот. Кај нас, за среќа нема толкав степен на физичко насилство, но во голема мера е застапено психичкото. Во една паралелка, секој пат има дете/ тинејџер кое е потемпераметно и може да ги тестира своите граници на однесување. Особено, ако се работи за личност која се стекнала со некаква ,,популарност" во училиштето", многу е потешко некој да застане на страната на жртвата, од причини за да не се доведе себе си во иста позиција. Во секој случај, без разлика дали насилството е психичко или физичко, остава долгорочни трауми кои понатака може да влијаат врз самата индивидуа и нејзината перцепција према околината. Да се потчинува, да се повлекува, да остава животот да го живее него, а не тој да го живее животот. Исто се надевам дека школите ќе ја третираат оваа проблематика, малку посериозно, затоа што се сепак воспитно образовна установа. Ако не го спречиш однесувањето од старт, веројатноста тоа дете да го промени однесувањето е никаква.
На улица кај нас, почнаа да идат некои деца од подалечни места во градот, значи 13-14 години, однесувањето им е баш булинг спрема нашите деца 6-7-8 години, исмеваат им грабаат предмети од раце си ги фрлаат меѓу себе, вреѓаат, па дури ако некое од маливе им се спротистави како во саботата женската од 13 години го фатило девојчето од 7 г. за врат и ја држела додека да и се извини. Како со вакви деца? Родители не знам за да разговарам, вчера пробав да зборувам со оваа насилничката, таа само повторува, лажат, лажат не ни слуша што и зборуваш.
Истото се има случувано и кај мене, до паркот. Ама џабе, ништо. Само децава не се делат и се бранат меѓусебно. Може и така подобро е, барем си внимаваат едни на други..
Сепак најдобро е да си гледаш само за своите деца. Јас се изморив веќе и немам енергија. Децата од 7-8 години треба да си играат пред/ позади зграда и секогаш родителот да е достапен, не знам дали се таман за обичен телефон колку да се јават до дома. Во случајов никој не би помогнал, ни ти ни полиција. Децата не знам после дали кажуваат дома. Не знам како го сфаќаат тоа. Јас само сфатив дека за моите ќе си гледам, кога родителот не е во секој момент достапен за детето, не е создадена некоја врска да речам, зарем јас да се замарам за сите деца? И тука многу деца се сами и на почетокот се замарав ама почнав само моето да го гледам, пазејќи го цел стан ми е хаос и слично ама ни сакам дома да го чувам ни само да го оставам надвор. Последно не знам што му направи едно дете на друго 7 години имаат ама детето отиде до дома и дојде татко му и одма збореше со тоа другото. Значи кога веќе се остава само треба да се разговара со него од дома и родителот да е достапен во секој момент.
Девојче да фати за врат дете, премногу ме вознемири. Значи не е обична караница, каква може да случуваа секој ден низ игра па да се одбранат децата, ова е со умисла, доаѓаат да провоцираат. Едно однесување, дури кога некој возрасен ќе ги предупреди дека нешто не е во ред, враќаат, знаеш ли чива сум јас? @gjoker4e Да, достапни се, еве конкретно бабата излезе, зборувваше, ама ова не завршува овде кога ни се пред очи, одат на училиште, еве во помал град сме, веќе сами ги пуштаме, не е ова однесување кое ќе заврши овде во паркот. Не можам да престанам да мислам како, убави девојчиња невини фаци, уживаат во улогата на насилници. Ова е проблем, на сите.
Проблем на сите, освен на насилниците. Ако сте во помал град сигурно го познавате девојчето, можете да отидете до дома да разговарате со неа и родителите. Такво девојче кога видело баба сигурно не се исплашило, да дошол таткото повеќе би се “исплашила”. Ако доаѓаат почесто како што велиш нека набљудуваат скришум родителите на децата и кога ќе пак ќе направи такво нешто нека се појават во истата секунда. Не знам дали е дозволено да снимаш па да отидеш во полиција со видеото?? Ама знам дека и тоа тука ќе заврши. Убиваат луѓе па излегуваат од затвор со врски и од ваквите случки народот се откажува уште пред да започне. Пак ќе речам, сигурно знаете, некој знае, која е таа група на девојчиња? Во случајов само родителите на засегнатите деца можат да помогнат, нека изнајдат начин. А ти како трето лице може само виновна да испаднеш. Кога децата од бебиња знаат да ракуваат со мобилен телефон не ни верувам дека ова ќе запре, после тик ток којзнае што ќе измислат. Ти ја сфаќам поентата на муабетот ама дали родителите на тоа дете се информирани, дали презеле или ќе преземат нешто? Тоа е најбитното. Ако родителите ниту еднаш не се појават и спротивстават ова може да трае и да трае и јас и ти не можеме никако да помогнеме на тие деца.
