Деца од воспитно-поправен дом во Тетово се дрогирани со седативи 24 часа на ден

Дискусија во 'Политика и настани' започната од KateKane, 31 октомври 2019.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    59.278
    Пол:
    Женски
    Дами и господа, членови на земја која борејќи се со идентитет, минато и историја и прави раздеротина на сегашноста, повелете една вест, fresh from the oven.

    https://sdk.mk/index.php/neraskazha...leks-i-depakine-vo-dozi-od-5-do-20-miligrami/

    Е вака ги третираме сите оние деца кои погрешиле во животот, кои се на тоа место за да научат каде и како погрешиле и зошто не треба да ги прават истите грешки. Вака се онесуваат со деца кои се еден вунерабилен круг, една тенка напукната гранка која многу лесно може да се скрши.

    Алал да ви се парите на сите што ги земате таму, наклукај ги со лексилиуми, дијазепами и хелекси, пиј си го кафенцето на рајат и лади си го курот, ти е гајле.

    Пред 1 час ја прочитав информацијава, уште ме држи лутина, за тоа колку сакам да ги мочам институциите веќе сум досадна, нема да се повторувам. Ама страшно ми е жал за секое дете кое ќе пречекори во некој ваков дом, дали поправен, дали за деца без родители не е битно. Како хорор филм да снимаат таму, а не како институција која треба да исправи некој на вистински пат. Затруени деца, силувани деца (уште ми стои грутка во гради дека се заташка случајот со тогашниот директор и не се разбра што се случи со девојчето кое остана бремено во тој дом), деца кои не се никако заштитени.

    Илјада пати сум си ја водела таа интерна дискусија во себеси дали е подобро дете да се роди и да го фрлиш во канџи на апсолутно недоветни, некадарни и неемпатични луѓе кои гледаме како ги третираат или воопшто да не се роди. Секоја одлука ми носи горчлив вкус во уста, ама пак ќе речам - ни на најголемиот душман не му посакувам да е препуштен на "грижа" на македонска институција.

    Европа ќе сме влегувале, оф мори мајко мила.
     
    На Alishan30, Nastja97, glosipgirl и 47 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.112
    Пол:
    Женски
    Ама затоа можеме да се згрозуваме на статија за Рики Мартин и партнерот што добиле бебе дека биле ненормални и да им ги жалиме децата, каква нездрава работа човече. Ова нашево е супер, супер си се децата, па што.
     
    На glosipgirl, Mari*, M&M и 35 други им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    59.278
    Пол:
    Женски
    Точно.

    Не знаев каде да го ставам постот, можеби има таква тема, ако има премести го слободно. Или можеби повеќе за во црна хроника е.

    Мене уште не ми е јасно како може дете што нема 18 години да прима дневно до 20 mg дијазепам. Па тие дози коњ можат да го успијаат а камоли дете. Плус ствараат зависност, детето коа ќе искочи од таму не искача како здрава индивидуа - искача како зависник. Таа зависност не е безазлена работа, баш напротив во тој период кога од 20 mg ќе останат на 0 можат да им се случат тешки физички и психички апстиненцијални кризи. Кога телото им бара пак таков лек а наеднаш немаат за него пак ќе треба да прават престапи за да си обезбедат и така во еден маѓепсан круг. Секој кој ја прочита статијата доволно е да собере 2 + 2 за да сфати зошто е поразителна статистиката на повторени криминали од деца кои биле во поправен дом.

    Што ги учат таму, им обрнуваат ли внимание на тие деца? Ги тераат ли да сфатат каде погрешиле, разговара ли специјалист со нив, се труди ли некој да ги однесе на прав пат и да ги ресоцијализира? Секако дека не, еве гледаме што им прават - ги трујаат. Ниту пак дозата за смирување не им е правилна, еве јас што сум лаик за оваа тема знам дека 20 mg дијазепам за дете е катастрофална грешка.

    А најмногу од се ме иритира кога на форумов ќе се отвори ваква тешка тема секогаш претставниците кои се против абортус, pro life и по секоја цена се за мајка да го роди детето а ако не сака да го задржи да го препушти на институции ги нема сега. Ај, еве ви ги институциите. Истите тие што дозволија силувани девојки да забременат, што даваат антидепресиви како за коњи и што деца од ланци за проституција ги враќаат пак кај нивните (случајот претходниот месец со девојчето од Шведска што после враќањето го пратија пак кај мајката која го продала in the first place). Ај, еве ви ги тие институции. Пак ли сметате дека правилна одлука е таму да се фрли дете?
     
