Морам да кажам дека се сложувам сомислењата над мене. Со молчење ништо нема да се реши, и подобро да се спречи одколку да се лечи нели? Лошо е ако тој остане зависен од мајка му, или мајка му од него. Подоцна целиот заеднички живот ќе ви биде под товар од тој проблем што сте го оставиле нерешен. Сите работи што директно влијаат врз вашата иднина, а се однесуваат за вас лично , не треба да ја засегаат мајка му до тој степен , ниту пак тој да дава очит за се што прави. Според мене, само со еден смирен, нормален муабет си на добар пат да го решиш проблемот.
Јас искрено не сфаќам каде е проблемот? Аннни извини вака, ама дечко ти ти купил мобилен и ти уште аздисуваш? Зошто и купил на сестра му ист. Тоа си е негово право, негови заработени пари и што сака ќе прави со нив. Не сте во брак па ти да одлучуваш што ќе биде со тие пари. Негови се, тој ги заработил. Така е воспитан најверојатно, да не дели никој од семејството. Имено јас лично сум против "мајкари" што поради лошо искуство што поради лигавештини. Имав дечко, што ми раскина затоа што мајка му така му рече. Ама не би сакала сега за тоа да зборувам. Јас колку што имам сфатено од твоите мислења, дечко ти те облекува од глава до пети и ти уште на тоа маани му наоѓаш! Тука во проблемов јас лично гледам само твој аздис и ништо повеќе. Извини ама така е.
еве уште еден доказ дека дечко ми е мајкар.. синоќа седиме кај нив дома и дечко ми беше загреан подолго време да купи нова кола(а оваа што ја има сега е една година стара и купена само со негови пари)значи неговите немад дадено ама ја возат.....ок нема врска тоа!!!ама дома кај нив немаш ништо спонато дека сака да ја менува и синоќа вика: тој:мајкооо најди купец да ја продадам колата да купам нова???? мајка му:Што се занесуваш бе што се глупираш...ова она татако муседе седе)ај јас ќе си одам не ми се слуша бош муабет..... и отидовме после кај дечко ми и му викам: ееее срцка не ти дават да си купиш нова кола????? тој:па подобро и да не си купувам срцка!!!! зошто одма го менува ставот па таа е негова кола и негови пари што сака нека прави со нив......
Не те сфаќам стварно Зошто како би му било на него ако ти му купиш на брат ти тел? Па најнормално дека ќе му купиш ако си го сакаш. Така и он со неговите пари може да купи поклон на кој сака и нема тука ништо за лутење. Викаш дека си му женска и му значиш затоа ти купил. Епа како што ти му значиш, така и сестра му му значи па затоа и купил. Мислам дека би било себично ако бараш само на тебе да ти купува, а не неговите не. Па најнормално дека неговото семејство ќе му биде важно и ќе се грижи за нив. Значи за тоа за масата те сфаќам и мислам дека мајка му не треба да се меша, туку си во право, ама ова за купувањето јадење, облека и телефони, не можам да те подржам, затоа што е неправедно да сакаш да ти поклонува на тебе убави работи, а на сестра му не. Себично е тоа. Сори Јас во никој случај не сакам мајкар дечко, ама според ова кажаното твојот не е до толку мајкар, туку само се грижи за неговите, а не гледам зошто тоа би ти сметало тебе. Треба да бидеш среќна што има доволно финансии за да може да ти купува и на тебе, а и на неговите. Не може се да сакаш само за тебе.
Вери јас го сваќам дека тој е грижлив ама не мора толку да ги поминува границите јас по убаво би се чуствувала кога тоа би се случувало по ретко,кога веќе зима пици,зошто не се собереме сите да јадиме на едно место да личи тоа на ручек или на вечера......туку секој по собите,како може ние дома да го викаме дечко ми на ручек на вечера.....за прослава се како што треба да личе....а не трчаме да јадиме по собите и да си криеме со парчето пица.... зошто неговите родители не организират како што моите знаат некаков ручек па да ме викант како што ние знаеме да го викнеме дечко ми..... туку тој адет постоеше се додека одеше сестра му со бившиот 7 години тогаш не викаа сега таа раскина и сега јас не сум битна зошто да ручаме заедно,тогаш беше битен зетот...па не се чуствувам и јас вака убаво....
