Водолии и толку избувливи и директни?? Чудно ми е.Водолиите се нервозни ама не се посесивни ова за Анннни ...Ааа па водолиите се супер послободоумни не сакаат никој да притискаат итн.Ајде менувај се!
Точно така Криси потполно си во право овдека се отвораат безброј безврска теми со несоодветен наслов и на нелитературен јазик напишани .Па кога веќе сте решени да отворате теми барем убаво креирајте некој наслов.И немора за секој проблем што ве мачи да отворате посебна тема зашто кога отвора некој да чита овдека наоѓа еден куп слични теми.И како што викаш како би изгледало „Мојот дечко-ТАТКАР“ .
Братчето ми е Водолија и си го сакам најмногу! Нервоз е ама понапред во размислување од сите..напреден..паметен,реален..независен итн.Сум имала и другарки Водолии..едно за нив знам дека се хумани и сакаат да помагаат во било што..не се ни себични.Ај да не бидеме офф..се извинувам.
Исак те молам не барај влакно во јајце. На сите теми се разжештуваш без причина. А Џули, мило ми е што мислиш позитивно за нас. п.с. Точно е дека сум многу хумана, со секоја потресна приказна јас се соживувам премногу. Дури мислам дека тоа ми е и мана
Не барам, нема врска не сум тука да се карам туку да дадам позитивна критика за да би убаво изгледало сево ова.Сепак не сме на улица и не користиме маалски жаргони треба на посоодветен начин за да личи на нешто.Поздрав
Не ме сфаќајте погрешно, ама било да имате проблем со мислење или наслов на некоја тема, само кликнувате на мислењето- може и на првото мислење на копчето за пријавување на тоа мислење и напишете дека насловот на темата не е соодветен (за конкретниов пример) и админите ќе поправат. Нема потреба да пишуваме офтопик мислења околу тоа и да се расправаме како е правилно
браво сесилија како ти тоа знаеш убаво да го стокмиш и да го кажеш........мајкар,та мајкар...се запнааа ете го сменија тие уште за тоа....ајде нема врска
па секако дека имаше како немаше....како за прва вечер си поминав одлично,и односите сега ни се на ниво,имаше ептен релаксирана атмосвера,не напнував јас и не боцкав цело време се беше во најдобар ред чќе се потрудам така да биде и понатака....
Прееска спомнав ама немав време да напишам. Реков дека сум имала искуство со мајкар, како што го нарече Аннни нејзиниот. Е драга Аннни овој не беше мајкар, туку беше и браткар и бабар и таткар. Се во едно! Ама тоа ужас! И верувај, дека твојот не е ништо со споредба со тој што го имав јас. Бев во врска една година и од кога раскинав го запознав него по околу една недела. Што да кажам, љубов на прв поглед. Така ме привлекол просто неможев да си поверувам. Беше секогаш среден тип топ, убав, ситуиран... голема куќа, базент, коли колку сакаш... Но мање битно тоа... Почнавме да се гледаме, се почесто бевме заедно. Се заљубив ко ненормална во него. Тој имаше помал брат кој многу го сакав и ценев... Исто и мајка му, беше современа жена колку што успеав да ја запознаам на почетокот, секогаш средена и дотерана. Често се случуваше мене да ме праша која облека како одговара. Се случи пресврт. Почна мајка му да му забранува да се гледа со мене. Незнам, женава како да се плашеше дека ќе и го превземам синот дека цело време бевме заедно. Најверојатно го имаше набуцкано и татко му, кој не ме познаваше толку многу оти ретко беше дома. Се случи еден ден да ми се јави и да ми плаче како мало дете на телефон да излезам на улица кај мене. Излегов, во рацете ја носеше сликата од мене и од него која му ја подарив за роденден заедно со рамка за слика. Ми ја врати сликата и ми ја потпиша со посвета... Пишуваше дека никогаш нема да ме заборави. Кога го прашав што се случува рече "Татко ми ми рече уште еднаш ако дознае дека сум бил со тебе дека ќе ме избрка од дома" Јас останав буквално вака Неможев да разберам што се случува! Ми се сруши цел свет. Толку многу го сакав... Потоа се гледавме тајно, мајка му му се