    На M&M, dayla, galapce и 32 други им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    52.981
    Пол:
    Машки
    Пред овие работи се молчи, ама битно абортус у никој случај. Како така, убиство е тоа. Фрли го у дом нека го кљукаат со апови
     
    На glosipgirl, M&M, piksooki и 32 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.220
    Леле ненормална работаааа!!
    Јас пијам хелекс од 1.5, еднаш денот, не па на дете да му дадеш 5?!?!

    Одвратен народ сме!
    НЕ велам држава, оти таму вработените се народ од оваа држава!
    И не се ни ќори, ни слепи, ни будали, да не знаат дека ова не е во ред!!
     
    На M&M, piksooki, galapce и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.928
    Допаѓања:
    21.333
    Пол:
    Женски
    Затоа никогаш нема да не биде...
    Ова ми е дури и грозно да се коментира...
    Што има да се коментира за нешто што апсолутно не смее да биде така.
    Епа кај нас е баш така. Проблемот не се пробува да се реши. Нема повеќе опции, избори.... секогаш има само едно решение.
    Најлесното...
    Ослободи се од она што ти смета. А во овој случај деца.
    Како што некој кажа, шо ќе се заштитам при секс, ќе го родам, па ќе го фрлам.
     
    На Јаневски, Fleur-De-Lis, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Кое дно од држава сме леле.
     
    На Nausicaa, teressa, Elenpelen и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    54.761
    Пол:
    Женски
    Само себични проклетници кои немаат ништо мило и свето во животот, можат да се изживуваат врз туѓи деца, без разлика дали се работи за малолетни престапници во поправен дом, никој не заслужува присилно клукање со дијазепами!
    Дерењето и тргачењето по градинки и училишта, лишувањето од љубов и внимание во домовите за доенчиња и мали деца е се почеста слика во нашите институции, и воопшто никој мува не го лази.
    Таков гнасен народ сме што разни гадости се случуваат и по болници, затвори, по разни установи кај што треба да им се помогне на ранливи категории, абе стока народ сме, емпатија и човечност нула!
     
    На Konfetka, Someonespecial, Fleur-De-Lis и 9 други им се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    25.162
    Пол:
    Женски
    Вчера и јас ја прочитав веста . Колку одвратни луѓе се тие бе ?! Ми се гади што го дишам истиот воздух со нив ! А и кој психијатар дал толкава доза на дете ?! Каков е тој психијатар / психолог или што и да е , што дава тешки психијатриски лекови во енормни дози на деца под 18 ?! Е тој да се обеси жив !
     
    На sj *O*, GirlRose и Fleur-De-Lis им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    37.476
    Секој ден се повеќе и повеќе тоне секоја ебена институција, оти најголеми психопати и социопати работат со најделикатни групи на луѓе, оти знаат таму е клати врата зимај плата, а и плус лесен факс е, а и у квота ќе влезат, па на мама и тато местото ќе влезат.
    Една ебена добра работа немам на некој за државава да кажам.

    Никад нема да се вратам,кога ќе дојде денот ќе се откажам од државјанството, и моите деца никад нема да стапнат таму.

    Вукојебина.
    Не работи полиција, социјала, здраство, ништо...

    Ако ми речете, па и ти си иста, не сум. Ако ми речете и ти си Македонка, не сум.
    Не се осеќам така, оти сум само обичен човек со два грама морал, кој не е совршен.
    А тогаш што сте вие...

    Го мразам македонскиот народ од доното на петниве жили, такви гомна мајка еднаш сере.

    Да, реков.
    Фатете ми се
     
    На piksooki, Stressed Out, Shalitra и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Ааа трча Заев како мува без глава за да влезе во ЕУ, а народот ќе се чуди како да врзи крај со крај. 90% од народот живее во сиромаштија, со минимални плати, скапи лекарства, несоодветни кадри во образование, никакви услови во здравствените установи, никакви услови за вработување, никакви предности за приватни бизниси, никакви права за заштита од семејно насилство, дискриминација, одложување пензија да работат на 70години (јер зошто младите да работат кога немаат 20години стаж на 23години, како што бараат некои претпријатија...)
    Тоне секоја институција во оваа скапана државичка.
    Еве кажете еден проблем што се појавил во државата и бил решен? Исчезнати лица, мистериозни убиства, кражби, перење пари, трговија со деца, загаден воздух, пироманија и уште многу многу проблеми кои никој освен нас, обичните смртници, не му е гајле за овие катастрофи. И не, не ме зачуди ни ова. Какви мерки ќе превземат сега? Ќе зборат две недели дека ќе направат нешто и толку ќе биде... Срамота..

    п.с може малку отидов офф топик, ама ова се е поврзано со тој партал што само зборува дека ќе направи промени во оваа држава, а ја влече секој ден надолу.
     
    На eli25, sj *O*, Fleur-De-Lis и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    22.458
    Пол:
    Женски
    Многу се потресов. Срцето ми чука ненормално брзо.

