Ама вас традиционално ви даваат антибиотик против температура. Не си ти ништо крива, ама искрено мислам на форум поарна терапија ќе добиеш Ако не му испитале досега црп, сега со антибиотик џабе е. Давај ПРОБИОТИК и многу течности, ако почне да кашла нешто против кашлица.
богами поарна терапија овде ќе најдам. Дадов сабајле антибиотик и мислам да не давам вечерва да барам утре крвна слика. Од едно пиење мислам нема да излезе проблем
Четири дена откога кај мене се јавија симптомите, малата (тогаш имаше 10 месеци) качи температура. Два дена ја држеше до 38.5. Ја однесовме на лекар, не се посомневаа во корона, рекоа дека се работи за настинка. Тогаш и јас не знаев дека сум позитивна, мислев дека е обичен грип. После завршувањето на карантинот од две недели требаше сите да се тестираме. Јас и мм бевме негативни а таа излезе позитивна а немаше никакви симптоми или проблеми со здравјето. Педијатарот не даде никаква терапија ниту пак рече дека треба нешто да се испита. Откако и завршија нејзините две недели карантин, тестот беше повторно позитивен и тоа со повисока вредност а детето си беше сосема нормално, весела без никакви симптоми на болест. И за да ја ослободат од карантин ни рекоа да направиме брз тест а не ПЦР како до сега бидејќи ПЦР можел и до шест месеци да реагира и на најмали траги од вирусот. Така и испадна, брзиот тест беше негативен и рекоа дека е ослободена и дека може дури и во градинка да оди.
Моето не примаше антибиотик 2 дена крен атемпература до 39 и толку. Е сеанимаше компликација пост ковид ама ни тука во болницата не му дадоа антибиотик.
го прекинав антибиотикот само еднаш вчера му дадов. За крвна слика освен црп што да побарам да му се испита?
И ние кога имавме КОВИД детето не доби ништо терапија, освен витамини. Давај само парацетамол за температура и течности форсирај како кај секој вирус и толку. И без паника, ќе бидете сите во ред.
Ништо на моето не испитавме на поечтокот само далерон давав за температура е од кога се јави компликација се му испитаа во болницата и д димери и црп и комплет лабораторија интерлеукин игг антитела брис урина
мене ми кажа кумата која работи во ковид центарот кај нас дека жива глупост е димери кај деца. Па тие не се стари особи. Тоа само кај стари лица се испитувало. вчера беше втор ден со тт а крена само 2 пати. Вчера вечер добро ја поминавме ноќта. Денеска е многу подобар. Само што молење колење за витамините ама тоа е.
Не е точно се испитува и кај деца во козле му испитуваа, тие се баш за деца ковид центар. И кај него беа 9000 и кусур ама лесно и брзо се намалија. До лесно да минува кај вас и не грижи се слушај само доктор.
На деца се испитува само ако има индикации. Кај членкаат имало индикации заради компликации. Инаку не се испитува кај никого Д-димери. Од сите болни дома само мајка ми испита Д-димери зашто има тромбоза. Другите ништо не испитавме.
Не е баш така Joy. Не знам како е за деца, ама ако возрасен човек се разболе од ковид не е лошо да си провери Д-димери. Знам двајца (од кои еден е маж ми) кои имаа покачени Д-димери, а немале историја на проблеми со крвта. На пријателов му се покачија веднаш од појавата на симптомите (после само 48 ч. од првите симптоми и првото кревање температура), а на маж ми не му беа покачени се додека не поминаа некои 15 дена од првите симптоми и кога се спушти температурата. Пак ќе кажам - ни едниот ни другиот немаа претходно проблеми никакви со крвта. Затоа е непредвидлив вирусов..Имаше и луѓе на прв поглед со слаби симптоми на ковид, имаа покачени д-димери при анализа на крвта. Едит: Поточно се сетив дека имаше и кај деца вакви случаи. Детето било во контакт со член од семејство со ковид, родителите викаат ништо не му е демек детево нема некои симптоми, одбиваат ПЦР. Ама на инсистирање на матичната за крвна анализа, д-димерите многу високи.
Сим ми (9м.) го тестиравме денес и е позитивен. Со мм сме негативни, но ни кажаа бидејќи денес развивме симптоми, да го повториме тестот идната недела. Ве молам кажете ми како иде со боледување, матичниот на син ми и на двајцата ќе ни отвори или со решение за изолација ќе седиме дома?
Ако сте вскцинирани ти и мт нема да седите во изолација еден од родителите ќе седи да го чува детето. А ако не сте од цјз ќе ви дадат решение за изолација. Симптоматски пациенти 20 дена седат во изолација а асимотоматски 10.
