1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и политиката

Дискусија во 'Психологија' започната од Cumbova, 18 септември 2011.

  1. Cumbova

    Cumbova Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Во поново време гледам се повеќе деца се занимаваат со политички партии.
    Седам пред некој ден на една клупа со пријатели и си правиме нешто муабет,и дојдоа 3 деца и седнаа спроти нас на една клупа и се докажуваат која е подобра партија.
    Едниот вика ние направивме ова,направивме она,а другиот тоа не е многу ...бла бла..
    Што мислите кој е крив за оваа појава,дали некој ги тера,или тоа е од своја волја да се дискутира за тоа.
    Што мислите вие? 8) :hai:
     
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ова е доста дискутабилна тема.
    Јас сметам дека тие мислења и ставови што ги „има“ младинава се наметнати од родителите.
    Еве конкретно ќе зборам за мојата генерација.
    Како може на 15 години, кога сеуште не си созреан како личност, кога сеуште не ја знаеш ни историјата за државата во која живееш, ниту економската состојба и уште триста работи, да бидеш партиски определен молим ти се?!
    Ајде разбирам само да си кажеш што мислиш во врска со сите политички а и не политички настани кои се поврзани со Македонија, ама ова веќе е вон границите на нормалата.

    Ама за жал сите се партиски „определени“, тераат муабети за политиката(а уствари само вртат во круг за тоа дека СДСМ ја затвориле „СведМилк“ а ВМРО ставале статуи додека народот немал пари за леб), во шема се со сториите за спорот со името за државава наша никаква, тупат дека Грција нема врска од ништо- оној Аце што ни го опнаа на плоштад е македонец и мислат дека господ за муда го фатиле.
    Навистина не ги разбирам...
    Па уште се делат, се тепаат.
    Мореее деца, сите сте за во вреќи и да се мава само по вас! :x
    Уживајте во овие години, цел живот ќе се занимавате со политика сакале или не :fubar:
     
    На Bunny05 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Навистина ми е глупаво ова. Сеуште сме млади за вакви сериозни теми.
    Зошто уште од сега да се замараме со тие работи?!
    Затоа тука се родителите. Но ете, некои родители ги тупат мозоците на своите деца уште од млади години за да ги направат симпатизери на одредена партија.
    Ние сигурно нема да решаваме светски кризи на овие години, боже мој!
    Уживајте во младоста додека можете, само тоа ќе речам.
     
    На Cumbova му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    За жал децава се повеќе се мешаат во политика, а дефинитивно не им е тамо местото. И она што највеќе нервира, е што не го кажуваат својот став културно, па да разменат ставови , идеи, да дебатираат, туку напротив, се делат на политичка основа, се караат, се тепаат....страшно
     
  5. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Од ова што е претходно напишано јас мислам дека темава треба да се вика младите и партиските препукувања, а не младите и политиката. Зашто едно е политика и политичка култура, а сосема друго е недостатокот на ова второто, како кај возрасните така и кај нивните потомци. Според мене и ставот дека децата треба потполно да се исклучат од информирањето во врска со политиката е донекаде погрешен, мислам дека една единка уште од помали нозе треба да добие една слика како треба да изгледа политичкиот живот (кој е заемно обусловен со општествениот живот), така ќе добие можност самостојно и независно да го изгради својот став, значи да научи да размислува во духот на демократијата, а притоа нејзиното размислување да не биде скроено од страна на меѓупартиските плукања што секој ден ги гледаме на телевизија туку да го добиваат од образовните институции (пример не знам дали сеуште го има во училиштата предметот граѓанска култура, јас кога учев основно го имаше, но за жал не му беше посветено доволно внимание ). И некаде погоре прочитав дека 15-годишно дете не се разбира сеуште од историјата на сопствената земја... Јас многу пред да наполнам 15 години бев доста добро запознаена како со историјата, така и со останатите општествени науки... Токму нивното непознавање ги доведува децата па и возрасните до овој степен на политичка комуникација кој се сведува само на навреди, обвинувања и плукања. Не велам дека децата треба да се занимаваат со политика, далеку од тоа, туку дека мала информираност за политичките и општествените прилики како во земјава така и во светот нема да е на одмет. Само информираност, никако партиска ангажираност.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Како најтазе ќе го земам примерот со последните избори макар што напоменувам не станува збор за новитет или иновација која започнала со примена ете баш тогаш, значи станува збор за посочување кое ми е најсвежо во меморијата зацементирано - кога се истоварија луѓето од автобусите од сите градови по повод митингот во мојот град во толпата имаше многу деца, не зборувам значи само за средношколци туку основци од нижите одделенија значи зборувам за деца од 8, 9 или 10 годишна возраст. Според мене, ова е неприфатливо. Дете на оваа возраст не му е место на митинг ни да лепи плакати ни да вее знаме ни да биде инволвирано во било каква дејност поврзана со политика. Средношколците треба да се интересираат за тоа што се случува во нивната татковина, ама преагресивното однесување од нивна страна по повод бранење политички ставови со тепачки или навреди е недозволиво. Проблемот со политичката инволвираност на толпата или широката народна маса кај нас е токму агресивниот пристап не ретко на изборите сме биле сведоци на инциденти или насилства кои претходеле на самите избори. И во друга тема се имам изјаснето и овде ќе посочам на фактот дека кај нас рибата смрди од главата. Оној дел политичари што треба да ја претставува т.н. политичка елита во земјава се служи при избори со навреди од најнизок тип и стил упатени на опонентите, што па потоа би се очекувало од рајата освен имитација со засилени ефекти.
    Не знам дали и како може да се влијае на овие појави, мене искрено ми се крева коса кога ќе видам основци како со жар учествуваат во активности со политичка позадина и не успевам да се начудам на родителите кои им го скратуваат детството на ваков начин бидејќи нема шанси тие да не знаат дека пр. синот од Скопје дошол на митинг во Охрид.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Martinez

