Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деца со прележан ковид

Дискусија во 'Коронавирус' започната од *Лорена*, 11 мај 2021.

?

Дали вашето дете било позитивно на корона вирус?

  1. Да

    55 глас(а)
    50,9%
  2. Не

    16 глас(а)
    14,8%
  3. Имало симптоми, но не било тестирано

    37 глас(а)
    34,3%
  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    Не го тестирај, нема потреба кога знаеш дека си ти позитивна. Ист е тестот и за бебињата инаку.
    Во најголем дел од случаите, толку мали бебиња немаат никакви симптоми освен може температура од еден до три дена. Немаат развиени рецептори за да се реплицира повеќе вирусот и здраво родени деца не развиваат тешка клиничка слика. Не ни развиваат некои симптоми.
    Давај му повеќе да цица, или да пие АД и ќе помине.
     
    На Kitten, Annath, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Споделете искуства (ако сакате секако) за тоа дали има деца кои после короната имале постковид компликации. Малото (25 месеци) откако фативме јас и сопругот корона тоа крена температура. Пред 20 дена. Од тогаш детето речиси и да нема апетит. Ајде разбирам болно дете нема ама еве 20 дена едвај јаде се со молење. По 6-7 пати ќе го седнам да јаде ќе распрета јадењето 3-4 пати ќе каде и толку. Ретко да се случи во овие дена да јаде нормално оброк. Не знам што да правам кај да се обратам да испитам нешто... Дали е од корона (ако воопшто имал пошто не се тестираше) или може период е навистина не знам
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    Ана, можеби и затоа е подобро да се следат симптоми.
    Еве јас некни баш разговарав со мојот лекар овде и според искуство на сестра ми, кај ковид болни Димери се следат ако си во ризик или ако имаш симптоми.
    Во спротивно не.
    Ко да е нормално да се покачени. Крвна слика прават на 10 ден, кога излегуваш од изолација. Ова е за оние кои имаат лесна или средна клиничка слика.
     
    На mal.ecka, Annath и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.048
    Богами чудно. Јас не знам ниеден случај нешто да му испитувале по ковид, ни дете ни возрасен. Буквално ништо. И никој со никакви последици не е.
    За овде кајшто живеам зборам.
    Имаше едно детенце, астматичар, целијак, најтешко поминало од цела фамилија, во смисла кашлици, температури. Дома го лечеле со анти-астматици, лекар го нема видено, ни за време, ни по ковид, оти такви биле инструкциите. Ова зимоска, ама сигурна сум дека ништо се нема сменето во пристапот.
     
    На Kitten, mal.ecka, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    Исто, исто. Антитела нема шанси да проверат.
    Не знам, многу поинаков пристап, еве кај мене цела фамилија прележа, сите се добри, поминаа со чај и витамини.
    И никој не го следеа со ништо.
    Па и внуците беа болни.
    Освен што им паѓаше косата, друго немаат.
    А во Мк, сите испитувања се прават, а гледаме што се случува.
     
    На vitamina и Annath им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Кај повекето се покачени.
    И затоа е важно да се следат колку се.
    лично познавав двајца луѓе на 40+ кои на почетокот починаа од тромб.Во почетокот матичните не праќаа на испитувања ,а приватно луѓе не ги правеа.
    А трет познавам пред две недели почина пост ковид без проблеми ,печејки ракија во двор.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.434
    Пол:
    Женски
    Мене докторот од ковид центар ми рече да испитам димери оти ми ја знае фамилијарната анамнеза за тромбоза, па да не ризикуваме.
    Следев редовно, ама стресот што ми го направија тие испитувања не знам кај ќе ми удри. Оти излегуваше дека не реагирам на терапијата, димерите само растеа, достигнаа вредност со која јас не би можела ни да дишам, ни на нозе да стојам. А јас без проблем си функционирам, дури не се ни задишувам, освен можеби по скали, ама тоа повеќе го припишувам на ниското железо.

    Не си свесна колку панични напади имав овие денови.

    Не можам да кажувам како е на Запад. Ама ние Македонците сме нездрава нација, пред сѐ испоотруени :(
     
    На vitamina, Kitten, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    Да, ама ете Запад не проверуваат и бројот на починати помал, бројот со последиците исто.
    Јас не знам на кого воопшто му се провери овде димерите, а се лечи дома.
    А во Мк да, се проверуваат. Јас лично пред да се иселам пак проверив, нели пост ковид. И на мајка ми кога беше си провери.

    И што вели @Annath кај ќе удри целиот тој стрес од разните испитувања во Мк. Реално, праќаат за се и сешто на испитување.
    Или се нестручни и неспособни да лечат според симптоми, па им треба потврда.
     
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Тоа е друго,протоколите с екај нас проблем.
    Во Хрватска ти кажував,проверуваат и ддимери и антитела.
    Јас лично бев многу посмирена кога поради терапијата почнаа да ми паѓаат,а беа скоро 2000 и не се качија повеке.
    Но,не би играла на коцка,да не знам колку се,не проверам и да се надевам дека нема да ме фркне.
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    Би била и јас посмирена, ама нема.
    Ете сега примив вакцина.
    Ќе правам крвна слика оти се поклопи, инаку еве нема шанси. И пак димери нема да проверам. Во Мк ќе проверев. И антитела.
    Не ти дозволуваат и тоа е.
     