Леле бе зошто да не ја возат, па родители му се!!! И јас немам дадено денар за колата на татко ми, па ај сега да не ја возам така ли? И тој сигурно пред да почне да заработува сам, ја возел колата на татко му. Така идат тие работи. Во една сложна фамилија не треба да се гледа кој колку дал и кој што купил. Ако детето заработува повеќе, нормално дека ќе сака да им даде нешто на неговите. Па они го школувале, го исчувале и сега ти сакаш он да се однесува како да нема никаква обврска спрема нив??? Добри боцки му удираш
вери јас кажав дека ја возат а после имаше напишано...ок нема врска зошто не си го цитирала тоа??????
Ани претеруваш...искрено и тоа многу...премногу ги гледаш од материјална страна нештата. Тој не е поврзан со мајка му,колку што е млад и несигурен.Него му треба потврда и одобрување за се за да биде сигурен дека е исправно,верува во неговите родители.Јас не сум сигурна и дека е баш спремен за брак баш заради ова,не знам ти дали го притискаш,па и тебе не може искрено да ти каже дека не се чувствува спремно. Машко кое е поврзано со мајката не е поврзано вака,туку тебе ќе те идентификува со неа и неа ќе ја издигнува на пиедестал во секоја ситуација,а ти ќе се чувствуваш понижено. Јас не знам,на твое место не би се осудила да мешам прсти таму,особено ако не сум јас финансиски независна,тој да ги носи парите,а уште помалку да му мешам прсти во семејството,се додека мене ме прифаќаат,а гледам тебе супер те прифатиле и немаш лично ти проблеми со луѓето,што е малку неблагодарно.Плус,она со кој на кој спрат ќе живее и сама знаеш,луѓето се прилагодиле и ти угодуваат... Во ред е за тебе мобилен,за сестра му не?!Сестра му е,еден таков испад може,да ја почасти,сигурно дека ја сака многу,исто како и тебе,само на поинаков,братски начин,но ако таа претерува,тоа е друго. Мислам дека си љубоморна на неговото семејство за кое ќе биде врзан се додека не се ожени. Плус,сакал нова кола,мајка му му рекла не,ако е нерационално и неразумно во моментов,а вие се спремате за свадба,реновирате,ако колата е нова,а е,рече 1 год.стара,навистина зошто пак на трошок да се става?!Толку ти е тебе важно да се возиш во нова кола,па веднаш се налути?!Негова работа,ама треба и да ти покаже дека тој сеуште не е осамостоен,освен финансиски,никако поинаку.Млади и сеуште не во целост осозреани луѓе се опасни за брак... Утре ќе се земете и немој да мислиш дека ова така лесно ќе исчезне...тебе ти е романтична помислата колку ќе ви биде убаво,како ќе си средите,ама не е само тоа во бракот. Или прилагоди се,прифати ги нештата или не знам...немаш право на друго,особено затоа што тебе ништо не ти крати,само си љубоморна зошто неговите ги третира убаво,наместо да ти биде мило затоа што утре ќе имате и вие семејство ,па има потенцијал да биде така пожртвуван и грижлив и со тебе и вашите деца.Важно е што тебе те прифатиле таму,тој те сака и убаво се однесува,а ако ти пречи неговото однесување,не значи дека си во право и е твој проблем,нереален и нефер.Детето си е така воспитано,врзано си е семејството,а не само со мајка му.Плус,ти го провоцираш да биде против неговите... Изини вака,директна сум малце,ама прашање,затоа што не знам нели,твоите на ручек го канеле,па и ред е,те третира како принцеза,а замеруваш за обратно...се мешаш за новата кола за која ни ти,ни неговите немаат право,но неговите сигурно имаат повеќе од тебе,реновирате кај него,добиваш нов мобилен и да не навлагам за други работи за кои само претпоставувм,а што е со другата страна?!Кој е твојот придонес?! Јас имав далеку полоша ситуација,каде мајка му се трудеше да ми биде и мајка и макеа,во зависност како и одговара неа,а ова моево,го разбирам...помеѓу два огна,па ни ваму,ни таму,ама сега како мачиња предат сите.Многу полошо е да не те прифаќаат од каприц,а знаат колку многу си направил за синот.
^ Тоа ми паднало во очи додека читав. А за ручекот, не знам што би можела да направиш ако на неговите не им текнува да те викнат на ручек, ти не можеш сама да се поканиш. И не му замерувај на него за тоа, не е он крив ако неговите не те канат. А Ани зошто па ти толку упорно сакаш да остануваш на спиење кај него? Кога ќе се мажиш со него, цел живот ќе бидете заедно. Уживај сега додека можеш, не мора цело време да бидеш со него и на јадење и на спиење.
