Секогаш сум за почит,љубов и грижа кон родителите. Како јас кон моите,така и он кон неговите....но се да си е во границана нормала. Фала му на бога, но дечко ми си е човек со цврст став,свое јас. Си немам такви проблеми.
Иако мајка му е цини4на се гледа како се понаша јас никогаш немам лош збор кажано за неа па ни за татко му ни брат му.Ја штом го сакам ке издржам во себе се и ке правам на сите добро.Порано си мислев да се земеме и да се оделиме ама сега не мислам така.Коа ке видам други примери па гревота е да го одвоиш 4едото од родителите,сепак тие го изгледале и го направиле 4овек каков што ми треба.Добар,мирен,внимателен,нежен и ...... Сепак утре се тука за деца да ти погледнат. Јас му реков дека мајка му ја сакам како мојата мајка и дека колку што можам ке ја гледам како царица. Сепак ние двајца да се сложуваме,секогаш да си бидеме вакви и коа се караме за нешто никој не знае а работите ги решаваме со смеење и ко ништо да не било Сакам да кажам ова е флексибилност Едно мислиш,друго правиш а трето иско4ува и сите срекни и задоволни
Да, се сложувам со тебе дека не треба да се збори лошо за неговите зашто сепак му се родители и се додека не ми направат мене нешто лично, да ме навредат или слично тогаш ја немам ништо против нив. Е сега за првиот болд. Не те сфаќам, како тоа греота било да го делиш од неговите, а чекај ти не си греота да се делиш од твоите, тебе не те воспитувале, не се треселе над тебе, тебе не те направиле девојка каква што он сака? Мој совет најискрено и најдобронамерно (значи само совет не те напаѓам) е да си го преиспиташ размислувањево. Што се однесува до вториот болд исто така размисли, не можеш неа да ја сакаш како твоја мајка - мајката е една. А третиот - Тоа не е флексибилност, тоа е лицемерие. Спојлер Пак ќе ти споменам не те напаѓам само совет од мене, па ти како сакаш. И да на бидам оф топик да си кажам кратко мислење на темава. Немам работа со мамин син. Значи си ја почитува и нормално си ја сака како своја мајка, како што јас си ја сакам мојата меѓутоа целосно е независен како и секоја созреана личност. А и она така се однесува со него, значи нема лигавење и такви одвратни глупости. Еден сосема нормален однос во нормално семејство.
Mислам дека тој дел од однесувањето треба уште многу рано да се реши и да се стави јасна граница меѓу мајката и снаата Пример,јас сум во долга врска и нормално е да зборуаме и за заедничкиот живот кој и двајцата го посакуваме.Уште сега сакам да бидат јасно дефинирани работите,односно на кој начин ќе живееме.Го кажувам мојот став и мислење околу сето тоа,зошто сега ако не го кажам,кога ќе се омажам би било касно. Така да,идни невестички,зботувајте со важите идни мажиња за тоа како сакате да живеете со нив,и дека како што ние сме се "отцепкале" од мама и тато,така треба и они да се оделат и да формираат свое семејство.Да донесуваат одлуки само во рамките на нивното семејство и да не дозволат никој да влијае врз нив(позитивно или негативно).
Мојот не знам во која категорија да го сместам.. Некогаш ми се понаша детски ја спомнува мама,му купува мама,му се јавува,пишува,го масира,до него е кога разговараме по телефон(навечер),и дава пари итн. од друга страна пак се кара,кога ќе и се налути може неколку дена или недели да не праи муабет,додека со мене е поинаку,попушта не се инати. Го оговара братучед му дека е мамино галениче , демек он не е Но, со моите дома се понаша со премногу почит,секогаш купува по нешто,прашува за нив. Мислам дека мајка му тука е проблем..неа синот и е опсесија,примарна цел во животот, но мислам дека претерува со тие нејзини постапки,уста не затвара,постојано над него,се сака да знае љубоморна е..мислам дека сме сосема спротивни карактери... Ваквите машки ми личат на незрели,разбирам да сакаш мајка многу нормално,ама ако толку мама ,мама па не ти треба жена ,гледај си ја мама !Ниедна жена не сака да гледа како цело време некој ја потсетува дека е втората жена во неговиот живот(иако е).
Немам дечко, али класичен синдром на мамино синче ми е зависењето буквално само од мама, и покрај другото - се подразбира донесување на било какви одлуки во негово име, затоа што мама е секогаш во право! Нели, како што ќе каже она така и ќе биде, тоа што имам 25 години па и повеќе, и треба да имам веќе одамна оформено свој став, нема врска, тука е мама да збори во мое име... На овие им фали уште цицка да им стават во уста мајките, за да биде се комплетно, кога веќе се понашаат така.