    Martinez Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Абе ајде многу е глупо да судите според годините, страшно ме нервира кога некој ќе ми рече, а што знаеш ти на 18 години бе девојче за политика? А од кај знаеш бе ти јас колку знам политика? -.- Ако некој се чувствува способен да разговара или да биде партиски определен нека го прави тоа. Доста веќе се мешате во туѓи животи ;)

    ^зошто на децата и средношколците не им е местото на митинг?
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас не сум против тоа младите да се интересираат за политика, баш напротив го оправдувам тоа и го сметам за корисно.
    Но многу се нервирам, и револтирана сум кога ќе видам деца од 13-14 години како се расправаат за политика, се делат според партија, дури и не зборуваат веќе меѓу себе заради тоа. Тоа е премногу, сепак треба да постои некоја граница. Нека си уживаат во детството, а за политика има време.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Децата и политиката не одат заедно. На секое дете како ќе му сервираш од дома, така ќе игра. Не верувам дека некое дете седнува пред ТВ гледа вести и прати политика, туку тоа е само под некаков си индиректен притисок на родителите. Не велам дека треба да се забрани гледање на вести и пратење на политика по дома туку само да се изостават децата во инволвација на политика.
    Од друга страна секоја партија врши злоупотреба на децата. Од некои си нивни 15-16 год ги вклучува во партија во некој си нивен список под изговор дека кога ќе завршат училиште ќе им најдат работа, ама за возврат ќе вршат нивни услуги - лепење на плакати, делење флаери и сл. што претпоставувам дека е за некоја си мала надокнада. А да не зборуваме кога станува збор за митинзи и кога се полнат автобуси за да се направи поголем метеж и ништо друго бидејќи не се опфатени во гласачкото тело. И за ова пак ќе ги оптужам родителите кои нормално се плашат да не го загубат своето раб. место.
    Тоа е нашата сува реалност во општеството во кое живееме.
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Скоро една моја братучетка која има само 10 години ми вика "многу ја мразам таа партија",бев зачудена :o .Што знае 10 годишно дете за партии а уште помалку за политика?Се уште се мали и не треба да се замараат и да си ја тупат главата со тоа.
    Јас последната година почнав да пратам малку повеќе политика (но ништо претерано) а како мала не се замарав воопшто со тоа,можеби ќе облечев маичка кога ќе ми дадеа баба и дедо или оние беџови што беа но како дете тоа ти е интересно.Во никој случај не сум се карала со некој поради некоја партија или да одам на митинзи,далеко било.
    Сакам да кажам дека и родителите треба да обрнат внимание кога децата им се однесуваат така,но има некои родители и ги поттикнуваат децата на бодрење на одредена партија што е апсолутно погрешно.На крај ако сакат толку некого да бодрат има фудбалски клубови :) .Кога ќе пораснат тоа е веќе друго,тогаш се зрели да размислуваат и да создадат сопствени ставови,вака само го копираат мислењето на нивните родители.
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Мешање деца во политика = чекор наназад во развојот на детето како личност со свое јас.
    Навистина чудно функционираме бре мајката. Родителот сака детето да му биде свое и уникатно, а од друга страна влијае врз него наметнувајќи му го спротивното.
    Едноставен, секојдневен пример од детското секојдневие:
    - Како овој можел да добие 5 а ти не?
    -Ама другите добија послаби.
    -Не гледај ти од другите, биди свој и гледај за себе.