јавуваше и го прашуваше пак си со неа?... Ок не ми беше битно, беше битно само да сум со него. Помина време се смирија страстите. Почнавме пак по старо. За први мај бевме кај него во двор. Мајка му се понашаше најнормално со мене како прва другарка тој ден... Реков конечно се смирија работиве. Беше пуштено радиото и во позадина одеше една народна песна нешто у стил мајко одам на печалба. Се запрепастив кога почна он да плаче на песната Значи до толку... Помина некое време од тогаш, пак пак по старо... Веќе неможев да поверувам. Во меѓувреме дознав лично и персонално пред мои очи како брат му кој толку многу го сакав јаде трици за мене Е тогаш веќе пукнав! Ме правеше будала дека се ќе се среди и ми даваше надежи. Ама не се менуваше ништо. Плус сакаше да ме манипулира и покрај тоа што се согласив да бидам со него макар тајно. Ми имаше речено ти без мене неможеш да живееш. Ме изнервира и за инает се фатив со друг и прошетав покрај него. Ми дојде на улица со молби дека се ќе се смени. Му реков дека нема шанси да се смени. Дека тој, иако има 19 години него друг му нардува што ќе прави. Дека еден мрсул 15 годишен (брат му) му наредува што да прави. Дека го веат како вејка... Упорно ми тврдеше и ме замараше се додека не му досади. Тогаш му реков дека која и да си ја фати мајка му ќе ги скара. Така беше. Исто како што реков!Мајка му го скара со наредната и наредната... Си фати женска нешто време после мене и почна таа да ми досадува мене со глупости на кои јас се смеев. И кажав неколку зборови од животот и таа се навредила. Поминаа 15 минути ми се јави мајка му дома да ми се дере. И реков само "Слушај жено, живејте си го животот и оставете ме да си го живеам мојот. Јас ако сакам додека да чкрапнам со прстите син ти ќе го снема од лицето на земјата затоа што имам добри школски другарчиња. И не ме задевајте да не спукам па цела фамилија да ве отерам таму каде што еднаш сте биле." Тука некаде заврши и приказната со него... Малку ја раздолжив,ама сакав да сфатиш дека твојот не е мамин син! Ти не си видела мамини синови и се надевам, од срце ти посакувам никогаш да не западнеш со таков! Со среќа и не се бедосувај за ич ништо и од влакно ортома да правиш! Едит. Стварно никогаш не ме заборави Ама се потрудив да ме памети по лошо
Леле Офспринг обично не читам долги постови, ама твојот го прочитав се по ред од збор до збор и знаеш каква останав? Ваква Слободно можеш еден филм да режираш според вистинска приказна Е значи тоа стварно е мамин син во права смисла на зборот, не знам ни толку како си можела да издржиш. Уствари не сфаќам како тој може да живее под таков притисок од дома. Па јас ќе полудам ако од дома ме контролираат во секој поглед, а плус он е машко, а на нив секогаш им треба поголема слобода. П.С. Помина ли доста време од тогаш, го заборави ли, имаш ли друг дечко сега? Сори ако прашам многу.
Помина, згора на тоа, дознав дека и ме изневерувал Ама па незнае дека јас истото го направив пред тој да го направи Тогаш имав 17 години, поминаа 2 години и нешто од тогаш. После него имав врска од скоро една година и сега имам друг дечко 9 месеци
леле оф сптинг жалосно е ова........ знам дека дечко ми не е ваков ми ги отвориа очите девојките на време.....
Ова не ти требаше. Се извинувам што сум оф топик само се изнервирав, што во темата за предрасуди „никој ги нема“ а фрчат по постови и те како.
^^ Анфејтфул и тоа го кажува Исак која живее во место и те како помало од Неготино- во село. Ама тоа е сите се прават психолози
само да кажам дека се смнив и уште се трудам да ги подобрам однсите со неговите со дечко ми со сестра му...и резултаите се одлични,правам баш се како што ми кажавте...уште еднаш ви балгодарам девојки,што ми погнавте и ми ја спасивте врската која беше на работ да падне во провалија...и на тоа што ме советувавте да не бидам себична и лоша....фала ви многу..... Вашата, анннни