Ова што си го напишал е многу во ред ситуација, воопшто не е проблем. Проблем е непочитувањето на границите меѓу паровите, родителите и новите сопружници. Проблем е немањето граница за разделување на слобода и желба. Сите имаме родители, макар и да е некој посвоен, тој има родители кои си го сакаат како душата и сите сакаме родителите да нѝ бидат почитувани. Важно е да се седне со време и да се договорат за правила на игра.
@Love-girl мој совет ти е пробај еден месец исто како тој што прави. Ти на лево, тој на десно и види како ќе одат работите. Навикнат е дека си тебе ќе тера без осцилации. *Те сфаќам што се обидуваш да кажеш за материјалните примери, баналните ситници денес утре можат да станат крупни проблеми. Ти сакаш со него да се договориш за заедно да го организирате денот и да се слушате, сфаќате и почитувате за договореното, не бараш да се раскинат врските и близината. Не сакаш непријатни ситуации. Пробај да се однесуваш кон него со истите работи кои те нервираат. Вдиши, издиши, поклони се и почни.