Не.Крвната слика беше во ред.И помина спонатано без ништо. Инаку ист беше осипот како кај вас,само низ цело тело. Не е компликација, пост ковид најверојатно зошто се јавува на крај од инфекцијата. Е сега мојава немаше ништо друго претходно ,ни температура ни дијареа,само осипот се појави. Не се плаши,ке се повлече.
Сега ни ги испратијаа резултатите 9230 му се д димерите. Целиот е само на лице нема. Да стане од спиење и пак ќе го носиме, да видеме што понатаму. Еве го на бутот. Многу страшно изгледа, исто беше и кај вас?
Ке му направат пак анализа таму,ке ги средат и ке биде под контрола. Пробај да се смириш. алт и аст како се?
Мајка васкулит е ова. Се појавува кај деца и после други прележани вируси. И лечењето трае подолго, нема да помине за ден два. Може и да се повлече, па пак да се појави. Ама ќе помине
Ве мислам од вчера. Добар ќе биде малиот, и побрзо од што очекуваш. Трпение и сила за тебе, можам само да замислам колку ти е стресно.
Сите резултати од крвта му се добри денес. И д димери, се што испитаа. Му се повлекува не е активен веќе. Сега изгледа како виолетови флеки на места со петехии. Ќе видиме утре на визита што ќе кажат.
Од минатиот понеделник сум со симптоми средата добив негативен тест неделата изгубив мирис вкус и поново ми закажаа тест за утре. Сопругот од саботата со симптоми денес доби позитивен тест. Ама за жал малото 24ипол месеци од утрово е со температура. Е мислам животот ми се скрати. Терапија еден куп витамини и Антибиотик лекоклар. Тест матичниот рече не треба. (Не ми е јасно зошто) ако има некоја промена за го бараме во секое време. Ама мене многу ми е мачно и тешко што крева тт и до 39 и тоа на помалку од 6 часа. Се надевам дека барем после 24 часа ќе е подобро. Исто и крвна слика не рече да провериме.
којзнае. Верувам дека поради што има температура. Го прегледа и грлото ама не кажа ништо конкретно Да прашам за крвна слика освен црп друго што да барам да се испита? Некако мислам дека ако сам не си побараш никој не ти дава