Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деца со прележан ковид

Дискусија во 'Коронавирус' започната од *Лорена*, 11 мај 2021.

?

Дали вашето дете било позитивно на корона вирус?

  1. Да

    55 глас(а)
    50,9%
  2. Не

    16 глас(а)
    14,8%
  3. Имало симптоми, но не било тестирано

    37 глас(а)
    34,3%
  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    може и фаза да е може и од витамините. "заситена" од нив па нема толку потреба да јаде. Не знам. Еве сега јаде може 7-8 пати на ден ама количински малку.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata @Annath на мене многу пати ми се има испуштено во аптека или на доктор да кажам нешто, односно да солам памет или да барам нешто, чудно им е, ме прашуваат од каде ова и ова, им викам дека имам луѓе во медицина. Имаат за ова конкретен и строг однос дека тие се доктори и имаат право.
    Еве конкретно за детето.
    И знаете што, судејки по смрта во Мк сепак се покажува дека и 300 анализи не се сепак решение. Еве и @Annath ја читам низ се што поминува и грешните резултати и се. Запрепастувачко.
    Само во мк се прават 200 анализи? И на крај пак се прво место по смртност.
    Значи се греши некаде, се греши најверојатно во лекувањето во третирањето на симптомите.

    имам забележано дека медикаментите во мк и овде не се исти, тука се многу поефикасни, мое искуство, обични лекови на природна база се толку многу ефективни што за ден се закрепнуваш од настинки и грипови и вируси, таму што сум купувала не е така.
     
    На ♡JLo♡, marchi-cool и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ај и овде да прашам. Се сомневам дека малиот има фатено корона.
    Дома сме изолирани зашто имаше температура до вчера само ноќе до 38.3, има бронхит и пие амоксиклав. Покриени сме со терапија, добар е вака, па прашањето ми е дали кај малите прават некои испитувања како кај возрасните за да одам да го тестирам или ако не преземаат ништо да останеме изолирани 14 дена? И дали имаат некакви пост ковид последици? Фала
     
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    4.817
    Пол:
    Женски
    Зависи од проценката на докторот. Јави се кај матичната ќе ти каже што како. Кја нас не го тестираа малиот по автоматизам докторката рече и тој дека сиг е со ковид зошто ниее бевме поз. Е после 2 недели кога направи васкулитис му испитаа свашта. Ама ако има бронхит може ќе му направат ртг комплет лабораторија крв од вена и слично, ако испадне позитивен. Не сите имаат последици ама има ретки случаеви. Најдобро ти е да се консултираш до матичниот педијатар.
     
    На Luna91 и Jana06 им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Ѕвонев кај матичната ама не можам да ја добијам, па се мислам што да правам во меѓувреме. Што е васкулитис и како поминавте вие? Се е во ред сега? Како се манифестира?
     
  6. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    4.817
    Пол:
    Женски
    Васкулитис е воспаление на крвните садови. Кај моето беше само на кожата за среќа. Исто голема среќа имавме со тоа што се повлече за њдна недела само со кортико и дома веќе ништо не примаше терапија. Сега е се во ред најнормално нема последици. Инаку може да се манифестира со крварење во урина измет по кожата прво е како осип црвенило и може различно да се манифестира можеш да прогуглаш. Најчесто поминваат само со неколку дена температура ама еве има и случаеви како нашиот.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Jas sum prelezana od kovid, deteto 11g. so mene spiese bideki nemislev deka e kovid. Nemase nikakvi simptomi dali mislite deka somene preleza. Ili mozi dr.pat da fati.
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.446
    Пол:
    Женски
    Без тест не можеш да знаеш. Или направете тест за антитела.
     
  9. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Можеби неубо се изјаснив, ако непрефати одмене дали можи др. пат да фати од друг.
     
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.446
    Пол:
    Женски
    Секако дека може. Како и за секоја заразна болест од многу нешта зависи дали ќе фати вирус или не.
    Јас на пример не фатив варичела кога одев во градинка иако сите други поминаа. Фатив варичела кога бев во школо, а брат ми одеше во градинка. Брат ми фати од градинка, а јас од него. Имам другарка што не фатила варичела како дете. Прележа кога детето дома донесе варичела од градинка.
    Не значи дека ако сега со тебе не фатил е комплетно потполно и трајно заштитен.
     
