@Love_girl ќе пишев уште нешто ама бебето ми се разбуди. Јас имав вакви познајници, и ние во странство живееме, околу 20 год се заедно од кои 15тина во брак, жената ми има кажано дека во мк не и се иде само ради ова, па тоа е подароци, па тоа е купувања, па дома што ќе и текне тоа ќе реновираат, па на секое одење по нешто се купува за куќата, а притоа они не седат во нивниот дел(старите) туку кај нив седеле, се дрзнале и во спална да им спијат. Слушање постојано, само овие разликата е што многу го слушаат синот, како он ќе каже така ќе биде. Често во доверба ми се има жалено за ова. Не сакаш така да завршиш верувај.
Бегај подалеку дур имаш време. Бегај девојче дур не е доцна. Утре дете кога ќе имате ќе рече :,, Мама најдобро го чува '' Имав еден таков бивши, и среќа што отворив очи. Еве да ти кажам една случка со него. Бевме поканете на свадба, и дента бираме кошула за вечер. Се супер купивме, договорени кој што ќе носи, за на крај дојде во кошула друга дома што ја имал. Мајка му кажала таа поубава му била. Ако на ништо не му одговараше, ама мама така кажа.
@Love-girl Девојче, на тешки маки... Не оди како подмачкано верувај. Можеби се сложувате за десет ситни работи, ама за една голема кога не, џабе е се'. Од овој проблем, во иднина животот може да ти се загорчи, и уште милион други проблеми да излезат. Дечково твој нели е свесен кои се нормални граници за комуникација со неговите? Јас разбирам дека родителите негови се такви какви што се, ама дечкото е тој што треба да расчисти и да постави некоја разбирлива граница во односот негов со родителите. Мајка му по кажувањево како да е некое недозреано лигле... И овие нејзини побарувања и опсесии може само да се зголемуваат (и сигурност ќе биде така ако дечкото не пресече). Тој што планира, по газот да и оди цело време. Па ако за него центар на светот е мајка му, нека си оди кај нејзе и да не те малтретира психички. А ако сака да остане со тебе, мора тогаш да си го промени комплетно мајндсетот. Ќе разговарате ли само двајцата , од трето лице (некој брачен советник нешто) ли ќе ќе побарате помош - не знам. Ама ова вака не смее да продолжи. Искрено и добронамерно ти кажувам... Од нервози и стресови да куртулиш на време.
Ловгрл,одлучи како што ти кажува интуицијата,иначе можда странец партнер ќе биде подобра опција(но не брзај во одлуката), затоа што Балканците 99,9,%,се мамини синови и тука лек тешко,мама како ќе каже. А тука ги кривам и мајките Балканки,никако да ги пуштат од папочната врвца синовите,јас сум за помош,совет,ако ми бараат,ама да се мешам во друго,не е во ред. Бракот е меѓу двајца,маж и жена и нема место за трет. Јас имам син и се надевам нема да бидам свекрва папочна врвца за син ми,ако треба помош тука сум,во спротивно не сакам да се мешам,си имаат живот и син ми и снаата.
Еве јас сум "мамин син", но луѓето ретко ја сфаќаат мојата позадина. Единец сум, касно ме добиле и едвај преживеав по раѓањето. Оттука големата приврзаност на моите родители со мене. За жал, колку и да сакам да сум самостоен и независен, да живеам сам, не можам засега бидејќи работам фриленс и не сум во регуларен работен однос, и моите имаат потреба од мене бидејќи се во години и имаат потреба од нега. Комплицирана ситуација. Моите едвај чекаат да најдам девојка ама ниту една девојка нема да издржи ни 5 минути со моите.
@Love-girl вината не е во неговите родители туку до него, не знае да каже доста, да постави граници. Имав дечко со сличен таков однос, само што кај него беше ситуацијата со сестра му. Кај и да одевме, што и да правевме, сестра му беше тука, иако се беше ок тоа на крајот почна да иритира. Јас ставив крај на таа врска, не се издржуваше тоа. Или разговарај со него, кажи му истово што го кажа тука или доколку нема проблеми, run.
