Се заболуваат едно од друго. Прво сите на престава биле заедно. По 5 дена имаше болни. По 5дена од нив имаше пак. По 5 дена пак. Тоа е оти првите ги заразиле вторите додека биле во инкубација, вторите додека биле во инкубација ги заразиле третите и така... Сега овие деца кои се болни од денеска, ако ги носеле по игротеки, заразиле и други за кои ќе дознаеме по некој ден. Само не знам кои се тие што носат во овој период невакцинирани деца во игротека. Седни го дома, аман. Знам дека е мачно, ама тоа е. И мене ми е. И страв ми е. И цело време дете поднастинато и не е за вакцина. Иначе, наиот педијатар вика да седи дома после вакцина, за да се бори само со тој вирус, да не се рзболи од друго плус, па да се комплицира. Во никој апсолутно никој случајне е дека се пренесува од вакцината болест. Тоа треба да се ептен отиден да речеш. Ако е така, тогаш сите ќе беа болни од морбили
kako be?! bog da ja prosti A bas sakav dete da odnesam nesto da se konsultiran za uste edno mislenje...Bog da ja prosti izvinete sto.sum nadvor od tema
Знам за 4 заболени дечиња кои имаат префатено од инфективна клиника околу нова година додека биле таму на прегледи поради некој други здравствени проблеми.
Јас сабајле бев да пополнувам формулар за градинка за малото. Тргнав со намера да барам од 1.5 год. Па таму некако жал ми падна, пишав 1год. и 9 месеци до 2 год. како период кој би сакала да почне. Од јануар до март 2020. Пуштив пријава и за средното, ако не ја примат кај сестрата и кога ќе наполни 3, тука да ја префрлам. Им објаснив ситуацијата, дека кај средното моравме да прекратиме вакцинирање а најмалото нема ниту една. Рекоа нема врска, одлука на родителите е, дека повеќе деца не се вакцинирани. Друго не препрашав. Ќе ми одговорат до март дали се примени.
Повели одговор! Делумно. Иначе многу добро знам дека кога имаше епидемија Дани не ја носеше големата 2 недели, а ние колку време сме во неизвесност? Еден месец?
@AngelOfArh ова е за редовно примање, дека вакцинацијата не е услов за упис. Не знам кои мерки би биле во тек на епидемии. Претпоставувам, а и сама би инсистирала, дома да седи доколку има епидемија во нејзината група/градинка. Еднаш веќе седеше дома големата две недели поради варичела во групата. Имаше забрана за невакцинираните.
Вчера го зборев тоа, дека во нашата градинка скоро 1 месец нема појавено случај, нема ниту во другите во населбата. Поразговарав со родители од другите држави и секаде е така, ако на ниво на општина или населено место има епидемија се затвараат воопшто градинките, не невакцинираните да не одат, зборувам за градинки во Австрија и Австралија, со мајки кои живеат таму разговарав, но ако после 2 недели не се појави нов случај се враќаат децата во градинка. И сметам дека тоа е сосема во ред, ама после месец дена, нема ново случаи во дотичната градинка, а ни во цела општина, мислам дека не треба да се прави повеќе паника. Ама јасно е која е целта на оваа паника, да се вакцинираат децата, а тука градинките не се воопшто криви и нажалост не се слуша дури ни гласот на оние кои се одговорни.
Не знам како е во другите. Кај мене е вака. Македонија е одлуката на ниво на држава или град Скопје? Ама не на ниво на секоја градинка посебно. Тоа е разликата ваљда.
На ниво на град Скопје бидејќи само во Скопје е појавена епидемија, но и другите градови ја превземаа оваа пракса.
Затоа се гледа дали има нови заболени на ниво на град, не поединечно по градинките. Им држи вода одлуката...
@AngelOfArh ваљда одлуката е затоа што тие деца доаѓаат во контакт со други деца и од други општини. Скопје не е дотолку голем град. Небитно. Нема да ја коментирам одлуката. За другите градови немам информација.
Каков одговор? Тоа што на Дани и кажале дека повеќето се невакцинирани не е статистички податок па да го земеме како точен. Официјалните податоци говорат поинаку. Колку си напорна градинка, та градинка. Тоа што во вашата градинка нема нови случаи, не значи дека треба да ти го примат детето. Може токму твоето во меѓувреме е заразено, па ќе ги зарази останатите во градинка?! Хипотетички според твојава логика околу пренесувањето на сипанициве, ти може си собрала вирус на работа од некој кој бил во контакт со заболено дете, а е носител на вирусот И voalá, твоето ќе се зарази. Мислам... логикиве ви се Не за џабе е меркава, пак ќе кажам. И треба да е на сила се додека нема нови случаи. А вие, повелете жалете се
Дискусијата за сипаниците е преместена овде. Ве замолувам таму да продолжите со цитирање, оваа нека стои за информации за градинките.
@An-na само мала корекција, не сме се разбрале. Ми рекоа повеќе деца, во смисол не е единствена, има и други. Дали две/три/или икс, на ниво на цела градинка, не знам. Повеќето некако ме асоцира дека процентуално се позастапени, не ми рекоа такво нешто. Слично, ама некако како поинакво значење како да има, па да дообјаснам.
И ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЕПИДЕМИЈАТА НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ НЕВАКЦИНИРАНИ ДЕЦА ВО ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ https://sdk.mk/index.php/makedonija...a-vo-gradinkite-i-uchilishtata-veli-filipche/ Добро, океј, ама кога да вакцинирам дете кога по трети пат ме враќаат за вакцина оти не смее сега да прими оти кашла?! Детето си ги бара другарчињата, секој ден кажува како се гушкале
Проверивме. на почeток на јануари имаше мрсули, од нив кашлаше и шлајм од нив. Kaj 15ти закачи вирус, од него мрсули кашлање и малце на гради, смао си помина. Вчера се океј, се чисто, ама загаденото смета. Се е проверено, ама зимно време е и прва година градинка, нормално
Моево да го видиш како жално оди покрај градинка, ја избегаваме, не го носиме од таму. Мада и не излегуваме многу многу ради тоа. Дојдоа другарчиња вчера и завчера абе радостии. Сега тоа ќе правиме, ќе викам гости по дома. Жално е кога конечно ќе се привикнат на градинка и жалат по неа. Кај нас во градинка нема пријавено нов случај, а ни во другите градинки од општината, така да сметам дека ова е небулоза.
Лани, и кај моиве, рекоа дека е нормално пола година да кашлаат, посебно прва година градинка. Така, само од себе, односно со свеж воздух помина. Вторава година е стварно многу подобро. Кај вас воздухот дополнително отежнува ситуација.
E да, воздухот е. Да можам би ја однела на планина 15 дена. Иако ние каде што живееме не е толку многу загадено, ама пак се осеќа. Плус неам намера да влечам дете по болници у овој период за испитувања, кога матичниот вика дека е се океј.