    На lale22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    Mislev mozi asimptomatski da pomini somene.
     
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    во секој случај би имало антитела, макар и ниски, бар во првите месеци.
    Од друга страна пак спиењето заедно кога си била болна, не значи дека се заразило. И јас спиев во ист кревет со маж ми кога беше болен, го негував, преслекував, му ги миев садовите. И јас се прашував дали ме префати, мислев дека имам симптоми, нешто осеќав, ама немав позитивен тест. Дури со тест за антитела си потврдив дека не сум ни била заразена..
     
    На Luna91 и lale22 им се допаѓа ова.
  13. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    1.973
    Пол:
    Женски
    E sega toa mi e dilemata ako pri tolku blizok kontakt ne se zarazilo ili mozebi asomptimatski togas zosto bi se zarazil od drug kontakt po podolgo vreme. kako i da e ovaa korona me unisti od misli.
     
  14. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Убаво што има ваква група. Ако децата ви имаат прележано ковид, макар и без никаков симптоми, после 3 и 6 месеци да ги однесете на сите можни испитувања. Посебно ако се работи за мали деца кои сеуште не зборат.
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Зошто ваква информација? Барем раскажи детално.
    На никакви испитувања не ги однесов.
     
    На mKdevojce, Luna91 и happygirl им се допаѓа ова.
  16. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Не го кажав на памет ова, за жал во моето опкружжување се покажаа многу лоши последици од Ковид. И тоа кај деца кои или немаа или имаа многу слаби симптоми на Ковид. Едно од девојчињата кое лично го знам веќе е на терапија за тахикардија и има само 4ипол години. Тахикардија се јави после 3 месеци од прележан ковид и тоа самата почнала да се жали на стегање во градите. Кај децата кои не знаат да се пожалат не може да се реагира.
    После прележан Ковид мајка ми го однесе брат ми на комплетни испитувања за срце, бубрези, црн дроб, се што е можно му испита веднаш по прележување, после 3 месеци, 6 месеци и сега на една година ги повтори.
    https://www.dw.com/mk/софијанова-за-два-месеци-42-деца-имаа-пост-ковид-компликации/a-56820456

    https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/mis-c-in-kids-covid-19/symptoms-causes/syc-20502550#:~:text=Most children who become infected,or eyes — become severely inflamed.
     
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Па не се пожалија на ништо. Малата имаше 2 и пол години тогаш, јас вака сметам дека не ѝ е ништо, да чукнам во дрво. Дури и ги вакцинирав со мрп после 2 месеци од прележување.

    Незнам дали не е "претеризам" да барам детални испитувања после 10 месеци. Многу деца поминаа и асимптоматски. Тие родители како ќе знаат дека треба да им прават детален преглед? :?:
     
  18. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.924
    Допаѓања:
    4.817
    Пол:
    Женски
    Не паничи си ги знаеш децата,ако има нешто ќе познаеш. Плус кај 42 деца колкав процент е тоа? Убаво е д асме информирани и претпазливи ама не треба да се крева паника.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Пишаниот збор никогаш неможе да се долови како вистински звучи кажаното :) Сакам да кажам воопшто не паничам и не сум паничарка, најискулирана особа што постои, дури другарките ме зезаа на времето дека имам рефлекси на мртов коњ :rofl:
    Така што.... навистина е мал процент со некакви последици кои и не мора да значи дека се ковид-последици. Јас дете без никакви симптоми дека нешто му се случува не би мкнела по болници да го испитуваат.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Не треба да се паничи ама дека познаеш на мало дете дека нешто не е во ред со срце или бубрег не знам баш…
    Во примерот што го кажав мајката го игнорирала девојчето мислејќи ете бара внимание или се задишала па така и се десило… После месец дена решила да му спомне на докторот и одма ги прати на испитувања.