Абе знам. Обично таква врска со дете се развива после трауматична ситуација додека се бебиња. Ама ако си возрасен сам треба граница да поставиш. Али се сомневам дека штотуку ќе пораснеш грб.
Колку пати во денот се слушаат и колку трае разговорот? Јас откако се отселив, почесто се слушам со моите. Некогаш знам еднаш, некогаш 3-4 пати да им вртам. Ми фалат неизмерно многу и ако на некој му пречи моето контактирање со моите, јас не би можела да бидам со таков човек. Исто така, не му ни бројам на маж ми кога се слуша со неговите. Кога сака нека си врти, колку сака нека се слуша. Далеку сме и тоа ни единствениот начин да одржиме блискост. Целиот ден го поминуваме заедно, па еден цел саат и да одвои за неговите, не ми е проблем. Исто не гледам проблем што неговите му викаат да се види со неговите роднини. Мене не ми треба кога ќе дојдам во МК некој да ми рече да отидам некаде. Одиме и кај моите и кај неговите роднини. Ти можеби си градиш инаков однос со твоето семејство, но не значи дека твојот е правилен. Можеби само проблем гледам во порачките на неговите. Ама ако не зема од тебе и сте дечко и девојка, нема што да се лутиш. Да сте во брак и да имате заеднички буџет тогаш можеш да се буниш. Зошто мислиш дека ти должи објаснување за неговите трошоци? Мене повеќе ми изгледа како ти да создаваш проблем, онаму каде нема. Ако веќе за се се сложувате и имате одлична врска, не мора да наоѓаш детали кои ќе ти ја разнишаат цела врска. Самата викаш дека имаш добар однос со нив и дека се коректни према тебе. Па јас не мислам дека треба да се мешаш во нешто што не е твое за мешање.
Па ако живеат заедно, ваљда не е битно дали се во брак или не. И ептен безобразлук е намерно да порачуваш скапи работи без разлика кој од кого.
Ако е безобразлук да нарачуваат неговите, безобразлук би било и нејзината констатација дека не сакал да и купи на неа скап парфем иако знаел колку она го посакувала. Испаѓа дечково кој стигне сака да го молзи. Јас на негово место би отерал све на сите. Битно е дали се во брак или не. Ако си ги подмирува неговите трошоци што живеат заедно, не гледам како е нечива работа на што друго троши во слободно време. Да и е маж, да троши на неговите, наместо за семејство, друго е.
Девојка му е. Мене дечко да ми наредува колку да контактирам со моите, ќе стане бивш дечко. Колку сакам и каде сакам ќе се јавам. Замисли тебе дечко ти да ти кажува колку пати во денот да се слушаш со твоите родители. Сеедно ќе ти биде? Мене не. И сметам дека во нејзиниот пост таа многу преувеличува. Од 24 часа, физички не е возможно 20 часа да комуницира со неговите. Кога работи, кога спие, кога врши други обврски. Четири саати во денот спие, работи, бања, гледа тв, се гледа со другарите, оди во диско. Кој тоа го прави за 4 саати
Па ако секој ебан ден се слушаме по неколку пати, да има право да ми паламуди, без разлика дали дечко или маж ми бил.
Да И со дм не се слушаме и не пишуваме баш секој ден. И ако ме бара и во моментот имам друго работа не се осеќам незгодно да не се јавам, за разлика од типот во постот. А и што дека се надвор од мк? Што ќе чуеш ново секој ден со саати? Здраво, како си, еве јадевме, еве се плеснавме, еве се бањав, чао.