    Епа тогаш зошто ти гледаш на тој што добил 5 и зошто детето да гледа од тебе за партиската определеност?
    Забегав малку офтопик со примерот ама пошто е на тема психологија, поврзаноста е таа.
    Ке го облече 7 годишно детенце во маицата на неговата партија, ке го научи да вика “Напред наши, уа ваши“ и ке се гордее со тоа, а јадново врска нема кои се тие наши, кои се ваши и што тие сториле за него и за државата.
    Утре ке израсне во недоквакана личност, бидејќи за жал, ретки се случаите кои самостојно се оправаат и си го изградуваат карактерот одново и по свое. Повеќето веќе толку имаат попримено од тоа што им било втурено во црпките што слепо плукаат по она што не им било наметнато како мали иако за жал сеуште се без врска за историјата на таа “нивна“ партија.
    Уште пожално е што цврсто ке стојат на тоа “Мама и тато гласаа за овие и ми викаа дека се најдобри и јас ке гласам за нив, стварно се најдобри“ и истото ке го наметнуваат и на своите деца, а секоја наредна генерација како затупавува се` повеќе и повеќе, ке се изгуби значењето на партиите како и личниот став на оној кој би требало да биде нарекуван граѓанин кој ја бира власта која најмногу му одговара.
     
    На girl.23 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Пример за мое комшивче ке кажам, на воздраст од 7 години, кое крена температура плачејќи дека на минативе избори не победиле СДСМ, која ги има како симпатизери и поддржувачи неговите родители.
    Исто подолу од нас имаше штаб на ВМРО, во гаражата на една куќа, и се фали дека не викало Добар ден на тетката која живее таму, полно со некој бес, омраза, а кутрото поим нема зошто.
    Болно!
    Не може дете од 15 години па ни до 20 море и повозрасни би рекла, да изгради сигурен став, и да види што чини што не чини, и што тој симпатизира, и која партија би сакал да го претстсвува него и неговите ставови како граѓанин.
    Многу ми е жал за ваквите деца, кои се фрустрираат уште од мали со вакви работи, и си набиваат непријатели со самото тоа што некој е член на спротивната политичка партија, тој е лош, глуп и не знам каков. Затоа после се претвараат во искомплексирани и омразени суштества.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Не го оправдувам мешањето на децата во политиката, од проста причина што дете под 18 години (па и со 18+ е дискутабилно) :^) не може да има јасно изградени ставови во врска со овие теми.
    Сите мислења кои ги искажува и некои си идеали за кои се залага, се наметнати од дома, бидејќи очигледно политиката е тема за појадок, ручек и вечера.

    Вината ја наоѓам во родителите, треба малку да ги ангажираат децата на други страни и теми, а не да ги специјализираат за бистрење политика на млади години.

    Ко некои зачинки во манџа ми се, се пикаат онаму каде што не им е место и дебатираат.
    |(
     
    На JuLleE, girl.23, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Не знаеш, навистина. Како што и јас не знаев. И комшичето од петто одделение не знаеше а убедуваше дека знае со тоа дома што го чуло, па се врати ден-два после последните избори како обарен модар патлиџан во лицето.
    И дозна дека политиката кај нас само зло носи, психичка обоеност, следствено - и физичка.

    На млади години за моите интереси имаше кој да се грижи. Мама и тато знаеја за кого требаше да гласаат, и тоа го правеа тајно, како што и гласи граѓанското право на глас.
    Сега, кога сум доволно образувана, возрасна и способна сум самата да се издржувам, можам да повелам и да се обојувам. Можам без надворешни сугестии да утврдам што во моментот е најдобро за мене.

    И никогаш, баш никогаш нема да дозволам проблемите на возрасното општество да ефектуираат на моето чедо. И тоа особено оние кои пред се се себични отколку алтруистички.
    Младината сега е отруена од фанатизам. Така и се развива, со затворен видик.

