Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Деца со прележан ковид

Дискусија во 'Коронавирус' започната од *Лорена*, 11 мај 2021.

?

Дали вашето дете било позитивно на корона вирус?

  1. Да

    55 глас(а)
    50,9%
  2. Не

    16 глас(а)
    14,8%
  3. Имало симптоми, но не било тестирано

    37 глас(а)
    34,3%
  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.926
    Допаѓања:
    31.680
    Пол:
    Женски
    За да знаеш дали се заразило и претходно ти пишав направи тест за антитела. Само така ќе знаеш. Вака еве ако сакаш поддршка ќе ти пишеме тука све е ОК нема никогаш да се зарази, ама тоа никој од нас не може да ти го каже. Еве сега изглегуваат и реинфекции од КОВИД и све и свашта.

    @Butterfly1107 примеров што ти го наведуваш е дека родителите не обратиле внимание кога детето се жалело на симптоми.Му игнорирале симптоми. А дека треба здраво право дете што е под стрес зашто седело дома 2 недели па и повеќе и има последици од изолацијата (социјални и психички) да го малтретираш по лекари како хипохондрик не би се согласила. Ако почне да се жали на нешто тогаш веднаш се реагира впрочем како и при секоја болест.
     
    На KuklickaSk и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.903
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Нема правила во заразувањето, некогаш и минимален контакт е потребен, некогаш и ќе се чудиш како не си се заразил
     
  3. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Дали во скоро време кај некое дете во одделение имало позитивно детенце?
    Какви се протоколите сега по тоа прашање?
    Случајот беше откриен викендов, децата останаа да учат online, вчера известување сите во четврток назад во клупа... Такви биле сега протоколите беше одговорот од училиште, децата немале контакт зошто носеле маски :|
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    8.509
    Пол:
    Женски
    Исто беше и кај нас. Само тие што биле без маски во затворен простор со децата треба да одат во изолација. Инаку, си одеа сите на настава, зошто сите со маски биле. Среќа не се пренесе на некој друг.
     
  5. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Дали некој има детенце што имало Ковид ?
    Малата лани беше во контакт со позитивен, крена температура, не и се спушташе скоро цела недела, кашлаше, и имаше страшен осип по цело тело.
    Немаше ни годинка направено тогаш.

    Тргната е во градинка сега, и имам страв да не се случи пак.
    Има ли некој искуство со Ковид кај толку мали деца ? Како минат, и дали некое имало осип доколку било позитивно?
     
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    17.666
    Нема правило. Имам пишано дека моето на 3 ипол години имаше само 2 саати температура 37.5 и толку. Сега оди во градинка и на крај памет не ми е коронава затоа што мислам дека таму има позезнати настинки и бактерии од корона. Ете нешто закачи пред 3 недели, 4 дена изгоре од тт. Короната во споредба со ова гола вода беше.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Сега баш ги минуваме тие настинки и бактерии, прва година е во градинка, моментално на антибиотик е поради гној на крајниците, ама па температурата се спушта со парацетамол ноќе, тогаш не се спушташе, наизменично по совет на матичната не ме фаќајте за збор на колку саати беше, ама користевме и сируп и чепчиња, а температурата стоеше 39. Затоа и ми е некако шубе, од 10 кила, детево 7кила ми имаше тогаш, на скоро годинка. Не можам да го извадам од глава тој период, затоа и сакав некое искуство плус да видам, да се утешам.
    И прочитав на почеток да се носат деца на испитувања после ковид, носевте ли?
     
  8. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    2.859
    Пол:
    Женски
    Моето прележа пред 2 месеци, тогаш имаше 9м. Се исфрли со осип и лежевме во Козле 2 недели.
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    Јас не би ги носела од онака да им проверувам срце, бубрези...
    Погоре прочитав дека дете се жалело на болка во градите ама не го сфатиле сериозно. Би била по претпазлива па дури и да не сум сигурна би се консултирала со лекар и веројатно би испитала. Ама чисто од паника сметам дека нема потреба.
    На моите им е 4ти ден од прв симптом (сметам од покачена тт). Денес веќе немаат тт инаку помалото (2г) поткашлува од прв ден а поголемиот (4г) има затнат нос (веќе 6ти ден). Додека имаа тт поголемиот се жалеше на болка во вратот, помалиот на болка во главата а вечерва и на вратот (се пожали и кај обравчето па ми текна да видам запчиња и му растат горе 5ките).
    Не ги тестиравме нив, мојот тест испадна позитивен па логично ми е да се и они позитивни.
    Инаку и кај двајцата има намален апетит, ова за ручек посебно, за чоколади, киндер јајца, смоки им е зголемен (дур се свртам се качуваат, отвараат по шкавчиња за да најдат нешто |()
     
    На Vanilla15, Cosmic Girl и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.255
    Пол:
    Женски
    Поради синчето, цело одделение е во изолација 14 дена. Додека јас одделенски наставник, во тоа одделение каде што бев има позитивни дечиња и само пола одделение е во изолација... Ми нема логика ништо, секаде различно тераат.
     
  11. @malena

    @malena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2017
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Моето 4-медечно бебе денес испадна позитивно на домашен тест со плунка. Два теста, двата со по две црти...

    Ова инфо дека вирусот не може многу да се реплицира кај така мали бебиња е охрабрувачко. Се сеќаваш од каде ти е информацијава?
     
  12. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Син ми е 15 месеци позитивно е на ковид, изгоре од температура два дена веќе е се на парацетамол и бруфен, без глава сум, кажете искуство ве молам до кога ќе има температура цело време
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    26.294
    Од доктор од Клиника.

    @merina.93 ако не падне за 3 дена темп, носете го на доктор
     
  14. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со 2 ипол месечно бебе со корона?
    Од вчера има температура и некако ич не е весел, а и не ни јаде како обично.
    Го однесов на лекар го прегледаа рекоа се изгледа добро да му давам сируп за температурата и течности да пие повеќе.

    Му земаа брис од носот сега чекаме резултати, јас мислам дека е корона затоа што дома сите имавме.
     
  15. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Мои блиски имаа болно бебенце од 3 ипол месеци, сеа пред една недела. Ситуацијата беше зезната зошто бебето имаше корона (тестирано) и плус опаднат имунитет затоа што беше на антибиотик пред да се зарази. Примаше инфузии, инекции и инхалации со вентолин. Сега е подобро. Не крева температура и весело е.
     
  16. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја мајка што лежела во Козле со дете да прашам нешто?
     
  17. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.935
    Допаѓања:
    4.823
    Пол:
    Женски
    Јас у август лежев
     
  18. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Сакав да прашам колку ве држеа, кој одлучува кога ќе си одите?
    Никој ништо не ми кажува, а добри сме со синко џабе фаќаме место...
     
  19. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Кои симптоми се јавуваат кај деца со омикрон, искуство?
     
  20. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.935
    Допаѓања:
    4.823
    Пол:
    Женски
    Прашај на визита. Ние бевме 1 недела точно. И на мене никој ништо не ми кажуваше ништо буквално и ако прашам во отпусното се ќе пишувало. Ама мојот имаше пост ковид компликација васкулитис и примаше само урбазон ништо друго бевме таму само за следење да не се влоши. Кога ни кжааа за одење пак ништо не објаснија само во отпусното што пишуваше.
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.