Затоа што кога живеев со моите, не ни кревав на телефон. Кога се отселив од кај нив, се слушавме неколку пати неделно, можеби и еднаш. Кога си отидов од МК, секој ден. Имам многу што да кажам, а и сакам само да видам како се. Нешто што би го сфатила ако си и ти илјадници километри подалеку. Денот не ми се состои само во јадење, спиење, плескање како што викаш. Тоа што не се слушаш секој ден со дечко ти, мене ми е чудно. Ние можеби не се гледавме секој ден, ама се слушавме. Што ќе ми е таков што не ми создава потреба да го слушнам или видам. Тогаш е познаник, не е дечко.
А тоа секој ден е со саати или неколку минути? Дај бе не се правете со сила мутави дека има мамини синови.
Очигледно не ми ја сфаќаш поентата на муабетов. Не ми смета да се слуша секојдневно, баш напротив, го разбирам единец е и далеку се нека се слуша. Ама не знае да постави граници. И да, баш освен кога спие е во контакт со нив, посебно со мајка му. Да не му верував 1000% ќе помислев дека ме изневерува бидејќи постојано е на телефонот едно титкање одма враќа, на пола саат пораки што правиш, па мис ју лав ју по цел ден, и да, кога е на работа го прави тоа, кога е со другари, во диско, и небитно дали е во МК или не, тој го има тој однос со неговите родители. Ако правиме нешто заедно и му заѕвонат тој мора да ср јави и ме остава. Нервира фактот што не знае да каже СТОП, ќе се јавам кога ќе се ослобофам од обврските, а не вие да звоните упорно и јас да оставам се и да се јавам. Не е ли глупо малку, на 27 години излезен со другарите, мама звони и тој се трга настрана да се јави, не оти е итно, туку онака да го слушне, ако пред да излезе се слушнале веќе. Друго, кога е во МК нека оди кај роднините тоа си е на место, ама кога тој ќе сака, а не кога мама и тато ќе наредат. Тие му го командуваат времето таму. За парфемот. Не сакам да го молзам и не мора ништо да купи, доволно сама заработувам за да можам да си дозволам се што сакам. Пофторно не сфаќаш. Сакам да кажам дека мама што и да посака, тој никогаш нема да се противтечи. Не е само за парфрмот работата. Тој неа никогаш нема да ја одбие за ништо, и да ја одбие ќе пушти таа некоја солза му ја знае слабата точка и тој попушта. А јас што и да сакам, дали ќе е поклон, одење некаде кај што тој смета е залудно трошење пари и слично ми плеснува директно дека нема тоа никогаш да го направи. Неговото непоставување граници е проблем, ништо друго. Баш пред некој ден имавме една дискусија, и му велам што ако на твоето дете му сметаат тие и тие постапки на баба му и дедо му (зборевме и за моите и неговите родители), ќе им објасниш ли на твоитр да не го прават тоа нешто бидејќи на внучето му смета, неговиот одговор беше не, не можам да им го кажам тоа јас ќе ги повреди. Епа извини ама утре моето дете и чувствата на моето дете треба да ми бидат на прво место, а не што ќе кажат мама и тато. Сега како што велиш во врска тоа и можеби не е голем проблем, ама и двајцата планираме во скоро време да стапиме во брак, што тогаш и во те каков сериозен проблем може да нарасне. Подобро сега да се зборива за проблемите и да се изјасне човек што му смета, отколку по 1 година брак да следува развод.
Баш така се одвиваат муабетите, прво едниоѕ ќе звони па другиот и така во текот на денот. Еве сега станавме, ќе правиме доручок. После еден саат ние ќе излеземе ќе одиме там и там. Сме стигнале на местото тие звонат да напоменат слики да пратиме да прашаат како е, ако сме сами излезени зошто не викнеме некој, па даваат предлози кој. Ќе си дојдеме ќе пише сме си дошле. Следува повик после половина час што правиме. Ќе седнеме да гледаме филм постојано титкање на телефонот, се допишуваат. Ќе си легнеме, лекај да звонам лека ноќ да кажам. И така се во круг
А добро, колку време живеете заедно или колку време тој не живее со нив? Мислам 10 годишно дете што го имам, не бара толку интеракција и одобрување, колку ова.