    Деца дрогираат во институција која треба да ги рехабилира, која треба да ги оправи. Во таква институција деца поспани, изгубени, не знаат ни за себе ни каде се. Безчовечност. Каква држава сме кога не можеме да ги заштитиме ни најранливите?
     
    На eli25, sj *O*, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    157.214
    Пол:
    Женски
    :o

    Премногу, пресилни лекови кои во ни еден случај не смеат да се даваат без причина и добра претходна проценка од стручно лице. Се сомневам дека сите кои се таму треба да примаат тоа што примаат. Ова е страшно и пристапот е апсолутно грешен. И жал ми е за децата, ова се деца кои ете погрешиле, ама деца се. Зато се таму, рехабилитација, реедукација. И кога ќе ги пуштат од тука, дрогирани, тие пак нема да можи да влезат во општеството лесно пошто тој кој требало да ги научи - не си ја врши работата. Башка шо ќе им се случува со мозокот и телото после, најверојатно, нагла промена кога ќе прекинат лекарствата.

    Следно, на сите им ги даваат сите лекови, или како? Депакине, пример, не е лек кој од ракав е препишуван. Најчесто се користи за епилепсија, онака за да се знај +/- за шо се работи. Да, можи да се користи за биполарно растројство и мигрени кои предизвикуваат напади, ама воглавно - епилепсија.

    Дијазепам, лексилиум, од долните дози мене ме комираат, неќам да знам шо се случва со едно дете со повисоки дози. Сите кои работат таму и знат за ова да се казнат, гадни човечки суштества. Срамота.

    Ова исто така ми боди очи:
    Као, во Riverdale кога гледав слични ситуации се смеев како можи серијата толку лоша да е. Не мислев дека уствари е реалноста на државата во која живеам. Па како смеј на терапија да има уште некој, како терапевт ќе натера детето да му верва? Како терапевт ќе можи да му дај точна терапија ако детето не ни кажи шо го мачи и како е? Труло, лошо, грешно.
     
    На Alishan30, candy.cane, JollyGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.308
    Допаѓања:
    28.833
    Пол:
    Женски
    Хорор филм бе. Секој ден си мислам не може да сме попропадната држава од ова, ама секој ден сè повеќе се изненадувам.
     
    На Rama, lovestoneddd, SnowWhite8 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    26.652
    Хаос.
    Жално за децава.
    Абе ние сме стварно умоболен народ.
    Па,апчиња се тоа.Силни седативи,а депакинето е антиепилептичен лек.
    Ова се лекови за ЦНС,не е зафрканција.
    Слободно можеме да кажеме дека сме на ниво на Пакистан и сличните земји.Не,грешка сум,ние сме подолу и од нив.
    Нем и на овие вработините што ги труеле дечињава да и излезат ќерки/синови по фб со реферати и "чистење на образ".
    И после деца да одгледувам во оваа скапана држава.
    No,thanks.
     
    На Rama, SnowWhite8 и KateKane им се допаѓа ова.
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Како бе секој еден доктор??
    Психијатарот сам да си ја постави дијагнозата!
    Да бевме нормална и социјализирана држава, психијатарот дебело ќе го кркаше. У нашиов случај психо нема од кој да крка пошто и тие над него се за иста дијагноза.
     
    На Rama, KateKane и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    29.209
    Пол:
    Женски
    Вчера ми се чини на вести слушнав, останав запрепастена од веста. Разочарана од колегите, од државата, од условите, од се.
    На тие деца им е потребна толкава грижа и љубов, а не седативи. Ветувам дека можеби некои од тие деца можеби навистина имаат потреба од лекови, ама сигурно толкава доза на деца не се дава. Јас еден краток период пиев 2 дијазепама од по 5mg и бев кома цел ден, и тоа во вонредни услови, а можам да замислам како им е на деца со појака доза.
    Како никој ова не го контролира? Поминуваат ли тие деца низ психолошки тестови? Имаат ли редовно сесии со терапевти? Или ќе ги ресоцијализираат во општеството со нови зависности?!

    Страшно. Жално. Толку револт во мене предизвикува.

    Едит:
    Сега видов и риспиридон им давале, па дали се тие нормални, еден од најгадните лекови. Срам да им е.
     
    На Rama, Alishan30 и KateKane им се допаѓа ова.
  18. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Жaлнo жaлнo;(;(;( сo oвa си ги решиле прoблемите a уништувaaт живoти.
     
    На Rama, daylight и Јаневски им се допаѓа ова.
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Добро, ќе одговара некој за ова, или?
     
  20. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Зарем незнаеш дека во оваа вукојебина цитирам не сме надлежни.
     
    На Rama, eli25 и Јаневски им се допаѓа ова.