    На mal.ecka, Annath и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.048
    Не е темава за тебе, за деца е.
    А децата не се мали возрасни.
    Ништо лично.

    Јуле што збори, системот е таков. Нема шо ти како пациент да сакаш вакво, онакво испитување. Како ќе каже доктор, така. И отприлика тука завршува муабетот.
    Може и затоа сме поздрави, јер недијагностицирани сме @Annath .
     
    На vitamina, Snowflake92, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    1.814
    Моето бебе од 10 месеци испадна позиривно на 08 септември.
    Имаше тт, кашлица и беше затнато од секрет . Го снимаа и на ренген, почеток на бронхит и пиеше панцеф 8 дена.
    Од антибиотикот му помина , супер беше, но еве веќе 3 дена е со тт 37,5 до 38,5. Други симптоми нема.
    Матичниот вика не е страшно и да не давам ништо за тт, дека побрзо ќе помине ако не ја спуштам
    Но се плашам од каде е сега оваа тт скоро 20 дена после тестот
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.434
    Пол:
    Женски
    Мене завчера ми беа 9302 после 15 дена боцкање фраксипарин од 0.6 два пати дневно. А јас на нога, чист доплер на вени, чисти бели дробови, сатурација 99. Замисли кој шок ме мавна кога ги видов тие резултати.
    И Авицена беа тие што сфатија дека всушност стандардниот метод не треба да се користи кај мене, туку друг метод со кој се покажа дека мене димерите ми се 375. Искрено, толку негативни работи слушав и читав за Авицена, и самата сум имала лошо искуство со нив, ама после ова, јас им верувам целосно.
    Ќе пијам профилактички антикоагулантна терапија, тоа е совет на лекарот што ме водеше и трансфузиологот. Колку време, ќе видиме.
     
    На KuklickaSk, NarCis@, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.759
    Пол:
    Женски
    Да така е,стресот е голем.
    Јас би ти рекла да си провериш и на државна..Јас имав сатурација 92,пулс 150- 170 ,
    Инаку со Авицена завршив заради други испитувања, два пати погрешни вредности добив,многу високи резултати.
    Па вториот пак се боцкав во еден ден на три места,само кај нив покачени резултати добив.
    @Biljarkata па добро,сите сме оф топик,како јас,така и вие,се надоврзав на муабетот на Ана.
    @JuLIie
    Знам дека е така.Ама имате приватни бе Јуле
    Синлаб.https://synlab.si/images/file/Cenik_SLOEN_297x220_-_WEB_V02_13052021.pdf
    цениве се слични се како кај нас.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.434
    Пол:
    Женски
    На државна ми беше резултатот 9302, а истиот стандардизиран метод се користи и државно и приватно. И на клиника и во 8 Септември, и во приватните лаборатории. И во Авицена добиле високи вредности со тој метод, ама докторот што е главен таму се посомневал и го применил другиот метод. Трансфузиологот рече дека досега имала вакви три случаи каде што резултатите од испитувањата се нелогични и се проверуваат по други методи за да се добијат валидни резултати.
    На државна никој не ме ни погледна дали резултатот се совпаѓа со клиничката слика, само ми кажаа треба време, боцкај се, боцкај се.
    Сатурација 99, пулс нормален, немам наод на бели дробови, денес правев кт скен. Вчера доплер, се е чисто. Дали мислиш дека ако имав толку високи димери јас сега ќе го пишував ова?
     
    На Kitten, mal.ecka, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Како сте сега? се симна ли температурата?
    Внук ми кога прележа со лесни симптоми, без антибиотици, ама на првиот ден после изолацијата крена некој 37 температура, и со паузи цела недела му се качуваше до 37 со нешто, па ја симнуваше. Направија прегледи кај матичен и кај специјалист и им кажаа дека е секундарна инфекција. Малку им беше чудно од каде, со оглед на тоа што детето беше во изолација со целото семејство и не беше излезено од дома. Им рекоа дека ковидот го намалува имунитетот и дека без разлика што не излегувал, може да добие инфекција и од се она што е околу него, во домот. Пиеше антибиотик пост ковид за новата инфекција и му помина.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    IMG-5a6d9b6688d041bbb493aa1428fe3af5-V~2.jpg IMG-cb4cfc7eaab0ce1635bad78da019daea-V.jpg резултати после прележан ковид кај 2 годишно дете. Мислење?
     
  18. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    1.814
    Сега е добар , 3 дена траеше темперстурата. Не пројави никаков друг симптом, крвната слика беше во ред и не презедовме ништо.
    Уште не знам на што се должи, ама битно помина и добар е сега малиот.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.081
    Jas imav kovid od 7mi ,prvi simptomi ,pa na 8mi vecerta sin mi koj ima godina i 3 meseci krena 39.3 pa bevme na bolnica,mu dadoja infuzija.Dr den napravivme rengen imase pneumonija...3 dena oak na infuzii ,pa prodolzi so Pancef uste edna nedela...Go testiraja vtoriot den na detsko ,pozitiven.Ako ste vie zarazeni ,sigurno e i vaseto dete ,ako ima temp. odma nosete go na lekar i na rengen da se vidi .Sin mi e ok sega fala mu na Boga
     
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Да не е некоја таква фаза што се поклопила со короната?
    Мојава немаше промени во однос на апетитот.