Ани миличка, многу ми се нервираш. Пробај да разговараш со дечко ти , ама немој да помисли дека не ги сакаш неговите или дека имаш нешто против нив. Јас да ти кажам ич не се замарам со такви работи. Кога го опремувавме станот не ни бев консултирана за мебелот. Отиде он со мајка му и купија се , сепак неговите платија. Битно е опремен , има се , со тек на време што не ми се допаѓаше сменив сама. И да ти кажам подобро што не се замарав со вратички за кујна, со масички, со кревети... Сакам да ти кажам, не си ги губи нервите на ситници, еден ден ќе имате дечиња, ќе формирате семејство и ќе нема место, време ни пари да исполнува желби на родителите и сестра му. Дај му време и полека сугерирај му дека одлуките треба сам да ги носи. Немој да си правиш проблеми во врската поради вакви работи, знам дека те иритира тоа што не те консултира тебе , тоа што не одлучува сам. Веројатно до сега не донесувал сам одлуки па полесно му е да ја праша мајка му, и да го прифати нејзиниот совет. Не се нервирај, само смирено пробај да влијаеш на него. Без кавги, тие се конрапродуктивни.
Вери,добро за тоа со спиењето ми објасна дека бил таков зошто утрото многу сум го држела заробен дома седи не оди ваму,наму....мора ли сега ова она да правиме...сум го гушела многу ама сепак фала ви девојки што малку ми ги отворивте очите дека не е се така црно како што си замислувам дека тие некои навики можеби што мене ме нервираат можеби ќе ми помогната за во семејството кое ќе го формираме....
Точно така, истото и јас го пишав погоре. Ако он сега е грижлив за неговото семејство, тоа значи дека е така воспитан да се грижи за блиските, и еден ден кога вие ќе створите семејство, исто вака ќе се однесува спрема тебе и децата. И треба да ти биде мило за таа негова особина. Дечкото знае да си го цени семејството и да го стави на прво место.
Така де Ани..Немој од сега со такви непотребни нервози и (нема лутиш) посесивности кои не се потребни и ништо добро не носат.Опуштено и не го притискај..Се ќе биде како треба.
Јас сакам само да прашам, колата е на твое име, а дали и ти имаш дадено пари за неа или не? И да се надоврзам со Лилит, што придонесуваш ти во врската? Па и во сексот се ти е гадно, и овде аналот го ставам на страна, не зборуваме за него - туку гадно ти е да одиш таму доле, немаш иницијатива во сексот, сакаш само да си лежиш, не сакаш да го задоволиш орално, што всушност правиш за него? Само негодуваш и се понашаш како некое разгалено девојче кое само сака да парадира со дечко и и сака да покаже пред другите што се има. Извини, ама мислам дека му ствараш ептен голем притисок на дечко ти. Пази, немој да му пукне филмот, па после ти барајќи рогови да изгубиш и уши. Тоа е моето мислење
Не се согласувам со мислењата од типот- ќути си се додека не се земете. А што после? Ани срцка, малку претеруваш. Себично е од твоја страна што се лутиш зашто купува јадење за неговите, мобилен за сестра му. Дечко ти е нежен и грижлив, а ти тоа го гледаш од друга, негативна страна. Тој го става семејството пред се, а тоа ќе биде така кога и вие двајца ќе си оформите свое.
Ани,искрено,со најдобра намера,ако сакаш налути се,само мое мислење...јас мислам дека сте далеку од спремни за брак...особено дечково,кој не можам никако да го обвинам. Не е едиповец,не е порвзан со мајка му,верувај ова не е ништо...какви машки постојат.Мама вака,мама онака,мама е најдобра,ти не си како мама,ама вака мама прави,мама,мама,мама!На тие им треба мајка,а не девојка,им треба таква љубов зошто се чувствуваат беспомошно. Tебе ти е важно тебе да ти е згодно и наредено,а дечково се препотува од мака во секоја смисла...себично е малку.Плус,ти уште сега се на кантар си ставила,а кантаров лошо ти мери...
да имам дадено ама не половино ама сепак имам придонесено пари кои сака да ми ги варти ама не ги зимам... леле...навистина може треба да се сменам......
Ани немој да мислиш дека те нападнавме, еве една статија од фемина, прочитај ја. http://www.femina.mk/љубов-и-секс/проблеми-во-врската/8-навики-што-може-да-ја-уништат-вашата-врска Се што кажавме е за твое добро