Јас би бегала далеку, далеку, дур нозе ме држат. Ваков примерок не сакам до себе, среќа не сум ни имала работа со вакви. А, такви мајки што се понашаат толку заштитнички кон своите синови, како да имаат 10, а не ко да се типци кои се зрели и свесно влагаат во врска ми се пример како не треба утре јас да се однесувам доколку имам син. Мислам, никако! И, ако е мамин син, ако секогаш се крие под суќњата на мама, мама исправа грешки, мама е совршена и мора мама да се слуша, тогаш нека си биде во врска со мама. Инцести имало и ќе има, па што. Барем некоја рандом типка нема да трпи како и кажува дека мајка му подобро вари кафе. Или меси пита и подобро мете по дома. Тие споредувања ми се понижување и потценување на нечија друга личност. Кој нормален заслужува таква тортура во врска? Страшно, то треба да се убие!
Не сум имала врска со ваков човек кадешто мама е кралица другите жени се невредни.. Но кога би било така,уште во старт ќе му кажам што ми смета кај него,нема да оставам самиот да види.Маж ко маж не се замара и мора да му нацрташ да му објасниш и обоиш....така да сосема е ок да му кажеш што мислиш сакал се мења сакал не.После постапката многу ќе биде полесно и самата жена да знае шо да очекува или недај боже да планира со такво човечуле
Од вакви бегам, ама буквално бегам. Штом го осетам дека е мамино синче, не ме гледа веќе па и најдобриот нека е Имав еден...душата низ нос ми ја изваде. Нека си седи со мамичка..
Најмногу што ме нервирало е мамини и татини синчиња ама "западнав" во врска со таков човек... дечко ми е ептен размазен но не го покажува тоа кога сме во друштво ама многу се познава кога сме на само. Значи има 17 години и сфаќам дека е прво дете во семејството и јас сум ама не сум била толку мазена ... значи ептен е приврзан со неговите особено со татко му нешто баш пред некој ден кажуваше за дел од неговото детство и од некои работи се одвикнал навистина прекасно само зошто неговите го сметале тоа за во ред и некои потреби ги извршувал со придружба на неговите до 11 години што мислам дека е предоцна . Со мајка му си се мази цело време се на телефон си се викаат мајка мајкин и слично а со татко му е особено приврзан ... Кога бевме на патување сеуште не стигнати иако бевме тука во Македонија татко му веќе му имаше 10 пораки испратено синче мое не знам што. За било каква грешка секако стои некое добро оправдување и затоа и во врската постојано јас сум обвинета само затоа што неговите го прават безгрешен и што и да направи лошо било нормално дури и ми кажа дека од татко му има поддршка за да има односи со мене а мајка му за таква работа не сака ни да чуе има време што и навистина е така . Не знам како да имам чувство дека јас во нивната фамилија сум претставена како лесна девојка иако му имам 100 пати кажано дека ако сакам на 30 години на 30 ќе се скинам и дека он не може на никаков начин да ме присили. Ги почитувам неговите и се ама мислам дека е размазен зошто знае многууу дури и претерано да се умилкува, не признава грешки , и се што ќе посака него му е допуштено.
Се прашувам кого ли ке послуша околу прашањето за односите,мамичка или татичко Девојче бегај од него што подалеку
Здраво на сите на форумов јас сум нова. Па да се пожалам. Мажена сум веке 2 год. Живееме во заедница поради оправдани причини, во странство сме и додека застанеме на свој нозе мора вака. Е сега проблемот е во тоа што мм додека бевме во врска (7год) беше совршен, а сега откако дојдовме тука некои работи се птоменија што искрено ме доведуват до лудило и се плашам да не ми се растури бракот. Проблемот е мајкаму на мм така што се упикѕва секаде. Откако сме тука не сме имале 5мин време да идеме негде сами да правиме било што сами. На мм очигледно тоа не му смета, дури тој кога и да испланираме негде да шетаме или идеме или било што обавезно ја вика мајкаму. На почеток велев ајде океј не претерувај андреа па мајка му е, ама веќе е неподносливо. Дури дотичната се налути и не зборрше цел ден зашо сме отишле на прошетја без да ја повикаме. Вината ја гледам во мм зошто не знае да стави граници, за било што наоѓа причина и изговор да ја одбрани. Секој ден наместо да го мине времето после раб со нас, тој оди ја буди мајкаму кд попладневна дремка и пијат кафе у кујна до доцна навечер. Провав со разговор, не сака да чуе што имам да кажам не не ни дослушува. Пак си тера по свое пак секаде ја вика. Имам чувство дека се плаши да му се налути таа. И не знам веќе што да направам. Се мислев да се разведам ама велам да почекам може кога ке се одделиме ке се смени ситуацијата, сепак имамр и дете не е така едноставно. Од друга стр.пак не можам да издржам секој ден се раслраваме за тие раб и на крај јас излегувам лоша и му ја полнам главата. Се извинувам на лредолгиот пост.
