1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деца со прележан ковид

Дискусија во 'Коронавирус' започната од *Лорена*, 11 мај 2021.

?

Дали вашето дете било позитивно на корона вирус?

  1. Да

    55 глас(а)
    50,9%
  2. Не

    16 глас(а)
    14,8%
  3. Имало симптоми, но не било тестирано

    37 глас(а)
    34,3%
  1. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не најдов ваква тема во категоријата корона вирус, а би сакала да размениме искуства на истата, ја отварам темава која за жал во моето окружување е се поактуелна. Бројот на прележани со коронавирус е драстично зголемен изминатиов период, како и видот на пост-ковид компликации и здравствени проблеми кај прележаните.
    Какви се симптомите кај децата? Како тие го пребродиле вирусот? Дали правеле корона тест, дали добиле некаква терапија, дали се јавиле некакви пост-ковид компликации...?
    Во контекст на напишаното, дел од интервјуто на д.р Софијанова од Март месец за децата и ковидот, како последно кое го најдов за темава:
    Ковид-19 се почесто предизвикува здравствени проблеми и кај децата. Иако првично се мислеше дека тие полесно го пребродуваат вирусот, искуството на медициските лица коишто се во првите редови во борбата со Ковид-19, покажува дека вирусот може да предизвика сериозни оштетувања на одредени органи кај најмладите.
    „Децата реагираат на ковид на најразлични начини. На почетокот сметавме дека вирусот е безопасен за нив, но се повеќе гледаме дека тој може да направи огромна штета на одредени органи во детското тело. Тие немаат можеби симптоми како возрасните - висока температура и кашлица, но кај децата се појавуваат пост-ковид компликации кои можат да бидат многу сериозни“, вели директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова
    Голем дел од децата се асимптоматски за време на вирусот, но тоа не значи дека Ковид-19 не остава последици врз нивното здравје. Вирусот најчесто удира на стомакот, бубрезите, мозокот и срцето кај децата. Предизвикува нарушувања и проблеми при функционирањето на бубрезите и срцето. „Последиците допрва ќе се откриваат“, вели Софијанова.
    Софијанова вели дека во светот има случаи на Ковид-19 кај деца, коишто завршиле со фатални последици. Во С. Македонија имало посериозни случаи со компликации предивикани од короноавирусот, но за среќа нема случаи со смртен исход.
    Многу симптоми на Ковид-19 се слични со симптомите на грип, настинка и други состојби, па затоа е потребен тест за да се потврди дали некој има коронавиус. Симптомите може да се појават 2 до 14 дена по изложеноста на вирусот и може да варираат од многу лесна до тешка болест. Некои кои се заразени или биле заразени немаат никакви симптоми. Најчести симптоми се температура, кашлица и замор. Други симптоми може да вклучат губење здив, болка или притисок во градите, болки во мускулите или телото, главоболка, губење осет за вкус или мирис, конфузија, воспаление на грлото, затнатост или течење на носот, дијареја, гадење и повраќање, болки во стомакот и осип на кожата. Покрај овие симптоми, доенчињата може да имаат тешкотии со цицањето. Децата на секоја возраст може да се разболат од Ковид-19.

    Поставена е и анкета, доколку сакате да се изјасните по истата.

    Поради тоа што тематика е актуелна а сепак релативно "нова" мислам дека на многу родители ќе им биде од значење секој споделена информација и искуство.
     
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Моето дете имаше Ковид пред една година. Тогаш имаше 4 години. Имаше еден саат гранична темпратура, еден ден затнат нос и два дена растечен нос. И му помина. Првиот ден беше малку помирен од обични и потоа се врати на нормално ниво на активност.
    Му дававме сируп на Бекутан со Омега3 уште пред да има позитивен тест. Потоа му појачавме витамини со кесичките Имуно на Бекутан и толку.

    Генерално добро пројде Фала Богу.
     
    На mKdevojce, KuklickaSk, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
  4. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.402
    Пол:
    Женски
    Бебето уште ми се опоравува (9 ипол месеци е).
    Јас бев позитивна на 14ти април, он на 16ти.
    Сеуште е со пролив после еден месец скоро и затнато носе.
    Првите два дена имаше и висока температура, ама му мина брзо.
    Големиот имаше еден ден 38.8 и толку (4 ипол години).
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    ПРВО сопругот имаше симптоми, по 1 ден бебето 10месеци, по 8 дена јас се разболев и најлошо поминав. Сопругот и бебето 3 дена со блага температура до 37.5 само навечер. Се спушташе без лекови.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Ќерка ми(3 ипол год) помина со нецел ден температура од 37.3до 37.5.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Мене сите три деца ми беа позитивни . Првите 24 часа имаа покачена температура, 38.2 второто дете ( 4 ипол години имаше , во меѓувреме наполни 5 години ) , 38.1 најмалото ( 5 ипол месеци ) и 38.4 најстарото ( 7 години ) .

