1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детско насилство/булинг

Дискусија во 'Психологија' започната од WarriorAngel, 4 август 2013.

  1. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е многу дружељубиво дете. Има 5 години. Сака едноставно со сите да се дружи. Тоа е проблемот. Во градинка сака да се дружи и со машките и со женските. Отпрво немаше проблеми ама сега ја бркаат и едните и другите. Јас ја советувам да си игра со девојчињата ама не ме слуша. Тука од комшиите има едно девојче со неа е генерација. Се дружат нон стоп, ама еднаш ја видов како и ја искуба косата на ќерка ми, а таа не ни ми кажа за тоа. Кога ја прашав зошто крие ми рече дека ако и се спротивстави на другарката таа повеќе нема да игра со неа. Едноставно си трпи детево навреди и физичко насилство. Јас им кажав на воспитувачките во градинка да внимаваат што се случува ама џабе ако сама не знае да се брани.
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.299
    Допаѓања:
    34.236
    Пол:
    Женски
    Зошто ја советуваш само со девојчињата да си игра?
    Мојава има 4 и исто е мн дружељубива ама секогаш ми кажува ако некој и рече нешто или и направи.
    Ти отиде да го прашаш девојчето зошто ја искубало и да и речеш да не го прави тоа повеќе?
    Зборувај и дека никој не смее да ја навредува или физички повредува, со тек на време ќе сфати.
    Можеби скубењето коса го сфатила како детска игра. На некој начин и тоа е дел од играта, посебно браќа сестри дома се скубат за коса ама нели не се непријатели туку интересно им е, немаат лоша намера, кога ќе потпораснат нема да се скубат за коса, ама ако тоа некој го направи со злобна намера мора да му се укаже, или детето или ти. Ако види ти како ги опоменуваш можеби ќе почне и таа. Зборувај и само на соодветен начин, ако не успее на еден пробај на друг, со примери, приказни. Види дали и ти можеби премногу сериозно го доживуваш тоа. Јас на почеток мн се нервирав буквално за се па после почнав да разграничувам кога треба да се реагира кога не, и научив како да реагирам за да биде ок за сите страни. Некогаш и твојата може ќе ја искубе за коса другарка и па затоа треба смирено и соодветно да реагираш. На твоето девојче може не и смета, зависи како го доживува тоа.
     
    На eli25 и NewMommy им се допаѓа ова.
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Бев жртва на булинг во поголемиот дел од моето школување. До физичко насилство не се стигна, но вербалното беше секојдневие.
    Од 5 до 8 одд, во средно само на почетокот. Според мене, причината беше мојата повлеченост. Си живеев во свој свет и веројатно тоа го препознаваа и другите. А зошто тоа би му пречело некому, не можам да си објаснам. Детски/адолесцентски памет... Сега малку се осудувам себе што не се пожалив никому, дури ни на моите не им кажував. Игнорирав и се правев силна пред другите, никогаш не возвраќав, се тргав, бегав. Дома понекогаш плачев и пишував дневник за тоа што ми се случува.
    Никогаш не бев во т.н. популарни, никогаш не бев во центар на вниманието и бев од таканаречените аутсајдери.
    Мислам дека булингот е една од причините за мојата денешна состојба - анксозноста.
    Затоа, потребно е да се побара помош. И возрасните (родители и наставници) внимателно да го следат однесувањето на детето, бидејќи може да се случи да страда тивко. А за оние што вршат булинг, строги казни.
     
    На Lilik, Matotheja, Watermelon96 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе. И јас истото го поминав. Резултатот денес од тоа е - не се поврзувам со луѓе. Можам да живеам без никого. И многу ми е тешко да засакам човек. Не сум се приврзала за ниту една другарка. Можам да не ја видам една година и ништо да не ми значи тоа. Не верувам на никого. Тоа е
     
    На Watermelon96, Гладиоли и WildMk им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Слично нешто е и кај мене. Се поврзувам со луѓе, но потребно ми е многу време за да се отворам, а да не зборуваме за искажување на емоциите. Не знам да покажам чувства, однадвор изгледам ладнокрвно па дури и арогантно. Во текот на сите овие години можам да кажам дека сум одржала само 2-3 вистински пријателства, па и со нив не контактирам секојдневно. Можам да останам сама долго време, без тоа да ми пречи. И знам дека (барем делумно) тоа е последица на булингот.
    Сега се каам што тогаш не споделив, дали од страв, дали од тоа што се надевав дека тие самите ќе престанат...
     