Е добро де, што. Сега ти викни ја кога се сексате навечер, нека ви се придружи. Мислам она, па и маж ти ќе бидат воодушевени...
Ау, после некое време се уклучувам на фемина, па баш кај мамин син Имав еден цур, дечко од младости и крпено не бива но викам ајде да се проба среќата па да одиме на викенд. Глупо дете! Паднав болна таму отеков во грло крајници, снег паѓа надвор, му викам оди бре земи парацетамол изгорев од температура. Дечково вика не бе зашо еве Фервекс имам напи се од него. Пиев два дена на 6 саата од фервексот, и на крај се пакуваме да си одиме. Одам до продавница да си купам за по пат да имам и за дома и овој ми вика ај дај ми 3 да ставам во кутија, кога ќе види мама дека сум пиел ке ме кара. Мама ќе го карала на 24 години дека фервекс пиел! Шта речи а се не отрути.
Овја мојов маж пак , ич не е мамин син . Дури ни мамо не ја вика . Се по име . Зошто така , не знам . Ама пак , ја почитува тоа ми се свиѓа . Си велам , и син ми да ме почитува како мајка , па не мора мамо да ме вика ( исто и за ќерка ми важи ) . Јас ја почитувам свекрва ми , прво како свекрва , второ како мајка на маж ми и трето како личност која е повозрасна од мене и која искусила повеќе во животот . Не ја сакам како мајка ми , но ја почитувам а и самата има кажано низ муабет дека на неа и е доволно да се почитуваме меѓусебно - јас неа како мајка на маж ми а она мене како избраничка на син и . Мислам дека така е и најправилно . Исто и за маж ми мислам дека не треба 24/7 да се држи за здолништето на мама и за се да зависи од нејзиното мислење и да чека таа се да му одобри .
барав тема кај да го споделам мојот проблем и ја најдов мојот дечко премногу е поврзан со неговитее со мајкаму и татко му сега сакавме да одиме во италија има другар што има хотел таму и не покани да одиме он вика ке одиме со моите како да неможе да одиме сами едноставно кај и да одат неговите оди и он незз но многу е чудно сега пример ако речам да одиме на една ден во солун ке рече ај со моите ке одиме предходната недела бев кај нив и излегов да се шетам он неможеше имаше работа и јадев сендвич се вракам од шетање и таткому се сака што ке јадеме ние и он да јаде и му кажувам на дечкоми дека сум јадела сендвич и вика зошто не купи за тато се договараме да одиме на ручек он беше на работа и му се јавува таткому пред да излеземе и му кажува дечкоми дека ке одиме на ручек вика и јас ке дојдам друг пат така се вракаме од ручек му вика на дечкоми се најаде ли мислам глупо е неможе секаде кај што одиме да купуваме за него кај и да одиме на одмор му купува нешто на таткому и на крај добива одговор многу се потрошил како ништо не купува за него сега пошто живеат во 40 квадрати планирале да купуваат кука не е мое да се мешам мегутоа куката за заедно да живееме со нив иначе од различни градови сме па јас спијам кај него мене лично таа близина ми е чудна кај и да излегувам ко сум кај нив ме прашува кај ке одам со кој ко реков дека ке се депелирам ме праша што ке депелирам мислам мене ми чудно дека таткоми не е таков исто врв беше случајот дечко ми работи пошто ком се наога во спалата и се облекувам јас он доага ме гледа дека сум на прслук и ми вика извини наместо да излезе он се врти и си гледа на ком кај дечкоми па немам ком на дечкоми не се пререкува се се они во право што ми пречеле вика незз што да правам 3 години сме во врска
Колку години имаш ти, колку тој за да се однесува како дете?! И зошто не си научила точка да ставаш жити се? Се препотив читајќи..
@Magii123 Прво мора да научиш да пишуваш правилно, се измачив да прочитам, никаде точка, запирка, додека да измозгав што сакаш да кажеш. Второ седни и разговарај со дечко ти и кажи му што ти смета, ако те почитува смирено ќе прифати и ќе проба да го смени ова, ако не те почитува, почне да вика и да се кара со тебе, патот под нози и бегај што подалеку, подобро да прежалиш три години отколку да жалиш цел живот што не си одбрала поинаку, а верувај нема да се сменат тие, ако живеете заедно уште полошо ќе е.
Или драстично нешто да се смени, или раскинувај, освен ако не сакаш да те читаме во темата "Свекрви и снаи - проблеми" за некоја година. Ако дечко ти сега сам за себе не знае да се избори, да има интима и сопствен живот, не очекувај да се избори за тебе утре кога ќе му бидеш жена.