    Секоја фаза од животот е за нешто предвидена. Младоста е за безгрижност. После тоа стигнуваат вистинските проблеми.
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Сведоци сме на едно ненормално време. Си велев - никогаш нема да го велам она што го велеа нашите родители, но еве дојде време кога си го мислам истото. Со таа разлика што сега некако рапидно се се разви и многу работи кои порано се сметаа за девијантни, ненормални, нездрави се денес повеќе од секојдневни и онака по некоја чудна инерција - сосема нормални.

    Деца кои се занимаваат со политика? Не! Деца кои се занимаваат со симпатии, со тоа дали ќе играат жмурка или не, дали ќе го сретнат симпатијата пред школо или не, дали мама ќе им купи убави патики или не, дали утре ќе ги испраша некој или не - е тоа молим лепо, може.
    Политика? Киснење пред телевизор? Следење вести? Незамисливо за мене.
    Како прво што може дете да знае и да разбере? Не е политика само - ахам Бране е значи као демек лошиот, затоа што тако тата каже, а Грујо е као демек добриот чичо затоа што тако мама каже.
    Да бидеме реални, многумина од нас возрасните не се разбираме толку во политиката затоа што, да бидеме искрени, не сме навлегле посуштински во проблематиката, не пак децата! Гледањето вести не те прави експерт за политички науки.

    И грешката ја гледам кај родителите. Сосема се виновни за тоа. Уствари, јас никогаш не сум го сфатила моментот „еј морам да седам дома, имам гости“. И буљиш ко теле у шарена врата, чат пат носиш кафе, и слушаш муабети резервирани за возрасни а не ги ни разбираш.
    Епа не по врат - по шија. Со политиката е истата ситуација.

    Да ми кажува братучетка ми дека во некое основно училиште во Ченто, пред избориве, се испотепале децата меѓу себе затоа што едни биле СДСМ а другиве ВМРО - НЕ Е нормално! Дури е запрепастувачки страшно би рекла :x
     
    На JuLleE, girl.23 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.

    Факт е дека родителите се криви за вмешувањето на децата во политиката.

    прво-париската определеност гласно си ја кажуваат пред децата,
    второ-пцујат по партијата која не им е фаворит пак пред децата,
    трето за кое нема оправдување-им дозволуваат на децата да се влечкаат по штабови и општински комитети, унии на млади сили и не знам каде уште не и нАли да бидат гласноговорници на митинзи (читај урлачи).
    Всушност тие се таму затоа што мама и тато им дозволиле-оди сине, ако мајка, биди активен член, нека те видат, нека те запомнат, утре ќе те вработат.

    Тоа е грешката. Самите родители, уште додека децата не знаат мрсулот да си го забришат, ги учат да бидат полтрони, легачи и г`золижаши.
    Жалосно и трагично.

    Ќе споменам еден пример од моето секојдневие (ас јужуал :lol: ).
    Кога мм беше во болница со него во соба имаше едно дете (дечкото само што беше наполнил 18 год.). Дојде татко ми на посета и нешто почнаа со мм да дискутираат за новиве ни градби кои ни го красат плоштадот, детево се убаци...кога почна да проповеда се` што го беа научиле како да биде добро, послушно партиско војниче, ние останавме :tmi: :o ....каде бе....ало :fubar: , до вчера немаше право на глас, а сега се караш со 50 и кусур возрасен човек кој таквите како тебе ги мачкал на леб за доручек.

    Нема потреба да ја изложувам дискусијата, единствено ќе ја споменам мајката која не се ни обиде да го замолчи синчето кое рипаше како петле. Истата таа госпоѓа на секој контра аргумент кој го спомена татко ми само под око го гледаше и подбивно се смешкаше.
    Ѓоспоѓо синот прекрасно си го воспитала, се гледа дека ќе го биде :clap:
    Срамота.
     
    На JuLleE и girl.23 им се допаѓа ова.
  17. Martinez

    Martinez Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Вие што тврдите дека децата не треба да се замараат со политика сте во голема грешка. Да, деца до 5-6 одделение и не треба, ама што е ова 2 година "дете" да незнае како се дели власта, што се десница и левица, кои се партиите во Македонија...тоа е срамота и тоа нема да го прифатам како нормална работа па што сака нека е. За две години ќе гласа а појма да си нема за што и кој ќе гласа, појма да си нема за својата иднина. Срамота и готово. Основни работи да не се знаело, од општа култура.