Ќотекот од рајот бил излезен велат постарите. Ама како и за многу други работи не се во право. Јас мислам дека потажно е тоа што насилниците се оние популарни деца кои имаат некое си друштво/група и се занесуваат, малтретираат послаби од нив. И најтажно е што другите од страна никако не помагаат, или стојат на страна или снимаат. Знам зошто. Имав такви случки во училиште, и во основно и во средно се соочив со булинг, психички ме малтретираа. Мислев дека во мене е проблемот бидејќи ете се различни групи беа. Значи ме закачаа некои такви популарни девојки, ќерки на некои бизнисмени и останатите од клас ме отфрлаа иако ништо немав со нив проблем. Ама ете ме избегнуваа бидејќи сакаа да бидат на иста страна со посилните, да не ги снајде понатаму истото и да се зближат со популарниве. Мислам дека не треба да се решава насилството со насилство. Треба да се преземат мерки за булингот. А не ќе кажеш на класната, она на класен час ќе рече ајде не правете такви глупости, вие треба да се сакате и дружите. И после часот пак ќе ти се нагрнат. Кога сето тоа ќе ескалира и ќе дојде до физичка пресметка училиштето вешто ќе се огради од секаква одговорност и решение никогаш никакво.
@SkarletOHara Поодамна имаше и во наше маало едни деца (веројатно до возраста е) кои така се однесуваа према помалите. Мојот син дојде и ми рече дека тоа и тоа дете му се заканувало. Веднаш отидов, знаев каде живее и му реков дека ако уште еднаш се потвори ќе биде пријавен во полиција. За насилство меѓу деца нема оправдување, поточно за ниедно насилство. Не оставајте така нерасчистено. Сега после 10 тина години се сменети, возрасни се и кога се среќаваме се поздравуваме.
Во право се. Ќотекот излегол од рајот затоа што таму не му било местото. Ама кој како сфаќа. Кај мене беше така од 5то до 8мо, појаките (побогатите) против послабите (посиромашните). Во средно албанците против нас. Да не биле албанците против нас сигурно ќе сме биле пак ние меѓу себе. Баш пред некој ден земам дете од градинка, секогаш радосно оди и се враќа, сабајле станува пее, си викам најубавиот период од детството, во школо сигурно ќе е малку поинаку. До душа и сега се имам во парк зачудено неколку пати, на пример девојче 4 години на моево 3 години вика ти имаш адидас патики, јас пума. Си реков од каде децава знаат и воопшто приметуваат која марка. Јас и ден денес можам да приметам која боја се ама да приметам некој какви марки носел тешко. Или стигаме во градинка и едно машко 4-5 години вика на моето колку многу фустанчиња имаш. И се мислам дека во школо тоа ќе прерасне во кој носи марка, кој не. Па кој каков телефон има. Па каде работи родителот. Од муабетов сама со себе заклучив дека од прво одделение па до факултет треба да има некој посебен предмет за ова, вистинските вредности во животот на пример и да е прилагоден за секоја возраст посебно.
За булинг децата не се едуцирани очигледно. И не се криви децата толку колку што се криви нивните родители кои не ги воспитале правилно. Ама искрено криви се и тие што земаат плата и работат во училиштата, од наставници до педагози и психолози, па сеа гледам и дефектолози. Абе кај нас во школо, соученик се жали на класната дека поголемо дете го навредило и му упатило навреди дека е дебел,глуп и дека ќе го истепа. И класната знаете што му рече? "Марко не преувеличувај, ајде вие сте деца, треба да бидете другарчиња, не си глуп и дебел, кажи му следниот пат да ти се извини. Инаку деца не е ова ништо страшно, ее јас да ви кажувам кога бев средно прва година во интернатот ми дојде на врата поголема девојка и ми даде 10 денари да и купам цигари, а цигарите беа 40, и ми рече ако не и донесам ќе ме истепа. Не се секирајте, јас да ви кажувам какви случки имав во средно во интернатите, не е ништо ова, ќе се извините и ќе се дружите." И нормално детето пак беше малтретирано.