    Прв позитивен беше маж ми , а потоа јас и поголемата ќерка . Синот и помалата ќерка ден по мене добија симптоми и позитивен тест .

    Децата имаа симптоми , сите беа со температура по 24 часа од добивање на тестот , а до крајот на изолацијата имаа кашлица . Првата недела и растечени носиња и исфрлуваа секрет .

    Матичната им препиша по 1 сируп Цефаклор , сируп парацетамол и пиковит за поголемите , а Бејби дропс капки за бебето ( пиковитот е 1+ , не смее да пие бидејќи нема 1 година ) , и сируп проспан . Во консултација со матичната , им давав и домашно подготвен сируп од глуварче ( исто како и вообичаените сирупи од аптека , по едно кафено лажиче наутро и едно навечер ) .

    Сега за сега , немаат видливи последици . Железото им беше во благ пад по изолацијата , но продолживме со терапијата уште 2 недели , ќе видиме како ќе биде понатаму .

    Друго , им давав цедени сокови од лимон и портокал , кашичка од цвекло , морков , ѓумбир , лимонов сок и банана , која е практично витаминска бомба , што и е потребно за надминување на корона вирусот .

    Се надевам дека на следното тестирање ќе имаме добри резултати , со Господ напред .

    П . С . Ние го прележавме вирусов релативно скоро , до 25 април бевме во изолација .
     
    На marchi-cool, WildMk, SkarletOHara и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.146
    Пол:
    Женски
    Прележа мојата со страшен осип,без температура.
    Прво грб и стомак,после се спушти и на нозете.
    Многу чуден осип,застрашувачки изгледаше,спонтано помина.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.239
    Не сум дете :D,ама кај мене на крај се појави. Уште не е целосно поминат.
    Чудово е измутирано за сите пари. Секој можен симптом го поминав.
    Малото два пати качи темп, ниска. До кај 38.
    После две недели се јави кашлица. Уште кашла влажно. Ни рекоа може да потрае.
     
    Последна измена: 15 мај 2021
    На WildMk, friendy и Cosmi им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.146
    Пол:
    Женски
    Најчудната работа е осипов.
    И да ти кажам право,ептен не исплаши.Само на лице и врат немаше,надолу цела,ама страшно нешто.
    И др.ја сликаше.
    И се повлече спонтано може еден месец се повлекуваше.
    Да,ако кашла може да потрае кај деца.
     
    На WildMk и duffi им се допаѓа ова.
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    Кај мене и кај мм се појави осип на горниот дел од дланките. Потоа осипот стана сув и рапав и после тоа исчезна сам од себе.
     
    На Cosmi и WildMk им се допаѓа ова.
  12. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Дали некој испитувал антитела на дете од прст, има ли таква опција некаде низ Скопје?
     
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.865
    Пол:
    Женски
    Ние во Авицена му испитавме. Од прст му зедоа крв.
     
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    18.062
    Во Биотек прават од прст испитување, но без број за антитела туку само позитивно/негативно
     
  15. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    9.040
    Мајки дали пред примање на редовна вакцина, а притоа детето претходно има прележано Ковид, педијатарот ве има советувано вакцината да ја одложите или воопшто да не ја прима детето?
     
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    14.003
    Не, ќерка ми прими ММР вакцина една недела после излегувањето на негативен тест после инфекцијата со ковид.
     
  17. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.247
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Јас и сопругот имавме позитивни тестови а бебето не го тестиравме имаше само две недели…Кога дојде време за вакцини, ни ги одложија за два месеци, значи првата редовна вакцина ја прими два месеци по завршување на нашата изолација
     
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Гледам темава не е активна, за среќа. Би сакала да прашам дали има детенце кое прележало сега последниов месец и како сте поминале? Гледам бројките рапидно раснат и многу се плашам за малиот доколку фати. Имунитетот не му е на завидно ниво моментално. Како малите го поминуваат делта сојот?
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Ние поминуваме моментално ковид. Беше со покачена температура 2 дена 19/20.08. потоа еден ден дијареа, и еве од пред три дена имаме осип кој што му се шири скоро по цело тело. Бевме на детско одд во наишот град вчера ништо терапија денеск крв му земаа се сомневаат дека е пост ковид компликација. Чекаме резултати и ќе видиме што понатаму. Вака нешто изгледа. Целиот.
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 31 август 2021
  20. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Терапија не ви пишаа ли