    Значи, политичко "оптеретување" на децата не е потребно, ама затоа математички задачи кои како Ајнштајн да ги составувал се потребни. БРАВО!
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно, да требаше децата да се занимаваат со политика ќе имаа право на глас. Но, немаат и со право, зошто детето е најлесен плен за манипулација од страна на политичките партии. Помалите деца до 10- 12 години се слика и прилика на своите родители, па ако детето на толку мала возраст ,,бистри,, политика, тоа секако е вина на родителите, на кои очигледно политиката им е топ тема во секојдневието. И тоа е за осуда.

    Кога станува збор за тинејџери над 12 години, тогаш вината можеби е и кај родителите, но и кај друштвото со кое излегуваат, местата кај се движат итн. Многу деца, средношколци вадат членски книшки од одредена политичка партија само и само заради тоа што целото друштво има книшки и оди на митинзи итн. Не ретко се препукуваат со други деца во школо за политички партии, носат маички од одредена политичка партија, одат на митинзи...

    И ова е загрижувачка појава. Зошто? Затоа што тинејџерите од една страна се многу лесни за манипулација и искористување, а од друга страна се идно потенцијално гласачко тело кое е примамливо за секоја политичка партија. А кого полесно ќе прелажеш од дете? Никого. Затоа на политичките партии ова им стана практика(за нив многу корисна). Сето ова резултира со полни автобуси со деца на митинзи и мешање на децата онаму кај што реално не им е место.

    Кај мене во маало имам многу комшии што се зачленуваа во одредена политичка партија уште во средно додека беа. Едниот од нив беше дежурен во маалскиот партиски штаб, верувале или не, за едно пиво и кутија цигари. Да, да за пиво и цигари беше прв на митинзите, носеше знаме, пееше песни, лепеше плакати, кинеше плакати.... Еве го денес има 22 години, невработен, обележан за навек, ама и цврсто убеден дека политичката партија не смее да се менува.

    И што можеме да заклучиме по ова?
    Дека децата се најлесен плен за перење на памет, а кога веќе еднаш ќе ги убедиш (а за тоа убедување секако дека не ти треба многу и дека нема да се намачиш) веќе никој не може да ги разубеди, зошто тие веќе имале идеали :o Жално, ама вистинито.

    Затоа децата треба да бидат подалеку од политиката, да не се трујат со политика уште на млада возраст. Има кога да се замешаат во политика, кога ќе имаат реални потреби и што е најбитно кога ќе можат здраво и трезвено да размислуваат. Е тогаш нема да бидат така наивни и лесни за манипулација, зошто ќе имаат потреби, барања и свои размислувања.

    Некој спомена дека децата ќе биле глупави и ќе немале општа култура ако не знаеле кој се политички партии во државата и такви слични ствари. Децата треба да имаат општи познавања од политичкото уредување во државата, ама никако од политиката. Да знаеш што е демократија, да знаеш што е политичка партија, да знаеш што се избори, што е институцијата Претседател на држава, Премиер, тоа не е политика. Тоа се општи познавања од политичкиот систем на една држава. Ама да се влечеш по митинзи и да бидеш инструмент на некој за да може на тебе да билда бројки, да дежураш во штабови за пиво и цигари, да вееш знамиња, кинеш и лепиш плакати на 15 годишна возраст, е многу поглупаво и ќе изгледаш многу по просто од оној кој не знае кои се политичките партии во држатата.
     
    На JuLleE, girl.23 и enca.69 им се допаѓа ова.
  19. Martinez

    Martinez Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    Абе ајде аман веќе со тие глупости, што ќе им биде бе ако одат на митинзи?

    [иронија и сарказам] Ок, одење по митинзи - ЛОШО.
    Дремење по кафичи и надвор до 5 саат сабајле, пушење, пиење, дрогирање - ДОБРО.

    Информирање за сопствената држава - ЛОШО
    Пцуење со другарите - ДОБРО

    Политички идол на 10 години - ЛОШО
    Порно идол на 10 години - ДОБРО

    Браво бе! [/иронија и сарказам]
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Се сложувам скоро со сите постови пред мене.
    Децата настрана од политика.
    Кој е виновен - родителите.

    Се ужаснувам од глетката на митинзите, каде има повеќе деца, отколку возрасни, родители возат колички со заспани бебиња во целата галама и гужва, децата облечени во партиски маици, виорат знамиња, а уствари не ни знаат што држат в раце, наместо да играат детски игри, разнесуваат летоци, лепат плакати, наместо да уживаат во своето детство, тие се караат за политиката...итн.....

    Зарем немаат попаметна работа во т.н. најубави детски години? Зарем предвреме ќе се оптеретуваат со политиката и најужасната работа на денешното време?