1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детско насилство/булинг

Дискусија во 'Психологија' започната од WarriorAngel, 4 август 2013.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    Не е тепана со папучи, метли, маши, сукала, затоа е ваква.

    Најмногу ме нервираат овие што седат и снимаат. Ништо не превземаат за жртвата.
    Пред мои очи да се деси ова, со земја ќе ја срамнам сол ќе ја направам.

    Кој што сака нека ми каже ова од дома го има научено да прави вака.
    Преразгалена е.
     
    На macor24, Frosin4e и SugarHoney им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Во денешно време ништо посебно и поразлично не се случува со младината за разлика од порано. Тепачки, агресивно однесивање стално имало и ќе има, само што за разлика од порано кога не беше толку развиена технологијата не се ширеа вака брзо информациите, сега сите со телефоните в раце снимаат, сликаат, објавуваат.
     
    На GrimTheReaper, Angie1432, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Dominik

    Dominik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Машки
    Тоа е кога од мали нозе те величат твоите дома.
    Ги величат твоите вагабонтски постапки.

    Исто како куче како ќе го воспиташ такво ќе биде.
    Агресивно за борби,или мирно домашно милениче.
     
    На wildpunk, Аргентина *, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.101
    Допаѓања:
    17.389
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам, имало проблематични да, ама ваква агресија и тоа од девојчиња не, порано машките ќе си удреа по една клоца и до голем одмор пак ќе се дружеа.
     
    На cresa-jagoda, elimkd и deskarada им се допаѓа ова.
  5. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Искрено посакувам да се најде некој и неа вака да ја исклоцаат, и да моле да не ја тепаат. Не оправдувам никакво насилство ама кога видам како некој тепа друг што е по слаб ми иде да го здрвам од ќотек. Па и 12 години имала, а пак што ќе прави кога ќе има 22? Ќе шета по улици, и ќе млате све живо и диво.
    И дали родителите поведуваат малку ред како и се понашаат децата?
     
    На GrimTheReaper, cresa-jagoda, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.384
    Допаѓања:
    190.408
    Изгледа постоело, само сме биле доволно среќни да не го видиме. Прочитај ја првата страна од погоре постираната тема- детско насилство:worried:.
    Мислам, јас сум некоја годинка постара, уште во Југославија учев основно, ама веројатно тоа беа последните генерации што некако се држеа до некое воспитание и пристојност. Не дека немало деца со потенцијал за насилство и булинг, ама ете, и родители и професори имаа авторитет, системи семејство и школа некако функционираа...А и интернет фала богу немаше, Дизни канал со амерички булинг немаше. Дизни канал еј, као тинејџерска серија и некому му ја пикаат главата во вц шоља:x. Едукативно, нема шо:|
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.264
    Пол:
    Женски
    Ја кога реков не ги бива овие децава сеа што искачаат нож на врат ми стаивте. Ама до родителите е.
     
    На Indiegurl, christinnn, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.101
    Допаѓања:
    17.389
    Пол:
    Женски
    Булинг постоел одсекогаш, секогаш ќе го најдат најсрамежливото да го исмејуваат за било што и да го малтретираат. И кај мене во класот имаше школски што беа постојано малтретирани од тој едниот проблематичен во класот, но секогаш имало и соученици што веднаш му се спротиставувале па ако треба и ќе го зашлапаат и друг пат нема да му текне да го задева послабиот. Сепак имаше некакво другарство, ако му ја скриеа ташната, секогаш имаше некој храбар што ќе ја земе скриената ташна и ќе му ја врати. Денеска што ги видов видеата ми делуваат страшно, јас како дете некогаш не сум присуствувала на ваков настан како од видеата.
     
    На GrimTheReaper, Hellobeautiful, wildpunk и 3 други им се допаѓа ова.
  9. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Толку ме вознемири видеото, ќе заплачев и ќе експлодирав од лутина...
    Среќа се најде жената да ги раздели.. Дете да ти се јави и да плаче, да бара помош, којзнае и мајка и колку се преплашила. Греота и девојчето, какви трауми може да има.. Многу жално..
    А таа што ја малтретираше, ништо чудно дома она да е малтретираната. Децата учат од постапките на возрасните, ги имитираат.. Чест начин на воспитување деца кај нас е со тепање и тоа може да резултира со уште поагресивно дете..
    Тие од страна пак, не се ништо поарни, не превземањето ништо ги прави подеднакво насилници. А за оние што зборат: Да ја видев ќе ја рашамарав, коса ќе и искубев... насилство со насилство ли ќе се реши?.. Полошо ќе се направи само, мора да има друг начин.

    Уште од градинка ко ќе се закачаат децата, треба да се интервенира. За да немаме случаи на средношколци (а и постари особи..) што се тепаат, прободуваат и тн... Од старт треба да им се всади на децата во глава дека не е во ред ниеден вид насилство, дека ништо не се решава со тоа. А тука улога имаат родители, наставници, пошироко семејство, целата околина.. Џабе ќе е само 1 страна да превзема нешто, ако другите не соработуваат. Треба промени, огромни, ама мора од некаде да се почне.
     
    На Bezimenka90, Annath, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.403
    Пол:
    Женски
    Порано имаше многу повеќе тепачки ама немаше телефони со камери да се сними тоа.
    Еве јас се имам доста тепано ама бидејќи како тинејџерка бев по крупна и некој мангупи/ки ќе се најдеа да ме исмеваат јас рипав и се тепав, до душа никогаш до овој степен да легнам некој на земја, било само по еден воспитен шамар или кубење за коса и на тоа завршувало.

