Децата и политиката

Дискусија во 'Психологија' започната од Cumbova, 18 септември 2011.

  1. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    мислам дека се е до родителите ако тие ги учат децата така нормално дека така и ќе биде
     
  2. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Во основно имав еден другар кој беше опседнат со ВМРО како и неговиот татко .На нас останатите ни беше смешно и сеуште ние , се јавуваше на Бел бумбар па кога ќе почне мислиш овој искусен политичар . После некое време го сретнуваме абе што да видиш истиот тој ама во одело и во прв ред на митинзи .Незнаеше како правилно се пишува претседател а сеа гледам почнал да пишува колумни ...Многумина коментираат дека ќе биде нешто од него а ние залудно сме му се смеееле ...Па до негде и тоа е точно секогаш е така ххахх .
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.806
    Допаѓања:
    80.581
    Пол:
    Женски
    Родителите имаат голема улога во тоа но повеќе зависи од самите деца. Ќе тргнам од себе. Моите родителите се стравствени поддржувачи на една партија па иако јас ги гледам и ги имам за пример, воопшто не сум како нив. Затоа што политиката не е нешто што ме привлекува за да се замарам со неа. Доволно ми е да кажам кого поддржувам и зошто а кого не и зошто. Толку. До децата е колку тие ќе впијат од нивните родители но и од околината.
     
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.871
    Пол:
    Женски
    На темава првично зависи шо мислиме под дете. Ако е ете адолесцент, и родителот сака да влијае ете малку повеќе од обично врз него па зборува со него и се обидува да го наметни својот став ама наметнување на став за политика пред малолетни деца, особено деца кои скоро тргнале во училиште, а ги трујат со партии, ги сликаат децата со политичари, ги носат по митинзи, му велат „татино уште некоја година и книшка да ти извајме, ти не си зрело ама јас најубо знам“, е од такви ... :puke: Или оние кога детето ќе има симпатија, основец е, и прво родителот шо прашва место „А убав е?“ му вели „Од ВМРО или СДСМ е?(facepalm)
    Воглавно, ако детето е изградено како личност, ако има изграден идентитет, ќе избери само за кој ете, сака да гласа, зависно од тоа колку го интересира политика - па дури и дали книшки ќе вади, дали ќе оди на митинзи и ќе собира потписи. Во многу случаи родителите влијаат на децата во овој избор чисто зошто голем дел од младината немаат целосно изграден идентитет и кога- тогаш потпаѓаат на сигестии или пак ете, имаат традиционално граден идентитет па потпаѓаат целосно под одлуките на родителите.
    Мене лично ме нервира ужасно мешањето на родителите во моите одлуки безразлика за шо да се работи, оние двата припаѓаат на иста партија (и ме интересира дали си влијаат меѓусебно и колку партијата им е битна за двата да се на иста страна, искрено), ама јас не би да гласала ни за нивните, ни за другите зошто моите интереси и ставови не се поклопуваат ни лево ни десно.
     
    На Someonespecial и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.700
    Допаѓања:
    7.517
    Пол:
    Женски
    Јас памтам во 90-тите,десет годишни деца лепеа плакати....е така се почнува:tmi:
     
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Деца и политика... според мене се два збора кои едноставно не би требало да идат у иста реченица.
    Во муабети на деца и млади тинејџери не треба да има незрели поддржувања или плукања по политичари прифатени од нечие влијание, тие во никој случај не припаѓаат на митинзи... а за ова лепењето плакати па нејќам ни да коментирам, ептен ми е дегутантно. (facepalm)

    Најмногу почитувам зрели индивидуи што идат накај полнолетство (од 16-17 години некаде), кои без определување кон некоја од партиите - се свесни за ситуацијата во државата и имаат изградено свој став. А веќе на иста таа возраст тие што имаат предиспозиции за некаков поголем интерес кон политика, еве поддржувам и да се насочат кон некоја партија - ама исклучиво според свое лично расудување и избор, а не влијание од родители и роднини.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    9.594
    Пол:
    Женски
    Со мене на 10-11 години, учеа деца на кои родителите дома не им дозволуваа да гледаат вести. Некој ќе спомнеше нешто во врска со политика, а тие најискрено немаа поим за кого и за што се работи. Не знам колку е ова правилно или погрешно, знам дека јас немав таква забрана, отсекогаш ги слушав вестите покрај татко ми и бев информирана, па од никаква реална корист не ми било тоа во животот |-)
    Врз политичките случувања и текови не можеш да влијаеш премногу дури и да си на висока позиција, а пак ако не си, немаш можност ич.
     
    Последна измена: 23 септември 2022
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.