    На Watermelon96, NewMommy, Istata od vcera и 3 други им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    За моето искуство со булинг во основно најмногу ја кривам учителката што не се замараше и притоа им даваше како ветар во грб да не малтретират нас 4 5 во клас кога се делеше некоја тема да се пишува и да сме групирани намерно не ставаше со тие деца токсични, и денес кога помислувам на тие моменти ми е некако тешко и чустувам недовршено како да се буде во мене некоја одмазда за нив.
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Од вашите искуства со булинг гледам дека наставниците не знаат како да се справат со него. Или игнорираат, или проаѓа со некоја реченица, кратка, шаблонска, за децата најверојатно многу сувопарна и досадна. Односно, се е тоа без некаков ефект.
    Не се посветува доволно внимание ниту на малтретирачот, ниту на малтретираните и не се работи на проблемот, ниту дома ниту во училиште.
    Ако сте родители бидете будни, следете што прави, што му се случува на детето. Сечие дете може да се најде на некоја од двете страни, бар некогаш во животот.
    Немојте да се залажувате дека сте совршени родители и дека тоа неможе да го направи вашето дете. Разговарајте често со детето. Пратете дали има промени во расположение, комуникација и дружба, што и како зборува... Малтретираното дете покажува со однесувањето дека е заплашено. И детето што малтретира може да покаже промени во однесувањето и секогаш има некоја причина зашто го прави тоа. Додека не се поработи на причината, нема да престане.
     
  8. Rose-Mary

    Rose-Mary Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    45
    Другарките ја отфрлаат сестра ми од друштвото поради причини кои се и повеќе од банални. Кога ќе прашаме што е проблемот, велат дека се е во ред, но кога се сами во друштво тотално ја отфрлаат. Чувствителна е и не знаеме како да постапиме, сите разговараме со неа бидејќи имаме страв ова да не и остави некоја последица. Постојано е под стрес и не знам како да и направам да и биде полесно бидејќи кога се ставам на нејзино место ми е многу, многу тешко. Родители, како се справувате со ваквите проблеми?

    *пишувам во сите теми, знам дека не е правилно ама избезумена сум
     
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Не знам за која возраст се работи.
    Ако се забележува дека ја издвојуваат најдобро е да се дистанцира од нив.
    Можеби ќе и биде тешко на почетокот бидејќи таа ги смета за другарки, но тие да биле другарки вредни за да се одржи пријателството немало така да се однесуваат со неа.
    Јас на моите деца им велев да ги баталат и да си најдат нови пријатели. Што со нив? Така и правеа. Едно другарче нека е само за почеток, ама да е вистински другар. Со други деца почнаа да се дружат и процветаа.
    А за некоја година овие што не сакаа да ги дружат стигнаа до тоа и да им завидуваа, да сакаат со нив да излегуваат. Ама никој од децата немаше заборавено како беше порано и не ги примаше друштвото..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rose-Mary

    Rose-Mary Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    45
    имаат по 12 години
     
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Епа таа е возраста на која обично имаат вакви проблеми.
    И ние на таа возраст имавме вакви проблеми и со ќерката и со синот. И во двата случаи децата кои ги отфрлаа и зафркаваа беа девојчиња.
    Мислам дека во таа возраст веќе се наголемо навлезени во промените што ги носи пубертетот, а тука мислам на тоа што даваат поголемо значење и внимание на изгледот, поосетливи се како другите ги доживуваат, компетиција меѓу нив самите, битна им е популарноста. И тоа прво девојчињата почнуваат со вакви работи.
    Кога нас ни се случуваа вакви глупости, јас бев изненадена од односот на децата едни кон други. Ми делуваше злобно и подмукло нивното однесување зошто имаше ситуации каде што 1 до 2 девојчиња заговараа цел клас или цело друштво да му сврти грб на едно дете. Оние деца кои беа поподложни на туѓи влијанија, ги следеа наместо да им се спротистават. Нивните постапки веќе забегуваа во булинг или во манипулаторство на други какво што само возрасен ум би смислил, а не дете од 12 години.
    Прво убав разговор со детето да ги опише ситуациите и случките, да можете да откриете што е вистинската причина зад однесувањето на тие деца. Од првите кажувања на детето не можевме да оформиме целосна слика што е реланиот проблем. Дури кога почна да раскажува се како било, тогаш ни стана појасно. Потоа можевме дури да му дадеме добар совет на детето како да се постави кон нив, како да се однесува во одредени конфликтни ситуации со тие деца или како да расчисти на крајот со нив, а да си се избори за себе. Искрено, сега ако гледам наназад, во сите такви ситуации моиве не продолжија да се дружат со тие деца.
     
    На Rose-Mary му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rose-Mary

    Rose-Mary Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    45

    Се трудиме со убав разговор да го решиме проблемот, мали се и на оваа возраст не знаат како да ги разграничат емоциите. Се надевам дека ќе нема проблеми во иднина пак.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.