    Сега доста влијание има интернетот и тв сериите што ги гледаат децата, преполни се со насилство и од тоа учат или од дома. Далеку од тоа дека го поддржувам ова, дури е тешко и за гледање колку крвнички ја мава на земја, испаднаа уште 3-4 видеа од истово девојче, и прочитав некаде дека била во станица со родител и против родителот ќе има казна за негрижа.
     
    На GrimTheReaper, Hellobeautiful, SugarHoney и 4 други им се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам. Има и воспитувачки што тепаат деца, барем јас кога одев во градинка беше така. Се' уште имаме наставници што тепаат ученици. Ни треба многу, ама многу едукација. Велат дека насилството раѓа насилство. И тоа е точно. Тепањето праќа порака дека проблемите се решаваат така. Но кому ќе објаснуваш? Имам колега на факултет што смета дека децата се такви бидејќи не се тепани. За жал, не е единствен.

    Жал ми е за истепаното девојче затоа што имав слично искуство и знам како е, но и да немав, повторно ќе ми беше жал. Ова никому не го посакувам.
     
    На GrimTheReaper и mazikeen им се допаѓа ова.
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    До воспитување е. Секогаш. Се сеќавам јас кога бев во основно, уште од 8-9 години децата почнуваат да се групираат, прво се почнува со навреди кон послабите. Тоа кај машките. Кај женските поделби прво за тоа кој како изгледа и колку скапа облека има. Едно девојче буквално имаше група свои девојчиња и исмејуваа едно девојче кое носело облека и патики од пазар. Како деца на таа возраст би знаеле брендови и би се фалеле со скапи работи ако дома тоа не им се зборува? Од таму најчесто потекнува булингот. А има и други работи, како навреди за физички изглед и недостатоци кај деца, и тоа пак потекнува од невоспитување дома. Родителите или се надмени или немаат време да се замараат со децата заради работа и обврски и затоа има вакви работи.
     
    На Guns N` Roses и SugarHoney им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.398
    Допаѓања:
    37.571
    Пол:
    Женски
    Насилството не се решава со насилство!!!
     
    На Angie1432, Lella, Hoping и 2 други им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    Знаев дека некој ќе ме искара, а со што се решава тогаш?
    Со разговор кај оваа нема лек. :fubar:
     
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.398
    Допаѓања:
    37.571
    Пол:
    Женски
    Добро, нели сол кога ќе ја направиш ќе дојде некој тебе шеќер да те направи?
    Со разговор.
     
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    Ќе се збере народ кога ќе почне да ја тепа жртвата. И секако маќедонче како маќедонче ќе седи од страна и ќе зјапа никој нема да помогне. Во таа жута минута нити ќе се контролирам колку викам, шо викам. Секој ќе знае зашо.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Против насилство сум, сметам дека не се решаваат така проблемите.
    Ама оваа што го тепала девојчето од дома е испуштена.
    Многу веројатно е дека ништо нема да и помогне а да не збориме пак за разговор.
    Што ќе и речат нејзините - Ќе те казнеме, една недела нема излегување, ќе ти земеме мобилен/компјутер нема интернет освен за учење...?
    Жртвата ќе има цел живот трауми.
    А еднаш насилник, секогаш насилник.
    Колку мозок треба да имаш за да претепаш некој на улица?
    Уште па и снимаат од страна, смешно им е, наместо да помогнат.
    Болесници.
     
    На Guns N` Roses, cresa-jagoda и edna_malecka им се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Кај мене во основно секој ден се кршеа од ќотек шо се вика. Сите одделенија. Не е ништо ново ова, само што сега се снима.
     
    На mode-kristina и edna_malecka им се допаѓа ова.
  19. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам дека насилство не се решава со насилство. Девојчето што тепало не го знам, можеби е жртва на насилство како што кажа друга членка, можеби е разгалена, а можеби родителите ја учат така. Сѐ е можно. Нека каже некој што е од таму и ги знае девојчињата. Или барем едно од нив. Не го оправдувам тоа што тепала друго девојче, напротив. Снимката не ја гледав зашто тешко ми беше кога го прочитав насловот. Јас да бев таму, прво ќе ги разделев, а потоа ќе викнев социјални служби, полиција и нивните родители.

    Јас знам како му е на тепаното девојче, слично нешто имам доживеано на таа возраст. Имав една во клас што важеше за голем тепач и сакаше да ме истепа, ама не ѝ успеа, се спасив некако. Секако, имаше поддршка од нејзиното друштво. И погодете што? Таа и нејзините другарки ме наклеветија на класната дека сум ја удрила, што не беше точно, но за среќа не им поверува. Истата таа коментираше на Фејсбук дека било брука за родителите што (не) ја воспитале. Каков ѝ е карактерот сега, не знам, а и не ме интересира.
     
    На mazikeen, noteforself, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e можеби не се решава, и во самиот пост имам напишано дека не оправдувам насилство. Ама кога ќе видам некој како малтретира друг, едноставно така треба и на неа за да се освести што прави. Кај ова девојче разговор не помага бидејќи се гледа дека веќе е надвор од контрола.

    Имам случај во семејство 5 години дете, родителите го казнуваат, разговараат со него, па некогаш и го удираат ама тоа пак по старо си прави. Три дена слуша и под казна после една недела ред не можеш да му фатиш од беснеење. Нејќам ни да замислам што ќе прави кога ќе порасне.