Моите се 10, 8 и 6 год. Во школо не ги пуштив, но ете и покрај толку пазење фативме вирус сите дома. Првин најголемата крена температура 37 и се жалеше на главоболка, кај неа траеше еден ден, најмалото два дена беше со 37.7, покажа позитивен брз тест а веќе го имам и мојот позитивен пцр. Средниот денес крена 38 и има главоболка. Уште првиот ден ги носевме на матичен, на слушалка нема наод, крвната слика одлична. Откако го добив мојот тест и позитивниот брз тест, матичната рече веќе кај неа немало потреба да ги носиме децата, туку на инфективно. Мојот матичен за разлика од неа, ме прегледа и после позитивниот тест и рече секојдневно ќе ме следи на слушалка. Само нека минува со лесно и без последици кај сите
Секој вирус може да ги покачи Д-димерите ама често никој не е свесен за тоа. Затоа што има одредена граница до која организмост може сам да ја среди ситуацијата. Знам за оав затоа што поминавме КОВИД сите дома. Јас цела бременост примав клексани заради покачени Д-димери па тогаш не ми ни текна да испитам Д-димери зашто обично немам покачени. Индикација за испитување имаше само мајка ми која има венска тромбоза. Неа и беа прилично покачени. Сите транфузиолози тогаш и кажаа дека секој вирус може да покачи Д-димери. И мене така ми кажаа и за КОВИД и потоа за вакцината. Ако нема индикации не се испитуваат Д-димери. Еvе јас кога имам циклус имам покачени Д-димери (така телото ми реагира) и немаше да знам да не требаше еднаш да ги испитувам почесто. Првиот пат кога испитав беше по спонтан абортус и отидов кога имав циклус и беа покачени, па ми зедоа пак крв и на горна граница ми беа ама не беа покачени. Не значи ако некој има покачени Д-димери во одереден момент во животот дека тоа обавезно значи дека нешто лошо ќе му се случи. Е сега тоа што тука се испитуваме и па на крај луѓе завршуваат полоши од други места не знам на што да го пришишам. Ама битно се стурија сите со паничење за Д-димери. Среќа лани што прележавме кога за ова сеуште не се паничеше. Матичнаат секој ден само следеше како сме по телефон и ако имаше потреба даваше симптоматска терапија. Мајка ми беше покриена со терапија и толку. Сега од паника глава ќе исчукаме.
Да, се покачуваат и за други вирусни инфекции, знам тоа. На нив некако се насочи фокусот со пандемијава, а до вчера ретко кој слушнал за нив... И не се само д-димерите мерило, колку што ми објасни пријателка од лабораторија, има и други параметри кои се следат при хематолошки анализи и кои се индикатор дека се лепат едни со други крвните зрнца и кои ги следат кај своите пациенти. Затоа некои добиваат препорака да продолжат да пијат Аспирин и после прележување на ковид.
Мерат едно 10 параметри на трансфузиологија. Се сум поминала во бременост и пред неа. Д-Димерите не се единствениот. Ама не е тоа тема. Д-димерите се најлесни за мерење.
Кога се во прашање димерите, има и прилично специфични случаи, испадна дека еден од нив сум и јас. Сите досегашни анализи покажаа дека димерите кај мене растат наместо да опаѓаат и покрај терапијата, вчера дојдоа до една вредност која не соодветствува со клиничката слика што ја имам. Значи многу висока вредност со која што не би можела да функционирам нормално, а јас вчера испешачив 8км без да се задишам. Денес консултирав докторка трансфузиолог и ми рече дека кај мене димерите треба да се анализираат по други методи оти имам специфични хетерофилни антитела кои интерферираат со димерите при стандардните анализи и даваат многу висока вредност на истите. Со друг метод мене димерите ми се во граници на нормалата, што значи дека веројатно не требало толку долго да примам терапија, можеби и воопшто не требало, ама кој да знаел за ова. Затоа клучно е и вистинскиот лекар да се најде, ама случаите како мојов се многу ретки, досега тројца имало, многу доктори не знаат за ова. Можеби е многу почесто, меѓутоа при потешки клинички слики на ковид може да дојде до ваков превид.
Пред кратко време дознав дека сум позитивна и јас. Имам бебе од 3 месеца. Дали симптомите се исти како и кај воззрасните? Јас немам температура, се тестирав зошто осетив печење во гради и подкашлувам денес. Бебињата каде се тестораат, во исти лаборатории како ние и на кој начин се тестираат?